Мојов го оставив трепки да напраам беше сам дома и 2 пати ми се јави до кај сум не му спиел и едвај пелена смениле плачел малиот И после секое чување ми вика браво како сум можела јас цел ден Екстремен случај беше тоа пошто и свеки беше со мене
Mene ne mi e jasno kako pazi na cuvanje so tatkoto. Tatkoto e tatko i se grizi za decata podednakvo kako i majkata. Na cuvanje se ostava kaj baba i dedo, gradinka ili zena plakas. Tatkoto ne cuva dete tuku odgleduva isto kako majkata. Mojot gi banja, im pravi im dava jadenje, gi oblaka, soblaka, gi zaspiva. Isto kako mene. Se zavisno od denot kako ni tecel, najcesto se dogovarame ti sredi gi decata jas kujna i slicno.... Mazot ne pomaga vo domakinstvoto i vo odgleduvanjeto na deca tuku ucestvuva bidejki nasite deca i dom sme gi stvorile zaednicki ne si gi donesov jas sama od kaj mama.
Пр: здравствени причини, мајка мора да остане во болница. Бебе/дете се знае останува со татко. Јас мислев, дека на баба и дедо не се остава повеќе од неколку саати нормално како во градинка. Така е се знае кој чува деца. Родител.
Seriozni samo za ova bi ostavile dete na nekoj sto e isto roditel kako i vie au lugje izvinete ama mene ova stvarno mi e nesvatlivo kolku sum jas majka tolku e toj tatko i toa e isto normalno deka i zaspiva i se banja so nego normalno deka i toj sam go seta I jas sama normalno deka i toj sam doma e so nego normalno i jas seto ova drugo e duri cudno izvinete Normalno e i baba i dedo da cuvaat ako tie sakaat i ako roditelite sakaat taka kako vo nasiot slucaj nikoj nema problem i oni srekjni i nie so dovolno vreme za sebe ama ne e normalno pazi slucaj da baram za na tatko mu da go ostavam mene ova me zaprepasti togas zosto toj tatko e ne mi e jasno stvarno da prasam nekoj da go cuva poso imam potreba da sestra mi babata dedoto ama za tatko da cekam slucaj e ne ne
Двајцата си го чуваме. Ама една недела да треба да сум одсутна од 5 месечно бебе. Сигурно нема да го оставам на баба му да го чува. Нормално кој ќе остане со него Можеби лошо се изразив, ама две недели не би оставила дете на баба да ми чува а јас со маж ми да терам одмор.
A zosto ne se ostava? Jas so baba i dedo sum rastena dur moite bile na rabota. Sakam i moite deca da imaat spomeni od babite i dedovcite. Normalno deka gi ostavam podolgo. Sin mi sekoja godina ide po nekolku nedeli vo vikendicka so niv. Toa e zdravo i za psihata na decata. Vikas cuva deca, ne roditel ne cuva svoi deca tuku gi odgleduva, roditel e i tatkoto inace. Jas mozam da cuvam tugji deca a moite gi odgleduvam, gi rasnam.. Mene ne mi e normalno tatkoto da ne se grizi za niv. Zosto on gi napravil, negovi se. Deteto ne go napraviv sama. Mojot maz sekoja nok stanuva da i dava mleko zosto pie ad. Sin mi cicase dve godini i od prv den stanuvase so mene da mi go podade za da mu dadam da cica. Toj e tatko i on saka da bide del od zivotot na decata. Jas ne sum padobranec roditel, gi ucam moite deca da se nezavisni. Sin mi e veke pogolem, znae jajca da si isprzi i lebce da si namacka, dipli alista so mene, mi pomaga vo kujna da sredime... Ne se znae zivotot kaj ke go odvede koga ke porasne i ke se osamostali, barem nema da zavisi od drug da mu zgotvi ili ispere. Ako e masko ne znaci deka treba da zavisi od zena mu.
Читајте убаво зборувам за бебе, за дете најмалку до предучилишна возраст. А и многу други фактори играат улога зошто некој не би оставил дете со старо лице. Јас моите деца ги осеќам животнозагрозувачки ако го оставам на 67годишна жена. Зарем вие не?!
Isto moeto e 4 od bebe go ostavam i kaj moite i kaj roditelite na soprugot Dve nedeli i jas ne sum ostavala ama na den dva vikend petok sabota nie letno vreme da ideme dojran ohrid imam ostavano skoro sekoja godina i ne sum imala problem
Ne ostanuva so tatkoto, tuku prodolziva da zivee vo svojot dom so tatkoto.Sigurno nema komsii da go cuvaat. Bas me interesira ako ne e tajna maz ti ne se grizi za negovite deca? Ne im gotvi, ne gi rani,ne gi banja? Vo patrijahat li ziveete? Ne se luti ama cudno mi e ova sto pisuvas i nesvatlivo tatkoto da mu e obvrska da se grizi za decata. Mada da ima mazi t.e poveketo na balkanov uste se lupaat vo gradi jas sum maz a neznaat jajce da si sprzat.
На работа морааам да тргнам кога она ќе има 8 месеци. Едноставно опција да седам дома ниту еден месец немам. Маж ми оди на работа. Во градинка тек во септември ќе почне, ако ја примат и тогаш. Опцијата се баба и дедо, по нивна желба пред се.
Па 5 дена по 8-9 саати би биле. А во ситуација да морам негде неодложно да идам, дали болница или нешто друго, пак би биле они тие што ќе ја чуваат, мм иде во три смени на работа.
Јас би оставила ама да имам потполна доверба во нив. Ама немам и затоа избегнувам да ги оставам. Сега веќе се поголеми и знаат да кажат дали им се јаде, пие, мочка. Ама за спиење не помислувам да ги оставам од причина што јас нема да спијам мислејќи ги како се и да не им се случи нешто. Сум ги оставала со татко му и баба му или дадилката додека бев во болница со едното дете, ама бев приморана. Инаку да пратам дете на викенд кај баба, а јас да шетам, чистам или одмарам никогаш не би. Знам дека на дете ќе му биде убаво и на баба интересно, ама децата се обврска, а не забава. Моите секаде одат заедно и баба кога ги чува двајцата не може да се напие ни кафе, не пак ручек да прави со нив. Знам дека ќе јадат само грицки и ќе пијат сок и не можам да се помирам со тоа. За заспивање не може да ги заспие. Премногу им попушта и не сакаат да спијат, а таа е со убедување дека ние сосила сме ги заспивање децата. Кога ќе им се спиело сами ќе заспиеле. Лани бевме на свадба и го остави големиот да седи буден до 1. Среќа малиот го чуваше дадилката па го заспа на време. И јас не можам да и објаснам дека утредента не можам да ги разбудам и редот ни се пореметува. А на несреќни случаи не ни сакам да помислам што би направила ако дете и се задави или изгори. Би му пукнала прст во уста или би му ставила масло на изгореницата. Залудно и објаснувам за прва помош, не ме ни слуша. На кратко и ги праќам понекогаш по еден час, колку да излезат од дома, ама тоа е еднаш или два пати месечно. Можеби да беше свекор жив, ќе ги праќав почесто од причина што тогаш тој ќе играше со нив и ќе внимаваше, а баба ќе готвеше. Ама не напушти прерано Татко ми сега ги чува кај нас дома, ги носи во градинка и ги зема. Супер се снаоѓа за хранење и заспивање и играње. Децата се среќни со него. Ама му оставам храна и тој треба само да им постави да јадат. Малиот има секрет во нос и му оставив пумпа и спреј, ми вели дека му ставил. Се враќам од работа пумпата не помрдната. Ме лаже за да нема кавги. После ми вели дека кашлал, требало да спие на повисока перница. Па кашла од секрет што не знае да го дувне, затоа ти оставив пумпа. Па муабети од типот каде слабо ги облекувам децата, како многу време се бањале, како требало еден ручек три дена да го јадат, како многу им дозволуваш/ забрануваш Избирам сама да ги чувам и да играм со нив. Сепак тие се мои деца и моја грижа. Баба дедо се за чат пат недајбоже. Можеби и јас погрешно размислувам, и би сакала понатаму да се ослободам од ова размислување и дА ги пратам да преспијат кај баба/дедо. Не поради мене туку поради нив. Сигурно би им било интересно да играат игри со нив и да седат до доцна, а мама и тато да не се тука. Е колку и нив би им било забавно не знам, бидејќи и јас и сопругот сме единци и нашите деца немаат тетка, чичко, први братучеди. Да би биле повеќе деца сигурно ќе има поголема забава. Затоа и јас сакам уште едно дете, ама ми е страв како ќе го гледам. И финансиски и физички и психички дали ќе издржам. Ако има некоја мајка совет како успева нека ме охрабри.
Ako se dve dovolni ti se neka se zivi i zdravi pred se radi finansiite site znaeme kade ziveeme i so kakvi plati pa podobro bi kupila za dve odkolku da svrzuvam kraj so kraj za 3. Mene iskreno sega bremena sum ova neplanirano mi bese mm sakase i celo vreme podbucnuvase ama jas izbegnuvav i edna vecer kako ajde be od ednas kje bide nema greska i se zafati e koga doznav deka sum bremena mnogu se mislev pred se radi finansii ama kako ni izleze moznost za zivot vo stranstvo se smiriv sepak e podobro da si ima drugarce jas imam sestra i imame neopisliv odnos i znam kolku e ubavo ama dve dovolno mi se neka se zivi i zdravi samo
Tuka zavisi i ti kako ke se postavis vo odnos so cuvanjeto. Moite najcesto svekrva mi i svekor mi gi cuvaat, penzioneri se i se slobodni. Za golemiot koga bese pomal sekogas se javuvaa dali smeat da mu dadat nesto i slicno. Za se se konsultiraat so mene i pravat onaka kako ke im kazam, ako ne se javuva da prasa. Za malava malku se poopusteni mada i ona e mnogu porazlicna od brat i. Doma kaj niv imaat edna soba pretvorena vo igralna po svoja zelba, polna so igracki koi po svoja zelba gi kupile. Kerka mi koga se vraka od tamu sekogas so nesto novo nauceno se vraka i na pocetok se cudev od kaj znae ama svativ Ziveat na deset minuti od nas i postojano sme vo kontakt. Tuka si vo pravo deka dvajca se pa drugo e. Moite roditeli uste rabotat i nemozat tolku da gi cuvaat kako niv ama vo vikendi ili odime ili ke dojdat, ili ke gi odnesat do park, zoloska, dzambo ..Jas imam doverba da gi ostavam kaj svekor mi i svekrva mi zosto oni mi dokazale deka mozat da gi cuvaat i sum ja steknala taa doverba so tek na vremeto. Sin mi na primer mnogu e povrzan so dedo mu, preku leto znaat da vozat tocak, odat po ribi, setaat i slicno. Go zima i go nosi vo skolo, mi prenesuva ako ima nesto da kazala nastavnickata na zimanje, se angazira za domasni, tetratka mu falela odma odi kupuva i slicno da ne sme se macele nie... i sekako sum blagodarna za toa i pocituvam. Najubav spomen od detstvoto se babata i dedoto. Toa ne znaci deka nie sme pomalku roditeli ako ostavime i babite i dedovcite nekogas da se pogrizat za vnucite. A za ova drugovo nema da te lazam tesko e, naporno, pa uste koga i dvajcata vo isto vreme ke se razbolat...ama koga ke se gusnat i koga si igraat zaedno, koga si lezat eden do drug gledajki tv, koga edniot place a drugiot go gali i ti toa go gledas od strana i srceto ti puka od sreka e neopisivo i sve zaboravas drugo.
Јас би го оставала детето само со некој во кого би имала доверба ептен. Освен мајка ми и кумата, за сега друг нема таков. Викендов татко ми ја чуваше во дневна скоро цел ден, ама ние бевме со мм во спална, работевме од компјутер нешто. Ама сепак бевме дома и ние. Нема ни 40 дена лд кога се породив, и само еден проблем врз друг. Ми се инфицира раната пред недела дена... Ќе имам грд белег заради тоа. Ама ајде, не ми е битна толку естетиката. Ќе бидам со целосни купаќи летно време. Се расправав со мм дека можам да возам уште во тек на 3та недела после пораѓај. Ама се бунеше тој, и не ме оставаше сама за ништо да правам, не пак да возам. Претходната недела намерно на контролата го прашав докторот дали смеам да возам, дека и маж ми беше со мене. Докторот ми рече слободно дека можам. Едно одење дома после контролата, се пресоблеков и правец Ист Гејт. Испотрошив една купа пари. И за мене, и за блиски купував поклони. Денес пак бев на контрола, па од таму во Сити Мол. И тука извадив убаво пазарење, кафенце сама на раат. Милина. Ми фалеше така време сама со себе. Повеќе од месец време си немав време посветено. Како терапија ми дојде. Гледам и маж ми е среќен што јас сум била среќна. Среќа нема пристап до моите извештаи од банка.
Јас сум со три дечиња. 12, 8 и најмалото годинка ќе прави сега. Фала му на Бога што ни го даде третово, не препороди, не подмлади, ни ги разигра и домот и срцата. Поголемите се многу околу него, и да го причуваат, и да го заиграат, неразделни се кога ќе се соберат после училиште/градинка. Искрено ако збориме, би родила уште едно да можам По тоа ќе видиш дека не е страшно со три