Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    И нас близначињата ни ја разиграа куќата,станавме помлади :D.
    И јас би сакала уште едно,4 да бидат,ама физички мислам дека нема да можам,немам ни нерви де :D,така да нека ги 3,да се живи и здрави,да дава Господ дека нема.

    Инаку почнаа да лазат насекаде,џабе и подлога и се' кога ич не се таму,
    Елката им е интересна и натаму одат,ги пренасочувам само,дада ги кара,не таму,не ваму,као она голема знаеш,се знае.
    Кукли насекаде наставала,во градинка биле..бебињата фаќаат низ куклите,таа ги влече (facepalm)
    Полна куќа деца,играчки и све што следува,мене грб ме боли за масажа сум,за фарбање сум..за шишање сум,ама во кокче и минава ајде
    Мајчински живот тоа е.
     
    На Coco31, lackygirl, atz1995 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Секоја чест и јас сакам да се повеќе од 2г разлика иако сите околу мене ми налагаат дека е полеснп двете дур с емали како што праеле порано
    Ама јас ни психички ни финансински нити стамбено сум спремна.
    Ме освежи сега кога прочитав разликата.
     
    На Mother of 2boys, Dennings, farahfarah и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    16.726
    Пол:
    Женски
    Денес за прв пат гледавме долгометражен цртан со мојата 3 ипол годишна ќерка. Го гледавме my Neighbor Totoro.
    Има толку многу нешта за сакање во овој филм, и знам дека не сум единствената што вели „Мијазаки е одличен“, но како родител сега имам нова благодарност за она што тој успева да го постигне во своите филмови за деца. Следно што ме воодушеви е дека филмот е визуелно интересен без да биде напорен.
    А цвеќињата, аеропланите, полноглавците, кога ќе ти кажат да не одиш обуен внатре па “трчаш” набрзинка на колена…ме вратија во моето детство,тогашното досадно секојдневие. Ех да можев барем на уште еден ден да бидам дете!
     
    Последна измена: 25 декември 2024
    На lackygirl, MeowMeow, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Со близначињата имаш дупла забава, дупло гушкање, дупло све :inlove::D
    За фарбањето и шишањето ела да се гушнеме, косата ми е во тотален хаос. Па и дека плава се фарбам, благо речено ужас ми е. А и што ми паѓа уште екстремно многу, после бањање сум како гнездо да имам на глава :D

    Инаку, и кај нас подлогата и неговите играчки не му се интересни. Се мислам кој ден да ги соберам, џабе место и прашина фаќаат само. Ама затоа ако види кабел, штеќер, телефон, далечинско, шишиња и све што не е играчка, како Брзи Гонзалез е, све сака да фати :D
     
    На mal.ecka, Carolin., kozuf и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    8.306
    Пол:
    Женски
    Ни на крај памет не ми беше дека ќе треба украси од 6 месечно бебе да пазам. Се влече по цела дневна, правец кај новогодишните украси, 2 чорапи новогодишни ми искина денес, откорна елките, снешковците од нив.
    Како ги допазуваш од ситните играчки од дада?
    Мојов а види врата отворена од нејзината соба, правец таму...а таму... опасни ситнурии еден куп. Панични напади добивам да не дочепа нешто да се задави. Ќе донесе дада ластичиња, шноли во дневна, како опседната сум само пазам, гледам...многу ми е страв.
     
    На Carolin. и sani99 им се допаѓа ова.
  6. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    2.376
    Пол:
    Женски
    Има така некои вечери кога малиот се буди и се будам и јас, го дојам, он заспива, јас не. Будна сум 3 саати до нареден подој, а потоа заспивам уште некој саат и се будиме во 7. Тој насмеан и среќен, јас тмурна. Порано скоро секоја вечер така не спиев, сега поретко. Синоќа имам спиено 5 саати само и тоа на сецкање. И денеска баш сите ми звонат што да му купеле за НГ. Па баш и не ми е гајле, сакам само да се наспијам. Заспа малиот, па отидов и јас. Сакав само некаде да пишам дека последен пат спиев во јули.
     
    На lackygirl, KikiKviki, Dennings и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    1.359
    Ехеее лази?
    И јас се плашам искрено да не става во уста ситни работи...
     
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.390
    Пол:
    Женски
    Колку сте променети како личности од кога станавте мајки?
    Се чувствувам многу променета.
    Порано, бев по екстроверт, поотворена, комуникативна, забавна. А Сега..не се препознавам.

    Фокус ми е детето, она е цело време со мене врзана, некако неможе да се поврзе со мм, не знам зошто. Ја игра цело време, се топи кога е со неа, и прави кејфови, има трпение, а она како да го бутка, како да и е закана дека ќе ме земе мене.
    Мене страшно веќе ми треба промена, особено зимава, настинки, немање никаков филтер да се издувам, да излезам, да прошетам да сменам. Кога ќе излезам ме тера да трошам само пари, да си купувам нешто кое не одам никаде за да го облечам.

    И се сменив многу..ми фали некако да бидам поспонтана, да им пристапам на луѓе, да почнам муабет.. не бев ваква. Се си мислам дека сите прават нешто друго, а јас работам и сме дома со мм. Некогаш си викам добро што сакам? Се имам. Финансии, семејство, пошироко семејството, работа која ја сакам, дете кое го сакам после прва лошо завршена бременост и пак нешто ми фали.
    Не ја чува никој навечер, не сме излегле со мм никаде, еднаш- два пати на свадба, јас цела вечер под стрес како ќе биде, што ќе прават итн. Еднаш заспа, друг пат не чекаше додека не дојдеме. Работат сите баби и дедовци и чувствувам грижа на совест и навечер да ја оставам. Помагаат преку ден кога сме на работа, па си викам треба и тие да здивнат за викенд.
    Не знам..ми фали малку стариот живот. Ми фали подобра организација. И ми фали помала грижа на совест кога си давам повеќе на себе.
     
    На Miss666, Kikikikiri0405, LiquidLuna и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    8.306
    Пол:
    Женски
    Војничко лазење, се влече сегде.
    Се исправа како за лазење ама уште не тргнал.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    Вие мајки што имате 2+ деца мала разлика ви симнувам капа сериозно!!!
    Внуката е на гости два дена и ме полудеа.
    Се караат за играчки, двајцата не делат ништо, не ди играат со исти работи ама го сакаат тоа што едниот го игра у моментот. Двајцата сакаат различни цртани, двајцата сакаат различно јадење. Излеговме да ги прошетаме па тоа беше тотален фејл.
    Мојов па и со вакцина од вчера е како оцет да пие. Не е спиен два дена скоро па ич, ништо не му е погодено. Јас недела дена ако ми се соберат 20ч сон па ете.
    Дома беше хаос не можам да постигнам ни садови да измијам.
    Среќа денес јетрвата беше слободна од работа па ми среди по дома оти мм на работа, а детево само во раце и плачки.
    Свекрва ми ептен ми е чудна. Ќерка и и внучето се тука 3 дена(живеат во странство) Има еден куп денови од одмор и не сака да земе ниту еден да помине време со нив.
    Попладне детето е со нас или ќе излезат некаде со мајка и, свекрвата ќе си дојде од работа ќе си одмори, додека стане детето ќе заспие и така…Чудно.

    Полудев. Мислам ќе се разболам од премореност.
     
    На sani99, macka91, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    17.826
    Пол:
    Женски

    Мојот сосе елка падна 2 пати за да го докачи највисокииот лапион од него, елката е 210, он 80цм и се поткрева на прсти да докачи на два пати со се елка падна на кај ѕидот и арно мм фати да се смее јас го кренав он ко блесав се кези со татко му. Имавме исто и поклони што му носеле пакетчиња кутии новогодишни ги ставаше една на друга да се качува на нив, жими се година и 4 месеци има значи колку им знае тоа газооот.
    Му велам колку дедо мразовци имаш "ти" (три имал) а има не знам колку лани сите му носеа играчка дедо мраз мекана, ама три има големи и ај сеа кажете ми како он сватил дела има "ТИ" :rofl:

    Иначе има "де" (две години) и покажува 1 со прстот :rofl:
     
    На lackygirl, sani99, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    :call:
    Колку ги сакам неговите филмови:l:
    Ми беа инспирација да почнам да учам илустрација и да се посветам на нов правец во уметноста.
    Spirited Away го имам гледано преку 10 пати, Ариети, Кики деливери…ма сите се прекрасни.
    Вистинска уметност и хармонија. И јас ги гледам со моево.
     
    На merriel0, marrisa, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    Како? После 15ч.се претварам во полицаец,сите сензори вклучени,очи и на газот имам :D и само пазам,гледам..загледувам во уста на бебињата..собирам едно,дада донесе друго и се' така додека навечер едно по едно не заспијат,забавно и напорно, 2 во 1 имаме дома

    Сите викат сега линијата ти е во најдобра форма,како успеваш :wasntme:
    Да дојдат 2 викенда да чуваат децата кога се сите 3 дома,ќе си ја средат линијата и тие (hollest)
     
    На lackygirl, LiquidLuna, sani99 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.014
    Пол:
    Женски
    Еден саат ќе е доволно за да им стане јасно од каде ти е линијата :D

    Јас со ситнурајките по дома бев опуштена се додека еден убав ден не отиде кај брат му во соба, си се исправи и ја дофати кутијата полна со играчиња големи, паа, најголемото колку играче од киндер јајце. Кога ги виде, па кога се возбуди, па кога зема да ги џирка, па да се бори за да ги грабне. Лелеее, една паника кога ме фати, да можеше некој да не снима, ќе беше весело :drunk: А он мислиш богатство нашол, такво среќно фацуле имаше :rofl:

    Ама јас искрено не се потресувам толку од ситниците пошто е секогаш под надзор, иако има од ластиче и монистри на големата, до минијатурни играчиња на средното, колку што ми е страв кога ќе се исправи кај столчињата и се фаќа кај што може буквално да го потегне и да падне врз него и да го поклопи. Мини срцеви удари секој ден добивам :whew:
     
    На sani99, macka91, Tea SK и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    4.068
    Пол:
    Женски
    Дојди да се гушнеме, јас цела година спијам така. 5ч на сецкање ми се привилегија. Едно време мислев ќе умрам од неспиење, почнав да полудувам, сега отрпнав:yawn:
     
    На Carolin., WhiteCat33, Lady Miami и 3 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.472
    Допаѓања:
    42.551
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ве гушнам. 2г скоро! Да не спомнувам последните месеци од трудноча оти и тогаш не спиев ич, па продолжи надаље.
    Уште нема преспиено ноќ, 5 пати мин се буди.
    И јас има некогаш моменти кога полудувам, некогаш плачам со него, некогаш пишувам реферати на мм за да не се дерам у нервоза, некогаш се разведувам со мм, некогаш мислам дека ќе умрам за спиење…и така си лета времето:D
     
    На mal.ecka, Madi, Dennings и 5 други им се допаѓа ова.
  17. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    А, да ве гушнам и јас. Ненаспана сум и јас и уморна :hai:
    Мајка со близнаци што се на доење и двете,се будат да си цицнат гајле немаат тие(facepalm)
    Сега нова тура на заби им никнуваат па минатата ноќ и двете се будеа по 4 пати.
    Таман едно се смири,ајде друго8-|
    Среќа што големата не се буди инаку не знам кај ќе ми е крајот,не дека сега знам де,има моменти кога полудувам,ама буквално :devil:.Бројам до 200,пошто до 100 ми е малку.:x
    Ќе помине се' ајдееее (highfive)
     
    На lackygirl, mal.ecka, Dennings и 7 други им се допаѓа ова.
  18. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    72.658
    Пол:
    Женски
    Мојава седи кај дада и во соба, правам прво проверка да не има нешто ситно. Големата сум ја научила ако си игра со нешто ситно да игра на кревет и ако види нешто малово дека фатило одма да ме викне. Нормално ги гледам на секои 2 минути.

    @1209 не сакаш да видиш каков хаос е кај мене со двете, а колку што ме излудува хаос ништо друго не ме нервира… Секое сабајле си викам со две деца си сама, не можеш да постигнеш се, не се нервирај ама има нешто посилно во мене…Плус двете ми стануваат рано во 6 најкасно до 7 веќе се на нога.
     
    На mal.ecka, Carolin., 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    Секој ден и јас си викам не се нервирај Делфина од хаост,не се нервирај...и само нешто прибирам,местам,ставам,а близначињата се мали 7м.се ,допрва ќе е хаосот изгледа.:D
    Сакам,не сакам,ама со мали дечиња е така секаде.барем така мислам.(fingers)
     
    На mal.ecka, 1209, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    8.306
    Пол:
    Женски
    Се немав видено со другарка 2 недели, беше прошли викенд и ми вика аман бе што направи за 2 недели се исуши. Имам 4 кила помалце откако останав трудна.
    Викам ела почувај ги на една недела ќе видиш, стојам на шанк, јадам пире со една рака, со друга го држам бебе и се нишкам пошто вади заби и вришти ако не му мрдаш.
    После сум се исушила, уште неизедено пирето сум го истрошила :muscle:
     
    На mal.ecka, 1209, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.