Значи убаво што споделивте кога ќе планирам второ дете, да планирам да не биде родено во декември и јануари На ова не ми имаше текнато.
Најмачно ми е да смислам кај да најдам место за сите стотици работи што ќе ги собери. На раб сум да пишам до цела фамилија подарок во плик, па макар и 50-100 денари биле. Остај што и нас се ни е интересно и само трупаме по дома работи.
Се да земеш во предвид. Нова година, после 2 недели првото дете, после 2 недели јас, после 2 недели второто дете. И во мегувреме и колата е за регистрација. Си викам една дешавка да имавме во лето, а не банкрот уште непочната годината...
Моето има роденден денес, после иде НГ со подароци, па именден после 10дена. Ама за него, од 10 дек до 10јан е најубав период А и мене богами, го чекаме роденденот, и после се спремаме за подароците од Дедо Мраз, па за именден и гости. Најубав период ми е овој со празниците секако, само плус поводи имаме за славење. Е мојот роденден на 15.01 не го славам, откако се роди синко, престанав да канам гости
Да па и именден имаат и двајцата, ама ние именден само со домашните ќе правиме оваа година и секоја наредна вајда, ручек/вечера. Јас и он имаме во една недела роденден и обично е Велигден тука некаде, така да па тогаш има некоја празнична атмосфера и убаво е. Искрено јас многу сум среќна што во ист месец се роди, малку и плански беше од моја страна А јас не де сеќавам колку години немам прославено роденден, освен домашните на торта или во Лондон со цимерите некоја мини журка правевме. Ама мислам дека од короната наваму немам славено. A секоја година буквално пред роденден сум во неизвесност некоја недела за нешто и ден пред роденден ќе се реши се, значи како магија. Во короната пример на 19 не пуштија од карантин, после тоа следна година на 19 дознав дека иам нова работа, наредна дознав на 19 дека ми е продолжен престојот во Англија, после тоа на 19 не пуштија од болница со бебе На 20/04 сум родена. И секогаш имам некое олеснување на роденденот што избирам само со најблиски да споделам во мир Нема врска муабет со мајчински ама така ми дојде да помуабетам, извинете мајки.
Темата сте ми ја погодиле. Мајка на две деца родени во јануари, едната 1 јануари другата крај на јануари. Сестра ми веќе испланирала за големата две играчки, сега и за малото. Од нас исто ќе добие поклон за Нг и од дедо мраз и плус за роденден… Иначе јануари ми е цела фамилија, плус зет, свекрва, внуци.. После јануари леб и сол да јадам. На тема пеглање јас сум од оние што пеглаат се. Ама не можам во шкаф да го ставам ако не ми е испеглано. Си седнувам навечер ќе си пуштам серија или филм и си пеглам.
Јас сум во јануари 1 месец после нејзе, мене супер ми било, на мајка ми не знам, а сега и на маж ми не му е лесно сигурно .
Делот со трошоците е плус. Не го допишав преѓе. Празници, подароци, родендени, имендени... Искрено секој месец оставам настрана за декември/јануари да ги поминеме. За подароци дававме на куп деца од другари, од роднини, рандом некој што ќе помине за празниците. Сега веќе се намалуваат, кој во странство, со кој сме прекинале дружба од Х причини. Не земаме огромни плати, така да со сите трошоци и сметки мора да сме организирани колку толку.
Темјаника хумус и солена плазма Ко да прочитав за зимските деца и трошоци. Уживајте... нова година, 10 внуци, бебе родено пред Божиќ, журка. Мм вика ти ко рокфелер да си бираш подароци ама оди па не земи барем нешто ситно
Мојата е родена Јануари ама прв роденден ни е па толку сум возбудена,нема што не купив и не нарачав. Деца околу нас имаме многу ќе треба едно 200 пакетчиња да планирам. Секоја година за најблиските и некоја поголема играчка ставаме во пакетчето, годинава имаме и внуче па ќе биде стварно интересно да се спрема . Е сега картичките ќе прегорат ама да сме живи и здрави. Мене сите ми набиваат кривица зошто не преспива ноќ ќерката, (11м скоро) како јас нешто требало даја научам, до мене е, детето не ми било спокојно, свеќи знае да рече истрауматизирано, нема лесно сонче нешто ја мачи. Сто пати минрече како мм цела ноќ спиел како бебе еве нешто со малата не е ок.Ми иде даја закубам. Денски е среќно весело дете, не знам што е со ноќите кај мене ми е премачно тоа будење 12345пати , уште кога ќеми речат така многу разочарана се осеќам. А не знам веќе што не направив нејќе и нејќе да врзе сон , станува да цицне и заспива.
Моето има две години и сеуште има лесен сон ноќе,некогаш станува скроз свежа,се игра два саати и продолжува да спие, и син ми беше ист до кај три години едноставно некои се спанковци некои не... Нема потреба да ти набиваат грижа,тебе ти посакувам да смени за да можеш да одмориш и ти, многу е исцрпувачки за нас, инаку познато е дека некои бебиња истотака имаат лошо спиење кога усвојуваат нови вештини
Кога усвојува вештини па бетер. Во најдобрата ноќ станува4 пати некогаш презаспива на цице некогаш се нишкаме, лудило ме фаќа. Сум пробала и да ја оставам да плаче и да не ја нишкам и дане и дадам цицањеда и понудам чајче, вечера убаво обилно, гледам да е саат ипол до два пред спиење, се троши денски се уморува лази нонстоп, гасам секаков екран/музика два саати пред успивање, на ист начин се успиваме, значи стварно логикане можам да најдам зошто не врзува сон повеќе од 2ч. Не знам памет немам споулавев.
Мојава прееска ни вика , носете ја да и забајат. Штом мм и свика, значи ептен е изнервиран и он. Ама како да и објаснам што е скок? И викаме може и забче да вади, одма споредба со други бебиња и дека шанси нема да е тоа. Дел поклони купени, чекам да стигнат.
Верувај ќе ти олесни кога ќе прифатиш дека некои бебиња се едноставно такви. И нормално е. Некои подоцна почнуваат да спијат. Две такви имам, со второво уште не дочекав 4 пати да се разбуди. Не ни бројам, можда 10 пати се буди во нормална вечер. Има и ноќи кога нон-стоп ми е в раце и на крај го предавам на татко му па шо сака нека му прави. Исто бара да го шетам да го нишкам... ќе цица па ќе го легнам в креветче, одма се буди и пак бара да цица и никако не попушта. Избор е или да полудиш или да чекаш да почнат да спијат, тоа е. Големиот долго време откако престана да цица се будеше и бараше приказни. Некои деца не се спијачи, и тоа ти е. Кога-тогаш ќе почне да врзува ноќ, ама биди спремна дека можда ќе е и после 2 години. Мнооогу такви примери знам. Кривица ти набиваат што не спие 11-месечно дете, мислам... Батали ги бе. Кога ќе те праша како спиеше вели супер и готово. Некогаш едвај чекаат да се пожалиш за нешто за да ти најдат вина.
Ќерка ми 2год и 4 месеци сабајлево се буди за во градинка. Јас свртена со грб и спремам ранецот. Она вели цитирам: Ја сака мама ногу Се стопив