И големото беше ептен поврзан со бабите двете, на многу пати ни кажуваше одете си вие јас со баба ќе си седам. Но, од кога дојдовме тука којзнае што му се сврти во глава, на почетокот не сакаше ни да ги види на видео не па муабет да им направи, а еве сега се привикнува. И покрај неразделноста со мајка ми, таа беше сега пред малце тука на неколку дена, супер помина и разделбата и сега од кога ја виде тука и збори на камера. Им се налути мислам на почетокот, ама ќе се навикне....
Јас па обратно. Толку ми беше тежок периодот ланската година пред нова година, на патолошка, не знаев дали ќе го доносам и тогаш си ја украсив елката. Годинава со мерак ја накитив, ставив лампион со негово име, си го избацував и благодарив на Бога што е тука. Како поминува времето сфаќам колку ми било тешко, не се навраќам, едноставно ја процесирам тежината тек сега. Бебо ми е најголем успех и најголема желба во животот
Majkii dali vo aerodrom site imate voda? Dali se ocekuva postepeno da se izgasi ili ke si imame?? Imate li nekoe info
На тема нова година: откако се омажив не ја сакам ама ич ни грам. Сите се лигави а да можат очи ќе си извадат,сите глумат хепи фемили а за 100ден ќе се потепаат. Што јас страшно се нервирам и памтам пошто сум злопамтило. Бевме на слава пред некоја вечер и дедо ми го баци малиот во уста и јас го искарав дека така не треба,друго време е на болештии,како прво јас не сум го бацила дрндрн човечки го поткарав. За дома маж ми да ми рече па требаше подругше да реагираш?! Да земам да го тепам човекот ако не. Викам а ич да не изреагирав? Па не добро ама можеше построго. Викам сите факти му ги кажав и му се налутив дури(што никогаш не сум му се спротиставила на него од голема почит) нејсе... На тема пријатели и другарки: 0 н у л а Катастрофа. Имав колешка-врсничка што значи млада мајка како мене што живее во др град,дечињата ни се денови разлика и ајде еднаш летоска дојде демек ќе се видиме и да си ги видиме дечињава,дојде во ск си поседе со сестраи и си отиде назад. Не стигнала ај ок се дешава. И пратив на нејзиното подарок како "за повојница" пошто ние помали не можевме да појдеме и она ми изнаслика што ни купила и дека ќе ни ги прати. Ништо не прати поминаа 10м,не ми е за алиштата за актот и несериозноста ми е. Пред некој месец дојде демек во зоо ќе сме иделе со децава испадна тоа со птиците и демек ај на кафе др ден,ни а ни б си отиде назад дома. Океееј јас глупа ама ај добра сум па си го добивам. И еве сега трет пат или нз кој реално дојде демек ќе дојдеше кај мене пошто маливе ни се потпораснати па ај да си играат дека имаме играчки да не носи она од др град нели хаха што да кажувам ќе дојдеше во толку и толку саат јас на ладното отидов со детево пакетче на малата да и земам абе будала да ме акнеш со нешто потешко само. За на крај да ми пише покасно дека х затоа не дошла и дрта ден рано да си отиде. Од стални другарки од детство ми остана една што ми е старосватица. Една ама вредна. Едните се две сестри од 6г се дружиме и ај едната се вери сеа брзо и се понадевав дека тоа ќе не врати back on track ама изгледа сум мн глупа. Со др ни муабет не праам така од нигде никаде си се одалечи. Имав уште едни од средно и тие ми доаѓаат на кафе уште трудна кога бев па и пешки да идеа ќе дојдеа и ќе си отидеа 100 пати. И така се трудам тука да си најдам некоја мајка за дружење ама само бабите и дедовците ми се за муабет изгледа. И летоска искачав со малиов демек ќе начекам некоја мајка ќе се спријателам тикви сите постари си бркаат децата низ игралиште или си седат со други мајки на своја возраст. Не иде не знам. Да повлечена сум но еден ред муабет да ми напраи некој на улица ќе се опуштам ама како што кажав баби и дедовци. Сите ми се чудат како не можам да си најдам другарка во толкаво Ѓорче. А ве читам сите од Ѓорче сите кај игралиштето сите во паркот. Останав плус дома ради малиов дур најдеме луѓе за во градинка. Работам дома колку да не затуцам со комуникација со луѓе. И така да си се пожалам вака за прв пат не за свекрва ми На тема бебе:лазиме како луди,се исправаме и сме залепени со дуплофан за мама и плачеме ако не земе некој од раце од мама и плачеме акп мама проба да излезе пд соба без бебето Сладок е 11 месеци утре сакам да плачам Дава аплауз поготово кај 4ч сабајле кога ќе ми стане И понекогаш покажува со прстето кон нешто душа мила Уште малку годинка лета времево Ќе дојдам пак, имајте убава вечер
Да ти пишам кога ќе шетам? Јас тука околу Порта Влае кружам, и секогаш си седнувам на кафе со малата надвор каде и да има маси - Баду или Сани е обично тоа. Сама кружам, и мене друштво ми треба. Само гледам времето да не е загадено, или помалку загадано...
Лелее и јас би ве дружела Јас имам доста друштво околу мене, па и подалеку. Немам проблем да палам колата и да го шетам детето по куќи Не сме прибрани од кога е родена. Туку за ова собиранката немаше порано Фемина собиранки во парк со деца? Како да сум гледала слики. Баш би сакала да се дружиме со деца
Епа ако не да си направиме дружба во Ѓорче а? Ладно е сега, ама тие што носите деца во игротеки еве ќе прекршам и јас ќе однесам и јас дете во игротека и ќе испиеме кафе. Што викате? Ќе подржам нечие бебе да одмори мајка од бебе ветувам! Озбилна најозбилна сум, од друштво никогаш не е доста.
За форумски дружби, често размислувам. Пред некое време случајно се разминав со членка од тука, ја познав по детенцето. Баш ми остана во мисла како би било на следно разминување или ако се сретнеме низ населба во парк, да се запознаеме.
Why not, јас сум socially awkward, може некоја глупост да истрескам ако ми пристапи некоја мајка чисто информативно да знаете Инаку на тема Ѓорче, поздравете ми го тој дел од Скопје, стриктно регионот кај кеј ^^
Ооо што убаво се собирате од другата страна на Скопје. Јас 9 месеци сама ги поминав со бебко по улициве. Другаркиве сите "доцнат" со бебиња и тие што ги имаме се предалеку од нас а јас никако да почнам да возам. ајде да се организираме на пролет во Парк баш убава идеја е. За игротеки мали сме уште ние
Ako setas po detska vo novo lisice eve jas mozam da te druzam ☺️ vikend samo iskacam na 1 h inace preku nedela sum turbo rabota doma..
Пред некој ден бев да го земам внук ми од школо и после мрчев дека децата не се дружат затоа што родителите ги зимаат и најчесто одат сами. Ретко да видов некоја група. Јас сум од Лисиче и поголемиот дел од децата одат сами во маалското школо или ако се со родителите се движат како група. И моите блиски се од различни населби или децата им се поголеми, со различни потреби од моето и пешачам сама или со сопругот. Прилично сум комуникативна, каде и да отидам со некого ќе си направам муабет, па макар и за времето ама па не можам некого со количка да застанам на сред пат
Интровертот во мене вака замислува ситуација. Пример ти си седиш на клупа во парк, те препознавам и доаѓам. Јас: Здраво, ти си @merriel0 од Фемина? Јас сум @Miss_S И тука awkward silence од двете страни. Не сум од Ск, ама мој филм ова. Инаку точно е дека се помалку се дружиме. Еве во мое окружување, роднини со поголеми деца, од другарите дел отселени во странство, дел со работа во смени, еднаш во месец ако се погодиме во исто време слободни и баш тогаш некое од децата е со вирус и ништо од дружбите.
Мојата за во игротека е мала, нема ни два месеци. Ама за на отворено периодов може без проблем. На некое сонце викендашки. п.с. Викендов го фативме сонцето и чист воздух во Валандово ние. мераци