Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    993
    Пол:
    Женски
    Нашиот робот го крстивме Митра. Добра работа за со дете да не бучиш и влечеш толкава правосмукалка
    Дојдов да се изнаплакам пошто веќе не можам!
    Кажетр ми што е работава кај да го носам?
    Нејќе да се бања,а види кадичето или општо тушот со вода крева нозе се тегне по мене,пишти,плаче. Да не зборам пелена мењање па тоа е мислиш го носам на колење,цела соба му ја дадов да ја држи не бе бато отиде он со гол газ низ кревет бега или зајдува плачејќи ако не му дозволам да се сврти.
    Немам више памет во главава
    За вечерното успивање да речам добро е што не не пријавиле да дојдат да проверат што е со детето и родителите.
    Не можам ни на кревет да го легнам нити во раце такво дерење плачење јас прееска дури не знам ќе звучи лошо ама од што од инат плаче и се треска од земја го оставам да поплаче па го кревам,ова више е претеризам дури мислам дека нешто му е од толку плачење.
    9 месеци е за 10дена 10месеци никогаш не бил ваков,а преку ден си игра и си е мирен извади 8 заби ни се потрошија гранулите,нарачавме нови се тешам дека со нив ќе е подобро
    Не знам помагајте сакам да се обесам,плачев откако он се смири, ми влева гнев некој така кога плаче за ништо навечер пред заспивање а му се спиее не знам не знам помагајте ми пред да завршам во лудница
    Лошо е од преку ноќ се смени вака никогаш не правел
    Главава ми пука,дојам дијазепам да мавнам смеам?
     
    На 1209, Лалина, Nataliii и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    4.171
    Пол:
    Женски
    Кога сака чисти подобро од мене, кога нејќе глуми хендикепиран. Во кујна не влага тоа е јасно кажано, ама ич не мора моја си е. Кога се праи мутав си наоѓам начини.
    @dead.flower23 нема ручек денес, оди до пицерија подигни нарачав, корпата у раце дај му ја пружи алишта јас да зготвам, земи пребриши јас ќе пуштам правосмукалка. Не прашувај не се карај како најбитно, секој пат кога се скарав не ми помогна. Со фино лизни мазни се праи.
    Сум го оставала и јас со неперена униформа дур да сфати некои работи, па сакал нејќел легна на брашното.
    Грешка ти е што си рекла јас се ќе правам. Тоа ти е веќе земено здраво за готово од негова страна.
    @LazaLaza една голема гушка, сила најголема да ти дава Господ:l:

    Да ве поздравам одамна не сум пишала. Растеме се тркаламе , се качува кај стигне, бељи праи, пресмешна е , мамина маза најголема. Уште малце 10 месеци и веќе почнав пополека да планирам роденден. Едвај чекам:inlove: Планот ми е голема забава, со најубаво фустанче за цуцката. Него како ќе се издржи зимава? Деновиве сме малце повеќе дома зашто залади и нервни сме двете:D прва зима со дете што разбира, лани беше новороденче , не знам што ќе се праи. Сите околу нас болни, гледања со друштва редуцирани, маж на пат два дена утре си доаѓа , го чекаме ко Нова Година:D Колку му се радува , па кога ќе каже тата да се стопиш. Пиле мало:l:
    Ајде на по една чаша вино кој заспал деца:d:
     
    На 1209, Kikikikiri0405, .baby.love. и 9 други им се допаѓа ова.
  3. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    626
    Мајка напиј се бруфен или парацетамол ќе ти помине главоболката. Дијазепам мислам не смееш. За другото немам совет, моето било такво кога вади заби. Провери ги непцата да не има нешто ново? Ако има можеш да дадеш и еднаш пола доза ефералган сируп ќе видиш дали ќе помогне.
    Сигурно го мачи нешто па плаче, не верувам толку мало да манипулира да бара нешто посебно. Држи се :l:
     
    На Nataliii, Carolin. и KikiKviki им се допаѓа ова.
  4. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    993
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме утре ќе проверам и пробам така,мал е што викаш ама плаче до несвест а а го седнам на пц демек да штрака на таст се смирува или да ја пипка кантата пошто му е интересен капакот дека се мрда. Не знам а преку ден мака нема си игра си збори си се смее више не знам што да мислам
    Фала ти во секој случај:inlove:
     
    На Nataliii и kozuf им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.232
    Допаѓања:
    7.796
    Пол:
    Женски
    Леле мајко мене одамна ова ми се дешава со малата. 2 години и 3 месеци има. Не се издржува ова плачење лутење за се нешто. Ништо не и е по ќеиф. Ако не е по нејзино, дига се во воздух. Што ќе се прави со девојчево не знам некогаш сум размислувала и за на психолог да ја носам, ама ипак мала е уште. Знам дека и овој период ќе помине брзо растат. Ама не се издржува.
     
    На Nataliii, sani99 и KikiKviki им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.088
    Пол:
    Женски
    И кога се изморени и им се спие знаат да плачат така. Од заби, од глад, ако немале убава дремка преку ден, ехееее, мал милион работи :D
    А се во фаза кога се ги интересира и се сакаат да пипнат и да направат (а не им "држи" газето).
    Диши длабоко, број до недоглед :D и ќе помине.
    Апче не помага, само трпение.
    Ако ти е за утеха, поминува и станува полесно :l:
     
    На Kikikikiri0405, .baby.love., Nataliii и 6 други им се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    626
    Кажи кога станува полесно, 15 месеци веќе чекам ;(:D
     
    На Лалина, MinnieM, Nataliii и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.088
    Пол:
    Женски
    Оф, душа мила :hug:
    После три е најлесно :tmi:
    Зборат, тргнати се пелените, јадат сами и редат бисери :D
    До три имаш бранови, некои така појаки ама издржливи :D
     
    На Kaja991, Kikikikiri0405, Лалина и 10 други им се допаѓа ова.
  9. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    626
    Хахаха ми викаа прво после 40 дена е полесно, па после 4 месеци, па после 9, годинка, ехеее :D:D:D
    Некако потешко станува ама и ние сме појаки. Ќе ги издржиме брановите
     
    На јolene, Nataliii, DaisyDream и 4 други им се допаѓа ова.
  10. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    8.817
    Пол:
    Женски
    Ne preku firma sakam kako fizicki lica semejno osiguruvanje za site cetvorica, a moze pa i samo decata zavisi od ponudata.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.083
    Допаѓања:
    77.088
    Пол:
    Женски
    Нели? :D
    Јас си викав цело време, одвај чекам да почне да седи, ќе се заигрува и полесно ќе биде. Ама заборавив дека тогаш почнува "забавата" :D
    Силни сме ние мајките, ќе издржиме и после ќе уживаме кога ќе спласне бурата.
    Колку и да сум исцрпена од периодов, сакам подолго да е вака мал, некако многу брзо ми порасна и тој и двете поголеми и знам колку ќе ми фали ова :l:
     
    На јolene, .baby.love., Nataliii и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    5.683
    Пол:
    Женски
    Си викав кога беше 3-4 месеци, да затопли, да почне да седи и на кафе и секаде ќе е полесно. Следно ај да прооди, ќе е полесно. За ова сум се излажала до бескрај. Оди натерај сега дете да седи.
    Па ај да почне повеќе да разбира, па ај ова, ај она и така скоро 2 години се тешам.
    Сега terrible two, па terrible three да чекаме и ќе си врви во чекање времето.
     
    На јolene, MinnieM, Nataliii и 4 други им се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    9.637
    Пол:
    Женски
    Уште малку 4 ќе е мојата,ама брановиии не да има,не знам кога ќе престанат
    Секој ден бројам до недоглед (facepalm)
     
    На јolene, Nataliii, sani99 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Мајка, само едно чаре постои. Менување на мајндсет. Верувај дека не е проблемот во бебето, нити пак во тебе. Сосем е нормално да плаче. Моето беше исто до скоро (3 год има), со плачење, вриштење, како растеше така се менуваа причините зошто ќе вриште како да го кољам. Синоќа пак се повтори после подолг период, ама едно нешто што беше поразлично беше мојот пристап (почнав да идам на психолог). Наместо да паничам, и да ја влошувам ситуацијата, го гушнав, почнав да си зборувам, да си измислувам приказни, тој почна да се уфрла во приказната и успат го потпрашував за да дознаам од него што е маката иако знаев дека всушност плаче зашто му се спие. Дефинитивно станува полесно веќе кога ќе можеш да се разбереш, али имај предвид дека најчеста причина за плачење е маката за сон, или болка, особено ако не може да се искака. Исто и сега кога ќе почне да истражува повеќе, ќе му биде тешко ако му забрануваш нешто. Пробај да го избегнуваш зборот "не", да бидеш понежна и поиндиректна. Немој да ја бараш вината во себеси. Дете секогаш ќе си има причина за плачки, наше е да му помогнеме да се смири, али за да може малото да се смири мора смирено да пристапиме, и со самодоверба, наместо да се разочаруваш. :)
     
    На 1209, Kikikikiri0405, Mumoftwo30 и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    177.072
    Пол:
    Женски
    Исплачи се. Затвори се во вц и истреси ги фрустрациите. Не собирај и не држи ништо во себе. Родителствувањето често е фрустрирачко, исцрпувачко и физички и психички, емоционални бродоломи, особено со прво дете кога хормоните ти се во хаос, разумот често работи против тебе и првите година-две често и не си свесна што точно ти се дешава. Ехее колку пати сум плачела во вц. Жута минута, сите ја имаме, не се бори против тоа. Ќе се изнарикаш 3-4 минути толку е, ќе ти олесни, па ќе си ставиш онолкава насмевка на лице и ќе одиш да си го гушнеш малото ѓаволче што го сакаш најсилно на свет. :)

    Сите помалку или повеќе поминуваат низ истото. Се бориме со нив како со крокодили дур смениме пелена, вриштење е под туш само што вода ќе им допре глава. И не дека станува полесно. Како растат, така и нашите грижи за се поврзано со нив растат. Ама растеме и ние. Особено емоционално и душевно. Учиме како да ги менаџираме сопствените емоции и тоа е полесната околност. :)
     
    На 1209, Kikikikiri0405, Mom's_life и 16 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.783
    Пол:
    Женски
    Не стигнаа тантрумите и нас веќе. Од вчера од ручек рика за ништо. Зошто јадеме од пирето од тенџерето што си замислил негово да биде, зошто не му даваме сам да јаде, зошто сме му дале нешто, зошто не сме му дале... Мал е списокот овде, има да го должам до задутре. Продолжи и во текот на ноќта и утрово зошто нели не беше наспан. Забавно скроз.
     
    На 1209, strelec231992, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.445
    Пол:
    Женски
    Не е за барање совети ама да си споделам, што од читање доста совети психологии чуда што од искуство што сум гледала и како сум растена.... Луѓе значи стварно точно е тоа дека премногу мазење гушкање па ајде да го смириме на фин начин воопшто не чинело. Па ајде тантруми се па ајде не викај па ајде без фрустрации.... Ама треба малку афторитет и правила, острина. Моево е 5 години сега. Како мало кога и да се повредеше/удреше/расолачеше па макар и да е искарано од некого ќе го земев ќе го гушнев ќе му речев ајде да се смириш. И се тоа ми изгледаше ок, мало е му треба за да се смири. Ама еве го на 5 години кога и да му дојдат неговите бубачки, дали задоцнети тантруми дали ќе се изнаплаче за безвезе дали стварно нешто го боли тој никако не се смирува без јас да го земам враце и да го гушнам. Вика смири ме(facepalm) Му викам голем си уште малку нашколо ќе одиш што ако таму некој те налути кој ќе бараш да те смири? Кога враќам филм наназад сваќам дека сум била премногу нежна затоа сета така постапува. Можеби сум можела на поедноставен или поостар начин. Доволен да е еден бакнеж една прегратка и толку а не тинтрање додека се смири :^) некогаш стварно да не знаеш како да постапиш.
     
    На Kaja991, Skyler81, .baby.love. и 6 други им се допаѓа ова.
  18. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    2.335
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool ниту во еден момент не си постапила погрешно. Немој да си набиваш грижа на совест. Биди среќна што сака да го гушкаш. Детето едноставно изгледа е малку почуствително. Фази се тие, се е минливо. Знам дека не бараше совет, ама ете да си кажам мислење :).

    Мене деновите ми летаат со брзина на светлината. Некогаш се чувствувам дека сум неспособна. Сакам се да постигнам, некогаш ме мрзи и оставам за утре, после уште толку работа ќе ми се натрупа.
    Зошто толку се кратки деновиве?!
    Знам дека се ова е минливо и ќе ни недостасува да се мали децата, ама подочњациве? Нема коректор што можи да ги прикрие.
    Некогаш се чувствувам и како тоа од што најмногу се плашам (староста) да ме стигнува, а не сум спремна...
    Жени и проблеми :)

    Имајте убав ден
     
    На marchi-cool, DaisyDream, Fenix05 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    9.637
    Пол:
    Женски
    Ајде со лесно нека е :hai::clap:
    Мојата сабајле рикаше буквално зошто сакаше да оди во градинка со две ташнички и стич ( плишана играчка) а јас не и дадов,едвај ја убедив да оди со ташичка само.(facepalm)
    Забавно уште од 7ч.сабајле.
     
    Последна измена: 14 ноември 2024
    На DaisyDream, tanjaaa, Лалина и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    8.586
    Пол:
    Женски
    Мојата вриштеше да носи фустан, па после вриштеше да го носи откопчан фустанот, па вриштеше да и направам фризира како Елса, па на крај вриштеше дека сакала со пуштена коса да оди во градинка......7:10ч...таков е денов изгледа, времево влијае и на децава
     
    На strelec231992, sani99, lackygirl и 3 други им се допаѓа ова.