15 дена да оставам дете, јас да одам на одмор, дете во Скопје да седи? Боже ме сачувај каков народ деца прави. Јас 2 ги имам, 3 ипол години и 6 месеци. Ќерката откако е родена, 5 пати сме излеге со маж ми заедно, свадби, родендени, имендени. Толку. Сам по сам се случува. Бебе откако е родено заедно не сме излегле, здравје јануари сме на именден, планираме да ги оставиме двајцата на 3 саати. Јас реално не ни имам некој да ми се нафаќа да ми ги чува за мое уживање. За потреба, да моите ја чуваат големата. Ама па мене не ми е нормално деца да оставам ја секој викенд да искачам. Што сум јас студентка па ќе се пијанчиме со маж. Ехееее 15 години ми поминаа во шљокање, искачање, јадење банички од Делишс во 5 сабајле. Па мајка сум. Зошто се става притисок на мајки дека мора да си како пред да си мајка. Морало да се искача, морало не знам што. Епа нејќам. Убаво ми е со децата. Ќе пораснат за 5 год и што? Нема да ме рецкаат. Социјален живот, кафе, кафана, гости, си терам преку ден. Многу ме напиња тој момент кога некој ми се прави паметен за тоа како треба и што треба да правам.
Јас како расте, се поретко ја оставам на чување. Веќе е поголема, може да се шета со нас. Додуша најреално, како бебе е највеќе оставана заради разноразни причини, небитно ама и сега знае да седи викенд кај моите. Баш со мм зборевме вчера, сега е супер период за рашетување со неа додека сме послободни. Ај додека сум тука Здраво Одамна немам пишано, многу работи се случија. И лоши и добри. На тема Нова година - немаме некоја еуфорија за самото славење, ама периодов е магичен. Ќерка секој ден прередува лампиони, менува ритам на светење на сијаличките и се кези ко "Види шо направив" и преслатка е Се радува многу. И Дедо Мраз го обожава, имаме милион дома, од лампиони до нејзина големина Дедо Мраз Спојлер: Споредба На тема Ќерка - освен горенаведеното, збесната е донемајкаде ама се праи муабет со неа. Устата пења ми фаќа секој ден, актуелно е "Списокот на Дедо Мраз" јбг, клише ама барем се плаши дека ќе се најде на листата на неумни деца Едвај 12кг е, се и паѓа. Ама височка е, ко татко и. Вчера зборев со мајка ми за мојата килажа, на 5 години сум имала 15кг. Гени се у прашање, да не му ја мислам И да, го мразам временцево малку. Или нека вее снег или врне дожд, не може и двете заедно. Шо ме потсети дека треба чизми да си купам Убав ден другарки
Кај нас заврна снег прво му беше чудно да иде по него дури нејкеше сакаше во раце да го земам ама сега ептен се радува
Мене па од балкон ми се виде потопло денес хахах. Јас клавам боди со долги, холахопки или хеланки па блуза термо тренерки долни јакна капче и вреќа за количка имам. Евентуално и нараквици. Скафандер немам јас сеуште не оди синко.
Јас облекувам шпикозни и одозгора тренерки не многу дебели, палто/шал/капа, или ако носи скафандер само подебелки тренерки. Моето многу е склетчија и е препотен кога повеќе е облечен. @LiquidLuna многу е слатка, манекенка ќе си биде Епа добро штом сите потврдивте дека не сум луда што правам вака, ок. Ќе си продолжам по мое Сега не дека ме излегуваме и ние, сам по сам да, а и заедно излегуваме порано, и со дете преферираме секаде да одиме и тоа ни е забавно. Ама ноќно она баш журкање не сме излегле освен на свадби. За НГ сакам да славам денески, некако последно време повеќе има атмосфера отколку ноќта. Па ќе видиме како ќе биде.
Абе баксуз кога велам, снег врни понеделник а сме слободни викенд да одиме негде да уживаат малите ем чист воздух ем снег од магла не се гледа.
Спојлер: окце Додека сте активни тука да прашам како се викаа капките за очи за коњуктивитис кај бебе? Стававме кога беше мал ама не памтам како се викаа сабајле ми се разбуди вака а го приметив уште синојка ама се молев да не е тоа. Црвено му е окцето внатре
Vidi majka toa e do tebe tvoe bebe kako sakas pravi ama veruvaj kje ima den koga kje imas potreba a poso ne si go naviknala nema da mozes da go ostavis spored mene maz ti e vo pravo i posle roditelstvoto si covek jas imam 4 godisno dete go ostavam od malo i kaj svekor svekrva i kaj majka tatko so spienje nie si izleguvame ili si terame obvrski do den denes nemam problem za bilo kade odenje da trrba da posedi so mene na kafe vo park niz grad znam i niz nekoj prodavnici da go odnesam igroteka da ama kafana nema sansi denski na rucek so soprugot da ama navecer kako sto gi mknat nekoj nema sansi taman da nema koj da mi go cuva ni ne odam malku treba vreme i za nas sega sum pak bremena i so ova isto planiram ostavanje po malku i tamu i tamu i bebe se naviknuva seekoe dobro i razmisli spored mene covekot e vo pravo
Тобрадекс мислам беше називот. @LiquidLuna , само викам да порасне уште малку и да почнеме со подалечни шетања. Не за друго, да не трчам по памперси, да не носам еден куфер тракатанци со мене. Некако ми е замислено дека со дете од 3+ или 4+ години е полесно.
Ние имавме фијаско на скоро 2 години ко отидовме на викенд лани Не знаеше кај тера, за малку глава ќе дупнеше. Ама затоа few months later, цела година изнашетавме викенди 2025та веројатно ќе биде повеќе викенди кај баба и дедо оти ќе живееме 5-6 месеци на градилиште Ќе се журкаме преку недела сите во една соба затворени
Не ме прочита, јас го оставам него, седел денески и кај двете и со татко му. Седел и ноќно време ама не сака да спие со друг и не сакам за мој каприц излегување да го оставам да се премори и после цел вечер да не спие мирно. Тоа ми е аргументот кон сопругот, а он вика да го оставам да игра. Во ред ако има потреба за свадба или нешто, ама ако не морам да го оставам, зошто да го мачам. Убаво е детето да се дружи и со други и тоа се во ред ама не сакам да го мачам детето ако нема потреба.
Јас се трудам да најдам баланс помеѓу излегувањето, вежбањето и детето. До 9 месеци никако не беше заспивал со друг освен со мене, а тогаш не поканија на свадба во друг град, отидовме и супер заспа со мајка ми. Тоа беше во мај месец и летото се ослободував неколку пати го остававме да заспива со мајка ми, но таа доаѓа кај нас дома, не го носиме ние кај неа. Во секој случај тие излегувања се биле до полноќ и ништо покасно. Не сум го оставала по цела ноќ со некој друг зошто знаеше да се разбуди ноќеска. Уште си тераме на тој начин.. преку ден го чува свекрвата, а после работа ако сакам да излезам, вежбам, пазарам или било што го чува мајка ми. Имаме и ние "покани" за одење во Дубаи или не знам кај и да го оставам детето дома, но јас и мм навистина многу патувавме пред да имаме дете и воопшто не ми "фали" да патувам на далечни дестинации без дете. Се во свое време..
На темава, мм пред некој ден излезе на пијачка и си дојде во 1ипол вечерта. И јас сабајлето пуздер го направив како јас немам излезено навечер година ипол скоро, плус секаде го носам бебо со мене он си го прчи на раат, а бе што не му назборев, после криво ми беше ама ПМС. А искрено дали излегол 10пати во овие година ипол навечер, секогаш и кога оди некаде до 11 дома е преку сила 12. Излегуваме сам по сам ама јас секогаш за спиење на бебо сум се враќала дома, нема еднаш заспано со некој друг освен мм и мене. На свадба го однесов, пошо немало да спие со нив, тогаш се налутив и на мајка ми и на свекрва ми, он до тогаш не спиел кај нив ама па они и не се понудиле да го земат, а реално јас сум немала причина да им го оставам. И така јас се терам со него. Сме оделе секаде, кафани, кафичи, викенди и со пријатели што имаат деца и со тие што немаат, он е ептен дружељубив со сите се смешка. Едино што ме спречувало може да го оставам е што цицал и никако не фаќа шише, па јас да излезам и да го мислам дали заспал, дали плачел или да ме пречека у 2 ноќеска на врата, за што? За јас да излезам а сум се потепала од излегувања, пред да го имам. Не фала. Денски е оставан со бабите, после дремка ке руча и знам дека ке седи најаден, наспан и јас сум раат и се враќам пред да треба да спие. Сега му требам и сега ке ме бидам тука. Не осудувам никој, сите знаат како треба. Иман пријателка и јас детето 6 месеци она го остави на свекрва и, замина на одмор недела дена. Ја не одам до друг град без него а не до друга држава. Кој како знае најдобро така.
E toa e Problemot spienje to ama kaj moeto go nemase toj problem sega kaj drugoto kje videme maskoto uste od bebe bebe si spie I kaj majka mi i doma e sega doma znae deka kje se vratime pa znae nekogas i buden da ne preceka a koga e kaj majka mi znae nautro kje go zememe i bez problem zaspiva minatata godina go ostaviv prv pat na 3 dena odevme na ostrog e se pismaniv cel pat kako kje bide ama srekja drugarcinja nataka navaka ne ne pobara koga si dojdovme ni se izraduva ima razlika od dete do dete jas se nadevam deka i so vtoroto kje nemam problem..
Јас би одела на одмор без дете, немам проблем со оставањето, ама не би оставила дете 24/7 со денови на баба за мој кејф. Не и тоа работа нејзе. Првото дете на 11, сега второто на 10 месеца го оставив на спиење заради прослави. Првото од 14 месеца тера викенди кај баба, тогаш почна дека беше корона, ние затворени во стан со карантин, она кај баба и во двор. На 2ипол години отиде на одмор со баба и дедо без нас. Беше со нас на одмор па после тоа уште еднаш со нив. И од таа година натака си тера дупли одмор. Минатото лето преку 2 месеца беше на охридско со моите. Сите овие дешавки се по желба на мајка ми, пак ќе речам немам проблем да ја оставам без мене, повеќе мака имам со моментот заради моја желба тоа да биде. Дури и кога ќе оди кај баба на гости, јас најчесто сработувам по дома нешто. Евентуално да дремнам, или на денско кафе да одам. Пијанки и дискотеки одамна не ми се во преден план, дури и пред да се омажам. Ама се согласувам дека подобро е да се навикнуваат со други. Прво со таткото, а после и со некој друг. Еднаш или два пати во годината на свадба или веселба да отидеш, треба раат да си, да знаеш дека нема да те викнат назад.
Маж ми пред 2 недели се прибра во 2, се здрвиле со другари. Јас си станав со децата во 6 ипол, го затворив во спална, си доручкуваа, си игравме, ете ти го во 9 ипол станува. Како да ти кажам дека сам си се направи пуздер и си мрчеше сам на себе дека не се пиело пола кило шток кога имаш тодлер и бебе. Му преседна и искачање и шток и све со две деца цел ден дома следниот ден. Јас си се смешкав цел ден . Шала на страна ич немам проблем да искача ама многу ми беше пресмешно како офкаше.