Тоа сакав да прочитам дека после 4 та малку по друго е,да речеме полесно Мојата во јануари ќе полни 4 Мн.ми е активна не приседнува,лошка е на моменти,си плачам од неа некогаш,ама си ја сакам највеќе на свет,мојата прва среќа после дооолги години. Вреди да се издржи се за децата. Викенд е,сите 3 се дома..малку ми е хаос и во глава,бебињата дремка имат,големата кафе вари во нејзината кујна. Чекам да станат и ќе фаќам света нанекаде .т.е кај мојте оти ако останам дома цел ден....полудечу Постот каша попара како и мене.
Робот правосмукалка и сите можни машини (сушара, машина за садови) се што може да ми олесни купувам. Водев инает долго со маж ми за роботот, мислев дека не ми требал ама го купи без да ме праша и стварно многу брзо средувам низ дома. Обичната правосмукалка ја пуштам 1-2 пати месечно за пајажини или некои места што роботот не може да дојде до нив (пример под спална или ќошиња што ги имам заградено ради децата) ама вака е супер работа. Инаку, на другата тема за нашите родители партал се направив со мајка ми, изнакажав се што собирав 34 години и нормално пак искочи таа жртвата, а јас осеќам вина како што е и цел живот. Малку ме теши тоа дека не сум единствена и може не знаеле подобро или не смееле поразлично од нивните родители ама пак, чувствата ми се тие. И најмногу ме боли што цел живот ќутев за да не ја повредам или растажам ако кажам нешто и сега како возрасна пак морам да го правам истото. Не е работа на детето да се грижи за родителите, обратно е. Колку истрауматизирани генерации сме, а ако се отвориш ќе излезеш себичен. Уф!
Koja robot pravosmukalka ja imas jas denes ke kupuvam . Inace imam i busavi tepisi pa nz kolku ke mi brka rabota
Самсунг е ама кој модел заборавив. Моите теписи се помазни, не знам која членка пишуваше дека и се заплеткува во бушав тепих, да ги прашаш вработените најдобро.
Детево ми се задави, значи прв пат во животов осетив што е страв, помодре. Не знам што направив и како го удрев по грбот за да летне тоа проклето интегрално колаче, среќа беа свекор ми и свекрва ми овде, не знам што ке правев. А не се нови ги јаде понекогаш, со јогурт и шумско овошје ги знаете сигурно. Седеше на креветот и јадеше наеднаш почна да се тегне да се дави, ау господ на никого да не даде ваков страв, цела се тресам уште, он плаче јас плачам што од страв што од не дај боже што можеше да стане.
Утрово станав со необјаснет таков страв и гледав видеа на јутуб што да се прави во таква ситуација. Се наежив што прочитав, драго ми е што сте добро. Препорачувам на сите да погледнете, брзо е, а не дај боже живот значи.
Само ќе се надоврзам и јас имам мал милион изгледано, не ни сакам да се замислам во кожа на Carolin....... но гледав едно друго видео каде мајката во паника му го напика парчето на детеро во грло и практично она го подави.. Најважно во цела паника ако е гаг рефлекс или пушта звуци и плука да не паничите да лупате по грб пред време зошто од врв на грло го пикате навнатре. Дете што се гуши не дише не пушта глас не плаче. Пред 3 дена бебе ни се задави на течна каша, полна уста почна да плаче хистерично по маж ми и му залетна голема количина,звуците што ги слушнав никогаш нема да ги заборавам се тресев 1ч одпосле не можам ни да замислам како е во ситуација каде храна го блокира душникот целосно... Гушки за утеха мајка, фала Богу добро се завршило.
Jas davenje imam iskustvo so mandarina i toa ne bese bebe bese pogolemo detevo, mislam deka nakaj 2. I zatoa bidete vnimatelni so mandarinite nekako bas se nezgodni isto i grozjeto sekogas na pola zrnoto do 3 godini barem. Jas mnogu ispaniciv edvaj nekako go namestiv na raka i potcuknav za da ispadne parceto.
Да не се повтори. Моево дрво од паркетот, јако шилесто 2см пикна в уста, ко почна да лази беше, 8 месеци мислам беше, не го видов јас туку почна да прави како за повраќање на третиот нагон летна дрвото, свеста ми се зеде, неможев да се смирам цел ден, што можеше да се случи недај боже ако заминеше надолу ама како велат децава ги чува Господ.
Давење со зрно грашок имаше кај нас, на 1 годинка итоа. Со вртење наопачки беше, со се. Животот ми се скрати за 20 години, секунда работа...
Фала ви на сите. Ги имам гледано видеата, знам што треба да правам ама луѓе помодре поцрне детево мислам. Свекор ми запојде да пика прсти, него да го сопрам викав мислам глас колку ме држи. Свртен настрана пола шише вода го избањав да дојде на себе после тоа од плачење, кога зеде да повраќа млазови, прв пат на повраќаници да се радувам. Се изнаплака и он и јас. Се исплаши не сакаше ни вода да се напие, до спиење во мене пикнат седеше, каша јадеше после не знам колку време. Фала му на господ се добро се заврши.
Леле каков стрес не сакам ни да замислам. Среќа се добро се завршило и да не се повтори. Баш е секунда работа у пм, се наежив ептен мајка
Леле мајка можам да замислам колку било стресно, јас многу се плашам од ова посебно оти моето јаде многу лакомо, ако не е исечено на парченца знае и пола мафин да збута од уста и ум немам… го карам му викам полека мама, ама не и не, штом зеде нешто цело да јаде одма оди директ цело во уста и така со пуни образи џвака, абе исто татко му вака јаде , не знам баш дали мораше во тоа на него да е. И јас имам изгледано многу видеа ама во реалноста кој знае човек дали ќе успее да постапи како што треба, да не дојде.
Јас памтам се задавив така со бонбона, мајка ми од паника и плачење не знаеше што попрво да направи. Случката беше на скали во зграда, среќа комшивката истрча ме преврте држејќи за нозе и со едно чукање по грб летна бонбонот. Можам да замислам како ти било мајка. Среќа се поминало добро Одамна не сум пишала, вака набрзина чат пат разгледувам. Како беба расте така обврските се поголеми и побројни, почнавме и со кашички многу се нервирав дека на почетокот ми плукаше буквално се, си реков детето нема да јаде сега како се радува кога ќе го виде чинивчето права смешка е. Дадичка ни наполна 4г, а јас 29. Ве частам со торта и алкохол по ваш избор не ми се верува како брзо летна времето. Моето прво бебе не е веќе бебе, расти и тоа многу брзо баш bittersweet. Измешани чувства, се повеќе станува самостојна, кажува песнички, си седи сама во соба.. А тек кога ќе помислам дека за две години ќе е прваче
Не знам дали купи ама не го бива за бушави теписи. Мене ми се заглавуваше, па нов мазен тепих купив. Па не се согласувам баш дека се нема време. Зависи од родителите. Ние сме двајцата вработени, ќерката е 3 години. Од април до октомви, секое попладне од 6,7 до кај 9, летото и до 9 ипол цело друштво дечиња надвор го поминувавме. Копаа во песок, играа со топка, брканица, се лизгаа, лулаа. Ние ќе си земеме кафе, пивце и си уживаме 20 родители, децава сами си играат, а сите се таа возраст. Тв гледа и ќерка ми, Настја, Дијана, Арија, дизни принцези ама телефон нема добиено никогаш. Си знае, телефон не е за деца. Зависи колку сакаш да ти е лесно. Она и во кафана е носена цело време, на гости, со луѓе сме секој викенд телефон не пипнала. Црта, "чита", се занимава. Колку им е подосадно, толку се покреативни. Е сеа, 5 пати ќе ме стане од маса, нема да сум раат со гости ама па да е жива и здрава, ќе порасне.