Јас не стигнав дотаму да ја прашувам докторката, ама го споделив со другарка и ми се изнасмеа некако ме врати во реалноста. Абе види, нормално е. Затоа и споделуваме, да видиме дека не сме сами. За црни мисли докторат можам да напишам.
Генерално не сум паничар и баш сум сталожена, мм е по паничар од мене. Ова ме исплаши бидејќи последниве денови смениме физиотерапевт, имаме некои предизвици и си мислев да не е не дај боже патолошко. Многу ви фала што ми пишавте, навистина ме смиривте
Скоро 1годинка. 22.01.2023 го родив исплашена и испаничена за мојот и неговиот живот. Како мајка на 22години се осеќав како немајка во секој ќош. Од негде 25/6.01.23 почнавме со доење до ден денес. Ама everything comes to an end, and the trip finally stopped Душава ми плаче пошто знам дека баба ми да беше жива немаше да дозволи и ќе ме бодреше и подучуваше како уште кога почна да намалува со цицање. Ама ете се надевам дека е горда на мене и на волку. На 18г викав никогаш нема да дојам да си ги уништам градите. Една година мења многу. Уште 5 да ги имам сите 5 ќе ги дојам макар виселе градиве до коленици секако ако имам можност. Немам против ад туку фактот дека жената дава живот и храна е mind blowing. И така од синојка си тажам а он мака нема и ми се чуди што го гушкам и галам толку хахаха И сега само мака имам што не пие ниедно млеко и нз што да правам малку пие чоколадно ама неколку голтки дали 20мл. Знам дека им е потребно млеко ама нз како да го научам да пие. Ве гушкам многу. Утешете ме дека не е страшно што се одбил нели
Искуство со доење за жал немам. Не ни успеа и е единствена работа, за која ми е тешко, ама нека е жива и здрава само. Една годинка. Претпоставувам си јаде се и внесува млечни производи. Штом несака , остај го, не го форсирај. Нуди јогурт, навечер млечна храна нека внесува. На другарка малата го прифати со Томи типи шишето млекото. Пробај со ад да даваш. Земи некоја мала кутија , земи од ДМ на Бејбилов што е. Ова како совет да пробаш. Ако несака, гледај дневно да внесува млечни производи и ќе си бидеш раат.
Како се одби сам, ти го нудиш а тој одбива? Може му е период не се секирај, ќе побара пак. Или ако сте завршиле со доењето одамна нека ти биде утеха дека лесно сте поминале.
Ох кога ќе дојде тоа време. Јас вчера си ја ударав главата во ѕид, ама буквално си ја удрив оти веќе не можев да изржам. Мм како будала во 11 го шеташе на улица замотан со ќебе, дојде мислев заспиен само што го оставивме он скокна од спална и тргна да игра пак. Не знам што дете ќе беше, не знам луѓе. Спиење му е најголема казна. Значи од мал е таков ама стварно последните месеци го достигна врвот. И он синоќа заспа со цртан оти веќе немв ни сила ни воља нешто друго да правам. Значи станат во 8:30 сабајле, дремка без проблем во 12:45-14:30. Вечерта прошетан, вечеран, искапен, спремен за спиење во 8, се тегаваше не сакаше да спие и некако заспа во 9:30, таман мислив убаво е заспиен он скокање за 40м и директ на игра. Не знам веќе ни чаре ни ништо, буквално што знаев и не знаев пробав. Денес спие уште и ќе го оставам да се отспие и денски ќе скокнам дремка денес оти уште тоа нее пробано. Се осеќам и екстра виновна зошто точку немам живци за на крај на ден и осеќам дека многу почнавме да му свикуваме. Ама нема ефект ни тоа не не перципира. Сепак се осеќам ептен лошо. Ужас. Среќна ноќра ја преспива, инаку со будење ако е, ќе ме откараат во бардовци.
Ич не го терај да пие млеко. Нека пие јогурт, нека јаде сирење, млечни производи, млекото воопшто нема да му треба. Чим не сака, најдобро да не го учиш ни со чоколадно. На децата им треба калциум, а не млеко конкретно. Ако јаде се друго, никаква мака нема да има и да не пие млеко.
Одамна вака веќе месец има сиг само навечер што влече двапати и си става цуцла Сам одбива. Сум го нудела ме гризалм само поспан барал ама како да се залаже само
Не му ни треба. Штом пие јогурт, сирење, пвлака, кашкавал, уживај. Моето околу годинка пред роденденот одбиваше да цица јас му туткав со сила, од оваа гледна точка згрешив. Викав мал е, лето е не треба во жешко, ама бидна веќе, верувај штом сам се одбива подобро. После како растат се потешко е. И потешко ни е нас, одколку нив.
Ми фали сон очајно телово више не издржува скоро 7 месеци со 3-4 часа макс... веќе не можам да спијам лежам преуморна очите ме болат а сонот не доаѓа...добив несоница од хроничново неспиење.... малиов цела вечер се буди бара да пие млеко а јас цела вечер до 7 сабајле око не скопувам..
Градинка само. Ќерка ми исто ноќе беше тешка за заспивање и заспиваше подоцна. Со тренинг и будење секој ден 5 мин порано на утро, стасавме до 10. Значи навечер во 10 да заспива. Дневни дремки нема од 2 години. Ама како почна во градинка си стави ред сама си легнува во 8 ипол и почна ноќ да преспива. Во градинка многу се троши и и треба сон. 5 има. Кога не оди во градинка, еве за зимскиов распуст, без разлика што дома не застанува и без разлика што секој ден е извадена надвор да потроши енергија, се буди сред ноќ наспана. Кога оди во градинка, спие ко заклана до сабајле. Помалото спие до неа, ќе се разбуди, ќе плаче, во иста соба спијат нема ни да го чуе. Некои деца имаат многу поише енергија. Нема шанса да потроши толку енергија дома. Иначе стварно не знам како да си го објаснам овој феномен со градинката, ама дефинитивно многу позитивно и влијае. Еве син ми преспива ноќ, и да се разбуди, ќе го земам до мене и одма заспива. 2 има, никогаш не седел буден ноќе и сабајле сака да си поспие иако двајцата легнуваат од 8ипол. Знам дека ти е исцрпувачко, ама нешто и кај него ќе упали кога тогаш. Дур го најдеш методот, стискај заби.
@1209 И јас сакав истово да ти го кажам со градинкава некое време, ама не знаев како ќе ме сфатиш. Таа стимулација што ја добива во градинка дома нема шанси да му ја пружиш, колку и да мислиш ти дека му е исполнет денот со активности не е тоа тоа. Си има и деца неспијачи, ама уморот после некое време ќе го натера да спие подобро. Плус влегуваш во рутина, нема еден ден спиење до 8 следен до 9. 8 и пол станување со 8 легнување навечер, а измеѓу една дремка од саат и пол според мене нормално дека ќе резултира со бунт, не му се спие во времето кога вие сте замислиле. Ние стануваме во 6, 6 и 30, во градинка спие еден час и навечер легнува меѓу 19:30-20. Периодов се буди навечер ама тоа го препишувам на развоен скок, иначе заспива прилично брзо и во нормални околности ја преспива цела вечер.
@Lavender13 @Yowannty нема да ве сфатам погрешно, јас тоа го знам. Ама не смеам да го пуштам во градинка зошто мм е со терапија која му ги убива лимфоцитите, за 3м се очекува да му бидат на 0. Има МС и почна да прима терапија која му го спушта имунитетот скроз. Генерално периодов ќе бидеме во изолација од собиранки, работа, излегувања во гужви, а особено од градинка зошто штом ќе тргне болести еден куп, не смееме да ризикуваме. А нема каде да одиме јас и детето за мм да биде сам дома. А од друга страна и градинките во нашиот град се заникаде, хигиената е никаква во повеќето. Малиот е со болест на бубрези, јас дома пелена менувам на 2 саата, после секое какање го мијам, а он уште кака 3-4пато на ден. Таму никој нема да го мие, влажни ќе користат и инфекции очекувам да фати одма, нема шанси да го испазам од инфекција на бубрези со хигиената тука. Затоа решивме дека прво ќе се научи на туте и да кажува дека му се оди во вц, па после. Јас го знам бенефитот од градинките, и сакам детето да е со деца, ама моментално не ми е опција. Се трудиме стварно да трошо многу енергија, собата во игротека е претворена со перници и душеци да се фрла, летото кога беше надвор цел ден, заспиваше ок 8:30-9 стандард, ама сега нема толку надвор и дефинитивно не троши многу… Ама не е момент дека не му се спие, очи му капат ама не сака да спие.
Ова е момент на престимулираност. Како и ние кога сме преморени, а не можеме да заспиеме. Пробај легнувај го порано. Вечерта нека е припрема за спиење. Направи атмосфера, ако не си пробала до сега. Спуштени ролетни, намалена светлина, стишани звуци, без тв навечер тоа дополнително стимулира, пижами и гушкање. Ќе го смири и опушти. Пробај да си легнува порано од она време кога обично пробуваш. И држи се до таа рутина некој период. Иначе кога станува збор за здравје, нормално тоа е најбитно. Кај и да е, ќе откаже пелени и ќе ви го олесни процесот во еден дел. Во меѓувреме се додека градинка не ти е опција, барај начини за да си олесниш и на себе и нему. Да почне да заспива порано, па ќе имаш и повеќе време за себе. Помести му ја и дневната дремка порано. Универзална формула нема, ама нешто ќе даде резултат.
Ела да те гушнам. Само јас 5ипол месеци. Уште таман ме фаќа сон, маж ми хрчи ко дрва да сече.... Моето се буди, цица и си заспива, јас не...
Ова со хрчењево универзално им е на сите мажи изгледа а колку ме нервира само што главата ќе му ја допре перницата ко моторна пила до мене да имам...а ја врти се не можам да презаспијам