Има ли бе некоја тема за чистење, да си прашам таму, да не ја злоупотребувам оваа? Ама има ли некоја од тој чистачот на пареа шо може да чисти се? И плочки, и фрижидери, и релна? Иам една на инстаграм, кога ќе го скоцка реелот како чисти со тоа одма ме фаќа мотивација и мене, ама ми тежи газот Си викам ако имам таков чистач можда полесно ќе се чисти.
Има ама коша мајко мила. И јас сакав ама не би дала толку пари, и го има во Хрватска најблиску до кај нас, кога го гледав со сите додатоци беше околу 900е мислам.
Јс имам на Karcher, ако мислиш на таквите. Чисти се', да. Има додатоци разни - за под, за рерна, за стакло, гарнитура и столици исто чистам, има едно тенко ептен за меѓу плочки как фугата и сл. Ама јас го користам само генералка кога правам. Ме нервира да вадам цело време и местам разни додатоци. За тоа време со крпата три пати ќе поминам.
Јас го имам овој парен чистач, 10 во 1. (од 1мин пушти да ги видиш додатоците) Се користи за многу работи, немам испробано се, под, фуги, стакло имам чистено супер е.
Лепотица мој крај. Нема ладно време, има несоодветна гардероба. Ние бевме вчера на планина на минус 4 и бебе(поголем е ама бевме и лани и прехлани) со соодветна облека и соодветни аксесоари (капи, шалови) спиеше надвор 2 саата и внатре уште 2 саата. 4 саати без да мрдне.
Потврдувам на Ангел муабетот. Пред некој ден воздухот беше чист, а ладно. Облеков бебе убаво и искочив кафе да пијам. Саат време надвор, дојдовме дома, уште толку спиеше.
Моето лани цела зима спиеше надвор во скафандер и покриен во количка. Ниту еднаш не се има разболено цела зима лани. Јас се разболев што мрзнев со него надвор, али нема веза Ако е чист воздухот ич да не се плашете од шетање на ладно.
Имам јас ама пак ми тежи газот Прозорци чистам редовно со ова, за друго кога сум ептен нервозна, 2-3 пати годишно.
Давајте совети за тазе мама како на времево да ја облакам. Се ми е страв да не на облечам многу или малку. Имам од Зара она како мече, супер грее, под него колку да ја облечам? 6 недели сме На муабетот, дајте предлог за добра сушара. Некоја што не собира зашто маж ми е 2м па и онака одвај наоѓаме што му е точно, уште да му се собираат..