Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    17.168
    Пол:
    Женски
    Од вака ,, насилно” хранење, имам братучед 140 кила е. По секоја цена мораше да идеде 2 полни тањири манџа. Баба ми на сила што и пикаше на сестра ми нејадач да јаде, ден денес не јаде некои манџи.
     
    На Purpleheart, Carolin., LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    8.300
    Пол:
    Женски
    Оваа гордеење со ненормални работи ми е дното на родителството.
    На маж ми колега се смеел и им раскажувал како син му, 5 години е, му викал "ми се спие, збори потивко, крв ти е*aм". И вика уште се смее, радосен што кажал син му.
    А ја се нервирам ќерка ми "абе" што вика.
     
    На Трагедијаупмм, MeowMeow, lackygirl и 11 други им се допаѓа ова.
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    11.251
    Пол:
    Женски
    Од трауми не можеме да ги заштитиме.
    Еве пример, сабајле го носам во градинка и плаче оти не сака да оди. Му скинав рузмарин од дворот на градинката и му го дадов. Отпосле ми текна дека можеби натаму нема да го сака мирисот на рузмаринот оти ќе го потсеќа на градинка.
    На некои работи не можеме да влијаеме и па ќе кажам не можеме со сите конци во рака. Децата немаат само мајка и татко во живот, ќе имаат и комшија и негувателки и професори. А со тоа и лоши сеќавања, па и трауми.
    Пример, имав одбивност кон парфемот Satwa оти го поврзував со мајка ми и нејзиното одење на работа. :D

    Методот на госпоѓата е случај за social services.
     
    На Трагедијаупмм, mal.ecka, plava.90 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    8.347
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива за ова!

    Дете треба да се сретене со мн работи во животот, за да знае што е правилно, а што погрешно.

    И не, нема секогаш да ги имате конците во раце, за жал.
    Премногу заштитнички сме оклонети кон децата, малце calm down треба да си направиме, никогаш не можеме сосема да ги заштитиме.
     
    На Трагедијаупмм, mal.ecka, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  5. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    17.168
    Пол:
    Женски
    Роднина го седнува детето и го учи како да пцуе. Дете како дете, многу разбира што е тоа и надвор на сите им го вика тоа што тато го научил и тука они го караат како е срамота, а дома го учат и се смеат на тоа што го кажува.
     
    На Carolin. и Tea SK им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    24.110
    Пол:
    Женски
    Страшно. Јас знам една исто со 3 деца, третово најмирно ама од викање по другиве две, почна да дтка ваљда од стрес оти предходно зборуваше нормално. Жалосно како има луѓе кои не размислуваат за последици.

    Јас на крај на денот ако сум била напната и сум викала оти претерале и се јадам себеси, а не со стапче да претам...

    Кога сме кај хранење, јас имам пишувано дека големата од бебе не прифати храна и совет ни беше да не ја форсираме, да даваме тоа што јаде и сега сме останати на истите 5 јадења кои ни поќе ни помалце и не знам што за доручек што за вечера. Уморна сум од ова нејзиново, еве сабајлево сакала путер кроасани со какао, направив и еве ги лупи оти не сакала лушпи ( а до сега јадеше) и од кроасанот не остана ништо :?: само ми изрони трошки на секаде. Ова малово пак шо ќе види тоа бара да јаде и јаде. Не сватливи ми се
     
    На Трагедијаупмм, mal.ecka, lackygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  7. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Јас мислев само кај мене е хаос па дојдов да ве читнам да сменам мисли, си реков не сум арна нешто шо неможам се да престигнам:D
    Големиот е 5години малиот 4месеци, од сабајле трчам да средам нешто барем малку од малку, машини пуштам пружам, во меѓувреме борби за цицање и заспивање, дремки од 20мин од кои 10мин ми е во раце, мм на работа до 3 ќе си дојди ќе ручаме, капење, цицање, заспивање и ова време се гасам... Неможам да функционирам воопшто, си гледам хаос ама неможам да мрднам со прст,големиот сам се чува, помош од никој немам за ништо,моите се во друг град, свекрва ми ми е в комшии...
    Нити ми се оди некаде нити па сакам да ми дојди некој, за да одам треба да се спремам, за да ми дојди треба да средам дома :D а време за таков луксуз немам... Се тешам лета времето, ќе порастат ќе се среди се ама пак на психа ме мава шо се осеќам неспособна:(
     
    Последна измена: 6 декември 2024
    На Трагедијаупмм, Carolin., LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    Да се приклучам во тимот на преморени мајки. Имам дечко што е струја, не застанува, се качува кај што не треба, буквално треба секоја секунда да го гледаш. Плус, сега му е вклучена сепарациската анксиозност на најјако, штом ме нема да видик, почнува со плачење, со солзи, со тажни фаци срце да ти стопи.

    Ја сум контрол фрик, по дома сакам да држам се под контрола, навреме пазарено, исчистено, усисано, здиплено, сметки средени, решенија, документи, агенции..
    И не успевсм, фала Богу. Не успевам ни до тоалет да појдам ако го чувам сама. И скренувам. Напати му се издрав, ми идеше сама шамар да си мавнам. Тоа душиче сака само да е до мајка му, ја се дерам дека не сум преку море. Море отепајте ме, не заслужува вака.

    За него се трудам максимално. Оброк зготвен, секогаш пресоблечен навреме, нацицан, чист.
    И криво ми е што не постигам се. Што ми фалат уште часови во денот. И ноќта, бар да спојам три часа.

    Се пожалив. Нека. Ќе ми излезе од душава, ќе ми биде полесно.
     
    На lackygirl, Carolin., LiquidLuna и 13 други им се допаѓа ова.
  9. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    599
    ;(
     
    На Nataliii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    9.574
    Пол:
    Женски
    Додека имав едно дете,искрена да бидам постигнував се'.
    И зготвено секогаш навреме,исчистено секогаш,дете прошетано,најадено,серии гледање редовно,нокти средено,фризер често,се бањав со купки,со маски,со сите салтанати.
    Кога бев бремена со близнаците мислев дека ќе продолжам со тоа темпо,ама цврц...не можам...гледам тоа што мора,јадење да имам,бебиња пресоблечени,најадени,на поголемото да му посветиш внимание,перење,пеглање знак прашалник е.
    Чистам не дека не,ама така се набрзина,се бањам набрзина..едноставно не се постигнува се како што сакам и полесно ми е кога се помирив со тоа дека мора да е така.
     
    На Трагедијаупмм, plava.90, lackygirl и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    4.066
    Пол:
    Женски
    Уште една преморена мајка овде што седеше цел саат сама на клупа пред зграда зашто имам чувство дека се гушам дома. Не знам што се случи со спиењево, со сааатиииии се успиваме, зева и се спие и паѓа глава а си игра и се фрла врз мене и чаршави превртува и скока и уши ми тегне јас не знам од каде таа енергија во 10 месечно бебе. Ни прозори ни врати ни рутини ни рано станување ништо живо не помага а дојде време за спиење ми иде усвет да фатам. Ноќите хороооррр се станува на секој саат а ни заби и растат ни ништо, најадена е се и е потаман и не и не и не. Се ќе биде во ред ако има барем еден ден некој да ја почува само еден саат да испружам нозе. Мм ја отупе со таа негова работа више, уште нешто да земе да се ангажира мислам јас сфаќам се и прилики добри и заработки ама како да му се објасни дека ми е потребен дома!!!! Ми најави службен пат пред празниците ,ми се стемни пред очи. Сакам д му бидам подршка и ветар во грб , го разбирам ама осеќам дека психички попуштам.
    Одам да изедам кило наполитанки и да си легнам:yawn:
     
    На Трагедијаупмм, Carolin., LiquidLuna и 12 други им се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    9.574
    Пол:
    Женски
    Мајка кога ги успав децата,во 22.30 беше оваа вечер..си земав киндер као демек еден ред,ама нее,јас сите по ред си ги згмечив и си ставив едно узо..па што биде нека биде..
     
    На Трагедијаупмм, Carolin., LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    4.066
    Пол:
    Женски
    Узо немам ама треба да набавам примамливо звучи, Штарк дупло паковање отворив дур не пукнам не ги оставам:D
     
    На Carolin., merriel0, Kikikikiri0405 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    5.543
    Пол:
    Женски
    Кога бев на породилно, стасував и да учам нешто плус, и да ми е чисто, навреме испеглано, испрано , зготвени оброци и дете прошетано и јас погодена.
    Сега на работа, на попладне ми остануваат 4-5 часа до спиење и во тоа време, да видам дете, да поминам време со неа, вечера, бањање, успивање, да потфатам низ дома. Време за мене 0. Во викенд што побрзо.
    Мислам цело време над шпорет го поминував, ваква домашна ужина, вечера, ручек за следен ден.
    Од кога олабавив по тоа прашање, верувајте како камен да симнав од мене. Како расти ќерка, сфатив дека ми е побитно да поминеме 1-2 часа во парк или да правиме некоја заедничка активност и попатно да касне геврек со јогурт од пекарата од спротива отколку да е пред Тв или да ме гледа со грб, завртена додека јас готвам. Не дека секој ден јаде геврек де, ама еднаш во неделата до двапати секако си излегуваме некаде и купуваме готова храна, било од пекара, било зготвена. И јас и таа задоволни.
    Чистење преку неделата е далеку од редовно и задоволно. Тука маж повеќе се наоѓа.
     
    На Трагедијаупмм, lackygirl, Carolin. и 9 други им се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    7.083
    Пол:
    Женски
    Мене желба ми е само да сврзам 3 саати сон. Чинам ќе се преродам и ќе можам се да си стасам. Ама пошто не спијам по цели ноќи и од премор дремнувам пола саат на пладне со неа, ми се изместува ноќното спиење пак. И немам поима кај терам. Некна не дремнав преку ден, ќе се онесвестев таму поплднето. Почна да ми се врти и се изгубив за момент. Мозок сам ми се исклучи од премор.
    Ако не си запишам што треба да направам, ќе заборавам.
    Машина, ручек, шетање, купување, сега и со градинка ја носам и земам после 1 саат и немам време за ништо. Маж ми и он исто веќе преморен до немајкаде, што оти работи преку ден.

    Дете е болно три пати во два месеци, среќа со вируси. Секој трае по 10 дена. Плачки од заби, плачки од што не и е добро, плачки од градинка. Само во раце ми е. Скоро секоја вечер кога е болна, повраќа секрет.
    Секој ден само постелнини менувам и перам.

    Мајка ми на гости ни беше. Т.е моите де, со татко ми. Ништо не ми помогнаа, а се понадевав барем малку. На крај пак јас готви, средувај садови и се по ред. И нив да ги прошетам и дете да спастрам, мене кој ме прашува како ми е. Па недајбоже да речат, чекај иди бар на фризер. Ама што ко и малата не сакаше со нив сама да седи.

    Така да си се пожалиме, колку да ни олесни.
     
    На lackygirl, Carolin., LiquidLuna и 10 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    42.506
    Пол:
    Женски
    :hug:
    Само за подршка. Не можам ни да замислам како ти е.
    Дај и парацетемол за забите за спиење, моето кога го мачат заби и ептен кога е кризно веќе неколку дена по ред, јас давам за болка, за да може да поспиеме.
    Кога сака да спие врз мене и кога е болен, се заградувам на спална и така спиеме, не е најбезбедно ама мора да се одмори малце.

    Мм некој одмор да земе, да се менувате барем недела дена да можете на себе да си дојдете?
    Давам непобарани совети ама жал ме падна ептен, особено на крај кога прочитав дека твоите со прст не мрднале и чекале на тебе за готвење, па што ако детето сака само во тебе, они можеле да те сменат во обврските, такви гости не ни ни требаат на мајките. Ич да не доаѓале.|(
    А ти работиш? Затоа е малата во градинка? Може зимава подобро дома да си отседи ако не работиш, штом толку често се разболува…

    Држи се!
     
    На Трагедијаупмм, Carolin., LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    8.762
    Пол:
    Женски
    Еве уште една згазена мајка. Нишам бебе на нозе, изгоре од температура цел ден пола ноќ, не сака да испие сируп, си офка од мака не сака шише млеко не сака чајче само цицање а јас веќе млеко скоро и да немам ама барем е спокоен на мене. Цела ноќ плачка што и да направам е џабе па плачејќи се закашлува прелошо ;( преплашена сум, до сега настинувал 4 5 пати ама вака лошо не бил. И сè нешто пред продолжен викенд кога асален доктор не можеш да најдеш. Само се молам да не симне надоле зошто не ми звучи добро ;(

    Таман почна да врзува по 4-6 ч ноќе малце ад сега пак ќе отиде сè низ брдо ама ајде нека оздрави само со лесно да не завршиме во болница.

    А маж си хрчи во дневна од прееска не знам како не успеа да го освести ова плачење и кашлање (facepalm) згора бебе се исповрати врз мене па ме гризна за града и така си седам уморна повратена во солзи и ми фали само кутија наполитанки и узо ваљда.


    А куќа да не збориме, само тргам да не гледам колку е хаос плакарите се бомба време 0, после работа со бебе да поиграм не ме пушта ни до вц успивање ритуали па после му готвам за следен ден чистам и сум мртва заспивам во 8.


    :hug: не сте сами мајки во ова
     
    На LivingGlam, Coco31, Carolin. и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    500
    Ве :hug: мајки.

    Еве и јас да се пријавам во клубот. 2 месеци секоја вечер е истото, се буди пие млеко и после сака да игра, клоца, не куби, сама се куби, бега по спалната, ако е во креветчето глода на дрвото и така до недоглед. Пресисани сме веќе. Немам сила за ништо.

    Јас кога идат им викам да не чекаат се на мене оти ако чекаат гладни ќе останат. Ако сакаат нешто да си земат без да чекаат јас да им давам или да ги молам. И на сите им давам обврски и барам помош оти нели пред да идат викаат дека идат да се видиме и да помогнат.
    Со лесно да поминува настинката мајка :hug:
     
    На Трагедијаупмм, Carolin., LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Женски
    Те читам и како мајка ми да ја слушам. Што и да се пожалам ми вика "е и ти така ми правеше"... ручек ми нема направено а и она е со царски... или да се јави да ме праша како ти е, као се снаоѓаш-не. За внучето ке праша и ако се пожалам како да е нормално да се мачиш, она не се нуди на помош. И да, стара е мнг, ние малиов го чекавме по 4ри инвитра. Она нема појма што е тоа и не и замерам. Таа толку знае.
    Бев преморена и нервозна дека ништо не постигав, млеко имав малку... никако кругот да се комплетира. Па пукнав неколку пати и се орг со маж ми. Сабајле некогаш ке го земе еден саат да поспијам, ако не стигам да направам ручек, порачуваме. Дома дневната и кујната 3 дена ја чистам, и не ми е се средено. ВЦ цел ден рибав. Малку со малиот, малку таму. Тоа е. Успеав да поминам на доење и ич не ми е гајле за друго. Цица на саат, почна да има една подолга дремка дневно. Полна капа.
    Порано секоја недела некоја генералка. Сега дел по дел. Може не сум супер-домаќинка, ама баш се осеќам ко супер-мајка. Детето намирено, па ке си го поиграм. Па место да трчам да готвам гладна, неизмолзена, си вртам тел, си порачувам. Сето тоа мнг смирено. Па ке си избањам дете да му се порадувам на раат... се ке се среди. И не мора се да е на ред. Па и маж посреќен дека јас не сум напната.
     
    На Трагедијаупмм, FarfallaBlu, Aschenputtel и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    8.300
    Пол:
    Женски
    Жити мајка, кога пеглаш???
    Све све ама пеглање.....па нема поглупо нешто.
    Јас најдов соломонско решение, купувам алишта што не се гужваат, децава не ги пеглам пола сушара ја полнам и така не ми се гужваат. Брачниот сопаткик сва среќа не носи кошули на работа. Ако му треба инцидентно си ја запеглува.
    На тодлер и бебе уште да пеглам, шанса нема.
     
    На Трагедијаупмм, Aschenputtel, Carolin. и 9 други им се допаѓа ова.