Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Зашто да не можеш, не смета тоа. Направи ди ги пократки да можеш полесно да функционираш со бебе.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Арно викат здрав да си после се друго..Цела недела температури, кашлици, нос течење..Фала богу синко е добар. Едвај чекам да се оправам па да направам една генераалка дома..Па да се стопли па да шетаме цел ден.Синко е многу интересен ама не седи у место, постојано се качува на секаде, паѓа се удира. Се радува кога го играт сите. Ехее уште малце 10 месеци каде летна времето..
    Треба и роденден и крштевка да организирам. Не знам како ќе е у ист ден.
     
    На Lady Miami, dead.flower23 и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Мајки ај утешете ме. 25 дена сме. Јас сум на раб на лудило. Премногу тешко ми се виде се ова што се случува, од доење, неспиење, глад, рана, грчеви.. секој ден си поплакувам. Дали имав други очекувања не знам, знаев дека е тешко ама до волку некако не очекував. Некако сите што ги знам околу мене не делуваат како да се мачат како јас и маж ми. Маж ми е вклучен во се во ниту еден момент не сум сама со бебето а пак ми е премногу. Таман се воспостави лактација, ми се појавија грутки на двете гради најверојатно запушени канали. Ставам зелка масирам, болка имам. Плус, со силиконски ја дојам не може да ја фати мојата во никој случај. Цица без ред, на 15 мин, на пола саат, на саат, на два.. никогаш не знам кога е најадена кога не. Се плашам да не ме фати депресија некоја најискрено.. дали само јас сум вака, и дали поминува ова лудило до новороденче, или се потешко е понатака?
     
    На dead.flower23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    17.824
    Пол:
    Женски
    КЕ ПОМИНЕ! ВЕРУВАЈ, КЕ ПОМИНЕ! После 2 месеци ке имаш ново бебе, и тоа да се навикне на тебе и ти на него, да се свесне кај е што е. До два месеци мислат дека се уште кај мама во стомак. Излегувај, шетај не се затворај дома. Лифтирај мозок.
     
    На LiquidLuna, Lady Miami, WhiteCat33 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.408
    Допаѓања:
    13.417
    Пол:
    Женски
    Со првото дете бев како што ги опишуваш тие околу тебе, со второто исто како тебе сега. Нормално е. И нормално е да ти е ужасно тешко. Мене ништо не ми даваше утеха, така да не знам што да ти кажам за да во моментот ти помогнам, ама можам да ти кажам дека ќе помине. Можеби на 40 дена, можеби на 3мес, може на 6... ама крај има. Бебе ќе смени, грчеви ќе поминат, на доењето ќе се навикнеш, и еден ден се ќе биде како што си очекувала. Затоа сега гледај само да го преживееш денот. Мене маж ми да не ми беше не знам кај ќе бев сега, а со првото дете не ни имало потреба да ми помага. Сите сме биле кај што си сега и сите сме излегле од другиот крај.
     
    На WhiteCat33, Giiirl23, thinkerbell и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Без неа не можам нигде, не се знае кога ќе побара да цица. Не знам дали да почнам да се измолзувам да чувам млеко во фрижидер. Со неа фо сега 3 пати излеговме, кога има сонце вака како денес нема шанси. Дури Си викам дали само јас сум ваква мајка да се жали. Маж ми е срце само ме теши а и него му е пренапорно трета смена работи. Се осеќам и криво што вакви чувства имам
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Скроз исто ми беше.. пишував и тука за доењето… мислам дека скренував.. па и царски.. со раната на глава ми се качуваа да не сум кревала ништо потешко од бебе… па на крај и температура кренав… мајка ми спиеше кај нас да може да ни помогне. Ужас мислам на раб на лудило бев. И исто што викаш.. сите не им било така.. за на крај да видиш како уз муабет сеа и на нив им било бетер… не знам зашто некои луѓе не признаваат дека им било мачно. Плачев секој ден… на крај веќе бев на раб и од доење да се откажам, и ја викнав Јасна. Топло ти ја препорачувам, премногу ќе ти помогне во доењето. Молзи се, еве за 20 дена, 40 кеси имам замрзнато. И си имам залиха за кога и да излезам. Сега веќе е подобро, поминува се, дур се навикнеш, после се ќе ти е лесно. И доење и тоа што не спиеш и се останато. Те гушкам.:hug:
     
    На Lady Miami, WhiteCat33, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    2.179
    Се што ти пишаа сите го имаме поминато. За второ бебе па уште потешко, нема шанса да одмориш пример кога бебе спие зашто првото дете што ќе прави само низ дома ако е помало ... Е тогаш шизнав...и полека помина се .. единствено за жал еве веќе две години немам врзано сон повеќе од три часа ама се навикнува човек :)
    Но,ќе видиш, ќе пркнете за брзо време, и верувај најнеочекувано, од нигде никаде одеднаш ќе се изгуби чувството на БЕСПОМОШНОСТ.
    Намерно го напишав со големи букви, тоа чувство ме сроза и комплетно неочекувано ми дојде...
    Особено што сопругот ми е специфичен карактер и од него не видов баш ни помош ни поддршка кога ми беше најтешко. Бладав од умор и неспиење,од стрес дали цицало доволно, дали на поголемото му се имам посветено воопшто, дали јадело квалитетен оброк ..
    Потоа едноставно попопустлива станав кон себеси и намалив со наметната вина на совест, колку можам правам и давам...
     
    На Lady Miami, marama, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Еве температура имам, 37.6. Што да правам? Редовно цица денес наизменично од двете
     
  10. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    336
    Motherhood is kicking my butt, последниве два дена посебно.
    Од почетокот одлично се носев и со доењето, станувањето на секој два саати, грчеви, сите пропратни работи, очекував, нормално ми беше и не ми падна ич тешко.
    Очекував и скокови и промени и знаев дека се периоди.
    Ама...ете веќе 8ми месец тераме и се чувствувам како полека доживувам burn out.
    Таман фативме некој ред, стануваше на 3-4 саати што за мене е и повеќе од одлично, од 4тиот скок наваму не се знаат ни дремки, ни спиење, ни ред и се тоа океј, да не беа и сите други работи на грб.
    Навечер, веќе немам сила да се извлечкам од кревет на секој саат за да го презаспивам. Преку ден дремка од 30 минути и не знам кој крај да го фатам и што попрво да направам. Среќа мм работи од дома и во се е вклучен, ама никогаш нема крај на работи што треба да се завршат.
    Ме фаќа паника зошто ќе треба да се вратам на работа нареден месец, а јас уште не можам крајот да му го фатам без дополнителни обврски и со еден оброк дневно досега. Уште не можам да разберам луѓе што се брзаат да воведат вкусови уште од 4 месец, дефинитивно least favourite part ми е. Кој тајм менаџмент ќе ми треба, не знам :D
    Најтешкото што ми падна до сега од целото родителствување е тоа што мислам дека е единствена работа што нема крај, не можеш да завршиш и да речеш готово, не можеш да ја одложиш за утре. И колку што е прекрасно, толку е исцрпувачки.
    Цело време се сопирам да се пожалам пред други оти секогаш излегува некој што му е потешко, некој што повеќе мака имал, некој што има повеќе деца со кој уште не можеш да се мериш, и моето омилено, ти што мислеше, лесно е да бидеш мајка? Не бев воопшто delusional дека е лесно и дека кај мене ќе биде лесно, ама секој со својата планина, I guess.
    Од другата страна, некни сретнав колега кој има 4 месечно бебе и ми вика, ние ептен одморени сме, спие од 9 до 9. You don't say!?
     
    На LiquidLuna, WhiteCat33, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    17.188
    Пол:
    Женски
    ЌЕ ПОМИНЕ!
    Верувај!
    Имаше моменти каде ми идеше до комшии во зградата да отидам на 9 ти.
    Нејќеше да фати града, викај ја Јасна, дојде патронажна. Фати со силиконска, ама се траеше пола ден. Ја фатија страшни грчеви. Не помагаше ништо. Молзев, давав. Од пусти страв да не и е многу, не сме и давале доволно, па на прв преглед она иста килажа. Ми пукна епизотомијата. Ајде пак шиење и строго мирување. Неможев да молзам. Морав стоечки. Нозе ми се тресеа, едвај стоев. Градите камен. Хаос е благ збор.
    Па имав и коментар дека сум изгледала како од гроб искочена.
    Ќе помине! Период е!
    Топол туш на гради и кога молзеш масирај ги грутките према брадавицата.
    Јас држев и топло шише на града и молзев. Мм ми помагаше.
    На крајот и млеко снемав, продолжив со ад. Не ти викам да дадеш ад. Пробај измолзи и дади и со шише, да видиш дали е глад или ја мачат грчеви.

    Ќе помине!
     
    На LiquidLuna, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Колку мл ми требаат за нејзината возраст? И дали пример ако го чувам на собна температура после треба да го греам пред да и дадам ? И фала ви на сите да не враќам посебно
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    17.188
    Пол:
    Женски
    До 100 мл можеш да дадеш.
    На собна сега дека е потопло по дома, незнам колку да чуваш. Јас дека септември бев, исто топло беше и во фрижидер ставав, па на сецкање под млаз топла вода затоплував.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Навикната сум да цел живот, само на крај на бременост ги извадив и немам направено. Дека е многу нежно и мало, па викам да не му сметам со нокти, иначе секако кратки би направила.
     
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Зелка, масажи под туш, да цица редовно и парацетамол напиј се. Ќе те испоти. Мене тоа ми помогна.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    2.179
    Освен советите со облоги од зелка и парацетамол, мене најмногу ми помогна масажа над тенџере со врела вода,буквално на нешрто ниско стави го тенџерето и со градата над него да иде пареа и масирај со кружни движења надолу према брадавицата
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    На собна температура до 4 часа макс. Не мораш да грееш. Некои бебиња си пијат секако млекце. Јас не би дала 100ка. Мислам премала е, ќе поврати. До 80ка макс би дала. Измолзи стави во фрижидер и можеш повеќе да го чуваш. Па после ќе го извадиш и згрееш.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    3.672
    Пол:
    Женски
    На собна до 4ч, во фрижидер за одржување мислам беше 24ч. Ако го извадиш од фрижидер и затоплиш, тоа што нема да го испие го фрлаш, не се става повторно во фрижидер.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.009
    Пол:
    Женски
    Како сте мајки?
    Одамна ме нема, прилично зафатен периодов, не знам што попрво. :wasntme:

    Сакав да чепнам една тема, не знам како да се справам со мајка ми на моменти. Многу е посесивна спрема син ми, а и мене понекогаш. Знам, доаѓа од чисто место, љубов и се, ама на моменти претоксично за мој вкус.
    Пример чист, син ми падна и си го удри носето, ништо озбилно, таа цела вечер нерасположена била за тоа, на свадба беше и не станала да игра од што се загрижила; маж ми ќе го штипне за образите, одма му упатува поглед или ќе му пререче зошто го штипел, нежна кожа, одма црвено ќе му се направело итн. Не дај боже син ми да заплаче кога ќе е сам со маж ми, одма она трча "да го спаси".
    Друга ситуација, на една прослава, свеквра ми и маж ми збореле за мене нешто и ме гледале со остар поглед. Океј, со свекрва ми не сме во најсјајни односи, и да ме гледала така воопшто не ме допира тоа. Ама тоа што го набедува маж ми ми е премногу. Наводно ме погледнал како да ми мисли најлошо на свет? Па си направила филм дека ме малтретирале, а јас не сум и кажувала.
    Меѓу мене и маж ми е тотално се во ред, немаме проблеми, нормални брачни ситници понекогаш но ништо посебно за да ме гледал така или да ми мисли лошо.
    Тотално со глупости ме заморува, а наводно не сакала да ме нервира.
    Не можам ништо да и речам зошто не знае да прими критика и само полошо ќе направам. Можеби треба малку да се оддалечиме, за да се стабилизира се, да сфати дека всушност ние сме му родители, а не таа, колку и да звучи сурово.
    Не знам еве, што да речам, не сум паметна. Само знам дека ми треба простор и мир. Сте биле ли во слична ситуација?

    Убава вечер ви посакувам :hug:
     
    На LiquidLuna и Carolin. им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.408
    Допаѓања:
    13.417
    Пол:
    Женски
    Со првото се породив порано и не стигнав да ги направам помали. Се породив дента кога имав закажано. Ко орел бев, кај долги, па никнати 3 недели до пораѓај па уште три додека да отидам пак. Нити сум изгребала бебе, ни имав некоја посебна мака. Ама како што реков преку 10 год претходно нон стоп имам долги нокти.
    Со второто ги скратив пред пораѓај, па како растеа не ги кратев, и за 2 мес пак ми беа долги.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.