I feel you. На врвот на тоа само едни панталони ме собираат… и се у едно идам и пижами. Депресија ме фаќа коа ќе ми текне дека треба да купам се ново… Стави и маска, не ја одмивај, и чешлај дел по дел од доле нагоре. После коа ќе се расчешла ќе си ја одмиеш. Сама имаш повеќе осет да не се искубеш за разлика од салон. Испробано.
875 дена доенечки стаж и доста е. Колку беше лош почетокот, само колку пати се откажував во првите недели... Да ми кажуваше некој дека толку долго ќе дојам немаше да верувам. Еве го сега пред спиење пак побара да го види цицето и да ми каже дека млеко нема веќе. Неколку дена како не цица, ама одлично ја поднесува промената. Дали ќе се освести дек веќе нема, па ќе почне да плаче, или вака добро ќе го поднесе не знам. Колку пати ве имам прочитано како сте плачеле зашто и вас ви фалело доењето, па да ви кажам кај мене такви чувства нема. Дали дека од лани се спремам психички, или па веќе стварно е доста
Сабајлево се пакував бидејќи ќе одиме кај нашите и ќе седеме подолго време. Па и за Стара Нова ќе се собиреме со друштвото, планираме и да излегуваме со маж ми, дека мајка ми ќе ја чува малата. Викам ајде да си земам нешто за излегување. Ниту едни фармерки не ме собираат, сите кошули долу на стомакот набабрени, како на буре пеглани. Се разочарав и си спакував една купа хеланки и едни труднички панталони... Си викам - каде ќе одиш и ти по хеланки...
Прославивме прв роденден, дома, ми беше топ идеја дека накнадно ке тераме крштевка повеќе ќе разбира и тогаш ке каниме гости и декорации се по ред, ама луѓе не знаете колку сум била разочарана и мислам дека не му давам се што можам на бебево, дека го делам од нешто. Башка тортата не беше погодена нешто на изглед и на вкус, малку ми фалеше да си го преплакам денот. Знам дека може сега во дадени моменти се претерува со фрлање пари за се ама израсната су како дете што реално никогаш не славело роденден со деца, родена за време на летен распуст, башка мама немаше долволно средства за да ми тера родендени, некако се потсетив на тој период и колку ми било неубаво и грдо што не и организирав роденден а од др страна се е со причина башка и кумот не можеше да дојде. Нејсе, помина. Од др страна мн сум за никаде намќореста неззнам ни јас како да опишам, се нешто ми фале, дома ми е лом, не ми се фака ништо. Некако како да ме обземаат истите чувства од лани овој период, ко си дојдов дома од болница со беба, ич не ги сакам. Мислев дека тој период на бес и нервоза го поминав и откако почнав на работа дека се средив но не. Вака ко ја гледам сакам искрено уште едно бебе не сакам да се мн голема разлика, ама ми е страв од се што поминав низ непроспиени ноќи, нервози зошто плаче, не памтам ни јас сама колку пати она плаче и јас со неа. Едно со друго нема врска ама малку ми олесна
Не знам стварно… 2 месеци како се породив, нит јадам, нит пијам само дојам по цел ден. Стомаков 6ти месец.. па коа ќе отворам шкафон 1000работи за прашина да фаќаат, со на маж ми маица идам и едни од Зара долни како тренерки, по дома пижами… уште маж ми се договара да сме искачале со друштво… викам човек кај да идам по пижами ли? Нит ми се купува точно да ми е сега, ништо не ми се свиѓа како ми стои. Понеделник ќе почнам со вежбање и исхрана, па се тешам дека ќе се средам малку од малку. На врвот добиено имам 20 дена… не можам на раат да отидам да се издепилирам..
Леле алал нека ти е, толку време. Сега да си посветиш на тебе време убаво. Имам братучед до 4 ипол години го доеше тетка ми... Како издржа и она, не знам искрено. Се' збореше како возрасен човек, ама навечер и преку ден барем еднаш сакаше да цица обавезно. Влеговме еднаш заедно во еден дуќан, и продавачката со длабоко деколте, отворено цело. И братучед ми се врти накај тетка ми и пред продавачката и вика: "Мамо, зошто и на тебе не ти се такви градите? Види на тетка Ели (продавачката) какви и се големи, кренати и пресечени на средина ". Уште го зафркавам за тоа до ден денес.
Јас нарачав три фустана како плетени од Зара, да стасат и со тие планирам да излегувам дури не се вратам во нормала. Пак мислам дека и понатака ќе може да се носат. Фармерки да купувам сега ич не сакам. Се надевам дека побрзо ќе влезам во облеката пред породување хаха. Надежта последна умира. Мене ми помина веќе првата менструација. Скоро три недели траеше. Сега имам надворешно воспаление - целулитис на раната од царскиот, забавно да ми е цело време, да немам раат. Ептен ми е некако растегната кожата таму од бременоста и ми се преклопува малку. И ќе си почекам за вежбање... П.с. Некаде на теретана ќе одиш? Знам дека живееше некаде околу мене и ти. Да препорачаш некое место. Одев во Хром во Infinity, ама гужва ми е некако таму. Јас имам бесплатни три месеци вежбање во Систина, ама после сакам некаде во близина да најдам, да не мора кола да палам.
Јас само дремам на Зара и бетер се депримирам, нарачав помали броеви да ми се кураж хахаха да се мотивирам. Девојче сум од Влае, ама нема во теретана да одам, ќе почнам со на Ана Стојанова постпартум програмава, па после планирам кај Драгана Фитлајф, девојката ми е препосветена и баш си ја знае работата. Леле три недели… аман бе исто ја 20 дена еве… налет колку да ми ја испрља улошката само, да мора да ставам. Мене раната супер ми заздраве, еве гледам почнала да обелува, не ми се ни познава нешто многу, ептен педантно сработена, Ќаев многу перфектно ја сработел. Јас па и од што не сум ставила шминка на фацава, и шминки треба да обновам. Му викам на маж ми вчера леле ако влезам по продавници нема да може да се донесам од што се треба да купам…
Мене не ми беше досаден, ваљда ради тоа толку долго време го доев. Навечер не стануваше да цица, само пред спиење бараше. Почнав полека да се гушкаме дури сум по маица на бретели секогаш кога бараше да цица. Што е можно повеќе контакт кожа на кожа гледав да има меѓу над. Бидејќи цицаше само пред спиење го тргав пред да заспие за да се гушнеме и така да спие. Друго ништо не го спремав, поише мене се спремав зашто имам не толку итна операција, па секако требаше да го одбијам. Ама пред некоја вечер пред спиење ме гризна зашто му се играше. Го скарав и го тргнав и не му дадов да цица. На следно заспивање сам не сакаше. Па после следен ден сам бараше, ама му реков нема млеко, ме боли што ме каснал. И така, неколку дена не цица еве, ама лепенка е за гушкање. Измрзнав по маица.
Јас сум 8кг плус од кога се породив и никако да ги симнам. Знаеш 60кг не излегаат многу, ама кога цел живот си била 52кг сега ми е многу тешко. Во ниедни фармерки не ме собира, стомаков уште е подуен. Цел живот рамен стомак имав. Конечно по 6 месеци носење труднички фармерки и хеланки, пред две недели отидов и си купив неколку пара фармерки. Се надевам дека ќе успеам да си ја вратам килажата дека претходно колку и да јадев бев слаба
И јас сум во Влае, ама нема салам теретана... Во Хром две има, и двете се фул. Инаку кај Драгана имам вежбано јас во Кисела Вода, супер беше. Ама подобро симни си ја sweat апликацијата, 10 долари месечно е со годишна претплата. Имаш разни програми, и postpartum. Башка скоро сите рецепти на Ана Стојанова и се copy-paste од апликацијава, има и рецепти за секој ден покрај вежбањето.
Да сме живи и здрави. Ако не не соберат, ќе купеме поголеми. Ако не за побрзо, се надевам за подолго време ќе не собере во старите алишта.
Имам вежбано Sweat, BBG ја вежбав, од Кајла Итсинес. Многу добра програма, ама многу напорно ќе е за да почнам со тоа, поинтензивно е. Многу ослабев и се стегнав, презадоволна од програмата а не ни пазев на исхрана. За короната беше тоа. Ај ќе размислам баш. 10 долари со исхрана? Или само за вежбите е? Нема во Влае да, има една кај Маки пекарата што беше порано, на Франц Прешерн улицата, одма под Спорт лајф ама крш е.
Вежбаше нешто? Пазиш на исхрана? Леле вака коа ќе прочитам за стомаков стварно страв ме фаќа, цел живот даска бев во стомакот, стомачни имав… сега ко 6ти месец трудна… сеа ти се спласна ли конечно?
Ми спласна стомакот ама после јадење пак сум ко 6ти месец трудна. Затворив дијастаз и почнав пробиотик секој ден да пијам, мм вика понамален ти е сега, предходно ко лубенче ти беше а иначе секогаш ми вика не си дебела уживај
Со многу труд затворив дијастаз, вежбав, пазев на јадење и до 1 година пп бев океј, далеку од тоа од пред пораѓај ама ок. Ама дојде ред детево да престане да јаде и да не спие. Градинка, болести, колку она толку и јас. Во 3 сабајле знам од стрес да отворам и да барам храна во фрижидер. Нервозна само шеќер ми бара телото. Како некоја зависност и не можам да си помогнам. Стомакот беше како 4ти месец, сега како 6-7ми. Додатна нервоза од тоа и кога треба да се облечам и да излезам, среќа што е зима барем малку се кријам во дебели џемпери. Не сакам да сум таква мајка а се случува уз моето брблање да зборам и пред неа за себе колку сум дебела, несредена, никаква. Не е во ред. Само некако да ми дојде душата и да се вратам да сум јас јас, здрава и колку толку наспана, па се надевам со тоа и недепримирана. Ама како не знам размислувам и од психолог дали да барам помош или е само хроничен умор ова и основни потреби неисполнети
Какво вежбање, јас порано колку и да јадев кг не качував. Па едно 9 дена додека не беше маж ми тука да ти кажам ептен слабо јадев, и се изненадив дека ич не сум паднала на тежина. Порано одма губев кг. Стомакот спласна ама малце.. сеуште имам стомаче . Иначе и јас сум од Влае, може треба да пиеме каде со тебе и LadyR еден ден
Не знам со стомаков.. па и некако ко тврд е. Иначе може да хахах па и трите мислам иста количка имаме ххаха. На кафе со исти колички.