Има ли некоја тука што има несоница? Цела недела станува по неколку пати навечер кенка и се нишкаме во раце да презаспие, ич не сум наспана, ама еве ноќва беше малку подобар и јас баш ко за инат не спиев ич. Ќе легнам, може и ќе ме фати дремка ама сама се будам очекувајки да стане и не можам да презаспијам пак одма, а ќора сум за сон. Станав во 2, па во 3 бебе стана, па јас пак и во 4 и во 5 и нешто со се него, па спиев до 7:30 и така пак сама станав..
Колкаво е бебето? До 5 6 месеци се случуваше да имам несоница, ме фаќаа жештини, па многу ладно ми беше. Препишав на хормони
9 месеци е веќе, на почеток и мене од паника првите месец два, а ова сега неделава последниве денови ми е, а и на работа сум вратена од петокот и мислам дека уште толку страв од неспиење имам
Голема промена е враќањето на работа после 9 месеци, и за двајцата, дај си малку време да се навикнете.
A кој спомна телефон на дете овде. Јас зборам општо за нас возрасните. Дека брз живот водиме, и дека општо технологијата ни го изремети тој некој спокој што го имавме ние како мали. Поинаку беше како сакаш речи. Јас лично се посветувам на дете прво, да биде анимирано, прошетано. И затоа мама изгледа како изгледа . Мене ми фалат саати за мене тоа признавам. Шо убаво така кога имате друштво плус па со дечиња, ние останавме сами со сопругот од друштвото во родниот град. Сите се разбегаа. Ама не се жалам си ги имам нив и друго не ми треба. А тоа за на газ што не седнувам каде и да одиме, па и дома тоа е друго. Јас бирам да ми биде тешко, а не лесно и затоа ме гази времето
Да ве прашам вас со поголеми деца, нормално ли е да имам грижа на совест што го оставам големото да спие во детска а малото со нас? Многу ми фали времето со него, а од друга страна не сакам да го враќам во спална со нас, не ми е нормално дечко толкав со мене да спие во спална. Сега го оставам во дневна да спие за да може да го слушам бар. Нема нема му довикувам, да видам дали заспал.
Ние друштвово што го спомнав си го најдовме преку ќерката, не ни се пријатели одамна . Дел одат заедно од градинка, дел од населба и се здруживме сите родители, се договаравме за излагање. Не знам каде живеете, види така ако се наоѓа некој со дечиња, многу е послесно во друштво со деца кога се. Не мислев ти дека телефон даваш, го пишав тоа во контекст на муабетот за технологијата. Јас до душа многу сум олд скул, единствено форумов го користам и фб-то што така ми стои, ништо не постирам.
Грижа имам за поќе работи Мојов уште спие со мене на спална, не сака в детска и нејќам со сила да е, а му велиме, го прашуваме кога ќе спие в детска, нејќам вели, па се надевам дека за брзо двајцата в детска да ги префрлам, малото в креветче, тој на кревет па да е исто за двајцата, да не осеќа љубомора, па конечно после 6 год да фатам креветче од спална па да можиме да се движиме во неа
Во србија живеам. Дојденка сум овде. Имам фамилија,родена тетка и братучеди ама искрено ретко се гледаме. Јас ако не иницирам нема ни да ги видам. Се немаат време. Така бираат тие. А з ново друштво верувам допрва ќе створам кога ќе почне синко во градинка. Ќе запознаам мамасити таму. Јас сакам да се дружам шетам. Не сум домашар Ама луѓето станаа чудни барем во мојот округ, се немаат време
Ако не е една грижа ќе е друга затоа пишав, тоа е, цел живот така ќе си биде изгледа Таман се за сами, нека си спие кај што треба, а ние мајките ќе си се преиспитуваме
Мајки, мојот многу драг проект на кој работев уште од лани пред нова година, сега е готов. Финансиски успех од него и не ми е толку битен, колку оној за душа, во сите цртежи вложив многу внимание и емоции. Секоја честитка одразува нешто кои ми ја радува душата и се еден вид честитка кон себе што и покрај мајчинството успеав да најдам секојдневно барем малце време за старата јас. Од синоќа имам многу добри рекации и ептен сум ќефна, не можев да заспијам од возбуда
Преубави се, ако праќам ќе те барам сигурно, само отвори го профилот, сакав да ги споделам кај мене на стори не ми даде.
Колку убаво, ми врати носталгија Јас годинава правам сама честитки со слика од син ми, ама ако ми притребат вакви се знае кај ќе барам. Ти посакувам успеси и мотивирачка заработка
Predobro nesto, se gleda deka e unikat i mnogu kreativno. Majki, jas mislam deka e odlicna ideja da se vrati starata tradicija so prakanje novogodisni cestitki vo ova vreme-nevreme vredi da se stopli srceto na mlado i staro i da se izmami nasmevka, istovremeno da se poddrzi makedonsko homemade i trudot od nekoja mlada majka.
Кај мене малото (2год) спие само во детска. Заспиваат заедно ама поголемиот доаѓа во сред ноќ меѓу нас, имам грижа на совест ама па со 3 деца не можам да спијам. Маж ми го буцкам да оди во детска за да не спие сам затоа ми е лут секое сабајле дека го шетам За големото твое ич да немаш грижа на совест, сосема нормално е да си спие сам.
Дојдов да си поплачам кај вас зошто мм ништо не разбира. Периодов ни е престресен на работа, па тоа си влече да сум утепана уморна и дома. Се трудам да сум позитивна со нив, бебо кога ќе ми се израдува и гушне душава и батериите ми ги полни ама штим легнам само на неправдите си мислам. Нејсе, Душа е бебо преееекрасно бебенце или момченце веќе, не можам да поверувам скоро 11месеци е. Само нешто си збори на негов јазик, сè разбира повторува, само мрда прета неуморен е зајче мајкино Е сега одиме кон најновата болка, дека на работа скоро 2месеци не сакаше бебе никако да прифати шише денски па цицаше само попладне и ноќе 3 4 пати. Кукав дека ми е напорно, се будиме на 2ч, амаа гледам 2 ноќи некако млеко ни за лек. Дали стрес дали полека си секнува зошто и варираше бебе те цица па заспива, денес дадов шише со АД денски 2 пати и бебар го излока. Од една страна се радував дека нема да скрати скроз млеко на 11 месеци од друга страна таква тага ме спука дека единственото нешто што беше само наше веќе ќе го нема ај тоа него и некако ме фаќа паника зимата пред нас, за се нешто го "лечев" со цицање а сега?! Душичкава ми е во грч... Наредив шишиња, ад, вода во термос до мене за вечер ако бара ама си викам аман барем уште некој ден да си поцицаше да го погушкав така стуткан Ај барем ако сврти на АД скроз се надевам ќе почне да спие со 1 млеко само и ќе може мајка еден џин да си направи за душа
Мајка ако не сакаш да го одбиваш пиј вода, електролити, чај, ќе се врати млекото. Скоро 6 месеци веќе моето цица само после работа и ноќеска. Млеко имало денови кога има помалку, особено ако сум под стрес, болна, добиено, не сум пиела вода дента. Ќе покенка и почесто се буди, нудам и вода а млеко колку има толку. Зборот ми е, ако не сакаш да го одбиваш размисли за други начини, ако го одбиваш па подобро вода нека пие барем да не ти се буди често. Млекцето денски, не им треба многу количина на таа возрат. Гушки и со лесно