Сушара Беко, се на микс сушам три години, гајле немам. Дури и патики сушев. За облакање, и облакам боденце по кратки, шпихозни или тренерчиња, со чорапчиња. Ако е поладничко, некогаш и холахопки, скафандер и капче. Е скафандер имаме како шушкав одозгора, внатре мек како кебенце дебелко. Капче подеблеко, не оние памучните. Го имаме и тој од Зара, со него знам и плус кебенце одозгора. Ама дека и е мал веќе, па сега на ладново не и го ни облакам.
Тука некаде сме, ние некој ден помали. Јас мојата ја облекувам: боди на долги, и обично над нив панталонки и горен дел блузичка што се како плетени, ама памучни. Имам неколку комплети такви, подебелки дека се. И скафандер, внатре полнет. Ваков имам за 0-3 м. И капичка зимска дополнително, преку уши што е и долу под брадата со лепенка се затвара. И во корпата, со делот од корпата што е со патент го закопчувам. Носам ќебенце со мене, за ако е ептен ладно да го ставам плус. Ама тоа го ставам ако ептен не фати надвор покасно. Секогаш е топла кога ќе ја проверам, или кога ќе стасаме дома. Инаку за сушара Беко имам. Три години ја имам, ми нема соберено ништо до сега. За деликатни материјали има опција за сушење со ладен воздух, и така ги ставам секогаш. До сега е топ.
Боди на долги, хулахопки, некое комплетче памучно подебелко или тренерчиња, капче плетено и скафандер. Од окаиди имаме скафандер, ептен топли, само нивните бројчиња се помали, ние сме 7 месеци носи скафандер 12-18м. Не го покривам со ќебенце, само зимскиот дел на закопчување од количката ни е ставен. Сушара на Беко користам, не се случило да се смали моја облека или на мм, на син ми се смалија две комплетчиња. Двете беа од иста фирма, па претпоставувам нешто до памукот беше. Се направија една педа, многу се смеевме со мајка ми, на крај кога се роди тие смалените му беа најточни. https://www.neptun.mk/categories/MASINI_ZA_SUSENE/BEKO-B3T-68230
Ви благодарам. Значи оке сум со облекувањево. Цело време ја проверувам да не и е ладно, да не и е топло. Вака нешто и јас ја облакам, само немам шушкав скафандер. Ми се свиѓаше еден од tiny baby, нема број. Гледав и во окаиди, ама не ми се даваат 3300 за да го облече 3 пати. Ќе ги џирнам и сушариве.
Немаш потреба од шушкав. Јас лани бебо го облекував во крзнен секако она нема да оди или да трча. Он беше поголем 4 месеци ама сепак зимото за надвор му носев капче, боди на прерамки/кратки блузичка или боди на долги, тренерчиња чорапи и скафандер или пак најчесто ми бил облечен во оние целоснине шпикозни ( мене тоа мо беше најискористена работа и нај раат за бебе, знаев дека цел е облечен ) и во корпата од количката затворен, ако е ептен ладно можеш да покриеш со кебенце плус. Е сеа бебо е склетџија од раѓање, немаше ни месец а седеше по кратки ракави иначе се потеше, ама оти е девојче јас би додала хулахопчиња плус.
Знам знам мајка и јас го шетам секој ден само на ветер и дожд не. Имам вреќа за количка облекувам убаво и гајле нема. Прашав затоа што не бев излезена воопшто тој ден ни на балкон па немав поим какво е времето. Искрено јас и на загаден го изнесував надвор сега не ептен кога беше ама излегувавме магла ко ќе имаше. Денес дека скрос 5мин заврна снег и одма на балкон.
Многу често мм ме напнува што уште не го оставам детето вечерно време на никој да го чувал да сум излегувала или заедно да сме излегувале или другарките чат пат ќе ми прфрлат така, некогаш некои луѓе од друштвото, ете прееска гости имавме кумашинците и стварно многу сме блиски, ама сите ми се нагрнаа како демек многу го пазиш, мора да го учиш да седе со други, и мм тука доби сила со нив. И стварно се осеќам неубаво кога така ми зборат. Едно дека кога ќе излезам не си поминувам убаво оти цело време го мислам дали заспал, дали е преморен, кога ќе ме бараат, друго што сум преуморн и секое спремање и отспремање ми е тортура, трето па и стварно никој не се нафаќа со ќеф да го чува ноќно време. Мм цело време кажува како ги гледа сите што имаат деца колку нашево дека се излезени, секој викенд, дека работи во кафич и знае кој излегува, дрн дрн, јас стварно на момент се прашувам дали јас сум нормална или они ненормални со излегување секој викенд. Не знам мајки, мене не ми е ок тоа. Па и кумашинката кажуваше за нејзина другарка како кога било детето 1г, отишле со маж и 15 дена сами на одмор на Сејшелите, буквално на другиот крај од светот. Мене ми е ова вон секој разум, година дена дете да оставам со баба и дедо 15 дена и да си прчам газ, мислам што уживање ќе ми е тој одмор. Дали вам ви е нормално ова???
2г е скоро, ама не е ни битно, сеуште цица и така заспива, не сака со други да заспива, не знам зошто би го мачела за мое задоволство кое и не ми е така неопходно кога очигледно не е спремен. Сум излегувала 15го и повеќе, сум правела се што треба да прави млад човек и се што не треба кога сме веќе искрени, 5т живеев во светска метропола и поминав и журки и пијанства и дроги и свашта, не ми е веќе интересно да излегувам едноставно. Сакам да излезам пример приквечер на пијачка/вечера, сакам и некогаш вечер да излезам ако има свирка или нешто, ама не сакам да ме напнуваат зошто не го оставам детето да спие со други за да излегувам секој викенд… Мислам не велам дека не треба некој да го прави тоа ако сака и ако му е тој начин за релаксирање, ако осеќаат дека можат ок е. Ете јас не сметам дека сум спремна на тоа и не знам дали е нормално или може стварно претерувам?
Не си ставај толкаво бреме, прави тебе како ти одговара, меѓутоа, и да сакаш да излезеш, немај вина да го оставиш. Мене лично ми беше важно да го научам така, зошто имам видено колку траорно знаат да реагираат бебиња ако не се навикнати на друг. Мм исто многу убаво го заспива, исто и моите. Мене лично ми требаше многу помош бидејќи се измолзував плус стерилизатори, да не знаеш што попрво да фатиш. Сега на 9 месеци е многу мило бебе, сака да е меѓу луѓе и не е кенкав да речам. Мене ми е сулудо да го оставам 15 дена кај друг, макар и на моите…
Не дека не го оставам на други, постојано излегува до мм со саати некогаш, кај моите одел на чување и свекрвата некогаш го чува кратко, он е исто многу социјален и дружељублив, немам проблем со тоа воопшто, него за вечерно заспивање не сака да заспие со друг, освен со мм, а он секако работи. Кога е кај моите сака да игра до ниедно време и се преморува на крај, дури ни јас кога сум таму кај нив не сака да заспие, преинтересно му е, ама и моите ради тоа не се ни нафаќаат да го чуваат ноќно време често, еднаш на неколку месеци ако излезам, 10-11 веќе има ѕвонење… Не дека многу се сеќирам за другите што зборат ама мм често знае да ми префрли дека откако е роден ноќно време немаме излезено, што е точно, и сметам дека може малце претерувам, ама од друга страна ако сака дејт не мора да е ноќен…што знам сакав да чујам ваши мислења дали претерувам или не
Клуб да отвориме ни една вечер не сум излезена навечер откако е родена, не дека не сакам ама нема кој освен мм да ја чува а он стално е втора смена, и не сака да заспива со него. Не сум имала до толку потреба и желба па да ја оставам да вришти за таа сметка. Другарки нема никогаш да ме сфатат, и тие што имаат и тие што немаат деца. И јас имам такви што го оставаат детето од 3 месеци на викенд а мене ми е незамисливо. Како и се друго некој баланс е најдобар, не мислам дека е баш здраво моето неизлегување ама ете не сум имала прилика, а и преморена сум, како што викаш треба сила за шминкање дотерување и враќање во нормала после. Еднаш да почнат да спијат па ваљда ќе ни се врати вољата за живот? Инаку и моето е ептен дружељубиво кај сите оди, а не е оставана со друг. Друго на пријатели е пораснато со баба, дедо, тета, стрина.. луѓе наопаку го држеа да не вришти што ги гледа. 2 години има и не сака никој непознат. Така да искрено не верувам дека толку има удел нашето оставање/неоставање.
@1209 се сложувам со тебе. Ние ќе правиме година за еден месец и уште го немам оставено нигде Еднаш го однесов кај мајка ми дека ние на свадба и немав кој да ми го чува и тие 2ч што не беше со мене само гледав данне ми пише да треба да тргнам. А он супер прошол играл,јадел го одмила и го успала. На спиењето нејќел одма ама си заспал И тоа спиел 3ч без мене. Ама бев 15мин одалечена од него. И мене мм ме напнува да го оставам на свеки навечер да го чува ние да ме излегле. Ама нејќам не ме исполнува плус периодов мн ме бара кај и да сме самп за мене се тегне и цица поготово периодов нешто го мачи и само бара да цица навечер. И згора на се да идам јас да шетам затоа што мм така сакал како не Јас знам дека ми мисли убаво за да "одморам" да прошетаме ама не јас нема да одмарам така. Така да не се осеќајте лошо ако не сакате нешто да правите Иако викаат дека треба да се излезе од комфорт зоната,не важи тоа за во секоја ситуација. Јас само нокти кога им правам им викам да излезат од комфорт зоната и да пробаат нешто ново
Дете да оставам за да шетам со денови, ни во лудило. Ако нема опција, да ја земам со мене, не одам. 15 дена се многу, премногу. Сме ја оставале да отидеме на мекици, роденден, ама тоа биле 2-3 саати и толку. Она до сега нема проблем , да заспие со било кој, ама понатака незнам како би било. Јас исто како и ти, шетав, излагав и повеќе од доволно. Дури и баш доста помлада кога бев, го изживеав сето тоа лудило од излагања, кафани, диска и се. А коментари имало, има и ќе има. Најјаки ми се тие без деца, кога ќе дадат коментар, ама па и не допира до мене тоа. Мене па ми е пресмешна една другарка, на 33 години, се однесува буквално како 16 годишна. Она тек сега и е интересно, тоа што јас го поминав пред 13-14 години. Прави си како што тебе ти е убаво, децата се еднаш деца, растат со брзина на светлината и не дозволувај моментите што сега ги создаваш со дете, да ги пропуштиш и да ти фалат за некоја година.
Ние еднаш во 2 месеци излегуваме заедно на дејт. Искрено си ја чувам енергијата за детето и гледам на себе да си посветам некој саат кога ќе заспие. Затоа што ако немам саат два за себе, сум иста како тодлер кој не дремнал. Така да тоа ми е приоритет и многу ретко си го жртвувам тоа време за да искочам. Ама ми фалат и дејтови со сопругот, а од друга страна кога ќе искочиме во мисли ми е малото цело време. Така да не си единствена.
И ние не излагаме често навечер ама некогаш знаеме да излеземе ама мојов спие со таткоми или мајками поубаво отколку со мене и мм