Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Јас кога сум правела покани за блиски секогаш сум напоменувала во поканата да се осигура присуство до х датум . Немаме навика мислам на овие простори за такво нешто. Ама убаво е да се инкорпорира.
     
    На Anaroz1, Carolin., Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    9.634
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш враќам,а и кога поканувам замолувам да ми подврдат за доаѓање.
     
    На Miss_S и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    Едните гости од поканетите и лани до последен момент немаа дадено одговор, па кога се јавив да прашам за присуство уште со повисок тон добив одговор дека си имале тие обврски. Не можам барем од канење да ги скокнам, колку што можат тие да не присуствуваат.

    А стварно не е тешко два збора да се пишат, кажат, пред се ради почит кон тој што организира. Мене може 1000-2000 плус нема да ми сменат, да ги дадам за храна, ама на некој му менуваат и тоа како.
     
    На Dennings и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    21.200
    Пол:
    Женски
    Да бе, јас им напоменав дури да ми стават лајкче за потврда
    Има родители шо пишуваат да им се каже со име кое детенце ќе дојде
    Сосема нормално

    Мене и од тие што ми потврдија, неколку не дојдоа иначе :D
     
    На SummerGirl, Carolin. и Miss_S им се допаѓа ова.
  5. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    8.148
    Пол:
    Женски
    Културно е да се каже- идам, не идам.
    Што е толку тешко за 2 збора?
    Јас и за крштевката прашував, ма да поголем дел сами си пишаа дека ќе идат.
    Истото планирам и за роденден.

    А па и на повисок тон ќе ми се обраќа, толку и ќе биде викнат следен пат.
     
    На SummerGirl, Carolin., Lady Miami и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    5.762
    Jas na pokanite pisuvam da mi dadat odgovor do odreden datum dali ke dojdat.
     
    На Anaroz1, SummerGirl, Lady Miami и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Прво дете ми е, уште немаме роденден славено. Ама сум била на мал милион, секогаш сме оделе или одма сме кажувале ако не можеме да отидеме.
    Некои луѓе немаат осет, мораш да ги напнеш :)
     
    На SummerGirl, Carolin. и Miss_S им се допаѓа ова.
  8. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    184
    Културно е самите да си кажат, ама знам дека секакви има :) Слободно прашај си ако не им текнува. А за храна остатоци да не зборуваме, мене цело време ми е страв немој малку да има храна и не ни земав порција, туку сама од менито избрав се што мене ми се допаѓа да сервираат. Еден куп храна остана, уште ми вика а салатите да ги спакуваме хаха На крај земаа нешто од месото и тортата, за нас дома ништо, не ни сакам да јадам остатоци отпосле :wasntme: Ама секако се претерува веќе со родендените, ете јас не знам што е златна средина. Можеби ќе сум попаметна за вториот роденден :P
     
    На SummerGirl и Miss_S им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.492
    Пол:
    Женски
    Во групата од градинка не враќаме обично на покани со потврда, ама пријатели кога ме канат да. Особено ако од одма знам дека не можам да дојдам, пример болно дете или на работа сум. Дури и кога во последен момент морам да откажам одење, пишувам да известам.
    Ми се дешавало да не ми дојде некој откако на поканата ми одговорил со "важи се гледаме", и баш ми е чудно. Што и да искочило, обично некој е болен, никаков проблем не е, ама зошто да не пишеш еј вака и вака испадна...
     
    На SummerGirl и Miss_S им се допаѓа ова.
  10. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    4.141
    Пол:
    Женски
    На 26 се омажив, родив на 27, до 30 и јас сакам да затворам фабрика со барем уште едно. Здравје боже ако почне да спие ова малце поише, ако не реков може пудлица само да и купиме.
    И јас почнав со покани за роденден , голема бројка гости имаме а 50% само лајк ставија ни потврдија ни ништо. Не знам како да го сфатам тоа. Да ги препрашувам одново сите немам намера.
    Бебе е веќе голема девојка од годинка, научи да покажува 1 со рачето па по цели денови кажува колку години ќе полни. Смешки живи е. Оди по кревети и маси паѓа на газ, плаче кога ќе падне, плаче ако не може да стане, плаче плаче плаче…. Мозокот ми е турлитава.
    Фати ред да заспива во 9, ама последниве три ноќи ми станува во 4 и си играме два саати па ќе си дремне. Ја не знам има ли крај на макиве со спиењево.
     
    На 1209, LiquidLuna, Kikikikiri0405 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    501
    Зашто детето дома е ангелче, а на други место е ѓавол?

    Добиваат на сила или?
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    24.319
    Пол:
    Женски
    Мојата снегулка денес наполни 5 :inlove: милата моја неуменка. Ама баш е неуменка, своеглава, дрска, решителна и борбена. Не е не, да е да, па ти на глава преврти се.. колку и да го сакам нејзиниот карактер за кога ќе порасне, толку и сега ми скока на живци. Не постои човек во нејзина близина ( мислам на фамилија тесно-поширока) што нема излудено :?: ама тоа си е Нина.
    Роденденко мој изрази желба да слави роденден на снег и да учи да скија. Желбата и ја исполнивме, цурица без проблем се качи на скии и два дена нема запирачка со тренинг. Искрено бевме на две дали ќе продолжи оти пак непознати луѓе, грч ладно, прв пат се качува на скии, мама и тата не знае каде се наоѓаат ама ме изненади, ништо не ја интересира освен да научи и мама тата и сестра се преегорди на неа. :inlove:
    Малото е многуу комуникативно и прва-втора смена келнери сите ги поздравува и ја знаат веќе, за неа е престудено ( -10) па плачи ако е надвор и со причина, па болат раце нозе све, за тоа мекнее со мајка на кафиња. Она е едно мило јагне што почнува да учи од учителот и да е малце по малце терсене ааааалиии вакви деца се чуваат и 5, стварно е срцка не дек е мое хаха за разлика од неуменко која тестира живци се повеќе. .
    Нека се здрави и живи само. :l:
     
    На mal.ecka, strelec231992, happygirl и 11 други им се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    21.200
    Пол:
    Женски
    Моево е обратно
    Дома е жив ѓавол, надвор е помал ѓавол. Ама пак е ѓавол

    Среќен роденден на Нина @Bubish26 , цела девојка станала :inlove:
     
    На mal.ecka, Bubish26, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    5.662
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 , среќен роденден на девојката.

    За однесување, пред некој ден, ќерка на гости, право бајче, прв пат влезе во таа куќа. Дури и јас не верував дека е мое детето, под око подгледнував да не смисли нешто.
    Е останато време, та дома, та во куќи каде одиме често, та во градинка, право ѓаволче, со рогови.
     
    На Bubish26, Carolin. и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    21.200
    Пол:
    Женски
    Е арно ме потсети, да
    Преска ја однесов кај комшиите да ја причуваат пошо јбг, нема кој а обврски се дешаваат.
    Детево маченце (facepalm)
     
    На Carolin., sani99, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    Мојата дома слуша повеќе, ама на гости се возбудува дека има толку многу неоткриени шкафчиња и фиоки. На вујна ми гаќите и ги најде :headbang: а не е дека ја оставам слободно да си ровари дури си пијам кафе. Устата пена ми фаќа и немам седнато раат, само станувам да ја пренасочам на нешто друго :whew:
     
    На Carolin., LizzyGrant и Miss_S им се допаѓа ова.
  17. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со мислата дека сте најнемајка на свет?
     
    На Kikikikiri0405 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    21.200
    Пол:
    Женски
    Си ја носиме со нас :D
    Некои денови е полесно, некои денови е потешко :)
     
    На mal.ecka, Lady Miami, Tiny Love и 8 други им се допаѓа ова.
  19. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот :l:
    широк повој и нас ни рекоа во Ремедика иако е се ок со бебе, а ортопед кога прашавме ни рече исто не.
    Хахаха добро и 8 не е многу касно. Ајде ќе пишеш за второто :inlove::rofl:
    Поздрав! :*
    @BellaBibi исто му реков на мм, кафе ќе пиеме ние и празни муабети а бебе нека плаче, страшно. Е да, баш кога е мирно го зимаат и ќе и заспие во раце и посебно свеки ќе искоментира - ете заспа, кога спие нека го. (facepalm) и постојано тој коментар кога е мирно остави го, ќе ти тежи понатака. А јас нормално кога е мирно го оставам, ама да плаче а јас да дремам нема шанси. Поздрав. :l:
     
    Последна измена: 15 јануари 2025
    На BellaBibi, Lady Miami, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.453
    Допаѓања:
    8.556
    Пол:
    Женски
    Да не звучам нескромно ама јас никогаш не се осеќам како немајка.
    Буквално од 5 сабајле до 9 вечер секој аспект од животов ми е посветен на децава, за што да се осеќам немајка? Што бебе се лупнало во паркет или што големата изела 2 животински царства денес?
    Вчера баш со маж ми зборевме, буквално стоиме во кујна и пиеме кафе на нога и вика малово, па големава нешто измислуе се лути, викам ем цел живот на нив им го посветуваме ем пак незадоволни.
    Дур сум посветена на нив и давам се од себе за они да го имаат најдоброто од мене, ако сакаат нека се потепаат двајцата, јас како немајка нема да се осеќам.
    До душа јас немам инстаграм и не се споредувам со инста мамички и сл нереални ликови од социјани мрежи, па можда и затоа немам такви немајка мисли...
     
    На mal.ecka, WhiteCat33, atz1995 и 27 други им се допаѓа ова.