Имаше еден период каде мајка ми , нели се во најдобар начин кажано, знаеше да ми коментира, па бебе ќе заплаче јас и мм тука, она рипа. Само ќе ја фатев за рака и ќе ја погледнев. Бевме кај нив и мм нешто почна да ми кажува, а незнае он да каже и јас зборам со него ама гласно, да се слушне до ходник каде што беше и она. После на само ми се извинуваше и и објаснив дека треба да остави малце повеќе простор , за ние да си гледаме детето. Да, прво дете, неискусни, ама неможе никој повеќе од нас да мисли добро на тоа дете и да се грижи. И реков остави ме да бидам мајка. Сите повеќе сте мајки од мене. Или ќе се средите или ќе направиме една дистанца, каде што тебе нема да ти е сеедно. Се среди женава.
Сакаш да ти кажам нешто? Првите две недели плачев секоја вечер бебе кога ке заспиеше, мм сакаше на доктор да ме носи. Ова вика не нормално аман собери се, ама знаев дека морам сама со себе да расчистам и хормони да ми се средат и да се навикнам на се ново ама баш се. После 5дена сама останав со бебе мм на работа по цел ден, плачев и преку ден искрено. После тоа поретко додуша и сеа знам да си се исплачам да ми излезе, се си викам колку сум била будала еј тогаш. Ама хормони треба време да се средат. Кога направи 2 месеци некако и он живна и јас. Почна да има подолги дремки, да сака да седи во релаксатор, шетав со него по 2 пати на ден, и одсабајле и попладне. После тоа ко нова бев. Сеа е година ипол, овие три дена душа ми има извадено. Сеа јадев, цел ден сум на мандарини да бидам у живот и тоа скришкум ги јадам оти ми ги зема и ми ги фрла, му излегуваат заби плаче ако јадам јас, он па ич не јаде. Седиме во ходник не знам ни тоа што му дувнало. Ни да спие ни да јаде ни да пие, нека помине поброзо аман.
Ке помине се. На кратко: како поминува времето се полесно ке ти е, зошто ти полесно ке се снаоѓаш а поголеми предизвици ке имаш. Детето ке менува цело време. И ке слушаш муабети како деца им спиеле со ред, се постигнувале да направат и тн. За шетање, кога ти ке се осетиш спремна. Мене ме напнаа, ама после само од себе ти иде да спакуваш бебе и прошеташ. За затнати канали ладни облоги и одмолзувај се дури се регулира лактација.
Кој сака нека честита, детето го скрши телевизорот. И тој ден дојде, се прашував кога ќе биде. Уште тој трошок ми фали. Кај нас почнаа терибл ту, пред ту, овие денови страшно се поднесуваме. Многу нервозно.
Не знам за друг, мене како што расти, се понервозно и потешко ми е да се расправам со детево. И помалку одморена. Како новороденче може станував 3-4 пати ноќе за млеко, па потоа помалку ама споредено со сега деновите ми беа и помалку нервозни и полесни. Сега ем работа, ем не знам што активности на ден да смислувам. Ем да пазам на лустер да не се качи, уште тоа чудо го нема направено. Ем со терибл ту да се расправам, што вика @1209 , погоре. Никако да се помирам дека потешкото допрва доаѓа и уште сум со надежи дека ова дете ќе се опамети.
Дојди да се гушнеме. Кога ќе ми текне дека се жалев дека ми се напорни пред 1 година ми иде да си пукам у колено. Тогаш можев да ги ставам комотно саат време у хранилка со играчки и све да си завршам. Сега морам да сум на штрек секоја секунда за да не си извадат очи, да не искршат све околу себе, да не скршат глава скокајќи од комода. Да не зборам дека главна игра им е или рандом ствари да земат и избуткаат, расипат или да се гребат по лице, што ради играчки што ради онака, пошто им е забавно. Куќата ми е како оние hoarding тетки по реалните шоуа во Америка, флеки нема на што немам, ѕидови, маси ишкртани или со стикери и тоа ми е најмал проблем покрај све друго. Откако зазими и они полудеа и јас покрај нив. Ако 5 мин седнат да се заиграат идам и ги проверувам да не имаат температура. Пред некој ден бевме на гости, се качиле на страницата од креветот и лепат магнети на фрижидерот до него. Кога списка вујко ми, ќе паднат ќе паднат јас бев као whatever, тоа е најбезбедното место кај што се качиле денес. За викенд ги носиме на планина, минимум 3 саати се валкаат у снег, се санкаат, трчаат и ќе си речеш кога ќе се прибереме дома ќе седнат уморни барем 15 мин. Ама не, ко на стероиди се, не застануваат. Маж ми покрај празниците се погоди дома поише и вториот ден рече дека сме требало да ги носиме на доктор, ова не било нормално. Да им дале некои апчиња за смирување. Си викам да му кажам или да си поќутам дека не сме го достигнале врвот и дека веројатно уште полошо ќе станува. Еве ја чекам @LiquidLuna да каже кога нејзината ѕверка ќе се смири, да имам на што да се надевам
Да ви кажам дека на мм му рекоа 2.5г не смеам да останам бремна додека прима терапија за болеста, што да бидам искрена од една страна ми олесна дека тогаш здравје ако останам одма бремена, детево би било 5г скоро кога ќе родам, ама од друга страна јас ќе бида 36, а може и повеќе, не знам дали би имала живци за ова на 38/39г. Вие што сте сега мајки на тодлери на тие години, како е?
Тешко мајка, тешко. Нит сила имам нит живци имам. Како до пред некоја година се чудев зашто на луѓе од 25 години се побрзале деца да имаат, така сега на сите им викам да си завршат работа порано Шала на страна, со второ е полесно (викаат) така да веќе ќе знаеш што те чека и многу поискусна ќе влезеш во целата приказна па веројатно полесно ќе ти биде без разлика на годините.
Ќе се смири, ко ќе и дојде време за мажење. @Tea SK мене ме утеши, еве чекам уште пола година да се смири, па ќе посегнам по Дијазепам/полесни дроги или сепак кокаин. Времето ќе покаже
Потпишувам дека се стабилизира ѕверкава последниве месеци како наближи 3 ипол. Дали брат и ја сталожи, дали памет и дојде не знам ама има разбирачка дефинитивно. Е сега малово како направи 6 месеци почна ѕверот да го покачува ама па не му се замараме некако...изгледа сме отрпнати од нејзе... во рок од 1 месец 100 пати се потепа по дома ама да е жив и здрав некако не му се потресуваме. Полесно е второ дефинитивно или ја многу сум оштетена со нервиве или дека пропушев пак како се роди он
Ова ко со список. Јас после @le.soleil , да се пишам или некој измеѓу има. Не да ми доаѓа да се спукам в колено или шамар да си залепам... Вака течат работите - ќерка новороденче - станува неколку пати ноќе, станувам јас да спремам млеко. Си викам, ќе се научи да спие ќе е полесно - почнуваат грчеви - нека поминат грчевите ќе е полесно - за излегување ајде нека почне да седи, може полесно ќе е да седнеме некаде - да баш - заби - ајде нека излезат, ќе е полесно. Hint - уште излегуваат - ќерка лази на сите страни, јас ајде нека прооди ќе е полесно... Голем бокс за ова, не само што не е полесно, туку уште од лустер што ја немам симнато - следно, ајде нека направи 1,5-2 години ќе се разбираме повеќе. Hint: се разбираме скроз, го прави само тоа што нејзе и одговара, сеуште јас сум на раб со нерви. Следно да поставам граница, 2,5 години или строго на 3,5 да одам со надеж дека може нешто ќе биде. П.с маж вика, абе на ова детево да не му даваме многу храна што е вака енергично. Да не треба да намалиме. Оваа теорија ни е за неделава, за следната ќе си најдеме нова теорија.
Хахах леле @Miss_S ние сме до 1 година стигнати идентично со твоево. Е сега почна господинчево да ржи да ти вика во фаца и да џитка играчки низ стан ако е нервозен нешто да не е по негово луѓе пробувам со убаво да му објаснам не ме перцепира зима нова фрла ќе утепа некого прееска тапанот го фрли со цела сила преку пола соба. Јас не сакам вакво дете да израснам да биде врискач насилник да шлапа други не знам каде сум згрешила не го разгалуваме да му е сè по негово не знам што да кажам. Се лути зошто не го паткаме цел ден ако пробаш да го седнеш во игрална се фрла како стап назад и вришти, се научи со баба дедо да го паткаат кога го чувале и сега нас маста ни ја вади. А да и веќе не ме сака некако, ме гледа 1 1.5ч во денот пред спиење зошто главам на работа и кога ќе речам дојди кај мама се фрла во татко му и ми вика, зошто цел ден е со него и си се поврзале. Малце срце ми се кине ама тоа е.
Ги заборави скоковите. После 10тиот скок сфаќаш дека е карактер а не скок и дека ова те чека цел живот
Тинејџерство мислам полошо ќе е Туку, кога пиво сестро по ѕверови? @Miss_S цели директно на 4 ти, да не се разочараш
Ако шетате викендашки надвор од Скопјето може кога сакаш да ни дојдете на гости За у Скопје, да се расчисти загаденото да се осмелам да ги донесам
Значи исто. Ова со проодувањево најголема ЛАГА јас не знам кому му е полесно кога дете ке прооди, ваљда на детето. Пошо јас сум раат само кога спие. Пентарењето на најјако го има пуштено и усовршен е за 2 секунди е кај што сака
Здраво мајки, И јас да пишам некоја реченица. Гледам сте начнале тема кога е полесно. Мислам дека никогаш не е полесно, забораваш колку ти било тешко. Новороденче си има своја тежина. Неспиење, грчеви, држење во раце постојано, плачење, итн. После, измеѓу новороденче и тодлер, некоја бош фаза, што има примеси на новороденче и вади рогови како тодлер. Фаза на тодлер, hold my beer, тантруми, трескање од земја, се сака, ништо не сака, не јаде како што треба, земи ме во раце, спушти ме, не ми помагај, помагај. Јас па често си читам на странски форуми, таму повеќе се без цензура на зборување. Се тешам кога ќе прочитам дека на 4 години малку е полесно. И само си одбројувам денови. Вчера по не знам кој пат нервен слом доживеав. До момент да се запрашам како е ова уживање. Па денес отидовме до игротека, прв пат одиме во таа, да ви кажам и јас се изнаиграв. Се фрлав во топчињата, скокав на трамболината, се пентарев кај големите деца што играат, се лизгав. Демек помали деца со надзор треба да бидат, па се вадев на тоа. Ми дојде ептен интересно. И на крај, наместо со убаво да си одиме, кога почна да се треска од земја. Едвај до кола дојдовме. Збеснав. Се вративме дома, уште вриштеше, јас се исклучив си гледав во ѕид, чекав да се смири, па дојде да каже извини. Ама секогаш после се извинува, ќе ми рече да се гушнеме и бациме. Ај биди лута. За 5 секунди во скут заспа. Еве сеа да одморам и јас, па да фатам тоа џунглата да ја потсредам. Како прасиња живееме, се е прљаво, се е расфрлано и мува не ме лази.
За ова паткањево мн ме вади од кожа затоа што ми е некако неприродно да ја тегнам за раци за као да оди, и искрено само со ссвекрвата така прават,со мене си играе на земја или сл не бара оти знае дека нема. Инаку исто ко што рече ко да не ме сака идам дома или ја земам од градинка ништо ко цела ден да сне биле заедно, али пази се качува свекрвата и ја вика , со брзина на светлината ма и побргу се врти го влече дупот кон неа и се клеште. И тоа најмногу ме боли,колку пати сум била на раб да се расплачам зошто не реагира на меене така, сакам да сме блиски ама вајда сеуште е мала така се тешам, мада знам и дрка влијае тоа што само нешто се караме не ова не она а со баба нема неможе