Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Може не си нескромна, ама немаш осет. Ни јас апсолутно не се споредувам со инста фејк животот на на инста мајките- ниту па ги следам да бидам искрена. Ти се дивам што до сега не си имала чувство на: еј абе може не требаше вака, еј абе требаше вака можеби да постапам. Правењето сѐ како што мислиш и велиш, не секогаш е правилно. Да фатам да ти редам јас што све претрпев за син ми, какви жртви направив нема да ти звучам како немајка, ама има денови кога се чувствувам ко немајка. Поздрав и секое добро
     
    На kozuf, lovely91 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.720
    Пол:
    Женски
    Првото го родив на 35 год. Второ сега за сега не планирам ама па до 40ка викам може ќе се предомислам.
    Бебето мислам дека ми ги смири нервите :D златен е, се што можев да посакам. :inlove:

    Веќе е 5 и пол месеци и изгледа сака да јаде :D Уште не сум почнала со вкусови, треба да почнам. Синоќа плачеше по милка :D а и на секое наше јадење се буни, ако пиеме нешто се обидува да ја земе чашата и ја носи накај уста.
    За превртување уште е трупче ама од полулежечка позиција убаво се исправа за седење.
    Уста не затвара, пуштен е на максимум, по цели денови гуга и едвај чека некој да го закачне.:inlove:

    Дали се чувствувам како немајка рано е да кажам :D Имам пишано дека според мене за секое дете неговата мајка е најдобра каква и да е во своите или туѓите очи. Понекогаш сами си наметнуваме чувство на вина и каде што нема потреба.
     
    На mal.ecka, KikiKviki, strelec231992 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    8.546
    Пол:
    Женски
    Тоа ми е муабетот. Ти си направила и правиш се најдобро за син ти. Во неговите очи си совршена. Тој филинг на немајка и сомневање во себе е непотребен и најчесто поттикнат од околина, не мора инста мајки, од секојдневие.
    Треба ние мајките да веруваме повеќе во себе и да се гледаме себе си низ очите на нашите деца, ќе бидеме посреќни, среќни мајки, среќни деца, па макар јаделе чоколадо, се разболеле или неспиеле цела ноќ.
     
    На WhiteCat33, kozuf, Mother of 2boys и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.500
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Често периодов, зошто веќе работам 3месеци и бебево го гледам макс 2 ч во денот низ неделата. Преморена сум капната, гледам штом дојдам одма со него (значи не стигам да јадам ни мочам додека не заспие) после одма брзам каши, чистење, пеглање, да се забањам 2мин се осеќам ко во бубањ ама и лошо дека не добива доволно од мене. Плус на 11.5м го откажав од цицање (само ноќно на 1ч стануваше зошто денски не ме гледаше да цица) па завчера додека облечам маица ги виде и плачеше со солзи 10мин. Па се осеќав немајка дека го откажав рано зошто работам со пари 8ч во денот и не можев да дозволам грешка поради неспиење цела година. Па зошто малце ме гледа почна да се радува на мм повеќе а јас влагам дома после 10ч што ме немало и само блага насмевка и си оди. Па ќе викнам нервозна од сè ќе заплаче и после се каам дека сум лоша и не заслужува така од мене. Па имаше период кога ќе се налутев во тие 2ч и ќе добиев коментар од мм ( де бе де го гледаш 2ч САМО и одма на нервоза па тоа мене цел ден ми го прави) па си набив уште толку вина дека не смеам да згрешам викнам да се налутам и сл.
    Сè додека пред 2 дена не сфатив дека веќе 3 месеци јас работам за да заработам за тоа бебе давам 300% да издржам сè и притоа измеѓу перампегламчистамготвамсите обврскисемои и имам целосно право некогаш и јас да не сум "јехехехехех сè е супер" зошто не сум седнала на газ пред тв или депилирање вежбање нокти фризура не сум ништо од тоа . Нормални чувства се но неосновсни зошто колку што мајка е жртва за своето семејство ќе кажам не дете само, никој друг не е.
    Те гушкам :inlove:
     
    На DoubleK, warrior, Kikikikiri0405 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    625
    :hug::hug::hug:
     
    На Fenix05 и Carolin. им се допаѓа ова.
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски
    Мајка, немајка за луѓето околу. За децата сте најдобра мајка на светот.Крај.
    Секогаш ке има некоја која ке се угледува на вас и некоја која ке коментира дека така не треба и дека она знае најдобро, не бидете од овие вториве тоа е најважно!

    @Bubish26 среќен роденден на девојката :^::party:

    @Fenix05 :hug:
     
    На mal.ecka, Mother of 2boys, Lady Miami и 10 други им се допаѓа ова.
  7. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.190
    Пол:
    Женски
    Мене па ич не ме боли кој шо има да каже, јас од својот памет си патам :D

    Дали и посветувам доволно внимание, дали многу се дерам ко ќе ме напне, дали сум многу строга/попустлива, дали пропуштам нешто што ја интересира и не ја насочувам натаму, дали ова, дали она, дали ај у пичку матер

    Некои денови сум "Абе Лунче ај доста се глупираш, најјака си"
    Некои денови "Абе Лунче, пак ли згреши?"

    Магичен круг :inlove:
     
    На Leanne, WhiteCat33, DELFINA81 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека со тие мисли сите секој ден се бориме. Повеќе се сомневам во себе си одколку во некој друг. И кога станав мајка открив круг на нова недоверба кај луѓево, реткиии се луѓето на кого би им го оставила детево. И да го оставам, паметов пак кај него ми е (facepalm) дали е кај сите вака или јас малку сум си отишла со паметов кој знае..
     
    На WhiteCat33, Mother of 2boys, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    4.140
    Пол:
    Женски
    Срам не срам ќе пишам. Овие два дена имам една грижа( не знам дали е основана) малата почна два три пати во денот чудно да ја врти главата лево десно. И ме загрижува не знам дали е знак на нешто дали е нормална фаза или да паничам? Отворив да читам секскви знаци на аутизам не ја пронаоѓам никаде освен ова чудно вртење на главата. Си дрдори цело време,прави браво, мафта за чао, на некој нејзин начин одржува комуникација, дојди, дај, вика тата вика мама(кога сака),вика тете, вика деде вика ајде ….. малце се стресувам кога ја гледам не знам дали сум непотребно загрижена. Постои вакво чудо како нормлна фаза? За некој ден правиме годинка.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mama31

    mama31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    270
    Normalno e, uzivaj
     
  11. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    625
    И мојата правеше така некој период и прекина, без грижи мајка
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.967
    Пол:
    Женски
    @Evangeliaa22 Ако имаш мало бебе/дете, па и ако ти е прво, сите чувства што ги имаш ти се сосем валидни. Хормони не стабилизирани и особено тоа што се ти е ново, се доживуваш премногу лично, премногу појачано, преинтензивно, самото тоа што е нешто ново со кое се соочуваш, твојата потреба да го дадеш и направиш најдоброто, нормално е да ги вади сите несигурности од тебе. Би било чудно да не е така.

    Многу е битно да си свесна дека не сме совршени. Децата нас ќе не гледаат како совршени родители, меѓутоа тоа не значи дека и навистина сме и дека тоа што не сме не е нешто многу лошо. :) Има еден документарец на Нетфликс, детето до последен ден ја гледаше мајка му како нешто најдобро и нај возвишено, тоа не ја премисли да го изгладнува и на крај убие.
    Ни на крај памет не ми паѓа да се мислам дека сум најдобра и дека во секој момент го правам најдоброто. Со тоа само ги елиминирам шансите и не оставам простор да се подобрувам. Затоа се учи постојано како да бидеме подобри од она што сме. И не е нешто лошо да си свесен дека не си совршен, туку е реално и во многу аспекти ќе ти помогне да растеш и учиш за потребите на детето истовремено со него.

    Со првото дете бев многу несигурна, а сакав да се докажам дека се знам. Сега знам дека совршенство нема и не тежам кон тоа, туку кон константно подобрување и работење на себе додека растам деца и се грижам за нив. Веројатно цел живот понекогаш ќе се запрашувам каде грешам и дали сум постапила правилно, ама сега гледам многу пореално на моите постапки и постапките на другите. На пример не може никако да ми влијаат инста мајките, оти знам дека и тие се борат со истите несигурности. Потребата да преставиш нереална слика не само на инста, па и на форумов е само една форма на бегање од реалноста со која се соочуваш.


    Сакам да ти кажам, од сите притисоци што ги добиваме по раѓањето на детето, оние што самите си ги правиме на себе се најтешките. Не мора, а и не е потребно да целиш кон некоја совршена верзија од себе оти таа не постои. Постојат само оние верзии каде учиме и растеме кон подобри верзии од она што сме сега. Можеби сега детето ќе те гледа како најсовршена, ама подоцна и те како ќе го препознае целиот труд што си го вложувала.
    Можеби тоа ќе ти дојде природно како ќе расте детето, ама ако те тишти и понатака можеби ќе ти помогне ако разговараш со стручно лице. Јас работев долго со психолог, за сосем други работи, ама ми помогна да стекнам самодоверба и како мајка.
     
    На MeowMeow, Kikikikiri0405, Leanne и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Ме расплака, фала ти за поракава. Инаку 10 месеци е, многу се измачивме од неуспешна доенучка приказна и мое молзење кое сѐ уште трае со одење на работа со сѐ, и сега имаме некои предизвици со физикална терапија и ми дојде премногу периодов, се чувствувам толку виновна за сѐ што му се случува
     
    На Kikikikiri0405, Yowannty и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    991
    Пол:
    Женски
    Леле јас и ти исти да не сме??? Исто вчера почна мојот 10 месечен. Од нигде никаде ко да вели не, хорор, се преплашив. Знае така да прави кога заспива, уште откако беше новороденче, ама вака не…
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.190
    Пол:
    Женски
    И јас ги памтам паниките за вртењето на главата, ама тоа си било нормален дел од развојот.

    Женски, посебно тие што сте тазе мајки, јас нели дека демек многу искусната, сакам да ви кажам дека ќе се соочите со многу "ненормални" и чудни работи што уствари се сосема нормални за дечињата :D

    Јас дојдов да се искажам дека после цела мака со (не)спиењето, одлучив да си ги зачувам нервите и за мое добро да и пуштам цртани пред спиење. Прво беше хорор прифатено гасењето на цртани, за после од ден на ден да прифаќа полесно и полесно и да дојдеме до степен да ми рече "Мама ајде да ги изгасиме цртаните, ми се спие". Јас сум пресреќна другарки :D

    Не, ова не е совет. И да, се живо и диво имам испробано, и 3 години заспиваше со плачење. 3 дена не плаче пред спиење!!! 3 денааааа :inlove:
     
    На MeowMeow, Kikikikiri0405, Speechless и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    4.140
    Пол:
    Женски
    Иста сорта,паничарки. Мојава прв пат овие денови затоа ми се пресекоа нозе. Во многу лошо време растеме деца, премногу анализирајќи, секоја втора објава, пост,тикток е за некакви болештии , пореметувања, знаци вакви такви. Ич нејќам да бидам таква мајка ама на се нешто ми се тресе душата. Верувам дека уште милион глупости ќе направи ама како човек да се опушти?
    Уште кога отворив да читам и ми искочи проблеми со спиење како знак на аутизам а јас со подочњаци до колена 365 дена веќе ми идеше глава од зид да треснам.
    Сакам да живеам во камено доба, нејќам да имам интернет , полудечу:sweat:
     
    На Kikikikiri0405, sani99, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.190
    Пол:
    Женски
    Леле стоп!
    Одма, најдобронамерно, ама одма да престанеш со гуглање.
    Зачувај си го менталното здравје за понатаму, те молам.
    Проблем со спиење знак за аутизам? И тебе тоа ти е логично и нормално да го пишува? Аутизам е спектар на знаци и знаци и знаааааци. Мајче, секое второ се понаша ко да го колиш за спиење. Еве погоре пишував, 3 години рика ко да ја млатиме од ќотек, ниеднаш не се осудив да гуглам. Не дека не ми паднало на памет свашта, ама гугл му кажав и на мм да ми го забрани :D
     
    На Kikikikiri0405, WhiteCat33, le.soleil и 7 други им се допаѓа ова.
  18. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    Јас гуглав адхд кај деца зошто не може да газот да седне :whew:
     
    На le.soleil, marama, Dennings и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    21.190
    Пол:
    Женски
    У секоја манџа ќе се замешам
    Еден период се опседнав дека има адхд. Претходната матична ни беше царица, ме погледна само и ми рече "Ама ти многу очекуваш од детево, олабави малку"
    И така беше, и така е :D
     
    На Kikikikiri0405, Autumn Love, le.soleil и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    4.140
    Пол:
    Женски
    Жени у пракса се знам, за се сте у право ама мојот мозок скроз забегува на моменти. Ич нејќам да сум ваква .
    Мислам дека колку поуморна толку по анксиозна сум и со црни мисли.
     
    На Kikikikiri0405, gjoker4e, marama и 2 други им се допаѓа ова.