Ако откриеш сподели, баш ме интересира и мене, и јас прогуглав сеа од љубопитност ама не најдов ништо.
Ич да не ве чуди, француски е основен јазик во меѓународни односи. И во ОН, и во Меѓународен Суд на Правда пример, официјални јазици се англиски и француски. Овие административни глупости се оттаму уствари , затоа и јазикот се провлекува.
Ова беше брзо, ќе треба на Зара да висам цела вечер. Виенска конвенција 1976 https://en.m.wikipedia.org/wiki/Con...ltilingual_Extracts_from_Civil_Status_Records
Мислев само јас сум, ама ете не . Јас мислам да не се чувствува отфрлено, да не е љубоморен и куп глупости. Тоа само во нашите глави е
5 години не сум отишла во таа одвратна служба матично каде двајца трчаат, 5 души грицкаат сончоглед со нозете на биро, цело време онлајн поднесувам барање, па мм само го праќам да го земе. Не ме чуди ништо од тие.
Јас имам едно 16 месеци е и тоа си спие во детска соба. Зошто да чувствуваш грижа мајка? Ако детето си е среќно и задоволно во својата соба си го знае тоа како свое катче зошто да не си спие таму? Ако моево плакало или се бунело јас немало да го оставам да спие само, но кога гледам дека тоа го прифаќа како најнормално нешто зошто да се грижам? Баш супер што поголемото се разбира и наскоро и братчето може да му дојде во соба заедно да си спијат
Нема што да имаш грижа на совест. Исто и моето поголемо си спие во нејзина соба уште пред да се роди второто. Тоа е нејзино катче и ден денес таму поминува највеќе време. Има моменти кога сака да спие со нас на спалната и ја оставам, тогаш мм најчесто е на работа не е дома и заради тоа. Исто со мене е на спалната и кога е болна со тт, најлесно ми е да ја проверувам. Веќе не ја проверувам дали заспала. Колку пати и пред неа сум заспана, а твоето е поголемо мислам 2год од моето.
Здраво мајки Слободно почастете се, девојчето ми порасна. Цела една година помина, откако сама си отидов да си се породам, а времето беше скрос исто вакво ко денес. Се трудев секој момент да го запамтам, не знам дали ќе ми се повтори уште еднаш пак. Цел ден ме пука некое bittersweet чувство. Бебето најумно на свет, ми порасна во мало девојченце. Малку и на плачка ми дојде, ама ајде викам не се лигави, па нема нешто поубаво од тоа што повеќе родендени да се слават во животот. Сликите од градинка ме достопија, колку убаво и украсиле, седната со другите бебиња, сликовница се. Денес примам честитки слично како за мојот роденден. Што ти се вика мајка, од еден сега имам три родендени за честитки. Сите возбудени за утрешната прослава. Мајка ми ми се јавува ко тинејџерка, уште не знаела која комбинација да ја носи. Маж на шишање денес отиде, тазе да бил шишан, а баткото цело сабајле хепи брдеј и пее, возбуден дека утре он ќе ја дува свеќичката зошто е голем. А мајка, ко мајка, само мислам премислувам нешто да не заборавам, дали ќе биде се ок и многу се радувам за сите луѓе утре што ќе ги видам. Ве поздравувам
Здраво мајки @Mom's_life најсреќна да е принцезата и вие со неа Оваа мајка е со стомачен вирус, ноќеска мислам уште душата ми остана да отиде. Цркав поцркав, сеа демек сум подобра. Ама со банана и двопек сум цел ден уште го имам она чуство на лошење, се надевам ќе помине. Вака ми беше кога бев трудна, и на мм сабајле му викам не сум трудна нели. Ми рече не бил гинеколог, мајстор бил Си викам ако останам трудна здравје и вака лошо ми е секој ден ко што ми беше со бебо, јас не знам како ке издржам искрено. Капа им симињам на сите кој можат. И тоа цел ден се влечам од крвете на кревет, мм е дома со бебо се чуваат он трча мама па мама ама разбира кога велам дека не ми е добро па ме гали ми носи вода со татко му. Пијам електролити и се карам со мм да земе нешто за имунитет, пошо уште он остана, а маж болен дома е.. Тоа е мајки, чувајте се и имајте убав викенд
Среќен роденден на дадичката . Не те фаќа желба за трето? Јас му викам на маж ми ај за 5 години трето, он вика абе да поживееме и ние малце, ко да имаме по 50 години, а не 32
@Mom's_life колку убав пост, најсреќен роденден и убаво да си поминете утре @Carolin. Уф жалам, ужас е вирусот. Можеш да земеш антиметил таблети против лошење, може ќе ти помогне. Или наусолвит капки.
@Carolin. @kozuf Ви благодарам од срце за честитките Фала ти Не да ме фаќа желба, туку ептен ме дрма. Дури и гласно си кажувам дека сакам трето. Колку и да е хаос и како во дробилица се осеќам секој ден. Маж е изричит дека нејќе трето, ама ајде ќе видиме како ќе биде, има фора да се предомисли, а и јас
Еден филозовски пост. Во последно често се дружиме со семејството со дете колку моево (скоро 2 години) и кога и да се разделиме имам чувство како на детето "да му фали" љубов. Да се разбереме, не ја сметам за лоша мајка, жената или мажот за лош татко. Едноставно по нивните сфаќања детето треба што порано да се оддели од мајката и таткото, само да се научи да се храни, само да спие, само да кажува за во вц, само ова, само она. Точно е дека не треба овие работи да ги правиме за децата до бесконечност ама пак и дете од 2 години, буквално е како во оган фрлено. Детето кога е со нас, постојано доаѓа да се гушка, да се мази, да е во раце покрај моево. Не ми смета, со радост си ги гушкам двете, по потреба и го чувам. Нормално им немам ништо споменато, зошто може и само за мое чувство да се работи. Е сега во периодов имам измешани чувства и јас. Колку да ми е преубаво празници да чекаме со ќерка, да и правам нејзе спомени, да видам годинава кога прв пат може и разбира како ќе го доживее Дедо Мраз, празници и се останато, ми фали време за мене, да си седнам под ќебенце насамо, да си гледам божиќен филм, чај или топло чоколадо до мене. И едноставно да уживам во самотијата. За ова ќе почекам многу години во главно.
Поздрав од една преморена, престимулирана, веќе не знам каква никаква мајка. Мене депресија ме фаќа кога ќе видам мајки дотерани, деца супер, домот супер. Јас уште краста шо не фатив, еве. Негде грешам, каде не знам. 24/7 ми се на глава качени и двајцата и ова веќе е неодржливо. Какво решение да барам не знам. Само си се истурам, одминете ме, ете негде да стои запишано дека не сум ОК. Ни за муабет не сум, затоа и не пишувам ништо во темава. Да не мрачам Само твое чувство е. Сите си имаат различни методи на растење деца. Се' додека не се сурови со него, нема потреба од интервенција. За тоа да му фали љубов, не верувам. Сите родители си ги сакаат децата, бар сите нормални.
@LivingGlam , не мислам на никаква интервенција, здрави, прави родители, здраво, право дете. Не дека не е гледано. Туку баш по нивно кажување, "размазување" на дете со гушкање, со бакнежи, прави само дете зависно од родителите и тоа го избегнуваат. На таква љубов мислам, на искажување.
Социјалните мрежи се преполни со совршени мајки, совршено украсени домови, се е чисто, зготвено на маса, а позади тоа сигурно стои барем една платена жена која ако не друго ама и чисти по дома. Воопшто не наседнувам на инстаграм мајки нашминкани средени.. Во последно време одбегнувам секакви постови што ми прават лажна замисла за секојдневието
Ако своите деца не ги гушкам и бакнувам, ако не им пружам љубов, за што сум жива? На децата им требаме премногу кратко време, еве го гледам големиот, да го оставам и цел ден сам ќе се гледа, ништо не му треба, сам си зима дури и за јадење, така да ич не сум пишман за таа љубов што ја има примено како мал. Малово па како ужива во внимание, чудо некое, а остави го знае и 1 час со играчка да се заигра.