Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.998
    Пол:
    Женски
    Никогаш крај на муабетот ние вс денешниве деца.
    Јас лично завидувам на детството на ќерка ми. Никогаш никој да не те тепа, да не се плашиш да кажеш нешто зашто ќе си го добиеш, да не смееш од ништо да се пожалиш зашто цимолиш и си напорен и треба некој да се занимава со тебе...
    Секогаш ми е интересно идеализирањето на минатото, ама, така викаше и за нас мината генерација од која ние толку бегаме, оваа генерација распрдена, никаква, и сега истиот муабет се продолжува од истата таа генерација (од нас за новите генерации). Од некои грешки изгледа не се учи никогаш.

    Иначе, на мајчинскава тема, девојчево мое си изнакупи книги. Уште слушнав многу сум била строга, сум ја терала да чита.:D Ко да можеш да натераш дете да чита ако не сака, сигурно. Мило ми е што и ја пренесов љубовта за читањето, а и љубовта кон музиката.
    Имаме здравствено проблемче кое нѐ мачи. На крајот на денот, здравјето е сѐ, какви и да биле децата, кога се здрави е добро, кога не се, се молиме само да оздрават, веројатно единственото нешто што нѐ обединува сите мајки и за кое никогаш нема да се поделиме.
    Држете среќа да е океј работата на крајот. Иначе, нема мир во срцето, знаеме сите.
     
    На Лалина, unearthlysarah, Giiirl23 и 31 други им се допаѓа ова.
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Да го согледаме проблемот од корен... Каде е дедото што раскажува приказни?
     
    На Dennings и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  3. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.928
    Не мора да е дедо, може било кој.
    Во мојот случај беше дедо.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.808
    Допаѓања:
    23.553
    Пол:
    Женски
    Сега не кажуват приказни одма ТВ му пуштат за да седат мирни :^)
     
    На mal.ecka, WhiteCat33, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.928
    Па вие кажувајте ако седат и ве слушаат.
     
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Јас имам преубави спомени од детството, со брат ми, братучед ми и братучедка ми... Те разбирам што збориш. Можеби е фактот што јас немам баба и дедо предолго време, или што нема толку дечиња фамилијарно, може е фактот што времињата се сменети - општо по внучињата гледам, нив црвец ги фаќа ако заседнат да слушаат како им збориш... Некако ко и они да се научени на брз тертип.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.808
    Допаѓања:
    23.553
    Пол:
    Женски
    Општо велев.
    Кај мене на пр. мајка ми или свеки ако го чуват, 2те се на работа во смени, па на пр, денес едната ќе го чува, 4-5 сати, утре другата, не му пуштаат тв, уствари си стои пуштен ама нон стоп го игаат, му зборуваат, а свекор ми пр. влегува в соба и одма пушта youtube, и му велам него, не пуштај ете убо си игра, приказна не му кажал досега, ни на големиот ни на малово. Е сега моево мало (15 месеци) си игра само од секогаш, си се заигрува и е многу мирен, не треба многу да го анимираш, многу е лесен за чување, башка се си јади. Да ти е мерак да го чуваш :D

    Од ко се вративме од болница е супер, почна се пак да си јади, дека на диета беше па сега ко од затвор пуштен е само јади :D многу ми личи на пораснат, па со одењето е мн смешен, испитува што се можи да направи, оди па клекнува станува, врти круг, па скршнува, па пробува да се затрча :D пушта зборчиња, зборува уште кинески и е пресмешен тогаш, демек нешто објаснува, со рачињата покажува :rofl:
    Едит, премногу си го сака брат му и кога е дома тој нон стоп со него си играат, има малку и сплетки, знаат да се турнат, големиов и не е така голем, 6 год, па некогаш е мн разумен и се му попушта некогаш ќе се скараат за некоја играчка :rofl: на грешка си кршат глави (facepalm) па наместо малото големиот плачи ^_^
     
    Последна измена: 19 ноември 2024
    На Giiirl23, LiquidLuna, Nataliii и 8 други им се допаѓа ова.
  8. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам, да бев во странство барем ќе знаев немам никој и нема помош тоа е ама овде при баби да нема помош ич, единствено само ручек што ми носат. Некогаш се осеќам дека психички ќе попуштам од овај бубањот што се врти и нема излез. 4 месеци ми е бебе ниту еднаш не го имам оставено ни на два сати, порано не бев свесна кога немав дете а сега знам дека е многу голем луксуз да има кој да ти го причува детето, другарки ми се омажија летово на ниту една свадба не бев, родендени и манифестации од работа никаде не бев.
     
    На Dennings, merriel0, dead.flower23 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Детето ќе порасне за неколку години воопшто нема да треба ни тој саат се ќе си дојде на свое место ќе може и само да си поседи дома никаков проблем. А тие баби и дедовци или кажано небаби и не дедовци наеднаш ќе се сетат дека тогаш имаат внуче и фамилија али касно те немаше кога ми беше најтешко сега очи нема да ти видиме. Неможе да НЕ САКА да го почува внучето тоа е Нивна крв 25% од генетскиот материјал делат со баба и 25% со дедо. Среќа мене ми се погодени и имам 2 часа на ден да пешачам за да не забегам психички.
     
    На merriel0, Snowflake92 и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  10. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Тоа ти баш збориш за трофеите што ќе сакаат да си ги ќарат, коа ќе разгалуваат внуче. На сладолед, некоја евтина пластика коа ќе му купат...

    Алал на тие 2 часа и да поуживаш и за мене. :party: Јас да иам 2 часа незнам што би правела, а и беба е навикната само со мене... Единствено мајка ми знае да ја почува ја да полежам или да исчистам по дома, ама си има обврски жената.... Секако секоја играчка која ја има е купена од нејзе... Секоја облека... Креми, капки, витамини.... Ми носеше јадење. Алал на мајка ми... Фала ти мамо :l:

    @WhiteCat33

    Не ми е проблем да ја чувам, не ми е проблем никој да не ја чува. Никој не е должен да помогне, единствено ако имаат желба. Ама не разбирам кај мене на пример, кажаа дека одвај чекаат да помогнат. Да знаев дека сум скроз сама ќе се спремев психички повеќе, немаше да земам волкав залак и да реновираме со бебе... Се осеќам дека ќе скренам кај и да е... Башка 19ти ден со осип е бебла, што не купив од креми, од пелени... Ме гледаат секој втор ден на педијатар ја носам... Еднаш ме прашаа како е, само еднаш...

    Најсочен детаљ, малце на сите да ни се кренат цревата.... Луѓе слава им беше, кај нас доле со години се собираат малку гости па ајде и сега. Нема фрка. Луѓе дојде жената си седна на двосед и ми покажа телефон дека си ја ставила внуката на позадина на телефон 8) Неможам да се соземам од тогаш, само ја погледнав и си станав. Мислам дека сфати. Цела вечер не и правев муабет. Поседов дур беа тука моите, си заминаа отидов си легнав со ќерле. :emo:
     
    На Dennings, Tea SK, dead.flower23 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    42.934
    Пол:
    Женски
    А што е проблемот ако ја има внуката на телфон? Не разбрав нешто или?
    Оти си правите притисоци за ништо, моите и неговите на сите на позадина на екран им се внуците, кај моите нашево, кај неговите и двете внучиња, баш ми е слатко…
    Реално гледате проблеми каде што ги нема.

    Му благодарам на Бога секој ден што имам родители и брат кои бубрег би дале за мене и внучето. Никогаш не ме одбиле за ништо, рашетување со кола, пазарење, чување колку можат, буквално сега да му се јавам на татко ми со некоја молба ќе ми ја оствари. Не знам што би правела да ги немам нив, не знам.
    Сега кога знаат дека сме малце стегнати финансиски, без да им кажам збор цело време нешто купуваат за детево, татко ми демек ќе помине да не види и случајно во него ќе има де јајца, де месо, ова она, па случајно ќе го заборави и ќе рече е сега по тоа ли ќе се враќам. Знам дека намерно прави оти знае дека помош не прифаќам, знам дека суптилно проба да помогне, мајка ми само нешто нарачува ако сум спомнала дека нема веднаш магично го наоѓа на попуст, брат ми цело време де за ова де за она пари ми нуди…буквално збор немаат кажано за било каква услуга да им побарам, и за мене и за мм и за бебето, мм го нема тоа од неговите и додека не се омажив мислев сите фамилии се така, ама сфатив дека не се и многу сум благодарна за моиве.
    Си имаат маани и они ама барем и во добро и во лошо тука се, максимална подршка и ветер во грб.


    Денес бевме на контрола за бубрези за детево, има мало подобрување ама сепак ќе мора пак да правиме тест за рефлукс и може магнетна…не знам како ќе го издржи оно сето тоа ама мора.
    Инаки детево е комплетно опседнато со мајка ми, верувале или не кога е со неа не ме ни бара, ниту ме перцепира дека сум таму, на моменти дури и криво ми паѓа:D

    Мм ми рече ако сакам ќе бара адвокат за развод, нека бара, ќе видам колку далеку ќе одиме. Неам ни сила ни воља да се борам веќе, ако треба така, така нека биде. Помирена сум.
     
    На mal.ecka, Coco31, Калатеа и 12 други им се допаѓа ова.
  12. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Веројатно зошто не мрднала со мал прст за внучето а става на позадина како најголема љубов пред други да се прави супербаба. Секако дека ќе се изнервира.

    Зошто развод?
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    42.934
    Пол:
    Женски
    Нека се прави, тоа што ќе се нервирате само им правите задоволство на нив, дека постигнале што сакале, да ве провоцираат.

    Не можам да зборам за тоа моментално:)
     
    На mal.ecka и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Секое добро и со лесно нека минат проблемите. (fingers)
    Мене мајка ми вика, ти очекуваш ко мене да се сите, (душа дава за внука и, а и за мене) затоа си разочарана. И скроз е во право...
    И исто ко тебе можам да оставам дете со неа да затворам очи малку.. само што почна на работа да оди... Брат ми исто, колку пати наполни фрижидер додека бев бремена, безброј пати пари ми има дадено... Алал им :l: Татко ми физички ни помогна, премногу. Така, контраст двете фамилии. Ја незнам со вакви себичњаци да живеам. Секој ден пред врата ми поминува, не ја има видено... На позадина ја ставила. :tmi:
     
    На BellaBibi и 1209 им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    5.680
    Пол:
    Женски
    Како што врви време и расти ќерка одбирам кои "битки" ќе ги водам и со дете и со стари.
    Кај свекрва врие од слики од внучињата во телефон. Кај мајка ми исто. Знаат дека не смеат на социјалните мрежи да ги стават и толку. А дали денес направиле 1 или 10 слики од ќерка, не можам да се замарам. Секако јас ни толку не правам, затоа што едноставно сум во трка цело време.

    Порано сакав да ме прашаат што да купат, било гардероба, било играчки, било храна, сега само земам и викам Фала и толку. Што и да е, ќе се најде.

    Со ќерка, се трудам до максимум да има поставено граници, ама знам да попуштам, во смисла на тоа ако сака со одредена играчка да оди во градинка, ја оставам, таму ќе ја земат воспитувачките или јас ќе ја ставам во нејзиното шкафче.
    Или сака едно парченце чоколадо да касне, нека касне, па дали било во време за ручек или вечера.
    Или сака да излезе надвор и да го погали кучето. Се облекуваме и излегуваме. 2-3 минути работа што се вика.
     
    На Skyler81, Kaja991, lackygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    4.168
    Пол:
    Женски
    “Дедото што чита приказни” го нема веќе како синоним на тоа дека порано деца се растеле во заедница, најмалце две фамилии живееле, баби дедовци биле вклучени активно во растењето. Нашите деца ги гледаат бабите само за викенд ако сме среќни. 10 месеци никој ја нема изнесено надвор од дома до пред зграда сам, да здивнам. Играм пеам готвам чистам се со неа. Дете вади долни двојки плаче по цел ден, сака во раце а гладна е и некој треба да и напраи јдење. Тој некој сум јас, па варам палента со неа во рака и се молам да не го преврти тенџерето. Тогаш во пресрет излага Дарко биберко зашто немам ни баба ни дедо тука. А морам да здивнам барем 10мин во денот. Денови кога сакам да правам најдобри и најздрави избори за неа се денови кога шизнувам. Го правам најдоброто што можам за неа иако некогаш можеби за другите не делува така, ама на крајот на денот живи луѓе сме.
     
    На .baby.love., mal.ecka, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    21.223
    Пол:
    Женски
    Бројче, ако е до таму дојдено јас ќе му дадам број. Да не се мачи

    Нашите документи се спремаат, дали за развод, дали за Германија - stay tuned , ќе ве известам :tmi:

    Не ми се пишува ич периодов, само се избацувам ко падобранец.
    Поздрав :hai:
     
    На sani99, mal.ecka, Coco31 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    9.634
    Пол:
    Женски
    Мајки на поголеми дечиња,над 4 год дај кажете/ утешете ме дека после 4 та година ќе се смири ќерка ми.
    Сега е НЕПОДНОСЛИВА, да со големи букви.
    Сака се ' по најзино,само инат да се водело бре,не знам период ли е..такво ли си е детето,тантруми на најјако после 3 тата година. Знам дека нервно попуштив,губам живци веќе,а ќе ми требат за другите две деца.
    Сакам здрава мајка да имаат.
     
    На Лалина, mal.ecka, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.037
    Пол:
    Женски
    Еве јас да те утешам. Од 2 до 4 беше ужасно тешка. :sweat:Мал милион пати ме имаше расплакано од што не знаев како да и помогнам иако слушав совети на психолог редовно. До лудило ме носеше. После 4тата година се смири. 5 е сега. Разбрана е многу. Уште знае инцидентно да издрами, ама сега веќе разбира многу повеќе и кога ќе и кажам и објаснам знае да се повлече и смири, да изрезонира.

    Е сеа другово, колку вришти. :devil: Откако е роден нема уста затворено. Фаќа највисоки можни тонови. Глава сечам нема полошо од ова. Уште се чудам како комшиите ме немаат пријавено во социјално. До толку што некогаш му велам дека сама ќе се јавам во социјално да дојдат да го земат. :D По цел ден вришти, ништо не му е погодено. Скршена е бисквитата вришти, покапал храна вришти, не ги сака тие чизми вришти, му ги давам тие што ги сака пак вришти оти требало да сањам кои ќе ги сака денот. Маж ми не смее да ја гушне ќерка ми вришти. Тој дур се гушка со тато, сестра му не смее да биде на истата софа со нив вришти. Вчера си одбра играчка, сестра му одбра играчка. Дома, ги сакаше двете па се утепа од вриштење. Обично кога ќе се фатат за исто нешто, го земам и го ставам над регал. Ако не можат играат заедно никој нема да игра, тоа ни е правило. И вчера вриштеше оти сакаше да ја ставам играчката од сестра му над регал, а тој да си ја чува неговата. Нејќе да чуе за компромис или зборење во тие моменти, џабе се сите обиди да го смирам. Па зедов ги стаив двете над регал и го остаив да вришти пошто сака се да е само по негово. Вчера кога не ми тропна социјално не знам кога. :sweat:
    Ушиве ми зујат од толку вриштење, пауза праи 10+/- минути измеѓу. Више не се ни трудам да му угодам оти не може да биде само како што тој сака. И ако доаѓа социјално нека дојде више, сама ќе им го дотерам и ќе им го даам. Ќе ми го вратат за брзо она никој не го трпи. ]:)
    Искрено се надевам што велат дека средното е обично најкомплицирано, иначе уште третово вака ако се погоди, ќе морам на еци пеци пец, две да ги даам на посвојување. :wasntme: :D
    Кога веќе се жалиме. :D
     
    На Лалина, Anturium, mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    8.572
    Пол:
    Женски
    Ххахахахахахах, сте ме изнасмеале @DELFINA81 и @Yowannty

    Да се жалам и јас сега :whew:
    Уште малце ќе е 4 години големиот, а помалиот 3 год. Значи 12 месеци се разлика, и се од ова ми е по 2 моментално :sweat:
    Купувам исти бонбони за двајцата, ги носам, и не биле исти, едниот вришти дека ги сака тие на брат му, дека биле поубави :?:
    Па нејќат јакни да облакаат, сабајле е брканици по соби, не тие чорапи со диносаурс, туку тие со карс, ако им ги дадеш тие што ги сакале, ги сакаат тие првите, секако имаш вриштење тука:envy:
    Сакале банана да јадат, ок им носам, не ја сакале, плачат дека сакале јаболко а не банана, им носам, пак вриштат зашо нејќеле јаболко:sweat:
    За играчки да не почнувам, од се имаме по две исти работи, ама за нив не се исти, и се тепаат за иста играчка:devil:
    Нерви немам 1 година еве скоро се вакви станати, полудена сум :rofl:
    Јас не знам кога ова ќе им престане(lalala)
     
    На azelea, Tiny Love, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.