Хахах би било интересно Ајде нека се потстопли малку и може да се дружиме. На загадениов воздух јас баш и не ја изнесувам надвор. Ми е шубе дека е уште мала.
И јас го немам изнесено. Знам дека е убаво да е надвор ама на овој воздух нема шанси. Плус што беше болен. Таман да се стопли може да се дружиме
Јас ја изнесувам секогаш кога не е загадено. Секое сабајле aircare апликацијата прво ја проверувам. Ама тоа е еден на пет дена... Сега сме кај нашите (не во Скопје), и тука гледам максимално што може да сме надвор дека е пречист воздухот и потопло. Скопје е жива болест...
И ти со апликацијата, како мене. 100 пати во денот ја отварам и ако е добра, фаќам патот надвор. Едвај чекам да се разчисти малце и да почмеме пак со шетање.
Имаш на yt видеа како да се провериш. Ако ме сватиш вака е легнуваш на стомак нозете ги виткаш како за стомачни и ја поткреваш само главата, и ставаш прсти над папокот колку прсти бере толкав е дијастазот, 1прст е нормално не можеш скроз да го затвориш, мене ми беше 3ипол прста. Ако не ме свати барај на yt видео
Ни јас… само чекам да не е загадено и куферите одма низ врата, хахахха. Која е таа апликација? Аа сум те помешала со друга членка.
Нормално е 1 прст???? Јас прст ипол имам после вторава бременост, после првата немав. Ама сега кога проверив ме напна кога осетив дупчето
Да, нормално не може скроз да се затвори мислам. Не се спојуваат стомачните скроз, над 1ипол прст се рачуна дека имаш дијастаз под тоа не.
Среќна Нова, среќен Божиќ, ви посакувам се најубаво Бевме во село, кај на сопругот фамилијата и малиот супер ја поднесе промената. Таму се речиси 10 души, од кои две дечиња, гласно, бучно колку ти душа сака и не сака Ние сме дома тројца возрасни, најчесто јас и бебе сами и навикнати сме на мир. Затоа кога се вративме маста ми ја извади речиси два дена. Маж ми се смее дека се жалам за два дена мака во пет месеци ама па навистина е мирен и чудно ми е Многу се нервирав што не ме слушаа кога викав да не се пипка за раце, да не му дишат итн. Или па кога ќе го седнеа во скутот на 3 годишно дете. Јас бев лошата наместо маж ми да ги опоменува. На крајот на денот јас си ја мавам главата во ѕид не он затоа што кога нешто не е ок бебе си сака кај мајка. Бебе сега е многу смешен, се исправа за да седне и многу се радува ако го седнам. Дома ме караат дека е мал ама па секое местење за цицање се исправа во седечка позиција. Ве читам за дијастаз, над и под папок е 1 прст, а во папокот е помалку од 2 прсти. Уште да го намалам вишокот што го качив од досада и ок ќе сум.
Јас се ке поднесам и ке средам, ама градиве не сакам во огледало да ги гледам ги мразев ко тинејџерка дека големи, после се помирив со судбината. Ама после доењево.. не ги можам. За нив и под нож ке легнам ако треба, само да личат на нешто. Една поголема една помала, како тегнел мкнел ја незнам, па сеа и млеково кога прекина, ко суви лубеници ми се
Кој сака нека честита, оваа мама конечно се издепилира. Почнува ерата на слабеење постпартум. Уште ќере да смени со спиењево… не знам што се со детево. Абе нема шанси пред 3 по полноќ око да склопи… колку сака нека е неспиена не бе не и чуе. Не знам што да правиме еве менувам будам ја држам будна, абер нема. Па ни би креветче не сака навечер, строго на мене заспива и после ајде стави ја измеѓу мене и маж ми. Во недела 2 месеци, кај иде времево. Се отрувме со воздухов, не можеме ич да прошетаме, катастрофа.
Мажите мислам никогаш нема да сватат кое олеснување е депилирањето, јас за тоа бебо 3 недели имаше го оставив со мм и си отидов и ден денес, за ништо ама за тоа ке излезам од дома. Мислам дека 100кг од мене паднале ова или е до мене или сите така се осеќаат не знам
Исто, абе одма полесна се осеќам, ми иде гола да се шетам од што ми е убаво хаха. И ко терапија ми е, уживам, ич не ме боли мене ко масажа ми доаѓа.
И депилација и 2 цм коса кога ќе скратам, мислам камен паднал од мене. А кога ќе видиш, едно раченце влакна се
Мајки правите ли гел нокти? Бебе има два месеца и се мислам дали да си направам дали би ми сметале затоа што цел живот сум со нокти, а веќе 5 месеци не сум правела.
10 години пред да имам деца и еве преку 6 години со едното и со другото, во ниеден момент не ги извадив. Кога се родија првите 2 месеца ги правев малку пократки дека обично многу долги нокти носам, ама после тоа најнормално. Ако си носела претходно, да си навикната на нокти, нема да ти смета.