Врти сучи, на секоја нешто и треба. Никој ништо не мора. Сите сме возрасни. Ама не е се за жалење. @FarfallaBlu знам дека сега ти е мачно, ама ако не сега, тогаш штом поминат грчевите, штом ти се насмее... чудо едно се случува/или ке ти се случи штом одмориш малку. Се прашувате ли така гледајќи ги "јас ли го родив ова малечко"? Сестра ми некако на трчање ги чуваше, мнг работеше. И сега гледам секој момент да го запомнам. Кога поминаа 4 месеци?
А и не е исто мајками има 49 и 70 години фала богу дека ќе и биде мачно и ќе ја боли кичмата. И нив до некаде ги разбирам особено ако е захтевно бебе што само во раце бара.. пример баба ми има 75 нејзе не и го оставам осет имам жената едвај стои дете да ми чува поминало нејзиното нека си одмара сега.
Najkruvo od se neznam kako mozese da si dozvolam da ne se spremam za momentot ljubomora. Cel zivot ke mi bide keivo za toa. Mislev e golem i ke razbira ama ne e kako sto mislev. Nitu edna statija ne procitav vo vrska so toa
Е ама баш со пола уста. Како мука да и е. Викам во недела сум сама со двајцата, ќе не можам во вц да одам. Значи не ни реков дојди, земи ги, нешто такво. Повратен муабет беше, ќе ти го пратам татко ти, јас ручек треба да правам. 9 саати ручек не правеше, кога и вртеше малата на видео, спиеше .
Жени, вчера приметив мало топче кај брадавицата, црвено и болно на допир, под кожата е, го немав предходно сигурна сум. Ќе одам сигурно на контрола на дојките скоро, ама ова од ум ме извади дека имам во фамилијата 2 случаи со рак на дојка, периодов и таа града доста ме боли особено брадавицата кога цица мали, можно ли е да е запушен канал? Циста или нешто нестрашно?
Vidi da ne e nekoe circe, mene mi se ima sluceno dva tri pati taka, pod kozno, crveno i bolno na dopir koga ke sozree ke istece gnoj ili ako go stiskas ama bolno e taka mnogu
Имав неколку пати така од запушен канал. Aма не беше баш правилно топче. Кај тебе баш топче е? Исто ме болеа и брадавиците на доење. Пробај со жежок туш и масажи, нека цица почесто малото. Би требало да помине, ама секако направи си и контрола.
Ахахах... Се прашувам! И уз тоа ме пука baby fever на најјако, а 3 дена не истуширана си смрдкам така троа. Дома куќава ќе ми прооди, бебла сака да спие само во раце преку ден, и цело време и се спие. Бебе на 4+++ прозор на будност и е 90 минути. Кога беше новороденче не спиеше волку. Само навечер спие сама. Ама јас почнав кај нас на кревет да ја зимам, неможам бебе од 7 кила крени-спушти на 2ч по сто пати навечер... Па и тоа од креветчето напред не се спушта. Незнам зашто не обрнав внимание на тоа... А вака на кревет изглеа дека јас сум и блиску па и мирисам на млекце и на пола саат знае да се буди... Еве заспа, ја бањав денес. Жабче на мама Стигам малце подоцна да ја заспивам... Инаку дремката во 3 попладне ја сврзуваше со ноќно. Незнам распоредот ни нема смисла ама одкога се смени саатот и се скрати денот... Обично и јас се комирам вака со неа, немам сила за ништо. Не личам на човек тек па на жена. Да ме види некој ќе помисли дека сум у јака постпородилна депресија, а искрено незнам - не ми личи дека сум. Вака психички се држам, језда можам да почнам да плачам у секој момент, а косата ми е во една суканица, еднаш ја отплеткав, сеа пак ми се направи. Градите ми се огромни ништо не ме собира. Окапав у 2 маици само ги менувам од жица- на мене -у машина... Надвор искачам по блуза по кратки и џемперче, сигурно мислат дека сум луда, ама мене ми е топло. Бебла секако е пиц-пец со скафандерче и капче. Свеки се симна пред некој ден, убаво и кажав дека очекував да ми помага, зашто кажа дека ќе ми помага. Ни трошка не и ќутев. Тажна била, близок изгуби пред 2 месеци. И ме направи ја луда да се осеќам. Извини! Јас пред 5м се породив она 3недели на одмор беше(центриран одморот за ја коа ќе се породам) еден ден ручек не симна а секој ден готви. Кој пиша погоре- беше премногу во право... Тоа не е должност, тоа е ЉУБОВ!!! И тука нормално се поврзува и ствар за мм, чоекот не знае што е фамилија. Не знае луѓе љубов што е. Не знае подарок. Ја све тоа ноншалантно сум го сфаќала. Сега глеам со кој си имам работа. На работа оди и на гости си доаѓа. Буквално сум скроз сама... Другарките ретко која е тука, сите се странство. А тие што се тука, никоја нема дојдено. Па ни на телефон се немаат јавено, роднини исто... Кога бев бремена си читав книги за стоицизмот, ептен ме успорија. Уживам во секој момент. Ги гледам сите околу мене, влезени во тој бубањ на брз живот. Хаос. Никој нема време за ништо. Никој нема време за мене. Никој нема време за мојата ќерка. Одкога станав мајка се разнежнив. Имам потреба за љубов, а таа не ја добивам. Ни од мојот брачен сопатник, ни од моите блиски. Цело време сме сами со бебла. И покажувам нежност која никогаш не сум ја видела. Исто така мислам дека имам заборавено да разговарам. Ме запердашува социјална анксиозност на најјако. Дури у маркет трескам глупости... На мајка ми на неколку наврати и спомнав вакви работи. Она сите луѓе ги оправдува... Ко јас што и зборам да несака да чуе. Извинете на долгиот хаотичен пост. Пола ствари не ни кажав. Важно сакам уште едно бебе. Изглеа стварно сум...
Е баш истото. Ами татко ти без ручек да го оставам, е муабетот. Правиме муабет за еднаш во два месеци. Сигурно татко ми може еден ден да помине со брз ручек или баш тој јајце да испржи. А кога и да се јавам чисто за муабет, почнува муабетот еве седнав да одморам. Ама пак рековме, не се должни да чуваат, нека е на чест.
хаххаха прославивме 3 ти роденден и ние, прв пат ги викавме од градинка дечињата, дојдоа доста, она пресреќна во таков елемент не сме ја виделе до сега потрупани со поклони, се спремаме за нова тура нова година сега на роденденот и јас добив две цртки на тестот ова здравје боже ако биде се во ред ќе биде летно
Моето почна да седи на 10, да лази на 10. Се крена на 12месеци на нозе, на 14 почна да оди без еднаш да падне, за разлика од сестра и што на 6 лазеше,се крена на 8, а се пушти на 13 и тоа со падвење така да смири се, ништо не е поназад, таман си е, некои бебиња се понапредни.
Честитки мама ќе биде ок. Јас пола поклони и кренав, се мислам дали да и ги спакувам од ново за нова година пре стимулирана е (а и јас ). Ама ај, барем имам џокери за зимава да и вадам и така нема многу шетање.
Здраво мајки Долго време не се вклучував на форумот некако ме престигна се'. Сега само две страни прочитав и веднаш сватив дека не сум сама и не ми е само мене волку тешко. Не има многу, некому помалку некому повеќе. Не да ми е тешко туку претешко. Почнав да се плашам да не ме фаќа постпородилна депресија или само од хормоните ми е. Бебето ми е 3 месеци, а се изнапати сирото. Формула уште неможеме да му погодиме, алергична на кравји протеини, а цело време и се враќа млекото и полна е со шлајмови од кои хрче и неможе убаво да дише. Завршивме еднаш и на брза помош каде што едвај дишеше, молев Бога да стигнеме на време и да ми го спаси детето. Од тогаш наваму бетер тажно се чувствувам и ми е страв премногу, животот ми се скрати... Љубоморна сум на мајките што бебињата ни спијат по цела ноќ или со едно будење. Ние ќе умревме за сон со маж ми, бебе сега пред 10 дена почна да не почастува со повеќе спиење. Па свржува сон по 3 часа се буди пие млеко и презаспива, се осеќам лошо и себично бидејќи не ја подигнувам да подригне или да и сменам псмперс само за да не ја разбудам и да поспијам и јас малку. Денски само во раце спие и никако друго. Таман ќе ја спуштам во гнездо или креветче во истата секунда се буди. Вака држам во раце по цеееел ден, па и така се буди и уште се грчи во мешето па само ја презаспивам. Да не зборувам дека до мене имам и 3 годишно дете кое што едвај наоѓам начин да го нахранам, а не да му се посветам како што треба. Среќа што тој е разбирлив и не е љубоморен, ама си признава дека тато си го сака повеќе. А, како и не би кога тато го шета и се игра повеќе со него. Мајка ми како што пишував беше кај нас и две недели ми помогна. Правеше јадење, чистеше и сите тие домаќинснки работи, додека јас бев со бебето. Маж ми најмногу искористи, спиење со големото ноќе, а богами и денските дремки. Ама коментари и јас имам како членката погоре што има пишувано. Цело време ако кажам нешто, настапува со реченицата мене како ми е било со вас тројца сама. Или еее да видите како тешко се станува родител. Пред некој ден зборуваме нешто за бебето со сестра ми дека не спие, а тоа што спие само во раце. И од таму ја слушам мајка ми ха ха ха такааа еее. Онака како да се сити или што пишала членката погоре сака да ме јача боже мили. Еднаш да слушнев да рече знам како ти е, ама ќе помине... подобро ќе се чувствував. Со неа мислам се натпреварувам на кого е потешко на мене или на нејзе пред 30 години. Многу би сакала да ја слушнам еднаш барем да рече, браво за вас деца сами си ги одгледавте вашите дечиња без некој да ви помага таму по странство. Неколку пати пробавме да излеземе и со бебе, ама се одра од плачење и искрено повеќе ми е стрес да појдам некаде. Не сум излезена незнам колку време, а не па да прошетам да видам нешто. Иде Нг нема никаква еуфорија во мене, моментално ништо не ме радува. Може да се каже дека секој втор ден плачам како луда, косата ми паѓа ненормално многу, вишокот на килограми е тука и премногу ме депремира. Секој втор ден започнувам со здрава исхрана и после се паѓа во вода... Ама на крајот на денот кога ќе ја видам како ми се смее и гука, срцето ми се топли и се повеќе ја засакувам. Постот стварно е каша-попара, на кој му се чита добро, на кој не пак добро Јас барем малку си олеснав на душата, тука верувам повеќето ќе ме сватите.
Те гушкам силно! Веќе имаш и едно детенце, така фа сигурно знаеш дека ќе поминат сите периоди тешки... И ќе дојде некој предизвик, па ќе помине и тоа. Биди силна, и пробувај барем 30 мин за тебе да си дадеш. Нека го земе маж ти бебето и поголемото дете, нека седи со нив во дневна. Излези на балкон, испиј едно кафе и стави слушалки на уши, пушти некоја музика или поткаст. Ќе ти биде подобро. За изгледот и килограмите не потсетувај. Не знам како и за колку време ќе ми се врати во нормала телово. Со ладново и загадено време не ми се мрда никаде, ниту пак и да сакам, жал ми е бебево да го изнесувам надвор. Само дома сум цело време, јадам све и свашта. Не се ни качувам на вагата... Си викам да сме живи и здрави. Идеа од мене, маж ми готви навечер ручек кој трае за два дена (пр. компир манџа, грав, леќа, ориз со стек), и барем еден оброк ми е во денот добар. Може така некој договор да направите, ќе ти олесни и плус салам ручек значи многу. Инаку за спиењето можеш да се советуваш со drgoodnight.mk на инста. Лично јас немам искуство, ама неколку блиски пријатели имаат одлично искуство со нејзе.
Сигурна сум дек си најдобра мајка и да немаш ништо грижа на совест; правиш најдобро што знаеш. И ќе помине колку и да е тешко. Се подобро ќе биде со текот на растењето и веќе нема да има толку потреба да биде константно со тебе. Држи се, за подршка. Поминува се, може изгледа како вечност ама не е.
Најдобро направи си ехо на гради, ама кај радиолог. Најдобро ќе ти каже. Јас имам цисти, не се болни и црвени како што пишуваш, туку ме заболуваат во овулација. Не знам од кај си, само немој да одеш кај тој во Кочани, те молам.
Од таму сум и мислев кај него да одам, ама не ми се одеше многу. Мислам дека беше поткожно брунче, го нема денес.
Ехо и јас ќе ти речев, ама ако е повлечено и не мораш. После завршување со доење мислам препорачуваат контрола секако
Маја Чапова во Систина. Јави се уште во понеделник ќе ти закажат за март месец. Премногу е зафатена, но врвна. Таман можеби до тогаш и ќе престанеш со доењето..
Јас имам мајка со карцином, и ми рекоа најмалку на 1 год. контрола Бев лани последно кај Маја Чапова Сега дои бебе 3 месеци е, дали да одам додека дои или да почекам да прекине, а јас скоро по год терам со доењето