Не знам што ќе биде па на работа кога ќе тргнеме?! Инаку мојте планирам на годинка во градинка,мај месец.јас на работа од септември,та од мај до септември да си одморам од сабајле сама.. Можеби само се занасам сега така сабајлечки дека ќе сум одмарала
Мојата 4 год прави сега, другата годинка. И двете само вадат нешто… @Tea SK излегов од болница со 78кг, сега сум 58кг. Првиот оброк ми е кај 5-6 саат. Среќа маж ми почна да работи и од дома некои денови и тогаш седнуваме во 3 да ручаме сите.
Како успевате да ослабете само јас се дебелеам. Само нервозна сум од неспиење иначе апетит и време за јадење си имам
Мојов од март ќе го праќам. 1ви март на адаптација, ја сум од 17ти на работа. Ако се адаптира одма ќе имам време за одмор малце @macka91 јас со 81 сега сум 60, а останав трудна со 64. Нарачував од Зара за Блек фрајдеј, ми стигнаа прошла недела, М ги нарачав, големи ми се
Како бре луѓе ослабнавте така лесноооо? 72 пред пораѓај, симнав до 65-64 и еве уште ми е таа килажа после 7 месеци. Пред пораѓај бев 55. Давајте совети.
Јас со едно да си кажам. Со 70 стартував бременост. 2 години скоро ќерка, 65кг сум сега. За брзо после пораѓав се вратив на стартна килажа, па и слабеам сега плус. Што од трчање по неа, што на работа, што дома. Што би се рекло на работа доаѓам да седнам и јадам како човек. Тие 8 часа буквално ми се баш за мене. Обврски и нервози на работа се плус ама бар физички не сум на сите страни растрчана. Тек сега последните месеци си организирам оброк/вечера за нас и ќерка заедно и во исто време сите да седнеме на маса и да јадеме.
Па со нејадење и неседнување цел ден..... Еве ќе ти опишам еден ден..вчера станав во 6, кафе, ќерката средување за градинка, бебе стана во 7, бебе средување, млеко, доручек за бебе. Нишкав бебе 10 мин да заспие, спиеше 20 мин, па нишкав уште 20 мин да се доспие да не ми се качува на глава. Па ајде бебе доручек, јас на нога една марула и цвекло со семки. Недоспано бебе, вади заби, кенка цело време, ајде музика рипам со него во раце да не плаче. Заспа пак на пола саати, дипли алишта. Нишкај пак уште пола саат да се доспие. Млеко, миј шишиња, кенка бебе, рипај пак на Бајага 40 минути. Заспа бебе, трчај ручек да му направам. Ова беше накај 2 веќе, ми се пријаде ама се разбуди, ајде нишкај пак да се доспие. Стана, јадеше, пак кенкаше, нема услови за ручек, на нога 2 галети. Дојде ќерката и маж, средување нејзе дур он се средува. Сркнав грашок во 4 ипол набрзинка, дур јадев и се прикака на големата, маж со бебе во спална беше да спие бебе, станав да ја бришам. Во 5 и се јадело на ќерката, пржи јајца и прај млеко за бебе. Кафе во 5 ипол со маж, на нога во кујна, нема седнување. Пие маж кафе, ја скокај со бебе вика заби го болат. Во 7 на нога едно мало лиснато испечено, спремај млеко одма, успивај бебе, дошло 8 ипол. Ајде големата заби миење, средување, во 9 ипол заспани сите. Нема многу време за јадење....а и кога има секунда галети ќе бутнам да ме држат или јаболко и тоа е...и пола кутија цигари
Јас сум во движење цело време и еднаш дневно јадам, многу ретко и вечера. Ама кај мене секогаш било така. Легнувам во 12-1 и станувам во 6-7 @Tea SK некои работи од Зара и S ми се мали…
Охооо капа ти симнувам , по цел ден в раце... Јас ја оставам на подлога да си поигра а јас да јадам или додека спие право јадам ама сега ќе почнам и ручек за неа па не знам како да се организирам. За доручек набрзина правам за да е на време
Не не е цел ден во раце си игра и на земја. Ама деновиве е ептен кенкав, ги вади горните кецови и го боли многу, вика. Ќе помине секако, дур ми спие навечер, не ко ќерката да се буди на секој саат, ништо не ми е тешко преку ден....а и згодни ќе се вратиме на работа
Блазе ви што губите килажа. Јас удрив на јадење за да не ми намали млекото. Со 77 се породив, со 70 бев дома. После се расипа вагата Ама не се шалам, стварно се расипа, појма немам колку сум. Ми се спие ми се плаче и понува се да ме боли, синко е крупен. Ак си викам кога ке симнам некое килце мускули ке останат @Tea SK планираш на 8 месеци да го пуштиш во градинка? Колку е време на привилнување од искуство со првото?
Да си пишам додека се врткам низ темиве, како сте мајки? Конечно заспа, а е станат од 10до7. Не знам што му е со бунтов со дремкава ама знам дека недела дена ме уби со спиењево преку ден. Се одбивме, конечно. После 16 месеци заврши мојата доенечка приказна. Многу полесно од тоа што замислував и ич не планирано бидна. Секогаш викав од вечерва нема, и така секоја наредна вечер. Не беше мм дома, јас и он сами, заспа во 8ипол стана прв пат во 1 го занишкав продолжи, си реков ако не сега нема кога. Цела ноќ де пеев, де волкот и трите прасиња ги раскажував битно помина првата вечер почна и да пие од шише вода, првата вечер се изнапи вода. Втората очекував бум ама беше полесна. Стана 3-4 пати ама многу лесно презаспа, дури ни водичка не сакаше. И така он се навикна, а јас уште чекам да побара цице и ме фаќа паника секој пат што ако сега побара. Очигледно мене ми е потешко одколку на него. На сите ви посакувам ваква доенечка приказна, од бебе што одма фаќаше града, до толку лесно одбивање од се срце За килажа да не збориме јас сум послаба од кога останав трудна, до душа 60кг имав последно на факултет ваљда. Останав бремена со 68, се вратив на 64 првите месеци од премногу повраќање. На пораѓај бев со 78, дома дојдов со 68 и еве ме со 60 сега. Немав многу захтевно бебе ама со доењето се слизнав. Мене сега ме фаќа страв ако ми остане апетитот од доењево бога ми кај ке ми биде крајот, имав апетит ама секогаш гледав да е нешто здраво ис екогаш гледам дома да има овошје зеленчук да имам избор и одкако бебо има вечера јас не вечерав, па и тоа ваљда има некој удел. Вежбав едно време, кога сакав да го затворам дијастазот и го затворив и се опуштив некако. Настрана килажата жени, мене телово не ми е исто ко пред бременост, не ми стојат ни овие 60кг, јас би симнала уште. Кога ке каснам нешто стомакот ми се подува одма. И на мм му кажав за 15годишнина сакам лифтинг на гради поклон, до тогаш не мора ништо. Големи гради имам ама после доењево... Имајте убав ден
Па мора на адаптација на 8, нема кој да го чува. Имаме комбинации за чување до април, финално да тргне на 10 мес ама морам да почнам да го адаптирам. Не знам како ќе е, ако е како сестра му супер, таа после една недела остана со спиење, тргна на 11 месеци. Инаку јас не го дојам, затоа се за*бавам со јадење, со галети, со глупости. До душа големата ја доев исто се исушив 58 кила ама па таа ич не спиеше до година дена, зомби бев.
Леле со килажава не ми зборете… Висока сум и не е страшно на изгледа ама телово не е научено на килажава… абе мислам вишок кожа имам на коленава.. коа клекнувам мислам ќе ми прсне кожата… Прв преглед после пораѓај поминат, се е супер, гинекологов вика ко да не сум била оперирана, слободно да си правам што сакам. Така да после нова година се почнува со вежбање, толку алишта ништо не ме собира, да се вратам на килажата мора. Бебе нешто менува, не знам дали и влијае времево надвор ама спие цел ден, па после 10 саати не спие… си јаде како што треба полни пелени, ама овие два дена не знам што и е. Станува од спиење, јаде и спие уште 5 саати… прелакома е, да може цело цице ќе го изеде, ама ако само да ми е буцка хаха, образите и се огромни. Сега се мислиме да земеме седиште за во кола, не можам со транспортеров, ко грев ми е во него во кола. Сум и купила фустанче баба мразица, одвај чекам да ја облечам и да ја утепам од сликање
Нема ни моево, појма немам како да се изорганизирам, затоа прашувам. Ке почнеме по малку, па некој саат ако нема што, со мајка ми, па со маж ми, па јас од работа... ке биде интересно. За килажата, маж ми најде слики од пред 5 години, па толку сум имала 58 кг и сум мислела дека сум дебела Бог да чува.
48 у 4та средно ослабев за матура и не мзнам у кој филм сум била жими се. До негде 2ра факс ја држев килажата, татко ми мене слики ми покажуваше и ми вели ваква да не сакаш да си. Да не ми е срам би ви ја ставила сликата тука ама буквално ко неухранета сум, со едни пижами на мене што висат ко на кол сигурно сум викала дебела дека сум.
Истоо, и сеа си ги гледам сликиве и си викам, Фениксче не си била тачна на што си наоѓала комплекси хахаха.