Цело време се осеќам вака. Многу, многу е тешко. Немам совет како да спие, моето уште не спие. Ама за коментарите едноставно отрпнуваш со време, мора да прекинеш да се преиспитуваш, инаку е тортура. И јас цело време се нервирав што правам погрешно, што веќе не пробав (освен тренинг за спиење) и не помогна. Кога прифатив дека вака ќе биде некое време и дека детето е весело и навечер едноставно му треба помош за да презаспие, полесно ми е психички. Барем малку полесно
Со никој ништо не споделувам и дути и на дистанца сум пд сите ...нз можеби грешам ама околината мн ми ствара негативна енергија и после ја си ја тупам главата дома и плачам и сеннервирам и не сум способна децата да си изгледам.. вака чао пријатно од сите дистанца
Јас па сега го мислам зошто уште не кажува слогови само ааа еее гаа аууу писка тоа... после па ќе дојде тоа па дтуго ќе ни текне зошто не се исправа...зошто чао не кажува.. до крај се нас нештп ќе не мачи
Реквизити за роденден на ќерка нарачани и стигнати дури и тортата ја нарачав. Ептен сум возбудена уште јануари да дојде. Треба да купам поклони за деца за Нова година, сопруг има роденден јануари, па ќерка еден куп празници се надевам ќе биде интересно. Елката ја накитив ама мм вика дека ќе ја тргнам за брзо оти бебе се е околу неа, и викаш не ама она те гледа во очи и пак по нејзино си тера. @Dennings и мојава уште станува навечер и си игра по 2 саати. Се пробав и пак е исто. Коментари има за се, голема е треба да спие навечер. Како е голема бре луѓе кога уште ништо не знае. И јас сакам да спие ама таква си е. Нејадач е, па имаш коментари треба да јаде дај и со сила, не и давај млеко од него не и се јаде. Аха важи викам сакате сега или после. И млеко не пие којзнае колку ама со сила ништо не можам да правам. Коментари секогаш ќе има за се и секогаш некој друг ќе биде подобар од нас.
Фала ви девојки ми олесна дека не сум најлош родител на светот. Нјаоглема мака ми е кога свекрва ми ќе каже уплашено е истрауматизирано е, нема убав сон и она се мачи ете што не спие. Мислиш ние на детево дома ќотек пред спиење му даваме со ланци ја врзуваме за креветот. Прави да се преиспитувам постојано а денски сме сами секој ден си го знам детето активно е радознало едноставно палаво дете ама далеку од несреќно и нечувано .
16 месеци е денес, уште не спие ко што треба. Уште некогаш знае да живее на вода и краставица цел ден. За коментари од надвор отрпнав не им се замарам, нека ми е жив и здрав. Денската дремка му е саат ипол ни помалку ни повеќе никој и ништо на светов не може да го презаспие ама за сметка на тоа си легнува во 8ипол и сабајле кај 15за8 или 8 станува, што мене ми одговара. Имам време за себе, за низ дома да потфатам нешто, со мм да мезиме ко порано, убаво ни е. За пакетчиња имаме бога ми, деца еден куп ама мерак ми е сеа пошо ова моево разбира и сакал "каи"(камион) да му донесе дедо мраз. Па со мм бараме или камион или багер да му купиме, мислам дека ке се подмоча кога ке види @Dennings да не ја ставаш свекрвати на гз, а бе ич да не и се замараш. Она нека збори то да си свирцаш. Јас од старт на сите им кажав не го гледате вие нема што да кажувате ако не сте прашани. Уште знаат да се прават памети ама па јас престанав и да им кажувам што како се случува. Спие, спие. Јаде, јаде. Ајт со здравје. Ке порасне ке се смееш на муабетите. Они глеале деца пред 30+ години, сигурно и децата мој утре нема да ги гледаат нивните ко јас нив. Мајката најдобро знае за своето дете, милион пати ми се потврдило тоа. Мајчинскиот инстикт е чудо едно, верувај дека правиш најдобро за своето бебе и за него ти си најдобра
Еве сум со 2те исто, првото дете почна да ја спие цела ноќ без да се разбуди на 2 и пол години, одбиено на 14 месеци. Малово е 16 месеци и станува, цицнува и презаспива одма ама тоа 4+ пати секоја ноќ. Такви се и крај. @Dennings Помина роденден на прв синко, 6 години ги направи првачето и прв пат дуваше свеќа конечно се израдува за роденден кој не знае, не сакаше воопшто родендени и досега немаше дувато свеќа за роденден. Сама правев торта декорација, во кафана беше ама се преморив вчера, плус и крофни правев, со малото на нога обесено и да плачи цел ден, сама бев до 3ч, се преморив ама вредеше. Синко се израдува и тоа ми е најмило. Ми порасна детето беше и малото и тоа се радуваше со децата Останува сега Св Никола слава и Нова Година
Мојата уште малку 2 и пол години ќе прави уште не ја преспива ноќта. Од старт е таква со спиењето. И јас што не пробав, не во толку вечера не во онолку не прозорци на будност вака така. После се, се помирив дека такво си е детето и тоа е. Сега некогаш се случува да не побара да цица ноќно време или еднаш до два пати. Ама пак се буди се врти се тркала многу немирно спие. И јас добив идентични коментари, ама нека. Не се замарам секое дете е различно. Не се играчки на батерии.
Жити мене кажи како си го успивала штом било одбиено? Ако заспивало претходно со цицање, после тоа како?
И јас се плашев од истото и прашував тука. Ама добро поминавме, после првата недела плачење и барање да цицаат ќе ги гушнев, ќе им раскажував некоја приказна, или што ќе правиме утре, малце муабет и си заспиваат. Е сега со цицање беа 2 мин успивање, без знаеме и пола саат да затераме ама ништо страшно.
Проблемот е што со цицање сега се успиваме по 40 мин., не можам да замислам што би било ако одбијам. Само тоа ми е пречка, сакам веќе да ја одбијам, се повеќе и повеќе бара.
Леле па и да ја заскубиш е работава, истрауматизирани било, бог да чува. Следен пат јас би и рекла дека му се пренесува од мајка му траумата дека неа свекрвата ја трауматизира со коментари дека е лоша мајка. Или кажи мѕ на маж ти да ја испердаши да прекине со вакви коментари. Нормално е 11м бебе да не преспива ноќ, а и не ми е јасна оваа потреба децата да мора да преспиваат ноќ кога ние возрасните реално кога преспиваме цела ноќ? Ќе те разбуди нешто, ќе ти се оие вода, нема да ти е удобно, ќе ти се моча, ладно/топло ќе ти е, ќе сониш нешто. Мислам што се децата различни од нас па да мора да спијат без прекин, ете не знам. Старите се луди жими се. Може син и преспивал оти сигурна сум дека пред спиење го гнетеле со оризова каша во шише за да спие. А и сигурно не спиел, само не се сеќава. Регресија, учење нови работи, скокови, заби, промена на клима, возбудлив ден, се тоа е нормално да го преживуваат особено ноќно време. Моето е 2 скоро и уште не преспива ноќ, а не ни очекувам ни очајувам за тоа, мислам дека уште долго нема да е така. Не знам воопшто што ја ставаш на ум искрено, па уште и ќе ми паѓа криво и ќе се нервирам. Прашај ја следен пат дали она спие како умрена ноќно време без апсолутно ништо да ај разбуди, па ако каже да, речи и да ти ја каже тајната ако треба на работа да го пуштите детето да се измори доволно. Проста.
Од секогаш сум била дива и не ми требало никој, самостојна сум од секогаш, помош не барам. Добив златно дете кое да е здраво и живо ама е лепенка на мене. Првите две недели пп ми беа најлошите во животот. Едвај го добивме детево со тешки маки, само ние си знаеме низ што поминавме скроз сами и јас првите две недели се осеќав дека не можам да го гледам, дека сум најлоша мајка и не заслужувам да го имам. Поддршка и помош од нашите немаме ама ич, а прв пат побарав помош. Знам и јас не сум најлесен човек, ама единствено нашите дојдоа да го видат, ни донесоа вирус и си заминаа. Бев комплетно сама првите две недели во гледање на бебе. Фала богу ние двајца бевме добри. Многу сум разочарана од сите. Не очекувам помош со дете, ама барем мене да ми помогнеа. Со царски плус, раната после 4 недели сеуште ме боли од кревање на бебе. И двајцата колку што можеме и умееме го гледаме детево и се снаоѓаме за се друго. Фала богу златен сопруг стави се на стоп само за да ми помогне, од нашите се видело. Далеку се, на телефон мед и млеко, ќе дојдеме да помогнеме. Доаѓаат од помош ништо. Знам не сум сама со истиот пример, ама не очекував до олку да се разочарам…
Се разочаруваш од хормоните, нормално е, ама кога ќе ти помине ќе сфатиш дека тоа што сте биле сами и што никој не ви помагал било најдобра одлука што сте ја донеле. Јас и мм бевме сами во Лондон, без апсолутно никој, 3м пред пораѓај и 4м после. Прват недела ни беше тешка дека јас имав тежок пораѓај, бевме во болница 10 дена, јас со итен царски породена и имав сепса на пораѓај, едвај од мртви ме вратија да не речам. Преплашени бевме, оти и детето го третираа од сепса, со антибиотици, со инфузии, далеку од болница живеевме, мм 4 дена додека се пораѓав цело време трчеше дома и назад, после една недела спиеше со нас таму на фотеља, ама кога се прибравме дома, си создадовме ред и ни беше прекрасно и прелесно што сме сами. Храна најчесто нарачувавме, дома ќе зачистевме малце колку да не е хаос и шетавме цело време, едноставно уживање ни беше времето со бебе. Нит да мислам гости да удоволувАм, ни кој што рекол кога дошол на гости, ни каква сум јас, ни дали сум средена, абе ништо, раат. Љубоморно го чувавме бебето првите месеци само за нас и сега сум многу среќна што тоа време го имавме само за нас тројцата. За следните деца се надевам иста шанса ќе имам. Среќа само што можев од моето породилно да дадам на мм, па 2м беше и тој дома. Кога веќе бевме колку толку во рутина влезени, го донесовме во МК сите да го запознаат. И секако дека никој не се осуди да соли памет, оти што ќе ми кажува енос што како треба кога јас сум го одгледала сама до 4м. Би сакала тие први денови во болница да имаше некој да ни каже што треба да правиме(таму бабиците и сестрите не помагаат ништо) од самиот пораѓај бебето е со тебе и ти правиш се, помош 0, освен ако не прашаш, и да прашаш ќе ти покажат само, ама ништо не прават место тебе. Јас и мм бевме многу смешни оти ништо не знаевме ама успеавме и преживеавме. Ова го споделувам само за да ти дадам подршка дека е нормално да ти е криво за помошта, ама кога ќе ти се смират хормоните ќе си речеш, ох фала богу што вака беше.
Претешко беше, в раце со нишање, јас седната на спална и нишај, пеј, мм го заспиваше в раце, тежок беше ко овај исто, 15кг на година... Млеко никакво воопшто не прифати, еве 6 год е и не пиел досега, единствено со попара бисквити го јади ретко. Така се мачевме скоро година, после почна да заспива до мене легнат и ден денес така заспива. И мене ова ме кочи, ако го одбијам како ќе заспива, можи нема да е исто ко брат му ама така личи засега. Страв ми е од ноќите, па здравје февруари, март за одбивање изгледа, освен ако не се изнервирам и да го одбијам одма
Син ми од прва ноќ прифати дека нема да цица за заспивање, си заспа со гушкање, дете што само со мене и цицка заспиваше и никој друг, никако поинаку. Дури цицаше, ако не си дојдев “на време” од работа и до шест попладне не заспиваше денски. Сите се чудеа што се деси, никој не очекуваше дека толку лесно ќе се одвикне . Така да нема правило.
Секакви коментари имало и ќе има. Ни едни родители не сакаат детето да им спие, да им јаде, да биде послушно, да си постигнува според месеците. Не се нервираме ние родителите туку тие од страна за нашето дете и секој најдобро знае за нашето дете. Абе да! Иако да бидам искрена не ми се мешаат. Мајка ми знае да каже дека имаме златно дете, ние не сме јаделе, не сме спиеле итн. Ми помага многу, живееме заедно и мислам дека да не живееме заедно до сега ќе скренев. Не сум човек што сака да не прави ништо, сакам да одам на работа, да излезам, да не се чувствувам бескорисно. Понекогаш си се свестувам дека сега го имам најубавото време и нема пак да се повтори. Го гледам детето како ми се менува од ден на ден и учи нешто ново, се будиме и легнуваме заедно, се тутка во мене и со носето се пика во врат. Ќе порасне за некој месец, може ќе го бркам да се гушнеме. Најголема желба ми е да биде гушкало затоа што јас сум дива. На сопругот неговите го имаат видено еднаш и немаат право да се мешаат. Камера не е гледање и учествување во растење на детето. Не се далеку, на 100 км од нас, со кола и редовни автобуски линии. Ама нека, нека е он жив и здрав. И за крај секоја мајка е најдобра за своето дете. Не се сомневајте во себе, вие го правите најдобро она што го знаете и што мислите дека е најдобро за вашето дете.
Кога сме веќе кај мешање и помагање, пак да си ја спомнам мајка ми. Свеки ја сецнав уште пред породување заради лоши коментари, се пренервирав и најјарно сец. Па мајчето мое, јес да е старо, ама ми вика "блиску сум, што и да ти треба...". И ја барам за еден ручек после 2 недели после царски. Го носевме малиот на контрола, ем рана, ем жешко, ем со млеко неснајдена, ем ништо саглам не јадена... и она се смее од другата страна на телефонот "па ке се организираш... јас како сум постигнувала". Ах и кажав "фала ти веќе ништо не треба". После ја викав да го почува. И му беше време за спиење, и кажав да го остави да си заспие сам. Таа го грабна во раце и му збори и го носи низ соба и малиов задремува. Мене ми врие. И викам да не ми го учи во раце за заспивање и ми се врти наеднаш дека јас така го имам научено... ете, мајка ми. Неа не можеш да ја сецнеш, си дава за право да коментира. И нон стоп ме прашува дали почнал да фаќа, дали сака да стане, како да му правам распоред, да му нудам вода... Последно морав да бидам груба, да се скараме малце и и кажав дека детево има мајка и таа се грижи за него. Се налути па ме олабави.