Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.725
    Пол:
    Женски
    Јас второто го родив на 36. Искрено, полесно ми беше отколку со првото. Иако побесен беше, во смисла ептен бељаџија и похрабар од брат му, повеќе глупости правеше и прави уште, побрзо некако ми порасна, не знам. Мене генерално со првото ми беше потешко, помлада бев, ама многу нервозна, детето лепенка ми беше, плачко, тантруми до бесвест. А малово немаше толку тантруми колку што правеше глупости.
     
    На azelea, Mother of 2boys, see.emily.play и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Ја собравме елката. Доста беше, ми собираше прашина а веќе како искубана ми дојде. Денеска преморени убав беше денов. Поминавме два саати на снег се изигравме и големи и мали. Од домашни работи се завршено.
     
    На Carolin. и Fenix05 им се допаѓа ова.
  3. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Мајки направивме два месеци - 9та недела и бебе овие 5 дена грчеви, нервозен, плаче... цело време во раце, страв ми е да не го навикнавме така иако читав дека е рано за навики. Дали е вториот скок сега или?
     
  4. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Не му ја мисли дека ке се навикне кога плаче. До 3 месеци бебе се навикнува дека е надвор од мајката. За грчеви башка сум чула дека помага skin contact со мајката. Гушкај го, збори му, да знае дека си тука. Само ти си му утеха, не знае тоа за ништо друго.
    Кога ке поминат грчевите друга приказна. Тоа би требало најкасно до 3ти месец да биде.
    Едит: мислам дека баш во скок сте.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    На 2 ипол месеци престанаа грчевите кај ќерка ми. Тука сте :) нема да се научи во раце, премало е, ако се смирува држи си го. Го ставаш на меше? Мислам дека им помага. За спиење топли облоги кај нас се покажаа најефикасни од се друго.
     
    На FarfallaBlu и snowwhite.24 им се допаѓа ова.
  6. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    9.634
    Пол:
    Женски
    Прво на 39..не ми беше воопшто тешко,имав доволно време психички да се спремам што ме чека.
    Близнаците на 42...искрено не знам да ти кажам како ми е(facepalm)
    Поголемата ми е 4 скоро,ѕверка невидена е,се надевам уште малку ќе се смири:party:.
    Некако полабава сум со овие 2,дека искуство имам од првото,ама со живците сум слаба,многу слаба...се трудам,мн се трудам да се средам во тој поглед.
    Ќе биде,знам дека ќе биде.
    Некој посебен совет не ти дадов знам,
    немам во моментот,имав усран ден:x

    Сега и јас на секој давам совет да почнат со планирање на деца порано,бидејќи никогаш ништо не се знае,а не како мене,на 27 се мажив,малку ни беа излегувања,одмори,дискотеки,кафани,забави....сакавме да уживаме,а кога решивме сакаме детеее,цврц не бивааа....кога ние сакаме,ете не можеше кај нас на полесниот пат,така требало да биде.
    Не се каам за ништо,си ги сакам дечињата бескрајно и не,не се давам ,не сум 43..ме подмладија,девојче од 25 сум (hollest)
     
    На Zumbulche, FarfallaBlu, azelea и 15 други им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    21.200
    Пол:
    Женски
    Јас си се омажив фино лепо на 23, си родив уште пофино на 25 и до 30 ќе затварам фабриката :D

    Немам совети или искуство на темава шо е прашано, си се мешам у муабет. Досадно ми е :D
     
    На Zumbulche, strelec231992, Dennings и 10 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.546
    Допаѓања:
    42.917
    Пол:
    Женски
    Леле мајка, алал.
    Верувам дека те подмладуваат и ти даваат сила, верувам дека секој од нас би издржала на било кои години, ама малце ми фуфка најискрено, дека периодов ме фати неспремна и некако слабо се справувам со инаетот, тантрумите, повторување по 100 пати едно исто…2г скоро по цел ден само со него дефинитивно ми ги убија живците.

    Мајка ми остана без работа и ќе го чува сега, со градинка не можеме да ризикуваме ради болести, мм мора да биде апсолутно заштитен од истите, па јас аплицирав на неколку места за работа, а можам и од дома да работам, битно неколку саата да е разделен од мене оти вака ќе скренам.
    А и почна многу да ме бара, како мал да е, немаше проблем да биде со други луѓе, сега јас и мм одиме заедно, он не сака кај него, само мама знае да го облекува, само мама да го храни, само мама да го бања, само мама да игра, само мама знае тв да вклучи, значи страшна работа, ме шизна.

    А инаку не ни барав совет, само сакав онака да чујам мислења, искуства…а и што совет би дале.
    И да сакаме, не смееме, опцијата беше да замрзнеме клетки и сперматозоиди пред терапијата и да пробаме по тој пат ако ни се брза, ама ниту имавме време ниту финансии за тоа, така да…што е тука е, битно е он да е добар со терапијата, другото кога треба ќе дојде.

    А јас не се ни омажив доцна. На 25, предходно 11г бевме во врска, буквално од мои 14, ако тоа се смета за врска де, деца, ама сепак.
    Ама на 25 не сакавме деца, сакавме да уживаме, посебно дека само што се преселивме во Лондон и ни беше вистинско уживање животот таму во слобода.
    Не се каам за ништо, ниту што не родив порано. Може малце што не направивме уште едно сега пред терапијата, ама сепак не се чувствував спремно ни психички, ниту физички, а материјално да не зборам, така да, подобро е вака.

    Ама на најсветла страна денес, си играме нешто, наеднаш стана дојде ме гушна и ми вика, мамеее ногу сака Стефан. Е ако не ми пукна срцето:l:

    Денес квалитетно се извалавме во снег, мислев брзо ќе заспие изморен, ама не, пак беше борба за превласт до пред пола саат|(
     
    На Zumbulche, WhiteCat33, FarfallaBlu и 9 други им се допаѓа ова.
  9. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Му ставам термофорче и му помага колку толку. На меше не сум пробала.
    @Lady Miami цело време го гушкам, му зборам. Се надевам за брзо ќе поминат грчевите, се мачи и бебе и ние со него. Фала ви :l::l:
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.546
    Допаѓања:
    42.917
    Пол:
    Женски
    Тоа е чиста глупост да се навикне на држење во раце. А што треба да прави бебе, кое ниту оди ниту лази, да леже и да гледа во таван. На бебињата им е место блиску до родителите, зошто во животинскиот свет мајките постојано ги носат бебињата? Зошто е природно, заштитнички и пожелно.
    Да си го носиш колку треба и колку сакаш.
    Јас моето цело време во раце го шетав и во марама и кенгур, така к спиеше, да приврзан е за мене емотивно, ама многу е храбар и сигурен во себе кога прави нешто, тоа е тој бенефит.

    За грчеви ќе минат, мора да ги поминат, кај сите различно траат, најдобро кожа на кожа, држете го на меше со рацете легнато, како фудбалска топка(види на нет како) и кај нашето чучеви помагаа најмногу додека го држиме.
     
    На WhiteCat33, FarfallaBlu, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  11. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Се ми е јасно, само свекор ми и свекрва ми цело време тој муабет дека сме го навикнале во раце. Инаку си го гушкам и држам цело време кога е нервозно. Да, така го држам стуткано и најубаво му е, сака да се гали. :inlove:
     
    На LiquidLuna, Mother of 2boys, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    17.995
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив на 25, трудна бев на свадба, сеа имам 27. Не ми иде на памет за второ, иако мм знае некогаш да ја отвори темата ама јас сум таа која одлучува така вели. До кај 30 би родила уште едно. Јас сакам 3 деца, ама како ке каже дедо Боже. Сега со ова темпо јас не би издржала мислам 2 деца. ПРЕизморена сум. Плус мм е по цел ден на работа, јас со ова едно некогаш не знам што со себе и него, кој крај да го фатам а не пак со бебе плус. Некои викаат полесно 2 бебиња во пелени, је и израснеш заедно. Други пак велат полесно одкако едното ке е посамостојно. Јас знам дека сакам барем 2-2ипол да има наполнето бебо пред да бидам трудна со второ. Иако со првово не останав одма, после 6-7 месеци некаде сепак и тогаш така да биде таман арно нека е.
    Планот ми е ос пролет здравје да тргне на градинка, па после и јас да барам работа. Дома не се доседува веќе скренавме и јас и он.

    @1209 не знам со спиењево што им се дешава, ама на золва ми малата уште малку ке прави 2 исто како ти што пишуваш, а бе борби се за спиење. Вчера вика претходната вечер до 1 ипол не можев да ја заспијам, и вчера без дремка беше очи и паѓаат, а не заспива. А ја носи да спие се развикува пее игра, а вика не се трпи само кенка цел деен. Јас ке кажам алал нека ви е само како успевате, она е многу тешка за спиење ама најчесто со мајка и изводи, со баба, татко и не.
     
    На LiquidLuna, Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  13. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    Најголема услуга ќе си направиш ако ги ставиш на игнор сите над 50 години. Може една од 20 работи ќе се погоди точна, ама ту би сејф.
    Јас воглавно не слушав совети од стари, ама и тоа што ќе го „послушав“ испаѓаше погрешно. :D

    Еве на пример да ја седнувам на нокшир кога ќе почне да седи сама, значи околу 6 месеци мислам беше. Абе нозете не и стигнуваа до земја и одма почнаа да ја болат ноџињата од што ја стискаше нокширот. Го мафнав и не го извадов уште година ипол, кога уствари почна детето да покажува знаци дека е спремна и за тој чекор.

    Широк повој - патронажните потресени, МОРА мајка да ставаш широк повој, свеки уште попотресена. Јас кога стави ,кога не стави, еднаш на 2 дена ако и ставев, не можам да си го гледам детево како карикатура облечено (во август!) Еден ден ја облекувам во тој широкиот повој, кога фати дете да плаче да не можеме да ја смириме никако. Ја соблеков, се смири, и тогаш беше последниот пак кога ставив. После на 6 месеци кога бевме на контрола кај ортопед, баш го прашав што мисли за широк повој, беше (голем) противник.

    Следи си го детето, ако ти е нешто сумливо на доктор, и терај.
    ...
    Ми порасна ќерка, 2 ипол годишна женска, а јас се фаќам како си фантазирам за мало бебе... уште нерви да имав можда и ќе се нафатев да го направиме.

    Инаку завршивме и ние со дневна дремка -.- цел декември тешко заспиваше за дремка (или воопшто не ми заспиваше), а вечерта до 11 пееше во креветче (или ме викаше на цел глас мама мама ми се мочааа, а со пелена ја легнувам -.- досадно и беше). За нова година му ги оставивме цуцлите на дедо мраз, и веќе не заспа за дремка. Ама сега рај е навечер, во 7-8 ја легнувам, спие 12 сати. Со маж се тегнеме, јас инсистирам во 7 да оди во кревет, тој се влечка до 8. Вчера му ја оставив да се спремат за спиење, абеееее 8 ги премина, преморена веќе, плаче се треска, тој се пренервира зошто секога вечер морало да е борба за миење заби. :headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang::headbang:
    Мислам, го разбирам, и јас се фрустрирам, ама преку таквото значи, се качив спалната да си ја средам (ретка прилика), кога ја слушнав со плачењето нервите ми се споија. Не ни досредив, тоа е. Не можат да се разберат, исти се двајцата магариња во инаетот.

    ...второто ќе е злато како мене (дури растев) :D сега не знам дали сум злато, мислам не.
     
    На snowwhite.24, LiquidLuna, Kikikikiri0405 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Да, тиа е муабет на старите. Пошто кај нив приоритет било се друго па дете да не ти пречи во животот. Демек надој го и остави го да си лежи ти да си тераш работа, да не заостане куќата.
    Си си го родила да си го галиш, твое дете си е.
     
    На WhiteCat33, Mother of 2boys, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.771
    Допаѓања:
    17.969
    Пол:
    Женски
    Па бебе неможеш да го ставиш на земја и да си правите муабет. Нормално во раце ќе го гушкаш, држиш. Лета времето. Нема вечно во раце да ги држиме.
    Мене свеки така ми кажа неколку пати, да не сум ЈА учела. Викам абе сите вие што доаѓате и кејф терате 10-20 минути, ја учите во раце. Е заќуте после ова.
    Ја држи мм, она ме гледа, собира устето и така жално плаче да ја земам. Ја зимам и почнува аууу ваууу гуга.
    Прави како сакаш. Батали тие муабети.
     
    На snowwhite.24, LiquidLuna, Kikikikiri0405 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.371
    Еххх кај мене е лудило , катастрофа
    стана премногу лош, ме измори психички искрено па и малава плаче кај мене хаоссс....
    не ме ни слуша, се смее и свашта..
     
    На WhiteCat33, Carolin. и Tea SK им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.546
    Допаѓања:
    42.917
    Пол:
    Женски
    Абе глупости, тоа од нивно време останало кога на нивните свекрави најбитно им било мажот да е погоден, куќата средена, јадењето направено, а децата нека плачат да не се навикнат.

    Кога сме кај свекрви и мајки, мене свекорот на нерви ми иде што упорно го напнува детето да го бакне кога оно се тегле и трга и плаче. Јас го земам да го носам и го вртам на другата страна овој абе за нога кога ќе го затегли…не знам ни јас колку пати е кажано и пак исто се тера. Следен пат ми иде кога ќе земе така да го влече да земам јас да го влечам него да го штипнам да видам како ќе се осеќа.

    Исто и со плачењето кога нешто не е по негово и свекорот обавезно ќе му рече, што финта ти е тоа кога нешто не е по твое одма плачки. И јас ќе речам епа оти не знае да каже, земам да објаснувам зошто, ама џабе пак исто на секоја плачка он со тој коментар. Еднаш им реков, а вие зошто се дерете кога нешто не е по ваше, штом имате тантруми вие како возрасни, што очекувате од 2г дете, ете нека ве научи финта како смирено да прифаќате работи, штом толку финти знае.
    Финташ, 2г дете.

    Маанете таму не го регистрирајте и готово.
     
    На Zumbulche, WhiteCat33, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.453
    Допаѓања:
    8.556
    Пол:
    Женски
    Аааааааааааааааааааа.......
    Сама ги чувам после Нова година, утре идеме на зимовање и морам уште еднаш аааааааааааа.
    Големава стварно за фалење е, да не ја урочам ама бебево.........спие по пола саат, па кенка 2 саати зашто спие пола саат. Не запира 1 мин кога е буден. 7 месеци има, 6 заби, вади уште два моментално, ја се извињавам ама мамицата ми ја расплака. Ја не знам кога ова дремкиве ќе се продолжат, 30 мин до минута, страшно.
    Моментално цела маса ми е со алишта, куфери, торби, како ќе се спакувам со двајцава ја немам појма. Само ми текнува сум заборавила нешто, ќе земам, ќе фрлам на маса и си стои така....ќе окапам вечер до 1.
    Многу ми е жал за големава, ајде мама да пишуваме, чекај брат ти да го успијам, ајде мама да боиме, чекај брат да го успијам....поарно и е во градинка, никако не можам да и обрнам внимание колку што бара.
    Секоја вечер ми иде да го настегам шишето Џејмисон ама заспивам во 8 ипол со нив.
    Да не бидам толку негативна ај, како сум се изнасанкала вчера ехеееее. Лани трудна бев кога бевме на зимување, не мрднав од стол, вчера сум и ја крадела санката на ќерче, чек бе викам мама да се посанка.
    Иначе и јас релативно млада ги родив едниот на 29, другиот на 32 ама неам нерви. Можда поарно на 20, памет немаш толку не се замараш.
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На Zumbulche, WhiteCat33, flower55555 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Nataliii

    Nataliii Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    515
    Форумски тетки да ве почастиме една виртуелна торта, наполнивме една целаааа годинка. :party::party:

    ef525f7bceff1327ac414409c8fba235.jpg
     
    На Giiirl23, Leanne, La-loca и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден :party:

    На тема роденден враќате ли со одговор на поканите? Доаѓам, не доаѓам и слично.
    Во ситуација сум да поканив куп луѓе на роденден и скоро пола ми немаат вратено дали се во можност да дојдат. Ај во игротека е, за место не е до толку, освен што е потребен број да кажеме на возрасните, за колку маси да се постават.
    Е сега нели храна, големина на торта итн. Организиравме за вкупната поканета бројка ама мене ми личи дека цела недела после ќе јадеме остатоци од роденденот.
    Јас лично секогаш враќам со одговор, доаѓаме или од таа и таа причина не доаѓаме.
     
    На La-loca, Carolin., kozuf и 1 друга личност им се допаѓа ова.