Игротеката не се плаќа, ама се е искршено. Плус е подоле еден спрат не е во склоп на ресторанот. Седнувањето на ручек не е скапо. Нормални цени.
За нова година ни доаѓаат дома пријатели 10 возрасни и 6 деца ( од 1 до 5год.) Од сеа ме фаќа страв, ем што е моево најмало ем што се сите палави, ем 5 машки и само едно девојче. Ко преживи причаче. На Пониква, ние одевме ко дечко и девојка со мм, 2-3 пара се собиравме короната беше знам и во една викендичка до Осоговска куќа, Осоговски Ариш мислам се викаше. Многу ми се допаѓа, преубаво е, отогаш не сме биле, сакав Магнолија есенва да идеме ама цените се.. А за Кочани ми е останато во главава како едно од најчистите градчиња што сум ги посетила. Последно кога бевме памтам сонце пукаше, шетавме покрај реката и коментиравме колку само е чисто. На друга тема резервиравме зимување како ке биде, се надевам барем малку ке одмориме. Одиме во апартман без спа центри и такви работи, сакам само да има снег и да може бебо да трчка и радува. Ке ви пишам за тоа кога ке се вратиме. Кога сум на оваа тема, еве една дискусија, едино што ме плаши е патот 6+ саати у кола и коментирав баш пред некој ден на кафе со другарки тоа. Сме возеле, се вози бебо без мака ама саативе се некако многу за мене а не за него и летоска толку не фати со гужвите у Грција. И што дозна оваа мајка дека родителиве на децава им давале апчиња за спиење за да си го поминат патот раат. Да кажам прво јас никад не би дала такво нешто, па макар никаде не отишла и дома седела додека не свати дека мора да се вози и тоа е. Ми ги кажаа и како се викаат ама заборавив. Уште сум во шок, еве нека ме упати некој поискусен, тоа здраво не е сигурно, барем според мене. Нус појави колку сакаш на дете од 2-3-4-5години, или јас живеам во заблуда и уште се чудам на аеродром на деца што спијат ко топ, а моево шпарта во 5 сабајле, не знам стварно.
Се ќе дадеш кога повраќа на километар ипол. До 3 години нема сирупче, лижавче и бабина деветина што не ја пробав. И на крај и дадов драмамин, и тој ми го поврати. Да делуваше сигурно ќе продолжев да давам. Ама еве со години идеме ноќе на одмор за да го преспие патот, околу 6-7 саата возење има. Во авион не се возела, уште од дома не би и дала апче да спие, ама сигурно би земала со мене зошто не знам како би прошла. На дете што нема мака да повраќа, само за да седи мирно не би дала никакво апче, ама на тие со мака скроз разбирам се што даваат. Зошто не можев од Кисела Вода до Аеродром да одам без да треба седиштето од кола да се пере.
Ајде и јас да пишам нешто како за крај на 2024.. Да бидам тотално искрена никој никаде не не' повика да чекаме Нова Година, ниту ние поканивме некој. Оваа година го изгубив татко ми и воопшто не сум била на некаква прослава, не ми се слуша музика и не ми се забавува воопшто. За муабет и дружба немам проблем, но не би сакала да бидам во таква "весела" атмосфера, не дека ми смета, но искрено не знам кога ќе се опуштам за да пеам и да се забавувам. Еве оптимистички со мм купивме карти за концертот на Здравко Чолич во март, па се надевам се' ќе биде во ред до тогаш и убаво ќе си поминеме. Едноставно празниците ќе ги поминеме дома. Бевме поканети на гости во Германија, но јас уште не можам да се опуштам и да патувам со авион и со детето(бебето) . Воопшто не се осеќам комотно да патувам некаде повеќе од 3-4 часа. На тема зимување лани во јануари бевме Боровец и си поминавме супер, но оваа година не сакаме пак Бугарија, сакаме Златибор. Патот е многу долг и не знам дали да се нафатам и на тоа.. Многу работи сакам, но и не ми држи газот и се откажувам. Јас сум од тие луѓе што не сакаат да излегуваат од комфор зоната, дали грешам или не, не знам. Воглавно не сум воодушевена од работите и случувањата во 2024 и би ја оценила со 0 да не беше детето до мене... Само се надевам на подобра 2025
Како за крај на годината, некој збор или повеќе. 2024та кога ќе се вратам наназад мислам дека една од потешките години ми беше. Што предизвици на работа, што во брачен живот, што како родител. Благодарна сум на се што постигнав и успеав, во секој случај. За 2025та само да сме сите добри со здравјето пред се, па се останато. @LiquidLuna , да ти одговорам на прашањето, во 2025та колку и да се себично сакам да се посветам на себе. Ми фали старата јас. Ми фали да уживам во работите кои ги сакам, кои ми предизвикуваат задоволство. Некако последните години се што сум и имам се вложив, во дом, брак, дете, а не во себе. Не ми фали да излегувам ама ми фали да седнам и прочитам добра книга. Или да си направам домашни колачи или да речам сега пола час ќе си лежам и не правам ништо. Во краен случај да почнам повторно со вежбање, не ради килажа, тука и немам некој проблем, туку ради фактот да си направам време кое е само за мене. @le.soleil , повели и долго заслуженото пиво. За сите совети и поддршка. Сигурно и следна година ќе ти досадувам со прашања и дилеми
Јас за 2024 можам да кажам родив уште едно дете, кое ми даде малку повеќе памет од првата постпородилна состојба. Почнав со промени и во брак и со првото дете. И сите околу мене. Се надевам 2025 ќе газам со сета сила, ќе се држам цврсто и ќе сум успешна и во работата. Ако некој повеќе знае Јарец во хороскоп, позднак Рак.
Мене ич ме нема во темава Дете порасна , мајка му остаре , ама умот не и доаѓа. Деновиве збеснати , не детето, туку татко му и мајка му . Баба дојде ,ние дома не сме се прибрале. Се негде по прослави , родендени ... Ај да почастам тортуле. Од роденденот неќни Цццццц, четврта година зафативме
Здраво. Тука Јарец, подзнак Бик За нас минатата год беше година на будења. Отворање на очите кој ти е пријател кој не, и промени во животот во своја корист и сл... Така да те сфаќам сосема. Можам да и кажам благодарам на минатата година, зошто си го износив првото, чекано дете и си го родив живо и здраво. Психички мнг се ослободив од канџите што самата си ги имам замислено и се чувствувам баш ослободено. Мнг посигурна во себе. @Malesia мислам дека е до ѕвездите Наредната год се враќам на работа во нова средина со мнг голем предизвик за мене. Посакувам да успеам да се снајдам и таму во новата околина и со детето и семеен живот. Пред се посакувам да сме си ние троицата здрави и среќни заедно. Истото ви го посакувам и вам форумџики. Да делиме уште мнг искуства
Бик со подзнак Девица, годинава ми беше најтешка до сега во животот. Најпрво зошто го загубив моето пријателче, животинче со кое растев 13год, ненадејно и премногу болно. Ментално многу предизвикувачка, ме исцрпи и ме згази. Финансиски ми беше претешка, здравствено исто така, емотивно, па за малку не се разведов. Бев константно уморна, неисполнета…животот ми беше најмонотон, најпасивен. Ама од друга страна детето ми беше радост и секој поминат ден со него додека учеше тој, учев и јас нешто за себе. Ја завршив успешно со проект кој ми беше чисто за исполнување духовно, ама печалив ненадејно многу пари од него, сега имам нови цели и нова енергија за успех во бизнисот. Здравјето се подобри и мм доби добри вести за болеста и терапија која цела година ја чекавме…така да би рекла ја завршувам смирено и надежно. Новата мислам дека ќе биде многу подобра, имам чувство дека ќе биде се како што треба. Во новата бидете исто вака храбри, бидете поодморени, духовни повеќе смирени. Пронајдете се себеси повторно, грижете се повеќе за себе, не грижете се за туѓи небитни мислења. Гушкајте се со децата, бидете трпеливи со нив, а мажите нека бидат со вас. Имајте топол дом исполнет со детска смеа, секој ден. Бидете најдобри мајки како и до сега. Среќна Нова!
Да чкртнам во старата со надеж дека новата синко малку ќе мени во спиење ( дека ќе спие без будење ноќе ), ќе се одбие од цицање, и нема да вришти по цел ден за глупости зошто веќе не се трпи. Дедо мраз овие работи ги сакам покрај здравје и љубов На сите ви посакувам да ја испратите старата во убава хармонија со саканите луѓе и да ја дочекате новата, во која да ви се исполнат сите замислени желби, цели со многу здравје. Ве гушкам мамасити Наздравје
Е и за знаци подзнаци сте пишале, а јас ништо не прочитав Ај да се кажам убитачна комбинација Дупла скорпија ... Ко преживи мене причаће работава
Бик со подзнак Близнаци, у месечина Јарец. Пречекавме 00 во тишина зошто глувчето ја најде стапицата и точно во 00 влезе. Ама имаше закачено саламче и кидна! Е така, и кифлички фрлив. Дури горе на кујна се качи. Точку е мало што сегде се шмугна! Фала ти 2024, сега навистина имам причина за длабинско чистење. А глувчето ми е симболика дека некој шит од лани сеуште ми се шуња у животов. Беба се разбуди од петардите, зошто петарди пукаат ретарди. У меѓувреме се појави свекорот да ни честита нова, па отиде се пресоблече во дедо мраз, и и донесе пакетче со чоколадо и смоки на скоро 6м бебе. Годинава мама и тато да јаделе бебе не јадело. ЛОЛ ,,Ама беба почна вкусови, јаде кашички" - ,,Па не сме знаеле" -,,Па не сте дошле". Ајт. Годинава посакувам здравје, и малце поише памет. Пари доволно колку да не фалат. Годинава останувам дома со ќерле и бизнис идеја под рака. Морам да си најдам начин на функционирање. Со среќа друшки. Среќна ви нова, нека биде оваа вашата година
Годинава ме созреа психички како никогаш претходно, ама истроши физички до цедење. Ви посакувам многу здравје и на вас и на вашите малечки. Благодарам што пишувате тука и го правите мајчинството полесно за момент.
Сакав истово да го пишам, ама си стасала пред мене. Многу убава, чудна и тешка година беше 2024 за нас. Ни донесе нешто најубаво, ме сокрши, направи да бидам похрабра, да надминам многу стравови, да се соочам со работи со коишто не би помислила дека можам. И ми ја донесе најголемата љубов на светот. За нејзе сум вечно благодарна. Бракот ни го раздрма, па го смири, секакви турбуленции поминавме ама тука сме , заедно, преживеавме. Врската со мајка ми ми ја ујача многу, во животот не сме си биле волку потребни една на друга. Можам само да кажам фала за овој ролеркостер од емоции овие 365 дена изминати , и во наредната да сме се посилни, поздрави, и на куп сите. Нова Година ја поминавме под ќебе со мм, гушнати и посакувам само така да тераме уште долги години. Од толку брз живот , во потрага по материјални добра често забораваме да седнеме и да блееме во празно со чаша вино и вкрстени раце. Се надевам дека ќе наоѓаме повеќе време за нас во оваа 2025. Бебка е се попалава , се по немирна и се посмешна. Ја обожавам и неа и љубовта што ја имаат со татко и . Активно се спремаме за прв роденден, душата ми е полна, а што би рекол мм џебовите ни ги испразни Среќна Нова Година жени,мајки, секогаш да сте храбри, семоќни, и многу сакани. Никогаш да не ни фали здравје и добро друштво