Јас сум човек што заспива инстант, ама покрај ваков маж што хрчи и јас неможам да заспијам. Испрати го у дневна ти спиј со бебе на спална. Изи пизи.
Јас многу често заборавам да одговорам на покана. Добива покана и ко супер, оди, и не ми ни текнува да одговорам. Некогаш да, некогаш ако случајно се разболи знам да јавам дека не оди.На нејзин роденден обично се сите поканети, па не ни очекувам потврда зашто најчесто не е со ограничен број на деца. АКо е само со неколку одбрани тогаш и да не одговори некој ќе прашам за секој случај. И најчесто заборавиле, мој тип на луѓе. За хрчењето, се променија работите, јас поприлично почнав да хрчам за жал, треба да видам зошто, си имам некој проблем. Засега маж ми ме шутка само да се свртам. Исто и јас него кога он ќе се заборави. Вашиве проблеми со неспиење ме поттикнаа да си читам стари мислења, кога јас се жалев колку не спие. Oh boy, не, нема да пишам дека ми фали тоаа време, фала богу помина. Читам што све не сум пробувала да спие преку ноќ, или да не спие на мене, и ништо не упали. Порасна само, тоа упали, почна одеднаш да си спие, иако и сега станува, оди мочка, пие вода, ама барем не морам да ја нишам еден саат за презаспивање. Ќе помине и вашето. Гледајте да останете читави само до тогаш.
Јас не сум опседната ама сум убедена дека мм има и не би ме изненадило тој што ти го спремам за зет да има. Мм бил многу проблематично дете, кога ми раскажуваат што правел само си викам кој доктор да го фатам со време да не искочи и малиов таков. Ама премногу се мали за било што посериозно да се сомневам сега, се надевам дека барем некој мој ген се замешал таму, ако не ќе ги тужам ебриолозите у систина за bias @Dennings @Evangeliaa22 Ретко која мајка во поново време во даден момент не се загрижила барем во еден момент за развојот на своето дете. Бомбардирани сме од такви вести, видеа и на целиот умор и ппд често се случува да ни одлета паметот натаму. Имам често пишувано на темата, и јас бев како вас. Ноќи и ноќи не сум спиела од грижи, се убедив и себе си а богами и луѓето околу мене дека едниот од близнаците има аутизам. Од денешна перспектива толку ми е криво што со месеци му го анализирав секое движење се опседнував со знаци и не уживав што го гледам како расте. Сега сум попаметна и поедуцирана и ќе ви кажам дека кога ги гледам видеата со први знаци за аутизам што ги постираат дури смешно ми е. Све до едно правеле, и вртеле со глави, и вртеле тркалца, едниот не се вртеше на име до свои 12 13 месеци (не дека и сега многу ме регистрира) и мафтале со рачиња, и гледале косо, се вртеле во круг, се нишале и што све више го набројуваат како знак све до едно правеле/прават. Немаат аутизам и тоа го знам од 12 месеци нивни. Зашто научив дека знаците за аутизам не се тие. Тоа се работи што секое дете ги прави. Аутизам е состојба каде што постои дефицит на вештини за социјална комуникација што е прв и главен критериум за поставување на дијагноза. А не репетивни движења или вртење тркалца или не знам што. Така да кога ќе ви искочи такво видео, одма на мени и кликнете да не ви искачат слични. Зашто што повеќе гледате, гуглате повеќе го тренирате алгоритамот да ви искачаат такви содржини. Наместо тоа, гушкајте си ги дечињата, овие ви се златни месеци. Уште малце имате да поуживате, после маста ќе ви ја вадат.
На Гугл нема дијагнози колку што јас имам смислено од кога е родена ќерка. Махер сум за тоа. Само си наоѓам рачки нешто да анализирам, дали е Ок, дали не е Ок.
И јас имам налетано на такво видео и се насмеав, зошто секое здраво право дете го прави тоа. Не знам ама овие пропаганди со аутизмот ги поминува сите можни граници. Само сомнежи во родителите да ствараат. Инаку дојдов за друго да чкртнам оти одамна не сум. Од денес решив нов лист да свртам и да се посветам малку и на себе. Почнав да излегувам сама да пешачам и да си избистрам мислите. Почнав да се чувствувам како да сум само родител ала роб на потребите на моето дете, и пак на крај не е погодено и има тантруми за секакви глупости. А најмногу што ме боли е тоа што мислам дека мм не ме разбира, иако кога му кажав дека излегов ми рече ако убаво и треба. И од февруари оваа мама се враќа во теретана. Да помине славата на крај од месец што ја имаме, а дотогаш пешачење да си враќам силата полека. Ќе биде тешко, баш сум мрзелива станата за вежбање ама одлуката падна и готово, чао на мрзата да и кажам А сега добра ноќ мамасити
Како? Мислам јасно е дека кога тогаш ќе порасне неспиело или нејадено, ама за читава на овој хроничен умор, тешко. Сите ли ги фрлаат првите години од животот на децата во вода за себе? Нормално ли е тоа? Животот ми е сведен на survival mode.
Не си сама мајка, синко последниот месец ми се буди 2 пати ноќе седи по 1,1-30 саат буден па сабајле во 7 станува. Денски се на се ако спие 2 саати,сама сум никаква помош немам освен од сопругот кој работи ноќна смена тешка физичка работа па ми е жал искрено и некогаш да му речам седи буден да спијам јас. Подочњаци од км се познаваат, главоболка секој ден, нервозна за се. Се надевам дека е период ама може едноставно такви ни се децата. Ќе спиеме негде после 2 год. Фала богу што не сум на работа ама и тогаш би дала отказ, не е 1 ден или 5 па ќе издржам ова веќе трае мн долго.
Еве да ви кажам добро утро. Оваа мама се разбуди во 1.30 го надои бебето. Мажот легна во дневна синоќа и јас се ширев на спалната и дежурав. Во 5ипоч бебе стана, го надоив по 3ти пат и тогаш сум заспала. Се разбуди малиот во 7. Го ставив до мене и до 8ипол... нејќам да му продолжувам сон и да му менувам ритам. Ама душава ми спие... Дали знаете може ли мелатонин да се зема дури се дои? Морам нешто да превземам.
Првата година ми беше најтешка. После чекор по чекор доаѓа полесно. Ќе се вратиш на себе, само трпение, ќе си дојде спонтано.
Добро ви утро, ден, вечер... Ние да се пријавиме во тимот на целовечерно будење, на саат ипол - два часа цела вечер. Дојде мм од трета смена па ја занимаваше, јас чистев вц цел саат. Од горе до доле цело со вода. Другшие чистење не признавам. Сега беба тера дремка на цицка. Да подремам малце и јас...
Тогаш така ти се чини. И дека никогаш нема да помине. Она што мене ми помогна е кога маж ми ја чуваше ја спиев, или он стануваше јас да поспијам. Имам пишувано негде во темава дека имавме код кој беше не можам не можам. Да, два пати. Едноставно кога еден ќе беше при крајот и немаше од кај да црпне ни ронче енергија, другиот ги преземаше работите. Среќа, па едниот секогаш имаше ронче, ако другиот беше истрошен. И тоа што спиеше на мене, колку и вака тешко да звучи, се навикнав дека е тоа така, и си спремав и вода, лаптоп, серија и одмарав тие два саати. И така некако се изгура, на толку неспиење еве останав некако читава. Инаку, тоа јас го правев, не дека не оставаат бебиња на баби и дедовци и за шетање и искачање, така што не знам колку е нормално или не ова, или она другото, направи како што мислиш дека за вашето семејство е најдобро и со што можеш да се помириш.
Па таман, после ќе бидеме модерни баби и "НеКа Се СнаоЃааТ СаМИ ДецАтА оТи на НаС коЈ нИ поМагал" нели Иди справи се со производ од нив двајца аууу А за тоа што не се врти на име едниот господин ме потсети, на госпоѓицава еднаш и дрнкам дрнкам дрнкам, и после некое време сфаќам дека она не ме ни рецка воопшто. И таква наелектризирана и викам "Добро, ти мене ме слушаш ли?" и другаркава фино лепо ми рече "Да, не се дери, имам уши, еве ги" И таму завршив со поставување на дијагнози. Ништо не и е
И ние имавме потешкотии за заспивање, пишував. Ги решив со слабо светло, му давам книги да читаме божем и двајцата, врти он превртува, па бацки, гушки и спиеме и спие, не мрда. Фактички му направив рутина за спиење, пиџами, миење, заби, вода и книга, нема мрдање и секоја вечер во 9 го правиме ова и до макс 9ипол е заспан. А е дете со многу долга дневна дремка, и во градинка го научија, прв заспива последен се буди.
Не е ни до рутината, иаме и ние рутина, слично ваква, освен што не го капам секоја вечер освен летно вереме, ама рутина има. Кај него е најголем проблем што он и да заспие времето кога треба да спие, за 40-45мин се буди и почетокот на спиење го сфаќа како дремка. Едноставно мислам дека детето не е спијач или му е доста 11-12ч сон. за да легне во 8:30 пример, треба да го будам до 7 најкасно и денски да спие само 40тина мин. Мајка ми вика џабе се нервираш и ти беше скроз иста, а ете и во градинка сум одела и не помагало тоа. И ден денес не сум спијач, искрено со 7 часа сум топ одморена и можам цел ден да терам без мака. После годината станува полесно и дефинитивно нема да си во сурвајвл мод цело време, издржи, ветувам станува полесно.
Пробав и така, ама уште е мал, не издржува. Мислам ќе издржи ама станува хорор до времето за спиење. И спие многу лошо, со будење и плачки, ноќни терори, едноставно го преморува. Нема веза јас вака само да си се искажев, не дека барам нешто посебно совет, осеќам дека напнувам во темиве за ова неспиењево Инаку ако има некоја мајка што има време за серија, и што го обожава Декстер, да ве обавестам дека има нова сезона и е quite a treat. Јас сега дознав она одамна излегла, ама нели мајки Нејсе, мм излезе со детето, надвор сонце да ги фати, јас си готвам и си гледам омилената серија. Колку ми требаше вакво нешто
И на моето скоро 18мес му се доволни 12ч сон. Нааајчесто преку ноќ спие 10 часа и преку ден 2. Многу ретко да спие 11+2.
Мислам дека прерано е на неполни 2 да одбаците дневна дремка. Мене големото до 6 ипол ми спиеше на пладне, планирам и малово исто. Дали ми се децата такви или до мене е не знам, ама деца на пладне според мене најмалку до 3г ако не и 5 треба да спијат, здраво е и потребно. Дете расте во сон. Инаку моето спие навечер 10 саати и најмалку 2 на пладне. Не знам колку треба да спие, вака му е ок. Би сакала повеќе да спие навечер ама тешко оди, не сака да заспие навечер порано зошто сме дома сите на купче тој период и него му е убаво со сите на купче и тогаш најмногу се разигрува.
Мојата на две ипол престанала да спие, баш барав да видам, зошто мислев порано било. Иначе, не е потребно воопшто да има дневна дремка ако си спие ноќе, моево престана да спие дење и заспиваше од осум до осум сабајле. Тоа е доволно сон. А дете на сила не можеш да заспиеш, па ти мислела и до десет години дека треба да спие. И подобро дење да не преспива отколку да преспие, па да легне ноќта во 11. Еве уште така спие, сега само знае 10 или 11 саати да и се фатат, ама до девет е во кревет и сабајле или во седум или осум станува. Добар ден, јас пијам кафе, они чистат. Го слушам маж ми како и вика колку ѓубре насобрала под бирото, ништо се уште не смее да се фрли зашто ќе притреба. И сега преговараат што да се фрли, што да се остави. Јас денес кујна планирам да исчистам, филмче ќе гледаме, излегол некој 10 lives, па ќе играме карти, домашно, некоја другарка може ќе помине и така. Нејзина де, моја тешко. Навечер, јас ѝ читав пред спиење, сега почна сама да чита. Можеше и порано, ама многу си го сакав ритуалот и ми е страшно жал што му дојде крајот. Сега она си чита, јас си читам и спиење... Ја гледам синоќа, чита, си се смешка, мене солзи на очи ми дојдоа. Девојче толкаво порасна.