А немаш уста да и кажеш дека не сакаш да идеш? Јас никогаш не сум славела нг со мои или негови. Не гледам причина за тоа. Други празници може да идеме да испоштуваме, за нг не мора, ако мм работи ти терај си секој ден како и обично. И мојов ќе работи, мене не ми смета да седам сама со детето дома, ни прва ни последна нг. Што ќе го малтретираш детето ако не сакаш не знам, само сме си криви некогаш. За излегување излези со кенгур, не мое количка, не мора еден куп торби. За еден круг низ маало може и со едни влажни во џеб и кенгурче.
За Нова година - Дома , без дете, не дека ќе праиме нешто ама ај, нека ги радува моите 3 дена. Ние PS5 ќе играме Не ми е дојдено ни до Пјур, ни до Салун, ни Хавана ни слични Во родниот ми град видов многу драга личност што ме заебаваше дека ќе се омажам во Скопје. Склоп на околности, пред да се омажам се оддалечивме. Епа после 6 години ме виде и прво ми кажа "Ти кажав дека во Скопје ќе завршиш?????" абе Марфи златен... Ќерка ми се научи да вика "Аман" и "Значи" и значи речениците деновиве звучат вака "Значи аман, играчкиве секаде фрлени" "Аман значи, чорапите собери ги" итн.. Растам мал командант! Пред некој ден нешто ја гњавев и ми вика "Значи не гњави, аман". Се осетив ко да ѕирнав у нејзиното тинејџерство. Леле која аждаја ќе биде ЗНАЧИ Што ви се goals за 2025та, другарки?
Секако дека кажав но домашното воспитание и верата ме учат да почитувам постари. Таа мисли добро да не се мачам да готвам чистам ова она ама ете мене тоа никогаш не ми било мака туку задоволство. Кој кенгур мајка 11 и кусур кила грбот ми ојде плус не седи тој така на едно место без да мрда да фаќа нешто. Абе чудо од дете имам, уште малку ќе се откажам скрос од шетање наредни 5 год.
Мајка сите сме минале низ тоа, не е чудо од дете, нормално е, сите се такви, деца се не кукли. Мораш само да си олесниш некако. Јас еве оди меово па уште сака во раце и ништо друго, па пак шетаме. А за почитување, не е непочитување ако кажеш дека ти е мака да одиш.
Како минува времето, синко за два и пол месеци година ќе прави..А мене ќе ми биде бебе кој шо сака нека каже! Почна да се исправа, да стои, ако му зеде некој играчка одма тантрум. Деновиве вади забчиња, по цела вечер се тутка, цицне го фати боллка па плаче..Кога сме сами не ме остава да го спуштам, ако го ставам сам у кош или креветче се зајдува. Па пола ден у едната рака, а со другата работам.. Нова година у план со другари и нивни деца па ќе видиме. Пред некој ден дојдоа гости со децаата, како се возбуди синко лазеше по нив цело време, се смееше. После си отидоа до 11 и пол не можевме да го заспиеме. Правеше работи шо ги гледаше од децата.
Магнолија има игротека???? Па то ми реци, ние на Пониква ќе одиме на зимовање, ќе бидрме раат попладне . Знаеш дали може од надвор луѓе, да не е за гости на хотелот само?
Кога си мајка, прво ти е детето, па после воспитување и вера, па после постарите. Ќе малтретираш дете и себе, за што? Да не ќе те кара? Не мрдам од дома.. Дете намирено, рутина испоштована.
Секое дете е радознало и сака се да фати и види. Не е нешто чудно или невообичаено. Почитување на секоја една особа е одраз на воспитување. Ама за потреби и тоа што му одговара на моето дете, фино и културно ќе кажам дека мене тоа не ми одговара и нема да идам. Тоа не е непочит.
Ние следна недела планираме да се качиме, ама преку неделата, дека викенд е лудница горе. Лани така тргнавме па се вративме не пуштаа повеќе коли нагоре, немало место за паркирање. Само со доказ за резервација. Кога бевме млади Пониква ни беше втор дом, на мм другар најдобар имаше викендица, секогаш одевме со неговата девојка и ние и седевме по 2 недели, колку само најубаво си поминувавме, секогаш си замислувавме како ќе одиме со децата горе, они ќе играат ние ќе уживаме…ама они раскинаа, она има дете со друг, он 10г по неа неа жеснка фатено, викендицата ја продадоа поради несреќен случај на кој не сакаа да се потсеќаат…ептен ми фали нивнито друштво, а и нг секогаш беше таму славена, гитари и песни, пиење…исто и во Осоговска куќа одевме често, кумови сме на газдите и другари, и таму ептен убаво си проаѓавме. Пониква на лето е особено убава, и на есен…мислам и секогаш ама гужвите на снег се ептен страшни. Фан факт, Магнолија е изработена од татко ми Мислам ентериерот и мебелот во собите. @LiquidLuna кока ми е цел во новава… Да се стабилизираме финансиски, да се вратиме во Лондон и да ги решиме проблемите со здравјето.
33 години живеам во МК, никогаш не сум била на Пониква, а 100км од Скопје е. Резервиравме сега апартман да ги однесеме децава на снег малку, на воздух. Магнолија да се живи и здрави ама цените.....ваљда само игтотеката ќе ја видиме. Големата освен лани во Крушево што бевме, снег нема видено. Превозбудена е, прејако си помина лани. Секој ден прашува кога ќе идеме на снег. Добро вечер инаку од мајка што сама си пие црвено винце и си мези кашкавал и сиренце. Да не ги подречам едниот заспа со 7 30, другата во 8 30. Маж на прослава му ја здува .
Ние дека сме од Кочани, пола саат ни е до таму, па ни толку. Да не бевме од тука веројатно и јас толку ќе ја видев А за цените немам коментар, јас не сум била таму секако, ние секогаш спиеме во Осоговска, не е баш горе ама нема проблем да стигнеш и од таму за 10мин до пониква.
Да за сите. Ама што вика син ми тука е се искршено. Еднаш влезе и после секаде ае шеташе низ хотел (теретана,базен) ептен пријатни вработените.
А колку се наплаќа во игротеката? Баш на маж ми му спомнав сега од кога сакам да одиме во Пониква тој вели таму е многу скапо во Магнолија му кажувам дека само во игротеката ќе одиме тој не само заради тоа ли ќе одил таму , на снег не му се возило. А сакам ќерче да подиши свеж воздух и да си поигра во снегот, ене кај ни е Пониква низ прозорецот ни се гледа.