Јас исто дојам, а во вторник ќе одам на конторла на градите не сум била повеќе од година а се имам оперирано фиброаденоми. @1209 и мене ми излезе така и болна беше ама бубуличка беше, ја снема после два дена.
Сосема те разбирам. Ги приметуваш тие муабети зошто си во мака и си изморена. Уште малку да пркне бебето и малку мислам дека ке здивнеш зошто ке запознава предмети и играчки и нема да сака само во раце да е. Супер модели бремени и доилки не знам кај има. Јас само на ТВ и на социјални мрежи сум видела се средува телото, само не може се наеднаш. Супер мама си, штом стануваш наутро и мисла ти е за двете деца. За месец дена ке видиш дека значително ке се смени се.
Идам да се пожалам и да чујам ваш акл. Ми скисна цело време да сум болна, настината. Пред две недели пиев Амоксиклав за настинка што траеше три недели и повеќе. Почна со болно грло, па нос растечен, па фатен глас, па на крај кашлица и морав веќе на лекар. Си добив антибиотик, го испив, мина една недела па фатив најлош стомачен вирус што некогаш сум го имала. Само мене така ми се манифестираше, сите наоколу го минаа на нозе. Нејсе, итна помош, инфективна, инфузии. Мина и тоа. Од вчера пак грлоболка, а еве денес уште повеќе. Да додадам дека пак имам мака со стомаков од сабајле.. Телово како да не е мое, имунитетот крш. Волку се немам разболувано вкупно цела година наназад. Дајте чаре што да земам за имунитет, ништо не ме одминува. Син ми е тргнат во градинка од пред месец дена, тој ли ми донесува ствари мене не ми е јасно? За некое чудо и фала Богу тој солидно се држи, ама еве мене ме кутнува убаво. Ми здосади.
@DaisyDoo, еве сум иста. Колку ќерка, толку и јас болна, море и повеќе од неа. Си комбинирам јас, некој вирус од работа, споен со вирус од градинка, некоја нова мутација и така често. Демек земам витамини, имуностимулатори ама ќе да е џабе. Не дека залегнувам којзнае колку, а немам ни време да залегнам ама битно си фаќам по нешто, постојано.
Значи преку глава ми е од луѓе кои немаат осет и тоа најблиски. Значи минатата недела ми се јавува золвата, ми се жали дека е со страшен вирус, темепратури, главоболки и слично, а притоа има две мали деца. Јас и велам да немаме контакт и планираното гледање да го откажеме за другпат заради бебето кое немаше ни 40 дена тогаш. Ок, се согласува, се во ред. Утредента ѕвони двапати упорно и јас не и кревам, со претпоставка дека ме бара за кафе. По 15мин некој ѕвони на ѕвонче. Гледам - таа. И отворив мислејќи дека е нешто итно, сепак има две мали деца, ме фати паника. Ми вели бев излезена сега, оздравев и да ти поминам на кафе. Јас збеснав . Вчера од кревет не стануваше-денес оздравела. Ок, помина тоа, среќа малата спиеше во спална цело време, па кога замина дезинфицирав и отворив прозори да се смени воздух. Па уште и ми вели за 40 дена да дојдите кај мене. Важи и велам, ќе размислиме, колку да ја откачам. Вечерта пред да правиме 40 дена ми пишува: не идете, малите почнаа да ми кашлаат. Утредента пак ѕвони-била до маркет да помини на кафе. Ја одбив. По 2 дена пак ме бара, сите оздравеле, и велам помини. Дојде и ми вели: татко ми сака да дојде да ја види малата, и велам ок само да не е настинат од вас. А и претходно ми велеше и таа и мм ама наоѓав изговори јас да не доаѓа, знаејќи дека додека беше болна, а впрочем и секој ден е кај нив, и ги чува децата и автоматски бил во директен контакт со тројца болни, а згора на се, секој ден се вози во ЈСП за да стигне до таму и менува 2 автобуси. Петокот се запнуваат сите да дојди, ајде прифатив некако со тешко срце, доаѓа свекор ми- ја држи малата, и кашла и шмрка над глава. Мислам дека ќе излезев од кожа уште малку. Ја зедов во спална под изговор дека и се јаде и спие, ама никако да заспие. Чекам да замине за да излезам, не му текнува... утре требаше пак да дојде, ама вечерва ја искапив ќерка ми и заспа, кога стана за јадење ми поткашлуваше малку, на наредно станување исто..утре ќе ја носам на педијатар...истата сува кашлица како него... значи пукнав од нерви.. утре во 6 сабајле мм ќе го бара да му речи да не доаѓа. Се молам да и е кашлицата од сувиот воздух или од рефлуксот оти досега имаше мака со затнатно носе од воздухот, ама ако е настината мислам дека ќе ги отерам сите упм. Значи се работи за бебе 1,5 месец старо, ало!!!!!! Просто е, ако си настинат, не доаѓаш, макар и пукнал да ја видиш, или до толку не знаат кои се последиците и од една обична настинка кај новороденче ако стане посериозна. Морав да се истушам овде, извинете на рефератов, ама не можам да спијам веќе некое време заради нервозиве. Мислам дека ова беше капак да прекинам секаков контакт со нив до крај на сезоната на вируси и настинки. Не знам како да ги наречам повеќе од што се толку без осет и свест, ама што да очекувам од луѓе како сестрата на мм која цуцлите на децата им ги брцаше во мед на 1месец старост за да им бидат благи и да ги прифатат.
Во твоја кожа се ставив што те читам, значи друг пат само иронија, ако ти звони на телефон слободно крени ало да, да дојдете? Како бе па до вчера беше болна денес си оздравена кажувај што пиеш да си знам и за мене, не не какво гледање, бебе имам дома здравје ќе се видиме, ако ептен дојдат на врата бебето во друга соба спие, време му е, ќе го бањам време е ако може дојдете друг пат, на шала на смеа се плескај.Не бе немаат осет некој луѓе без чувства се родени, абе на другарка бебето го видов на 6 месеци чекавме да се стопли да искочи ме надвор на воздух да не се бутаме по дома со настинки со се, башка моево во градинка секој ден беше со растечен нос.
Така луѓе со двојни аршини, тоа вади од такт. Извини, ние се пазиме мнг, зошто мнг е мала. И точка. Ке одложиме за друг пат. И тој друг пат ти ке кажеш кога ке е. Една другарка сакаше да дојде така, ама не знаеше дали на сопругот му е ок или не, малку темп имал. Па во последен момент вика ок е, ке дојдеме. Викам не, ке одложиме. Бебето едвај два месеци има. Така со фино можеш исто, ама не трпи. Леле ме потсети ова, додека бев бремена со мало дете обуено ми влегуваат дома, чисти му биле патиките. Јас за месец дена треба да се породам, не можам да исчистам, сакам да ми е чисто за бебето. Двојни аршини, ама не им попуштај.
Многу е лошо ова што немаат осет, ама толку брзо не може да префати вирус па што сака нека е, бар еден ден да помине ајде де, ова за неколку часа не може да е од контактот. Во иднина директно кажувај. Мајки превенција за настинки периодов само Ургент Ц кесички на Провен за имунитет, ги има и во појака варијанта како што е Тајлол хот, тие се за 7 дена, креваат од мртви.
а кои се тие, може слика? периодов сум со пад на енергија скроз, барам електролити дозволени за доилки ( може да препорача некоја да ме крене барем )
Било кои електролити можеш, а од провенот земи ги тие за секојдневна употреба ( Proven urgent C), ги има на страната на Зегин
Јас ги користев и тие акутна состојба, 7 што се, консултирав доктор гинеколог, фармацевтите во Зегин и плус матичната. Рекоа само да припазам, ако бебе не спие да ги сменам за другите, може само на тоа да влијаат, на сонот на бебе.
Да де, проблемот е што си мислат дека имаат осет.. па ми вика јас се грижам за малата Точно. Не знам како луѓето во туѓ дом си носат свои правила. Баш двојни аршини, па на крај испаѓа се грижи за детето Не е неколку часа, не знам дали напишав во нервозата, од петокот е ситуацијата, а сношти почна да кашла.. затоа и се плашам
Леле ти ја разбирам нервозата скроз. Мене ми влегуваа гости без да соблечат патики а доаѓаа да видат бебе од неколку месеци. Која стока!
А вака го избркав девер ми. Ама со папучи сум ми вика. Абе а со тие папучи, низ двор, по скали. Кучиња имаме во двор, влакно некое сигурно ќе има. Јас свесна сум дека кога ќе порасне , ќе ми ги пикне внатре, ама тогаш ни 2 недели немаше.
Тогаш скроз легитимно реагираш. Недајбоже да е детето болно, ама ако нешто се деси немој милум, баш напорно ќе кажеш.
Добро е ти барем си рекла, а јас не реков ништо и баш ми беше криво. А теписите бели перени ми беа пред неполна недела, абе ќе си пукнев.