Дедото што чита приказни го нема како порано, точно. Ама да видиш во снаи и свекрви темата какво чукање во гради има и како сите се нај мајки, способни, сами гледаат деца, сами се' прават, децата не се за со баби и дедовци, тие треба старост да си тераат не на тебе дете да ти чуваат, дрн, дрн, дрн... Ти си мајка, твое си е детето, ти свесно си го родила, треба да си го гледаш... И сето ова за еден обичен муабет дека некоја посакала бабата и дедото да и се најдат за детето 2-3 саати за викенд кога им одат во посета. За повеќе не.
Морам да се изнаплачам негде па овде ми е полесно. Мн сум уморна,значи мн. Ем работа дома готвење перење чистење се на мене, бебе значи немам збор. Сегде се фаќа се крева на секоја мин. Не знам како успевам и да го чувам и сета работа сама. Не знам како постигнувам да готвам ама знам дека паѓам во депресија вака. Не бе брате тој ни 30 мин не гледа тв па за тие 30 мин не знам колку работи би завршила. Па и за возачка одам нема шанса да завршам јас. Каде е учењето, вежбањето. Денот мн ми е депресивен само се молам да заврши а само што почнал.
Колкаво ти е малото? Сопругот ти помага ли? Сум била и јас вака, сами со мм во друг град, дур бев на породилно и дур беше бебе моево тешко ми беше мн, само чекав мм да дојде од работа и да му го тупнам саат време Пери пеглај готви чисти и се так у круг, не дека и сега не е така ама поголем е и се заигрува. За готвење готви некои брзински јадења дур спие направи подготовка после само пушти да се прави, дур спие пиј кафе одмори. Вечер нека го почува маж, излези прошетај макар до маркет или у маало. Немој да паѓаш во депресија, знам дека е клише ама период е ќе помине
Еве јас сум со бебе што се буди на саат ипол два за цицање и јас секој ден сум со макс 4 до 5 саати тоа е и цепкани ако украдам некој саат додека спие..се навикнав на малку сон функционирам пешачам секој ден денес со другарките ќе се видам и така..дома јас средувам али не ми е проблем уживам ви чистење ме опушта барем тогаш не го чувам малиот. Маж ми иде у смени еве сега беше 3та смена и после работа отиде кај неговите од 6 до 2 си поспа а јас ко зомби сум станувам на саат ипол..сега ќе го прашам кога завршува мојата смена дека и ја сакам дс си отспијам 8 саати врзано. Плус имам уште неколку испити да дипломирам...кога ќе учам незнам и тоа ми стои на глава сакам да се вработам да си имам мои пари да си купам што ми душа сака..
Сопругот мн помага па ако не е тој не знам што би правела ама сепак 10 саати на работа е и жал ми е некогаш да му речам нешто гледам уморен. Да се надеваме период дека е, мн си го сакам синко тој ми е се на светов ама сепак некогаш тешко ми е. Вчера му се развикав мн а веќе разбира, се пикаше тажно до мене и ме галеше по лицето
Тоа и ми е др проблем, сакам ем кариера за себе нешто за мене да направам ама мислам дури не порасне малку нема шанса. Ќе мора себеси да се ставам на пауза. Без никаква помош тешко.
4 години, магично се смени после 4тата, порасна наеднаш Душа ми е мила тој, многу ми е жал на периоди, како запоставен некогаш го осеќам, пробувам колку што можам да обрнам внимание на 2цата, сега имаме проблем малото (15 месеци) е многу љубоморно, значи ако го гушнам, седни до мене големото одма иди и вришти и го тепа и трга брат му од кај мене, му велам не разбира мама не се лути, мало е, па некош вели, знам мамо бебе е, ништо не разбира, ама преѓеска на пр неубо му падна, дојде до мене и јас го гушнав и ете го со трчање малото и онака со сила го турка, го мава, абе што ти е А му вели, зошто така ме туркаш јас не го пуштив да се тргни од мене туку двајцата ги гушкав ама малово не попушти, па се тргна големото... Чоек да се чуди некош, да не знајш што е правилно и што да напрајш во моментот
Ве читам за тоа како растевме ние, како растат нашиве деца. Ние на улица куп деца трчавме, криенка, ластик, што уште не. Сега на децава ластик да им покажеш се смеат, ама ова вистина, во смисол какви се тие глупости. Сега улиците не се ни безбедни за да си играат децата, премногу возила. Други времиња беа и според мене поубави времиња беа нашите. А тоа приказни да кажува дедо, минато свршено време. Премногу брз живот се води сега и ни фалаат сати во денот, да може да се продолжи би било идеално нели Некако сите се губиме во времето, наместо да го контролираме. Не ми се допѓа мене оваа темпо на живот ама тоа е, напреднатата технологија, ит секторот не доведе овде. А и да си кажам и јас сум од тие мајки што велат за второ дете не, годинките си го прават своето. Мајка не имала мене и брат ми со 22 години. А јас прво дете родив на 35. Први огромна разлика зар не
Зависи од родителите и друштвото што го имаат. Зависи и родителите како ги насочуваат, дали со мобилните и телевизорот цел ден или тоа ние што сме го имале и превеле. И ластик играат, и криенка, брканица, фудбал, и се лулаат на лулашки, и по дрва се пентарат. Па другарки ќе се соберат и коси си плетат и си муабетат, па венчиња од оние белите цветчиња си прават како ние кога бевме деца, па пеат на цел глас, па си плетат алки од ластичиња, баш право детство имаат. И песните од наше време ги знаат и пеат. А и цртани се гледаат, и телефон ограничено добиваат. Мора да има баланс, ама пак ќе кажам, се зависи од нас родителите. Ние го правиме темпото. @lackygirl моето најмало сите ги бутка кога ќе види дека ме гушкаат и бакнуваат. Тоа е борба, тука му ја гледам силата Среќа големиве се големи па смешно им е Ама затоа мене најпоследна почна да ме вика, дури криво ми беше Јас му викав: кажи мама, тој упорно баба И тата, и бато, и дада (дадоооо) си ги кажуваше, а мене тек вчера првпат убаво ме гледаше во очи и ми рече мама. Па кога рикнав да плачам од среќа, тоа беше што да ви кажувам Многу сум изморена, ненаспана, со вртоглавици од премор ваљда. Коса уште ми паѓа како луда, цело време сум гладна, а слабеам. Многу забавен период што знам дека ќе помине и досадна сум знам, ама ќе ми фали
Добра ви вечер. Пак заглавив цела ноќ, не знам зошто. Не можам ич да спијам во последно време, стануваме касно насабајле и после ми е криво шо не можам да си го видам детето на раат додека да дојде 2 да одам на работа. А тој, греота, секој ден ме чека да си дојдам и секој ден истиот муабет: "Мамо ти зошто одиш на работа? Мама ти зошто ме остави сам? (не го оставам сам мн нормално, со баба му е) Мама ај не оди веќе на работа" или ќе проба да ја заклучи вратата пред да излезам. Ми се плаче од мака, ми фали, сакам да можам секогаш да сме заедно и да го гледам како расте. А колку е пораснат, тоа е друга тема. Секој ден правиме активности, неќна еж правевме од шишарки и шума од лисја шо ги собравме во дворот. Денес елката сам ја накити, дури и под неа стави пакетче и мече со црвено капче. Успат си нарачав еден куп книги и цел пакет готови зимски активности од една страна, ич не ми е криво за парите шо ги фрлив. Па тоа лампиони шо треба да се изработат, па тоа куќичка, па некои таму боички како лепак шо се, веќе не ни памтам шо се порачав. Ќе има занимации за цела зима.
Мораш да си ја смениш перцепцијата, тука ти е грешката, ти кажувам од искуство. Чистењето само она што е преоритет, готвење не мора секој ден, јадете што можете(Ние добра година дена живеевме 90% на деливери и на надвор јадење) ем помалку садови ем ќе прошетавме со бебе. Мене првите месеци ми беа многу полесни од сега. Колкаво е детето? Јас чистев се со него, во кенгур и правам и јадење и пазар и чистење па и вежбање може така. За подигање секаде не мора толку да го пазиш, мислам гледај го ама терај си работа . Не му треба тв сега подобро што не сака да гледа, нареди играчки или остави да брка во кујна додека готвиш, стави некои безбедни работи пониску. Излези шетај си него, нека спие во количка ако треба, кога ќе спие времето посвети го на себе. Ама сепак генерално многу малце можеш моментално да направиш за себе, не очекувај повеќе за да не се разочаруваш. Доволно е неколку минути во денот. Учењето претежено ноќе, а за возење, тоа е еден саат во ден, мм нека превземе уште еден саат. Он работел 10 саата, ти работиш 20, не го жали толку. Ќе помине.
Majki zdravo, sakam da ve prasam koj kukni pomosnicki gi koristite i ste zadovolni od niv vo odnos na robot ili stik pravosmukalka, znam bo ovaa tema zborevte za niv
Добро утро. Доручкувавме, игравме карти, сега испив кафе, она се занимава нешто, па ќе излеземе малку. Знаеме попладне да правиме карти парти, ред карти ред музика и играње, и и викам, ееее да знаеш колку во диско сум играла, а она на тоа, а сега зошто не одиш во диско, не те пуштаат, стара си? Ете, ќе го родиш, сакаш, чуваш, нема да спиеш и после стара си и не те пуштаат во диско. Па стара сум, кога не сум спиела 65456454 ноќи. Се запнал маж телевизор да купуваме нов, значи си работи стариот, јас не ни гледам тв и затоа не треба нов. Да гледав, ајде, ама вака... Па, ќе бараме тоа денес најверојатно. Инаку,сакав да ви кажам, кога ќе се заинтатите со децата вртете ја на хумор работата, секогаш помага, за сѐ. Колку инаетења сме поминале со скокоткање, бркање, закачкање, од не сакање да се облече до немиење заби... И ден денес кога е нешто тешко знаеме да си го најдеме смешното во ситуацијата. Ама, исти сме во карактер, исти, знаеме некогаш да се заинаетиме толку што мм мора да интервенира. Ама, како тераме до сега сум супер среќна со нејзиното растење, и какво дете е и како размислува, и колку ни е цврста врската. Ќе видиме тинејџерскиот тест како ќе се покаже. Можам да кажам дека овие години се најлесни, не знам, од кај 4ри негде можам да се согласам, па има еве период на здивнување, да се собере сила за натамошните предизвици.