Мајки, дали некој носел дете во странство на лекар? Незнам некој имунолог или слично. Буквално од кога е роден до ден денес трето одделение е нема месец да не е болен и со антибиотик. Ама буквално. Тука веќе сите ресурси ги исцрпивме од лекари, од испитувања, од лекови и антибиотици, крајници се извадоа и се е џабе. Ве молам кажете ако знаете асален доктор било каде.
Види со акупунктура. Сериозно. Од искуство мое и на мм како дете ти кажувам. Веќе е доволно големо. За килажа јас најслаба бев кога бев бремена. Средна школа и факс имав топ форма, останав бремена со 60кг, ослабнав за време на бременост на 57-8, пораѓај 58, од тогаш првата година држев 60, сега сум 69 и не можам да се погледам во огледало. Најлоша форма имам до сега, не само што сум порпавена туку сум опуштена и изгледам лошо. Ич не се свиѓам последно време.
Едно прашање како планирате новогодишната ноќ мајки да ја прославите? Дали дома со децата или ќе ги оставите кај некој и ќе одите надвор?
Дома. Ние тројца сами. Денски ќе идеме негде, после дома. И така беба спие во 19ч, а и едвај го чекав овој момент.
Дома. Имам опција за оставање ама не ми се оди никаде. Па ќе мислам дали заспала, дали ќе ме бара вака мирна ми глава.
Ја планирам маж ми да го чува ја у Пјур да одам со другарките. Што да кажам златен маж си имам а и златно дете цело време насмеано ќе си уживаат 3 часа да одморам и ја.
Ние Колосеум го знаеме И ние дома,сега во проширен состав.Искрено не ми се ни оде кај некој,ни да ми дојде ,оваа година сакам сами скороз ака не запиеме пред 00:00
Ние сме кај нас собрани цело друштво. Секоја година се собираме така кај некој. Бебе со баба и дедо у село у викендица
Ние или тројцата дома во Скопје (бебе денес право 40 дена), или да си одиме во нашето гратче и тројцата кај другари наши кои имаат тригодишно дете да правиме. Уште де мислиме што да правиме. Каде и да сме, сепак бебе ќе е со нас.
Не не, не знам дали Пјур е Колосеум, него сакав да кажам дека сме од постаро време и Колосеум го знаеме,а не овие новокомпоновани дискотеки
Хахаххахахаха. Колосеум, Ла Фабрик, Левел и после Б2, ХЛ, Маракана и финално Џубокс. Тие ги знам. После Џубокс, потоп ми се деси на инфото за ноќниот живот во Ск.
Леле леле , да Ла Фабрик..студентка бев во СК,многу убави забави и спомени имам од таму од Ла Фабрик..ахх времиња убави..
Ауууу да како можев. Понеделник на 50% жестоки. Ми одѕвонува во глава Бени запотен со мрсна коса како и мења текст на Високи штикли....а она бешее влажнаааа.хе хе. Јас помала сум, прва средно идев Ла Фабрик, зашто таму големите идеа од 10 отвараше.
Ги имаше и Сектор, Минус 1, Салун( ова уште мислам дека го има). Во Хавана со друштво како инвертар бевме. Ееее Ла Фабрик. Бараш ,,гратиси” од ,, менаџери”… Убав ноќен живот имаше.
Ние денски ќе славиме, мм ќе работи вечерта, друштвото ќе бидат таму кај што работи. Ако детето е ок ќе излезам и јас малце барем до дочекот таму, ако не е ќе си седам со него. Лани прва година со него имавме, годинава сакам малце да славам.