Мојот вришти секое сабајле кога ќе му речам ајде да се спремиме. Некој ден во пижами ќе го однесам. Му кажав и таму да не се чудат.
Значи јас и 2 саата да сум спиела вкупно во текот на денот јас не можам да заспијам брзо. Се превртувам у кревет 2 саата мозоков никако да кочи ... денес у 6 сабајле заспав па у 7 станав пс пак у 9 пс во 11 за никаде.... јас не знам што ќе беше ова. Ќе земам апчиња за спиење уморна сум преморена али никако да заспијам. Денес и нервозна сум не можам ни да го нишкам се ми е мачно..
Е колку убав ден, ама на крај маж ми ми го зафркна денов. Како мајка си поигрувам со детето и со борење затоа што детето е дете од 4 години, сака такви игри убаво му е, вика ајде пак, пак (овој грижливиот татко никако со такво нешто).Несакајки се чукнавме значи без плачки без ништо и пак не било во ред што такви игри играм, со детето. Абе тоа е човече е убаво за детето да скокне, да падне, да се чукне да трча, да прави бељи. Аман од глупи грижи детево плус плашливо ми е... преку глава, никако да најдам баланс во овоа родителството и сопругот (грижливиот татко). Не таму не ваму абе ОСТАЈ ГО ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ!
По некоја ситуација се деси да имам бебе во мк. Никогаш не ми беше желба да живеам тука ниту пак да растам дете. Ако секојдневно се прекорував себе за некои потези, сега дупло се чувствувам виновно дека свесно ќе го оставам да пркне во трул систем. Секако промена на локацијата е можно и веројатно ќе се случи, само грижата внатрешна моментално и со загадувањето ми буди неодговорни, без разумни и лоши епитети за себе прво како родител, а после и како човек. што можам..
Мајка системот не ни е виновен за ништо, сами сме си виновни зошто ништо не превземаме. Свесно даваме поткуп на доктори, кафе и бајадерче у општина, кока колче и милче у банка да ни заврши тетката побрзо работа, подароци на учителки за поубаво да ни ги гледаат децата... Не велам дека ти го правиш тоа, како народ го правиме тоа. А да се иселиме сите од државава прво не е можно, второ пак ништо не правиме за трулиот систем. Не е сјајно, ама јас сметам дека ако сами од себе не тргнеме да смениме нешто нема да се смени. За почеток место да кукаме по системот да се обидеме да не не тангира истиот. Тука сме каде што сме, не е посјајно во странство верувај, јас скоро во Србија се воодушевував од тоа колку е средено и колку е убав градот а кога го кажав тоа на тетка ми и тетин ми они пак беа во неверување, вика кај вас во Македонија е сто пати поубаво од кај нас, они се уште покорумпирани од нас. Не е да се тешиме дека на друго место е поубаво, туку да уживаме во она што во моментот го имаме и да не си дозволиме такви фрустрации да ни го контролираат животот. А верувај, нема родител што не сака подобро за своето дете, ама тоа би било веројатно здравството наше во однос на брзина на третирање, економијата на Швајцарија во однос на пари, системот Германски за дозволи и работа, Шпанската архитектура, Норвешкото образование, Шведскиот систем на работа во администрација и т.н. Нема идеална ветена земја како што на времето се мислело за Америките. Кажи му да го заследи Ранко Рајовиќ. Според него, сите тие мали опасности ги создаваат вијугите во мозокот. И сите ние родители треба да го следиме зошто е многу паметен и многу паметно зборува. Според него одењето на сите 4, лазење и подоцнежно лазење буквално во вид на мечка од, одење наназад, вртење околу сопствената оска, скокање од високо и на повисоко од пониско, сите паѓања и дочекувања на раце, се тоа е толку потребно да се изрезба мозочето што ние родителите не сме ни свесни. Како што ние се надградуваме со читање и учење, така они се надградуваат со тестирање на границите. Тоа понатака во возење автомобил на пример е многу битно.
Да си се добредојдам. Во понеделник сме 4м. Долго време сакам да пишам пост, колку пати имам и почнато... Поминаа 3 дена и 1 година одкога дознав дека ќе бидам мајка. Обично сум ужасна со датуми, но тој ден нема никогаш да го заборавам. Свесно ја повикавме ќерле да дојде во нашите животи, но таа не изненади толку премногу што ни а ни б, од прва си тргна по патот. А да бидам искрена, премногу време сакав да ја имам покрај мене. Еве ја, другарка за живот. Со мм се земавме, живееме кај него. Имав многу блиска пријателка, како сестра, во комшии. Се пресели, го напушти сопругот. Скроз беше идиот. Заслужи. Она заслужува подобро. Нивната ќерка уште подобро. Си викам конечно ќе имам другарка, ама шипки. Со годините сите си заминаа во странство, ние пробавме но се вративме поради немирите на југот. Си викам барем ќерле ќе ми биде тука сега. Моите се на другиот крај од градот, другата страна на Вардар. Доаѓаат, ми помагаат. Реновираме. Они беа тие што ми помогнаа. На мм неговите, со мал прст не мрднаа. Ни финансиски а ни физички, дури можам да кажам дека одмогнаа во многу случаеви. Ни должат и пари. Се породив царски (имав индикации но настојував природно), на крај завршив на патолошка, па на царски. Дома луѓе свекрвата чистела со прљав џогер, па мм чистел после неа. Одкога влегов во 9ти почнавме да реновираме, предходно чекавме легални работи.. Дојдов со бебе во Х А О С. Една соба беше чиста и тоа во наводници. Одкога си дојдов дома следниот ден го рибав вецето, сама. Свеки горе си седеше под клима, 3 недели на одмор. Јас со царски без клима на 42 степени со бебе. Нит да се симне да ми помогне, нит да ме праша како сум. На рака можам да избројам колку пати се симна да ја подржи ќерле. ( 3 пати ) Јас јадев стоечки и раскревав зашто хаос и башка само во една соба бевме. На неколку луѓе го имам кажано муабетов, ама мислам дека ми е врежан во траумите. Ми навираат солзи. Премногу ми беше тешко, сеа не ни ми треба. Иницијално цел живот внуче чекала, ама не и верувам. Лажга. Кога бев бремена моите креветче ни купија, коментарот нејзин беше ,, Ти доноси го, па здравје ќе зимаме што треба'' П.С. Незнам дали мм е ист ко нејзе или е ваков зошто е разочаран ама секој втор ден му кажувам дека на гости доаѓа. Ручек нема, чисти чорапи нема. Ваљда ќе му текне. Иде во три смени, неможам ред да фатам со бебе. П.С.С. ни мекици не ми направија, нивна обврска беше. Им кажав кога си направивме свадбичка со мм. Една кремичка нема купено за бебе, еден денар нема дадено. Еден тањир ручек сама не и текна да симне. Колку пати гладна сум седела, а сепак се здебелив. Ама од колачиња и чоколадо. најбитно млекце има, а бебе е ќофте. Успеав, засега...
Жал ми е кога слушам какви (не)луѓе има. Ти гледај си ја твојата пронцеза, а она еден ден ќе сфати кој колку бил присутен во нејзиниот живот.
Фала ти Јас сум сигурна дека ќе собира трофеи за некоја година кога ќе порасне ќерле... Секако оваа работа треба мм да си ја реши... Она си го покажа лицето на време, за тоа сум скроз благодарна. Само тоа дека ваков нечовек ми се погоди за свекрва....
На роденден во игротека, вчера. Трчам јас по ќерка-ѕверка, трчаат други мајки наоколу, ни роденден видовме, ни ништо. Е тек на крај, кога деца решија да бидат "мирни", падна разговор на тема второ дете. Одговор на 2 од мајките, нема шанси второ, спрема тоа колку е тешко првово за одгледување, колку е немирно, колку сила ми одзема. Се замислив дали стварно се денешниве деца "тешки" за одгледување. Дали ние си правиме да е тешко. Дали во сето трчање наоколу и исполнување на обврските и потребите на сите страни, ја трошиме цела енергија. Не се враќам назад колку ние сме биле може помирни, може други времиња, поинаков начин на живот. Ќерка, жива здрава нека е, енергија како за 3 ми троши. Terrible two не навасуваат. Еве денес беше еден од ретките денови, каде што не сакаше да се облекува, трчаше по памперс низ куќа. Топло е насекаде ама сепак не е време за такви работи. Очекувам овие нешта дека ќе се зголемуваат како што наближува роденден. Па и меѓу втор и трет, па ќе челичиме нерви.
Не е исто како порано, жените денес раѓаат на 30+ порано било на 20 години не е исто 20 и 35години. Друго порано ретко работеле жените не е исто да водиш и куќа и работа и семејство да гледаш каде што да бидеме реални 90% е на грб на жената. Друго децата не се како порано го нема тој страво почит што се имало порано дали од околина дали од нов пристап на воспитување и модернизацијата со телефоните али децата се многу по невоспитани од порано што тоа денес се дефинира како "хиперактивност" или АДХД. И не се живее во заедница да немаш помош никаква 24/7 со дете е претешко секој сака бар саат да поседи во тишина и кафе на раат да си испие но сега тоа е луксуз. Затоа да многу парови одлучуваат да останат со 1 дете.
На последното будење плачев и јас на цел глас со неа. Прв пат откако е родена да пукнам вака. Да ја држам во раце и да се осеќам сосема сама на светот.
Се случува мајка ...јас еднаш имав исто вика он викам јас не се успива наеднаш кога почнав гласно да плачам он заќуте ја крена главата ме загледа како плачам и почна да се смее и гуга и тогаш го изгушкав и он мене ме смири место јас него..мало сонце.. гушки за тебе
Ние сме биле помирни (ова зборувам за мене) зашто сме имале тв секогаш пуштен, неограничено бисквити и слични грицки, ќутек. Сега на мене ми се повисоки стандардите за воспитување и некои денови ми се мизерија жива.
Јас имав прво дете многу мирно, многу, ама сепак почекав за второ како би можела да се посветам максимум на двете. Второво нека е живо и здрав... Моментално е во фаза кога не сака да се соблече, никако, тоа што го носи, тоа е, и за спиење и за јадење и за градинка, тоа и крај. А топлинки и чорапи никако, бос, борба со чорапите имаме. Многу сум против хулахопки на машки ама изгледа ќе попуштам, тоа е. И ова колку сака да е самостојно, лелееее, чудо некое, цело време сам да праи нешто, сам да се облака, сам да јаде, сам да пие, сам да оди, сам да се качува, сам да се симнува... Смешен ми е дека е премал а многу работи може и прави, за разлика од брат му, а и зборењето му е баш на солидно ниво, муабет си праиме веќе и почна да учи песнички. Рам сам сам, Ринге ринге, Хипи чипи, Нани нани му се на репертоарот, со кореографија со се. Полесен е за чување каде каде од брат му, тој мораше да го занимаваш, а ова сам се заигрува, ама па многу вика, многу се кара, ко стринка некоја е.
Леле исто, уста не затвора. Муабет прави и тоа убаво да ја разбереш. Мислам дека тука некаде се на возраст вторите. Сите вие што се мислите за 2ро не ги споредувајте со првите деца. Не секое дете е исто. Пример кај мене беа толку различни : 1вото од сам старт не спиеше повеќе од час и половина до 2, си сакаше во раце, денот и беше ноќ а ноќта ден, со плачки ни за ништо до голема, не знаеше сама да се заигра ( дури на некој си 4год почна), без мене не седеше со никој, морав и јас да сум во просторијата, освен со мм. Додека 2рото е како бебе не го осетивме, глас не му се слушаше, си спиеше по цела ноќ, само се заигрува и не е плачливо. Можам слободно да го оставам на чување, знам дека ќе јаде и ќе спие кога ќе и се спие. На помала возраст секако дека е потешко за гледање на 2 деца, но веќе од 4год мислам дека стануваат полесни за чување.
А што сме гледале на тв? Што имаше на тв кога ние бевме деца? Еве ние израснавме (со братучедите) кај баба, кои немаа тв, замисли. ПЕТ бевме на куп, пак бевме полесни за гледање од денешниве. Ќе не седнеше дедо сите во круг на дрвени столчиња, ќе ни кажува демек приказни, ќе не лаже, ние не мрдаме, само викаме уште, уште дедо... Сега некое нека седи 1+ саат некој да го мота со приказни, па и да бара уште.
Ехее знаеш ли колку им се радува не еден саат, два ќе ги слуша. Штета што ретко го гледаат, зафатени се сите со свои обврски.