Ама какви се тие луѓе?! Па и да нема бебе, на некој дома му влегуваш со тоа што шеташ надвор! А пак со бебе треба и чисти чорапи да носи. И раце да измие кога ке влезе.
Мајка те разбирам скроз, многу е тешко ама мора да станеш построга со околината за да си го заштитиш бебето и своите нерви. На почеток исто бев, ќе ќутам и после ќе се јадам. Сега се променив. ама си го сфатив и како одговорност како мајка да бидам глас за моето дете, додека не е способно само. На почеток ми доаѓаа така, иако преку свекрвата забранив, ќе се јават мм да го прашаат дали да дојдеме, он лабав. Ама почнав директно те молам немој да доаѓаш до вчера беше настината. Па дури и да не се настинати, те молам немој да доаѓаш, мала е има многу вируси и се чуваме. Ќе се видиме понатака кога ќе е убаво времето на отворено. На почеток ми беше незгодно, па ми стана нормално. Исто и за бакнување, миење раце после доаѓање дома или после цигара. Мислев дека е здрав разум ама не било. После не знам колку цигари свекрвата и поднастината ама алергија е, да ми помогне да го заспива неколку дена старо бебе и да го држела цела дремка. Кашлање над главче. Бакнување на рачиња. На почеток ќутев, не се разболе среќа ама не бев мирна, а бебето ми мирисаше на цигари и јак парфем цел ден. Може не е голема работа за некој, за мене беше. После тоа, срам не срам, свекрва, мајка, комшика, си кажувам за вакви работи, со убаво и без викање и лутење. Лоша сум за тие работи им кажав, ама за нив сум лоша за да бидам добра за моето дете.
Значи со спиењево катастрофа е обично има една дремка дали спиел 1 саат или 2 сати навечер хорор заспивањето никако до 10 11 седи никако не заспива више незнам што да направам и порано дремката сме пробале и покасно исто е пак
Мајки, дали ја знаете оваа новогодишна песничка, не можам да ја најдам на нет никаде. Има автор? На јутуб барав да не ја имаат препеано, ама неуспешно. Ова се стиховите, ама може нешто и да уткам, од дете ја памтам. Секоја година нова со песна ја чекаме ај секоја година нова весела среќна е знај. Сите со радост ја слават весела игрива ај сите со насмев на лице оро се вие без крај Елките денес се китат со дарови разни гранките вечерва не смеат да останат празни. (х2)
Тие се посебна категорија. Мене ми се случуваше да ми речат: па нема гајле, ти ако така се пазиш од се, кај ти е крајот... Баш така, одлично објаснето. Не осетиле мајчинска љубов и грижа што значи, затоа така прават, или не се доволно интелегентни за да размислат кои се последиците на нивните постапки, друго објаснување немам.
Некултура, толку ќе кажам. Само директно кажување и без влакна на јазик па да се засрамат тие таквите. Па и ми викаа “како мислиш ти бебето да стекне имунитет кога му ги бришиш/миеш рацете некој кога ќе му ги допре или бакне”. Мое дете, мои правила, така сметав дека треба.
Исто и мене ми се случуваше, таЗе перени теписи, бебе се ваља низ дневна од еден крај на друг, они со кондури ми влегоа... Те со папучите од кујна... Свекрвата дома 2 мачки има, боса дома гази, ми згасна боса на теписите... Кај доаѓа еднаш на 2м аму иста куќа сме па без осет... Им кажав па се лутеа... Многу правила сум имала.... И им викам, епа има правила коа кажав дневната да е чиста за бебе дур се реновира во кујната... И се уќутеа. Ич не ќутам. Ние без кола со прљав тепих останавме. Ќе ги терам со такси да го носат на перење, шоубава идеја ми дое.
Да се надоврзам на муабетов за усул. Свекор ми кога дојде прв пат да го види бебо, го замолив заедно со татко ми да намалат со пушење бидејќи од тераса влага дома, а тука баш лежеше бебето, јас го кажав на поостар тон, ама на зафрканција спрема татко ми неразмислувајќи дека свекор ми пуши. После некое време на мм му рекол веќе не ни идел дома, се налутил што сум му рекла ))))))))))))) обѕиров. И стварно од тогаш не е дојден, бебо е 9 месеци, го има видено вкупно два пати.
Ич нека не доаѓа, вакви па осетливи, маж толкав тантрум има што му рекле да не пуши кај бебе. Бог да чува.
Аууу , ете се потресе ти. Јас и на моите им кажувам да си мијат раце после цигара и некоја бомбона во уста, бидејќи мирисаат. Абе ич не се замарај. Пред некој ден , една другарка заедничка на гости дојде, а на бебе време за последна дремна и мм во релаксатор ја имаше ставено и ја клацкаше. Госпожа вика: А што ја успивате на сила? Дај ми ја. Викам никој не ја успива на сила, а за твое задоволство од 15 мин, јас немам намера да и расипувам ред и после да биде раздразлива и плачлива. Се поднаљути , ама баш ми е гајле. И маж ми ја потсети раце да си измие.
Мене зимоска свекор ми ми се налути кога му пререков зошто го бацува детето ( кое тогаш имаше 7-8 месеци мислам ), а претходната ноќ ја помина со температура и притоа додека го бацуваше се изнакашла. И директ му реков значи те молам немој ама со поостар тон, и ми се налути човекот. А цела недела беше затнат во носот, температура 37,5 и цело време Абе ракиичка ќе манам, нема нишо се ќе исчисти. Оооккк. И тој глуп коментар, да не го чуваш во стаклено ѕвоно, дрн дрн. @Marsi* пиши ми, знам дека си во Данска мислам, може да ти дадам препорака за млеко.
И на крштевката во ресторан кога им реков на мажите (свекор ми, деверот, кумот…) дали ќе пушат тука, или да го тргнам бебо, свекорот и тогаш се налути што сум прашала. Он бил разбран, не требало да ги прашувам )))))))
Подобро човек да каже што му пречи него после да си мава глава во ѕид. После втората вакцина, поминаа неколку дена и бевме на роденден, на кој беа баш најблиските. Он беше ко штафета, од рака во рака и немам против тоа, но кога видов дека го бацуваат во раце не ми се допадна воопшто. Не изреагирав ама си го земав. Е сега јас сум видела еден дека го бацил, сигурно не бил тој само. Од тогаш не можеме глава да кренеме. Бевме на редовна контрола, педијаторот вика добар е. Ама докторе ми хрчи, не добар е. Се покажа она старото дека мајката најдобро си знае. Еве го со две бактерии во нос, маст за носот, кашла, антибиотик пие, правиме инхалации и се бориме некој мрсул да извадиме. Денес ни е слава, ќе дојдат само најблиските ама на сите ќе им кажам да не го пипаат. И секако да се соблечат. Сите имаат деца и знаат кога беа бебиња дека не даваа ни парфем да имаме кога одевме на гости. По дома бевме сите болни, он не префати од никој ама ете после роденденот он се разболе, па ние од него.
за поддршка. Ќе се среди бебо. Јас чим стави бебла раце во уста им забранив на сите да ја бацуваат по раце. И нормално имаше коментар онака зачудени, леле па по раце е не е на лице... И следи мојот одговор, ама рацете ги брцка во уста Нема ќутење!
Последно тука кога пишував кажав дека се спремаме за преселба. Уф, тешко, не знам како собравме сили, со 5 куфери си заминавме од Мк.Еве веќе 3 месеци нов живот Големи направи 3 години и некогаш му се чудам какви муабети ни збори низ дома Ептен е интересен ама и прекенкав, се лигави за се и само вриска низ дома Периодов го "заплашувам" со дедо мраз дека ќе му се јавам ако не е мирен ама после нова година не знам што ќе правам Почна со нова градинка на нов јазик, еве се адаптираме полека. Во овие месец дена како иде во градинка, мислам повеќе ја сака него ли таа во Мк. Малото бебе па од друга страна има прво запче Буквално велкро бебе, да не му избегам од видик или пропаѓа светот На земја играчки тој се беси на мене. И така, ме напаѓа малце носталгија периодов ама не се жалам, подобар ми е животот тука, само потежок во врска со децата. Но, ќе помине... Тоа ми е утеха за се
Смеам ли бронлес капсули да пијам додека дојам? Имам многу шлајм што ми стои некаде заглавен и кашлам, веќе долг период, имам дома од овие ама не знам дали смеам, ако не, што може да пијам за искашлување? @Speechless со среќа нов живот. Ме интересира поголемото дали ги бара бабите и дедовците, вујко/тетки? Моево веројатно ќе биде некафе 2.5 год кога ќе се вратиме назад во Англија и уште сега многу ми е на мисла и мака како ќе биде. Многу е приврзан за мајка ми, ама екстремно многу, секое делење со неа е плачки страшни, цел ден да седе со неа за мене нема да му текне. Исто и со вујко му…ептен ми е криво што ќе му го направам тоа ама немам избор. Мислам ова е наш избор, не дека нема ама сметаме дека е подобар.
Само мене ли не ме фаќа новогодишна еуфорија онака низ дома? Еве денес елката украсивме,ама со зорт,едвај некако успеавме додека си дојде големата од градинка,ако ја украсував со неа уште ќе ја украсувавме. Дали што сум веќе длабоко навлезена во обврските низ домот,децата,што и нормално е да е така,ама како да немам мерак за ништо,ни за поклони,ни за гости,а не сакам да е така,едноставно како робот..таа е шемата секој ден све исто,со мали измени,чувствувам хроничен умор,кој се надевам наскоро ќе исчезне во новата година. Е така си се пожалив јас.