Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    9.574
    Пол:
    Женски
    Не брее,какво пеглање..реков знак прашалник...(fingers)
    Тоа што мора нешто ептен .
    На бебињата секако не пеглам,за поголемата купувам работи што не се гужват,како тебе во сушара пола и цап цап пеглани излегуваат 8)
    Ама имам пелги две,ќе се најдат нека ги.
     
    На LiquidLuna, Carolin., Kikikikiri0405 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    I mene toa mi e izgubeno vreme haha pa koga ke slusnam nekoi postelnini peglaat, kaj naogjaat vreme se cudam
     
    На farahfarah, Tea SK и 1209 им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.359
    Допаѓања:
    8.300
    Пол:
    Женски
    Постелнина?!??!?!?!
    Па едно спиење, ќе се изгужва, what's the point? ;)
     
    На farahfarah, Трагедијаупмм, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Женски
    Јас пеглам за бебето. Убаво ми е кога е испеглано. Глупо или не, мене убаво ми е.
     
    На Coco31, marrisa, Skyler81 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    7.429
    Исто и јас пеглам се' можно за бебето. Не е за дали се згужвани или не, туку повеќе како плус дезинфекција со пеглата. Сушам во сушара и пеглам, помирна сум така. :)
     
    На Coco31, Jogle, marrisa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    5.842
    Пол:
    Женски
    Мајки, кои тактики ги спроведувате со тодлер кој почнува да вади рогови? Овие два дена, ништо не слуша, се молиме цел саат за да се облече. Не сака ништо, уствари се сака. Кога не добива нешто, од земја се треска. Ми успеа само со тоа што собрав кутиите со коцки и до канта ги оставив. Ги виде и се испаничи кога трнав по другите играчки. Ама немам намера се до канта да оставам.

    Нешто hint, hack, идеја како да почне да ме слуша.
    Патем пробувам со избор да манипулирам. И двете опции ми одговараат, само треба да избере. Ама ни тоа веќе не функционира.

    Се мислам дека од градинка гледа и затоа прави глупости.
     
    На Трагедијаупмм, Carolin. и kozuf им се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.150
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    За облекување и ќерка ми не сака, ама пример кога станува од спиење веднаш ја соблекувам ја легнувам и додека ја носам за да ја легнам веднаш ја внесувам во разговор за некоја приказна почнувам да ја прашувам нешто или ако е била претходниот ден некаде пример на гости или роденден за тоа ја запрашувам и цело време нешто и зборувам и повеќето време пали тоа.
    Мене ми е тешко што ништо не сака еве носот почна да и течи и со саати се молиме да и прснам во носот.
    Ништо од тоа не дава сирупи, витамини ептен кога мора и на сила почнувам а така нај не сакам.
     
    Последна измена: 7 декември 2024
    На 1209, Carolin. и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.763
    Допаѓања:
    23.380
    Пол:
    Женски
    Што е полошо од 1 болно дете? Двете болни :@
    Големиот кашлаше суво 2 дена, одиме сношти на амбуланта (со двајцата) има малку бронхитис вели док, ми се стемна, вторник роденден му е 6ка :party: инхалација со вентолин, физички е добар само што не јади, тоа и не нешто ново. Ај ќе помини до вторник.
    Малото кашлаше продуктивно, нема вика на плуќа, а грло цревно, плус мрсули му течат. Ноќеска од 4 го презедов од мм за спиење, кашлаше цело време, го слушам со уво на грб ми свири :worried: се пренервирав, одвај чекав да се раздени, отидовме пак на итна, ми вика док нема на плуќа ништо, од горе се слуша, од секретот, ми олесни. Во меѓувреме филм си направив, дека пак ќе не задржат на болница ;( се изнаплакав од сабајле... Аман си велам нема месец од ко лежевме на болница.
    И така го продолжувам денов, торта за роденден јас му правам, готови пандишпани, само фил правам, па на роденден сме кај братучед на синко, 2 дена се разлика, па чистење, ручек денес свеки прави и така....
     
    На Трагедијаупмм, mal.ecka, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  9. @Ledi@

    @Ledi@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    E sega jas moeto iakustvo na ova.Za prvoto taka,suseni peglani uste so voda od ednorog ne porskani bea i kutrata atopija ne iznamaci,mazna nezna koza i den denes ova me grebe,tuka mi smeta nezna si e.
    Sega vtoroto bebe od koga se rosi neato zapeglav i nemozev poveke aum sama so decava i sega susara i diplam meki se nezni i ne peglam.Si olesnav malku a realno nema ni problem javeno taka.da e izrazeno na koza sreka moja I si vikam sto vreme gubev bukvalno se da ispeglam bebesko
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со тоа дека вашите бебиња не ги постигнуваат очекуваните цели во развој или milestones? Психички некако туркам бидејќи супер си расте, си јаде, си ја спие ноќта, не дозволувам многу да ми влијае, ама не е баш пријатно свеки кога збори: До сега требаше ова, требаше она… а во рака го нема фатено 9 месеци. ММ како ограда одма става граници и после напнувањето од нејзина страна он ѝ се врати и од тогаш е бајче.

    Кај нас некои работи ги прави подоцна, за некој ден 9 месеци, сѐ уште не седи бидејќи до пред месец дена не знаеше да се врти од меше на грб и обратно. Педијатар ни вика дека нема простор за секирање, се видовме и со Даница од физиоактив, со помош на неа научи одма вртење, сега вежбаме заседнување (не ние да го седнуваме, туку вежба како да му дојде да седне сам). Се видовме и со Ласков ортопедот, он ни се изнасмеа како за глупости сме се секирале, дека немало ништо ниту е невролошки туку бебо се родило помало и силата во мускули ја ставил на грбчето наместо во мешето. Знам дека сѐ е супер и дека секое бебе различно се развива, некои дури застануваат на 8/9 месеци. Во вакви моменти се потсеќам и на ланскиот период каде лежев на патолошка и секој ден се соочував со стравот дека може да го изгубам и дека треба да сум благодарна на Бога…
    Ама пак, вака имам некои денови каде не ми е сеедно кога луѓе ко свеки или мајки што се натпреваруваат кажуваат како требало и како не требало…
    Пред некој ден свеки ми вика, почна ли да кажува збори јас бев онака втф хаха…
     
    На Bella.alleB, Kikikikiri0405, WhiteCat33 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.540
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Кажи и дека почна сам на пазар да иде.

    Си консултирала стручни лица, олабави се. Замисли јас можам да стојам на палецот на ногата, ама ти не. Различни сме нели.
    Не си прави споредба на твоето дете со други и нека не ти влијае, кој што кажал.
     
    На Зеленоокатаа, Bella.alleB, Anaroz1 и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    13.415
    Пол:
    Женски
    Две деца од исти родители, па нема исто да се развиваат. И јас споредувам, првото тогаш вака а еве второво сега не прави, ама знам дека не е тоа репер за постигнување. На 9 месеца да не седи не е крај на свет. Ете тоа што требало да направи сте посетиле специјалист, одма го совладал. Значи не дека не може зошто има проблем. Може такво си е детето, помрзливо. Тоа не значи дека нема да покаже други вештини. Сега нејќе да се мачи, да се врти, да лази, да седи, ама догодина може ќе реди коцки пред сите врсници.
    Читај си на интернет кога треба да е секој milestone и дај простор плус на тоа. Ако ептен задоцни со нешто ќе реагираш. За муабети од страна не се замарај. Кога првото ми се роди, од деверот имавме внуче 3мес постаро. Свекрва ми нема за што не ги споредила, сепак заедно пораснаа и речиси се правеа заедно во исто време (плус минус). За некои работи мојава порано ги направи иако беше помала. Некои и ден денес внукот е подобар од неа. Нормално е да не се исти.
     
    На Трагедијаупмм, Lady Miami, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Да тоа и јас си го мислам, моево почна да заспива сам, да јаде, да плеска со рачињата многу порано од тоа пто пишува… сакав да си кажам бидејќи не ми е сеедно…
     
    На Lady Miami, Carolin., Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Те молам не се секирај за вакви работи, контрадикторно е вака кога пишувам затоа што и јас се мачам со мисливе и за секоја “недостигната на време” работа се стресирам, ама се во свое време ќе си дојде и не е ништо страшно. Јас на ортопед прашував зашто уште не се исправа кога имаше 8 месеци (за два дена после прегледот правеше полни 9) и убаво ми кажаа и таму: Едното дете ми вика ортопедов ми прооде на 8 месеци, другото на година дена. Сега имаат по 12-13 години и која е разликата меѓу двеве? Никаква. И стварно е така меѓу нас членките сигурно има некои што оделе на 10 месеци, некои на 15. Јас еве знам да читам од 4-5 години, и што сум попосебна или попаметна од тие што научиле година дена подоцна да читаат? Во ништо. Дури и за чудење сум незнаејки глутен од 6 месеци му давав на бебе :rofl: ама ќе си речеш сум знаела рано да читам.. :rofl::rofl::rofl:
     
    На WhiteCat33, Трагедијаупмм, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  15. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    646
    Пол:
    Женски
    Да сум на твое место би и кажала дека со тој разговор само тебе ти ствара фрустрации и ништо не постигнува. Се фрустрирам само што читам какви притисоци прават старите.
    И ние мајка имаме проблем, помалце го креваше рачето и ножињата му беа како згрчени. И на невролог дури бевме и нормално не знаат ништо дали ќе биде во ред додека не прозбори и прооди.
    Јас искрено освен тука на форум, со никој од блиските не сме споделиле дека детево го носиме на физикална. Знам дека на глава ќе ми се качат.
    Еднаш мајка ми ми искоментира дека не ја држело убаво главата поради моја вина дека не сум го држела почесто во раце. Од тогаш, апсолутно не споделувам ништо со фамилија за малово.
     
    На WhiteCat33, Трагедијаупмм, Lady Miami и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.870
    Допаѓања:
    4.625
    Јас дојдов ова да си кажам, случајно ми излезе денес. Не знаев дека на сите ни е вака декември и јануари :rofl:
     
    На Anaroz1, Kikikikiri0405, Lady Miami и 7 други им се допаѓа ова.
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    На моево да му собериш во оваа година 1час вкупно дали е држан во раце. Така е зборот де.. но тоа нема врска.
     
    На Lady Miami, Carolin. и marrisa им се допаѓа ова.
  18. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Да, да отворено ѝ кажав и она тогаш сфати и се повлече, за разлика од моите што толку често се со него, сбе збор не ми рекле треба ова треба она…
    И ние криевме, ама откако напна кажавме.
     
    На sani99, Carolin. и marrisa им се допаѓа ова.
  19. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    900
    Пол:
    Женски
    И пак и пак и пак да и спомнеш дека ти прави неугодно и те стресува.

    И јас прекинав да и ќутам, само нешто безвезе коментираат без усул. Може да ти го јаде од газот. Јас те иам читано цела бременост колку пишуваше во онаа темата за можно предвремено породување додека у јас бев на мирување. Ми викаа до 36та нема да истрпам со толку големо бебе..Па 39та се породив со мало бебе.
    Значи лека полека све ќе биде во ред, убаво ти пишале и погоре.
     
    На Lady Miami, Evangeliaa22, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    42.504
    Пол:
    Женски
    Нормално си е детето и ич да не се сеќираш, има деца на 18м уште не одат па ништо не им фали, ти за седеше се сеќираш.
    Нема што воопшто на ум да ставаш тоа и да те додирнува, ако пак продолжи да збори, не ни одговарај само арогантно речи ахам и продолжи да тераш што правиш и ќе видиш како ќе се откаже.

    На тема пеглање, ги пеглав прв и последен пат неговите алишта кога ги купив пред раѓање:|
    Нашите пеглам само по потреба, искрено не ни знам кај ја ставив пеглата последен пат.

    До пред некој месец перев со посебен прашок и омекнувач за него, сега перам се со ист и наши и негови.
    Он се вала до кучињата во двор надвор, цело време е по земја, цело лето гол трчаше буквално по земјата и тревата надвор, а јас купував по 2 омекнувача, 3 прашоци и си реков ти будала си.
    Нема никаков проблем со кожата фала богу и немам потреба да пазам толку.
    Е негови долни алишта секако перам на 90 и наши исто, другите на 40.
    За повеќе немам ни време ни воља.
     
    На WhiteCat33, Трагедијаупмм, Lady Miami и 3 други им се допаѓа ова.