Јас апсолутно неам доверба дете до 6-7 год да пратам само на одмор со други луѓе. Кој сака нека е. Мајка ми има денови кога не е способна сама да се гледа не пак дете, ама и да може да го гледа не би, премногу сум паничарка за таков чекор. За викенди и лето би го оставала, ама под услов да сум на 15мин пат до него. Не велам дека е правилно ама тоа сум јас. На тема негово излегување и пиење, не ми е проблем, секако работи до 2-3 ноќта и навикната сум да бидам сама, ако сака да му е лошо цел ден и со главоболка да гледа дете нека му е, не е мој проблем.
Не ми е проблем и мене, ама искрено кој знае што ме стрефна тогаш. Беа дождливите денови и по цел ден дома затворени на психа ме мавнале сигурно Почесто сум ја таа која ја мрзи да спрема дете за одење некаде.
Од кога почна да заспива со друг? Мојот бебуш е мал, 5 месеци. Сакам да го научам да заспива бар со маж ми. Ке го надојам средам, да подригне и црка кога татко му ке го стави во креветче. Јас да го ставам ке кенка, ке му пеам и ке заспие. И знае да се буди после 1 саат, па пак да цица... освен мене навечер со никој друг нема заспиено.
На темава оставање дете... некаде читав дека не е добро подолго од една вечер да ниту еден од родителите не биде со детето до 2 год. Заради поврзувањето, развојот... ова пред да имам дете. Сега кога имам, мислам дека сама мајка ке си процени. 15 дена на далечина е ту мач. Мислам од детето ли одмараш? Пошто тоа не е "работна обврска" него дел од семејството. Имам пријатели кои најмалото го остваат со бабата, а двете поголеми ги водат на одмор во Турција... не можам да сфатам. Ние пак едвај чекаме да потпорасне да патуваме заедно. Шетавме со маж ми претходно и едвај го дочекавме за да се шетаме заедно. Јас би сакала бар со маж ми да се научи да заспива или со мајка ми или сестра ми, за да можам некој вечер да излезам на некоја пијачка. Малку ми фалат луѓе и зборување. Така функционирав претходно. Ама не да заборавам дека имам дете До 11 за доење да сум си дома. Маж ми се нафати една вечер по мое инсистирање и овој 20 минути црка не се смирува и јас нормално влетав со цицката. Едноставно со мене е по цел ден. Мајка ми два пати го има успано денски... може треба со неа да се извежбаме
Префорсирано стана ова остај дете да се учи со други, бла бла... Зборам од искуство на мајка со бебе што беше врзано цел ден и ноќ со мене. Ме пукнаа како детето ќе било "диво", немало да сака со никој да седи, јас сум го врзала за мене... За гревови детето, стварно, жал да ти падне. Децата се развиваат во сопствен ритам, ќе дојдат до тоа да немаат толкава потреба од нас. Ама, понатаму ние ќе сакаме да сме им потребни, а за да ни веруваат и да се ослонат на нас треба врската да се формира уште откако се бебиња. Нормално е да е врзано за мајката, потоа и со таткото, да се врзе за комшијата ако не па. Денеска тоолку се турка овој наратив, мама и тато исто треба да си живеат ко пред дете, да се среќни они, па ќе е среќно детето. Патем, не дека не треба да се грижиме за себе, ама не на сметка на детето. Непопуларно мислење, ама тоа е. И, како мајка сега на поголемо дете кое беше толку врзано за мене... И сега е врзано. Само се менува начинот. Не во смисла дека не може без мене да заспие, во смисла на тоа дека обожува да прави работи со мене, си имаме остварено длабока конекција, ме слуша што и да и кажам, не зашто викам и ја карам, него зашто го почитува моето мислење. Исто како и јас нејзиното. И си стигна до независноста зашто знае дека и мама и тато се секогаш тука. Мали се еднаш, искачање и пиење било и пак ќе биде.
E ova se slucuva i kaj nas cela godina da ja odsedi doma ako izleze sam nautro e kavga hahaha ama zeni sme ne Moeto od 1m zaspivase i so mene i tatko mu ama ne bese na doenje pa toj kje mu dade mleko kje go podrzi malku i legnuvaat eden do drug i zaspivaat a od prvo ostavanje kaj majka mi isto bese bebe bebe zaspa i so nea i do den denes si zaspiva i tamu bez problem I spie cela nokj e samo vo krevetce ne e sakal nikogas da spie taka da neupotrebeno mi e
Е баш ова и јас сакам да го кажам. Не знам зошто се форсира животот на родителите како пред дете кога имаат, кога тоа не е возможно и не треба да е. Напротив себично е. Да дека треба да имаат време за себе, апсолутно го подржувам ова, ама па и не време за себе како пред тоа што имале. Јас и брат ми и двајцата сме биле со мајка ми исто многу врзани. Цело време со неа, освен кога работела и ден денес имаме многу отворена комуникација за се, јас сакам да правам работи со моите родители и кога растевме и двајцата сакавме да поминуваме време со нив, од шти ни е убаво, а не со сила. Сакам и моево дете да е така, не одбивност да има со мама да излезе на кафе… И искрено едвај чекам да дојде некоја возраст на која ќе можеме да правиме и други работи заедно, замислувам како често патуваме, шетаме по музеи, одиме на кампување, гледаме филмови итн, не ми е терет да поминувам време со него, уживање ми е. Не дека не ми треба и мене пауза некогаш од него, не проповедам нешто такво, на секој му треба време за себе, ама да одам на одмор за да одморам од дете ми е стварно ту мач. Освен ако е поголемо и ако не сака да оди со нас.
Тобрекс капки ние моментално ставаме, некоја членка имаше напишано тобрадекс тие се со кортико такви да не ставаш.
Да не знаете колку е шишање во Мали ѕвездички? Сака другарка да го носи детево, па да не испадне ѓавол и пол.
Се сложувам потполно со тебе и јас сум иста. Сега сме им најпотребни , после ќе можат и сами да си седат , си уживам во секој момент максимално со него. Излегувам кога морам и по потреба и го оставам ама кога неморам и јас сум на ставот зошто да го мачам за на друг кејф да правам ,кога и мене не ми се оди некаде.
Можеби ви треба повеќе време со бебе, можеби за излегување, можеби за нешто трето. Поентата на @1209 како што сфатив е дека смета кога некој те убедува упорно во својата вистина како да е нешто универзално. Или ако не е нејзината тоа е како јас ги доживувам работите. Кој како сака и мисли топ нека тера, ама не ми стварај црни мисли ако не спиело детето со баба му леле што ќе му биде.
Многу сум против оставање дете/бебе на подолго со било кој. Во екстремни случаеви ок е со таткото и толку.
На преспивање ја немам оставано, не ни планирам во скоро време, сме искачале со мм ама тоа е секогаш некои 3,4ч максимум , повеќе немам потреба. Се случувало мајка ми / свекрва ми да ја заспијат и ние после 1ч да си дојдеме. Не гледам потреба толку мало бебе да преспива со никого уште сега. За претрчување до негде да се заврши нешто се снаоѓаме има кој да ја причува повеќе не ни барам. И мојата е екстремно поврзана со мене ама еве како проаѓа време гледам дека малку олабавува. Коментари има, и мене ми викаат дива ќе остане, нема да се дружи со деца. Како да им докажеш дека е бебе…. Иста бев со мајка ми дури и поголемка. Фала богу социјален живот и друштва никогаш не ми недостигал. Тие длабоки анализи како ако нејќе у раце кај комшиката што прв пат ја гледа ќе остане асоцијално дете ми се пресмешни За некои журки и некаков живот пред бебе не патам, со мм никогаш кафани не сме затварале, дискотеки не знам ниедна, не сме тој тип на луѓе така да тука ми е раат. Цело друштво ни е сл деца па забавите се со нив. Ми фали на пример долг шопинг со другарка кафе ручек да трае тоа цел ден, ама правам компромис само со кафе. Што знам мене ми е нормално животот да е сменет нели тоа е целата поента на станување родители.
Често си гледам на тарот карти, интересни ми се и не дека многу ги разбирам ама пак од време на време ќе отворам. Искрено до сега ми предвидоа две работи. Првата е бебето, пред да дознаам дека сум бремена постојано ми излегуваше карта која означува позитивна долгорочна среќа и секогаш на крајот претомачено како најверојатно тоа ќе биде раѓање, нешто кое ќе донесе среќа на сите. Последен пат кога ја извлеков оваа карта беше на одморот на кој и детево беше зачнато. Потоа не ја извлекував повеќе. Втората работа беше загубата на кучето. Последнава година на секое гледање ми излегуваше загуба, болна загуба, трагедија, жалба на цела фамлија, стварно на моменти дури и се плашев оти истата карта во иста позиција ја влечев се додека не почина кучето. Сега веќе не ја извлекувам. Ама, од тогаш наваму на секое гледање ми се повторува едно исто дека треба да го напуштам она кое веќе не ме служи. Односно буквално вика, “It’s time to let go what no more serves you in order to achieve your full potential” и буквално на секое читање ова го има. И сега се прашувам што е тоа што треба да го напуштам, потсвесно мислам дека знам на што се однесува, ама не сакам да си признаам. Може не е муабетот за тука, ама ете нешто се инспирирав да отворам тема на разговор. Дали верувате во гледање на тарот, кафе, кугли Јас многу верувам во астрологија, тарот и такви чуда и вражови, мислам повеќе верувам зошто ми е забавно и веројатно зошто верувам сама си го проектирам умот да томачам како ми одговара Во Лондон еднаш со цимерката на шала влеговме во една таква продавница за тарот, магии, камења дрн дрн, беше забавно, ни гледаа на дланка, не предвидоа кој знае што освен дека ќе имам два брака(или некоја долга врска и брак) и три деца Сега се мислам дали долгата врска и бракот беше со мм или ми предвиде и развод Мајка што место да спие измислува глупости.
Хахах на кого кажуваш жено. На големиот 4ри години по нет барав да читам натална карта, за малово уште нема излезено ништо. Тоа гледањето карти,кафе исто ми е забавно ама немам во близина кој да ми гледа. Преинтересно ми е и разговори на овие теми. Кој? Зошто? Како? Читам и истражувам. Те поздравувам
Воопшто не ми фали животот пред децата. Сега сум таму каде што треба и сакам да бидам Мене кризи ме фаќаат дур сум на работа, ми фалат, сакам со нив домче да бидам, не па да одам на одмор без нив, или постојано ноќен живот да терам, а децата друг да ми ги гледа и со друг да заспиваат ноќе. Се во свое време, секој период од животот си носи своја убавина и свој тек. Сега ми е природно од работа одма дома да си отидам, да си се стуткам до нив и да ги гледам и да им се радувам. Кафето со нив да си го испијам, цртани со нив да гледам, или макар да седнам на подлога и да редам коцки со малиот мишелин кој уште малку ќе ми полни годинка (ми порасна и веќе ми фали тоа бебешкото ). На спиење само големата ми е една ноќ оставена кај моите, на свадба целодневна бевме, она имаше некои 2 годинки, па за да не ја малтретираме со тешко срце ја оставив. Кога отидовме нареден ден да ја земеме, ми кажаа дека цела ноќ тивко плачела, сме и фалеле. Капак на се, толку ми беше лута, што не сакаше цел ден ни да ме погледне, ни да ме гушне, одвај се смиривме. И толку беше, веќе не ми текна да оставам дете на спиење. После тоа ако сакавме да одиме на свадба, во театар, на концерт или нешто слично се организиравме кај нас да ги чуваат на неколку саати едните или другите, па така сите среќни и задоволни бевме И, знате што? Иако секогаш дома спијат, сега да им речам да останат на спиење кај баба, другарка, роднина, без проблем ќе прифатат. Иако не се одвоени од нас воопшто, сакаат со луѓе да бидат, сакаат да се дружат. Бебево иако цело време си е со нас, и во градинка брзо се адаптираше и кај луѓе во раце оди, и со други сака да седи без проблем. Така да, не би рекла дека ако се со нас цело време и се привразни, не сакаат во никого да одат и со никој друг да седат. Знам само едно, нема секогаш да бидат толку мали, па сакам колку можам повеќе да уживам во времето поминато со нив. Да ги гушкам повеќе, да им се посветам повеќе, да правам работи со нив што во иднина нема да сакаат да ги прават зашто растат пребрзо. Пред нив бевме само ние двајца, кога ќе пораснат и одлетаат од гнездото пак ќе си останеме само ние двајца, па затоа сакам во ова време измеѓу целосно да им се посветам и да бидам што е можно повеќе со нив Во ништо од ова не верувам, нит во хороскоп, нит во ништо поврзано со тоа. Само во Бог верувам Од што сум изморена, веќе ни на форумов не се уклучувам толку често, и не ни читам како што читав. Овој период од годината ми е омилен, иако дома оваа година сме без елка, ми е страв да не ја бутне, па останавме само на украси новогодишни, на свеќници и на сијалички. Иако често пружа рачиња и по сијаличките, па цело време го пренасочуваме Туку, сакав да ве прашам нешто. Имате ли искуство со Сервис Македонија, овластен за повеќе марки е. Ми се расипа машината за перење а под гаранција е, па ме интересира колку време од прилика им треба за да дојдат (од таму не знаат да ми кажат, ми викаат за неколку дена, ама многу без врска инфо ми е тоа, неконкретно). Останете ми со здравје, гушкајте се повеќе и уживајте во периодов што следи