Да речи и да трча и да збори па и пее. Добро што им е ?? Инаку нешто што сум принетила кај бебиња е дека кога со едно доцни за разлика од врсниците со друго е понапредно ,размисли. Патем покриени сте од стручен аспект така да не се секирај сигурно и вежби ви кажале... Истите муабети ни ги праи ,па на бајач да сме оделе па еднаш и мм со нејзин памет тргна а јас па да ти кажам дозволив не за друго да види мм дека пак ќе е исто додека не помине периодот и да во право се ко ќе речат период е ќе помине. Е сеа неспијачите подолго ги држи ,, периодот " не прашувај како знам.
За истово вчера ги пресеков двете, и свеки и мајка ми. Значи у реду е со тоа како они две пред 30 години вака така им било, па они ете издржале. Како да ви објаснам им реков дека стварно не ме интересира што било пред 30 години, ако помагате помагајте, не ми турајте сол на ранава, ако не ајт ќе си се снајдам сама. Аее веќе со тоа нив како им било, бре. Па коа почнаа да се правдаат бре бре, ама они не мислеле така, они за добро. Да бе ептен само тупење секој ден. И им спискав и се уќутеа. И маж ми ги пресече, па ќе ги видиме до коа ќе се мирни.
Вака кога ве читам, несфатливо ми е да не сакаат со еден ручек да ви помогнат, ваши родители, со сопствените деца ручек да не споделат. Да побараш јадење и да ти рече еее ние како сме постигнувале Навистина ми е жал Јас ретко барам, ама нема шанси теоретски тоа да се одбие, освен ако не се во состојба да прават. Утре не знам кај ќе терам, имам работа еден куп а со двајцата сум цело време. А нели мора и јадење да се планира. И' пишав на мајка ми, дали може да купам месо па да направи ќофтиња и за нас и за нив, секако дека може, и секако дека нема да ми земе пари за месото. Преретко барам, кога ептен мора. Еднаш на два месеци може да се случи јас да побарам. И секако дека може да си купиме готово јадење ама пак не сфаќам, зошто родител не би пружил помош во таква ситуација. Кога прават нешто, дали свекрва ми или мајка ми, каков било поспецијален ручек, од утро ми велат ти денес не прави ништо, само кажи кога да биде готово. Фала им премногу, ете треба вакви работи повеќе да ценам сега кога ве прочитав.
Исто, и мене никогаш не ме одбиле пишав пред некое време дека татко ми само наоѓа некои изговори да донесе де месо, де јајца, де некоја пара да остави, мајка ми само праќа овошје како да не живеам над гратскиот пазар, често вели ајде не готви денес дојдете кај мене ќе јадете. Свекорот често знае да направи за нас, ќе ми каже денес не планирај ќе правам јас или свекрвата да не праша дали сум јадена. Фала богу за ова, стварно сум им благодарна. И многу ми е чудно кога луѓето ќе речат и тука на форумов да не очекуваме помош дека не ни се должни, ама јас не зборам за должност јас зборам за љубов. Да може и моите сметаат некогаш со неповикани коментари, и мајка ми знае да ме иритира со мислењата околу жртвата на мајките, ама за ручек нема да ме одбие никогаш.
Majki vie sto ste so dve… moze da kazete nasoki kako pogolemoto dete da mubse posvetam poveke.. se macam i jas i on. kako da nie raskinara vrskata majka sin. Go racunam za golemi nekako si go iskustiv deteto od raka. Ima li nekoj lek nekoe magicnonstapce da se vrati vremeto da bideme isto povrzani kako oredhodno. Najmnogu se inaeti koga treba da se odi nekade i koga treba da legne da spie. Me budi mene go budi bebusot. Eve sega zaspa 2 e saat
Полу-се согласувам. Да, затоа што избегнуваш многу важен момент кај особено првородки, психичкиот притисок, коментари и погледи кои болат до бесвест. Ги избегнав и јас, НО си ја подголтнав цела тежина на новороденче, хроничен умор, расеаност, ден поминат во правење разни оброци и пак ме истошти психички. Што боли повеќе, можеби првото, затоа што тие коментари влијаат и на бракот и некои односи никогаш нема да се поправат од кога ќе ги слушнеш, ама одвреме-навреме барај помош за да си ти подобра и посилна.
I koga sme kaj pomganje, neznam dali e pomaganje ili odmagabje. Deneska imav potreba 2 saati da mi go zacuva bebeto sveki i samo me vikase gladna e gladna glafna e gladna. Vikam pred da ti ja dadam ja nacicav ona pak glafna e gladna. Si go precicav deteto edvaj zaspa stomaceto poduebo. I sekogas koga ke ja zamolam da ja zacuva e taka. Ke ja podrZi 2 mi inke rece oo inse jade ili oo i se spie. Neznam kako stvarno. A nemam ni 5 min za pogolemiot. Poslednovw denovi sum na rabot, neznam do koga ke iZdrzam. Podobro da mi kaze nemozam da ja cuvam izvini organiziraj se na drug nacin nego da se nafati da mi Bori gladna e gladna. I pk ni eabotata mi e zavrsena, niti sum jas zadovolna, deteto prejadeno.. neznam
Во лице ќе и речеш: ако мислиш да ме бараш на секое кенкање, кажи ми однапред ич да не ти го оставам бебето, уште не сум фатила нешто друго да правам, се враќам назад. Јас имам свекрва паничарка, вака и реков пред да идеме на свадба, зошто додека се спремав трчаше по мене со бебето во раце и ме препрашуваше се по 10 пати, иако се спремно и оставив на маса. А на тема бебето и поголемото дете, некогаш ќе го оставиш и бебето да плаче за да види големиот дека има предност. Љубомора и револт се нормални кога ќе дојде ново бебе, и единственото решение е само да посветиш внимание на големиот. Бебето и да плаче, нема да се сеќава дека не си го држела во раце. Големиот ќе памти ако секогаш му викаш "чекај, бебето спие, чекај бебето плаче".
И мене мојата многу ми помага.Кога беше само едно и така и така,ама сега со близнаците доаѓа често,останува по 5..6 дена кај нас.Доволно ми е да ги пресоблекува само,кога се сите 3 дома,поголемата ја шета,игра со неа. Еве викендот бев на прослава преку фирмата,ја повикав да дојде бидејки мм знам со сите 3 нема баш да се снајде.Дојде без никаков приговор.Излегов во 20ч се вратив пред полноќ,таа ни еднаш не ми звони,нит пиша,сакаше да уживам,да не се замарам,да се опуштам. Ептен сум и благодарна за помошта и секогаш ми дава сила да издржам,дека мора да е така,секаде каде има деца е така,дека ќе пораснат..нема да е тешко секогаш..Мн е важно тоа некој да ти дава сила во такви да ги наречам тешки моменти.
Мене искрено не ми треба никој да ми готви. Не ми се свиѓа како готват ни еднат, ни другата. Свекрвата се мрсно со три кила зејтин, мајка ми се изгорено, исушено. Јас си уживам во готвење. Ми треба да дојде некој бебево да го занимава 2 саати. Големата да ја земе да ја прошета негде. Единствено татко ми ја занимава големата, ќе ја земе ќе ја шета, од градинка ќе ја земе. Ужива со него, мислам повеќе од нас го сака, ептен меракот и го тера. Откако се роди бебе само за него била љубоморна ако го земе. Бабиве се многу модерни. И едната и другата. На кафе, во кафана, цигарчето и да си лабават. Мајка ми те на пат, те на феминистички активности, се со некои обврски си е. Најјакото е што кога јас бев мала, баба ми носеше ручеци во тенџериња, со автобус, ме чуваше мене, зашто мајка ми учеше тогаш факултет. Сум спиела кај баба ми, моите си искачале. Е сега она кога е баба, мисли со поклони ќе ги купи децава, ќе ја сакаат. Големата е 3 ипол години, еднаш ја нема прошетано, сама чувано, се со татко ми. Ама затоа купува енормни количини поклони. Џабе...пак дедо и поише го сака. Бебе кога се роди, зема одмор 2 недели, демек да ми помогнела. И вртам во 10 ипол кај си, ооооо сум се успала. Јас сум терсене што се сама правам, не ми треба да ми се мотка никој тука. Ама па ме нервира зборење еве одмор земав, на ќерката да и помогнам. На одмор бевме заедно, демек да ни помогнела, јас два пати на плажа бев, претопло беше за бебе, она секој ден беше на плажа. Фала богу не е должна ништо да прави ама па не збори мајку му, тоа ме напиња мене...
Мојата мајка која инаку не се мирисаме баш многу различни карактери сме но кога се породив не викна кај нејзе и јас и маж ми веројатно не видела зелени и двајцата млади и ајде да ни помогне значи буквално само лежев 2 недели имав тежок пораѓај отоци болки од царски . Секои дем ручек ми правеше после работа и ме тераше да излагам да пешачам и едно кафе со маж ми да си земам. Она го бањаше јас само млеко да му дадам. Поминаа како во бунило тие први 4 недели после си отидов дома си воведовме ред. Сега кога и да речам не се буни после работа го чува иако е изморена адвокат е, еве вчера на роденден бев у кафана она дури и поклон ми купи. Може во многу ситуации била гад но кога најмногу ми требаше беше тука и тоа се цени.
Па не е до готвење или до муабет за утеха. Муабет прв што ми го направи во болница дури бев, ме крена на нозе. Не сум неблагодарна. Ме нервира тој момент едно да збори, друго да прави и се нешто не е ок што правам. Не знам. Може не сум спремна дека остарела. После ковидот нагло остареа и двајцата, затворени дома. 70+ се. Други луѓе се. Не ми е до носење работи и купување. Имам и повеќе од што ми треба, за себе нека си купуваат, да си уживаат. Ни тоа не прават од што не се научени да гледаат за себе. Се за внуците купуваат. Ме фрустрира односот, од една страна ми збори како ништо да не знам, од друга страна јас сум си еббето од прв ден сама и си го знам детето. Остави ме да си правам ко што мислам дека треба. Може и ние касниме со внучево ама ете тоа не е наша вина.
Реалноста е дека не може сите да ни се на дугме, кога веќе сме оформиле фамилија и имаме деца. Ни од мајка или свекрва не очекувам 24/7 да ми се на располагање или да го организираат животот спрема моите потреби. Ми се нашле, не дека не, посебно ради фактот што повеќе од времето се слободни. Ама од друга страна пак знаат и да кажат, ти си родител, што мислеше. Не сум оставила дете за спиење ноќе со едни или други, ретко кога морало цел ден да ја чуваат, а и да побарам такво нешто како со пола уста е одговорот. Одоколу демек вака или така. Кога ќе почнат со прашања колку часа ќе си отсутна, па мора ли, не може вака или така, знам што сака да кажи авторот. За готвење или чистење, ни барам, ако донесат фала им, ако не си се снаоѓам.
Isto i jas na momenti se panicam deka e 11 meseci, a primer sama ne stanuva ako se drze za mojta raka da, se kreva sama ama inaku ne , ne laze samo go vlece dupeto po zemja, ili primer ko ja ispravame na krevet da stoi si stoi ama naka cekor da dade ne, svekrvata celo vreme ja drze naka da patka ona nekako cudno vojnicki kako da marsira na momenti mn me panice koga ke proode pa dali e se vo red i sl, ama posle se smiruvam ko ja gledam deka e vesela jade, povtorno si gi napolni obrazite eden period ka trgna vo gradinka nekako i gi snema imam koleska sto e taka ednoto dete ponapredno a dr ne deka zabavuva ama nekoi raboti ne gi znae vo periodot vo koj sestra mu gi znaela a od iati roditeli se. I taka se vrrime vo krug se panicam pa mi mine i taka
Aбе супер е се' тоа, и јас сакам да готвам и готвам секој ден. Друго беше муабетот, дека кога си во небрано и побараш и родител ти рече ќе се снајдеш ние ко шо сме се снаоѓале, не е ОК. Ете тебе не ти треба ручек, ти треба да го занимаваат бебето. Замисли да ти речат снајди се сама. Нормално дека ќе се снајдеш, сите се снаоѓаме. Моментот е да побараш и да те одбие така ладно или одоколу, мене искрено ми е несфатливо.
Фала ти мила за убавите зборови. Највероватно сите овие емоции како што викаш ми се од хормоните. Првите две недели ми беа до плафон и над. Не можев со денови да се смирам и бев многу тажна. Никогаш не сум била емотивна, напротив. Ова што го осеќам ме уништи, не се препознавам. се надевам дека си во право и дека еден ден ќе гледам на се ова со смеење. Од секогаш сум била против дете да ми гледаат баби, ама мислев барем за по дома ќе имам некој ден помош. Од секогаш сум била пицајзла и сакам да е се под конец, но, сфаќам ден за ден дека веќе тоа е невозможно со дете и се се менува. Тешко некако го прифаќам тоа да сум закотвена во кревет цел ден и да не средам по дома (тоа ме исполнуваше претходно, како терапија ми беше чистењето по дома). Ќе си го зачувам твојот одговор за секој пат кога ќе ми падне тешко да ме врати во реалноста.
Буквално мојот случај. И двете ми се понудија за помош, видоа дека бебе плаче цел ден и бара да е кај мене во раце, си заминаа за еден ден, и ме оставија да си се снајдам сама и за ручек. Не можам до тоалет да отидам некој ден бидејќи плаче до потсинување и губење воздух. Ама ако, нека… фала им, ќе си го изгледаме ние сами, како што спомнаа погоре на видео најлесно се гледа внук нели? Од далеку е најлесно.
А зошто си врзана за кревет? Имаш компликации од царскиот? Оти ако немаш можеш слободно да си работиш по дома. Набави си кенгур за 0+м и стави дете во кенгур ако не сака да спие онака, и ќе си правиш де со него, искрено мене полесно ми беше да средувам со него тогаш кога беше скроз мал, него сега, сега е џабе средување оти он оди по мене и растура и веќе скроз сум отрпната на неред, тоа доаѓа со тек на време, нормално е првите месеци да те нервиеа што се осеќаш неспособна ама помисли на тоа дека уствари не се работи за тоа дека ништо не работиш, ти уствари работиш дупло сега, одржуваш во живот мало бебе и се одржуваш во живот себе, верувај така ќе ти биде полесно кога ќе мислиш. Сега не е доба на среден дом и готвена храна секој ден. Јас најискрено кажувам на сите првите недели и месеци освен грчевите што не изнемоштија еден период, сега кога мислам на тоа време сфаќам дека ми било преубаво. Толку уживавме тогаш со мм и со бебето. Секој ден без исклучок ќе го ставевме во количка и ќе излезевме на ручек или вечера или пијачка, Лондон е голем и секогаш имавме што да правиме. После 3-4 недели веќе сама и пазарев со него, ќе го ставев во количка и ако заспие ќе си го земев таблетот и ќе си седнев некаде ќе си цртав додека спие, не се замарав за тоа време да трчам да средувам дома. И јас очајував тогаш понекогаш да си дојдам ама оти сакав да ги видам моите, дека многу време ми се собра без видување, во цела година само на два пати бевме МК, ама периодот таму ми беше раат. Е сега не го земај моево мислење како нешто што мора о ти да го осеќаш, секое чувство легитимно и ако осеќаш дека ти треба помош побарај, остај му повеќе на маж ти обврски, излези малце сама. Ама генерално пробај да си го сфатиш времево како период за уживање и галење со бебе оти апсолутно тоа е преоритет сега. Ќе биде добро, додека трепнеш веќе се ќе знаеш да правиш сама и ќе шетате фатени за раче.
Имам мака после царскиот, да. Докторот ми кажа да не првам притисок на тоа место и да не се стегам. Гледам да ја потиснам болката и да правам се што можам и не можам. Мм помага најмногу што може. Ама некои работи едноставно мора да ги правам јас бидејќи бебе не сака кај никој да седи освен кај мене. Пробувам да го научам во креветче, кај мм, ама неќе, истата секунда почнува да плаче. Грчевите и кај нас се многу изразени, пробуваме со се да му олесниме ама знам дека нема да му исчезнат тек така и треба да помине време додека се среди, ние единствено што можеме е да му ја ублажиме болката. Во тие моменти бара само да е во мене и да цица, мисли дека само така и ќе му помине Прашувавме за надвор на секој преглед, педијатарот не беше за да излегуваме надвор овој период и плус загаден воздух, и времето ко за инат овие недели не ни се погоди. Ќе почнеме да го вадиме па макар и на 5 мин бидејќи не ја бива вака веќе.