Сектор и Минус 1 не сум одела, никогаш не сум била по тупси тупси музика. А, Салун поише на паркинг пред сме стоеле, зашто увек сме завршувале накај 3 таму и хаос било.... Што убаво се присетив на животот пред 5 6 години. Од цело друштво уште кумовите си го имаат истиот дух, другите некако се удомивме сите.
Дома со децата, ќе наместам маса со колачи она што ги одбра да ги правам и ќе пуштиме вртан филм да гледаме заедно. Бебе ќе шета низ дома и во 7 ипол во кревет ќе спијат, ние ќе продолжиме
Поради колеги сум отишла 1-2 пати во Минус 1 и толку било. Салун, работев во локал близу него, па после работа сме иделе на пијачка. Ама Хавана ми е во душа.
Не сум од Ск, не сум во тек со муабетот. За Нова година, кај другари блиску до нас седат. Ќерка или накратко со нас, па да ја вратам дома за спиење и од кога ќе заспие да остане со баба и дедо некој час. Или ќе си биде со нас цело време, ама поверојатно ми е да ја вратам дома, да не и се крши времето за спиење.
Пјур да не е Pure во паркот што е хаха. Нека шетаат дур се млади јас ни 00:00 дали ќе дочекам, како што вадиме долни 2 без сон сме...
Нее колосеум е кај железничка сега се вика Скопје евент центар а Пјур е бившо Епицентар кај парк де пред хавана .
Антибиотикот не ви дозволува да изградите имунитет. Пробајте еве за зимскиот распуст еден карантин со детето, појачајте со витамини. ( ова ми беше совет од имунолог во Италија) и видете дали ќе има подобрување.
Хавана, маракана, минус 1, салун обавезно на допивање ама како во вокс што си имам поминато најтоп со децата, никаде на друго место Баш знаат да се журкаат, оние старците во џубокс што се клатат со раце во џеб не ги можам. Ај добра вечер Со денови ве читам и никако да ве дочитам и да пишам. Добри сме, се навикнавме, уште малку и со кашички ќе почнеме, не можам да си поверувам како лета времето. Кога се породив прво нешто што си реков какво бебе како памукче и после 4 месеци уште ми е памукче, најсреќното бебе на свет, толку радост ни донесе дома не можам да ви опишам. По цел ден си пее, испушта секакви звуци, на глас се смее. Браќата само што ќе дојдат од градинка одма почнува да се тресе цел, прета со раце и нозе, од врата ги препознава и се возбудува. Периодов ми е стварно преубав, родендени, празници, две недели уназад секој ден гости и наредна недела ќе биде иста. Утре чекаме ептен драги луѓе на целодневна кај нас и се убив од чистење и спремање мезиња, едвај мрдам. Само да ве поздравам мајки, немам многу што да кажам. Секојдневие како кај сите, деца, работа, по некоја дружба, време нема за ништо. Имајте убави празници со најмилите, бидете живи и здрави
Majki dali znaete zaso bebe se udira sam, ova mu e akutuelno nedela dena . Samo se pleska so racinja so igracki so sise ...so glavceto vo zid neznam kako da mu ja trgnam ovaa navika
Моево кога е уморно си шлапка како шамари по глава ама фала богу ги надмина тие па сега е сè поретко Туку некој сликар да не знаете т.е некој да има апарат и желба за сликање ништо захтевно детски роденден во кафана денски да си имаме некоја фотка со бебо декорации торта итн? Не ми се плаќа студио скапички да не се
Да ве поздрави само мајка која беше на вечерен дејт во фармерки од пред бременоста Не можев да си поверувам дека влегов во нив, тесни фармерки!!! Мм кога ме виде искоментира дека многу му се свиѓаат, особено во задникот Видов во еден кафич имаше забава така со млади деца, со музика некоја од наше време таква турбо, Мали џогани ау. Ние не слушавме таква музика во друштво ама сепак ја знаевме од журки, родендени и студентски забави. Се потсетив кога бевме млади и излегувавме без палтиња на ладно пред кафич за да ни се види аутфит, а оно коска ладно надвор. Будали. И овие такви беа. Мм ме зеза вика и ти вака се стегаше на времето, како девојчињава, му велам да ми извиниш ама отсекогаш имав добар стил и вака нестилски не сум се носела никад И така убаво ми дојде, и с*кс дури падна Детето ми го вратија баба и дедо во 12, незаспиен секако, ама дека денес пореметен ден имаше и во 6 стана од втора дремка, вајда не беше уморен, ама сепак одма заспа. И така.
Неколку денови не сум висела на форумов и не можам да ве дочитам. Бебо мој денес прослави 2 роденден, не ми се верува кога летнаа 2 години, ми расне со брзина на светлината! Добро поминавме освен што се разболе 2 дена пред роденденот, бактерија у нос, температура кашлање лудило. Ама 2 саати истеравме со дечиња, среќа немаше температура во тек на ден и весел беше, ама еве го сега ми качува. Раат немам од болештиве од градинка, решив јануари да го одмарам од градинка 2 антибиотика си заработи месецов... На тема искачање, дур цицаше мојот секое искачање беше стрес, дали ќе се разбуди дали ќе презаспие и мн ретко излегувавме. Откако го одбив од цицање, на 22 месеци го оставивме прв пат со баба му и дедо му две вечери да спие, за ние да можеме да го исчистиме новиот стан и да купиме бела техника. И искрено го оставам со свекорот и свњкрвата пошо им имам доверба и мн ги сака, за се ме слушаат и почитуваат. Со мајка ми не би го остаила 2 дена, тоа е реалноста. Сами сме во Скопје и едино искачаме коа ќе си идеме у родниот крај, ама и тоа е на 2,3 саати. Не ми фали искачање ич, повеќе ми фали да искочам да шетам без гледање на саат
Вчера бевме малку на санкање. Освен што си поминавме преубаво морам да споделам и за една мајка што ја запознав додека децата играа во игротеката во Магнолија. Толку присебна со две деца дошла сама едното поголемко накај 5-6 години, другото околу 1 година си го носеше на седиште за грб од оние за планинарење. Колку убави муабети си поприкажавме и се восхитував на физичката сила пред се. Толку тежина на грб да ги санка децата 2-3 саати да ги соблака, облака со еден куп опрема и накрај ние со кола, таа си замина одејки (најверојатно до паркингот). Се восхитувам на вака силни жени, најверојатно и психички е силна штом шета вака сама со две деца. Од вчера па наваму ја мислам и си мислам еве пример нека ми биде.
Денот ми почна катастрофа, цека недела не сум спиена синко извади заб па се помачи кутриот, се будеше мн ноќе сопругот ноќе работи сама денски кога како спиев. Денес пак цел ден сама време убаво ама па ми е мака со количка да излезам торби јадења, ептен сум уморна. За нова година свекрва ми кај нејзе не викна, сопругот изгл ќе работи па сама ќе треба да се враќам,синко ќе спие ама па по ладново да го изнесам, низ лифт со 300 работи. Наместо тие да идат кај мене да ми олеснат јас ќе треба со мало дете а тие золвите имаат деца ама 3 жени се секако една со др ќе помагаат јас сама. Луѓево се си мислат дека ќе треба да готвам па да се мачам, не сфаќаат дека повеќе се мачам така да одам кај нив а и фала богу може да дојдат ќе си купиме готово јадење. Ама кој ќе се расправа, кој сака раатот домашниот да си го расипе... маки мои.