Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Kikikikiri0405

    Kikikikiri0405 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2016
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Kako jas da go pisuvav ova samo sto odam i vtora smena i sabota cela den ko su prva smena, i mene i tatko i ne ne recka:D
    Ko su na rabota baba i ja gleda i ponea se tegne se smee ja ko si idam isto ko sto kaza samo ke se nasmee i tolku, pred nekoj den ja zemav od gradinka prosetavme si dojdov doma i baba i da ja vide i ko sakav od kaj nea da na zemam za da odime da jade se tegne piste neke kaj mene gotova bev da si se isplacam kvaliteetno i svekrvata me primeti ama ajde ko nisto da ne e, se osetiv ko da ne me saka bebevo, baska na rabota bese haos i mi dojde mnogu. Se tesam deka em sto mine so nea poveke vreme em se i dozvoluva a kaj mene nema taka



    Daaa ,najnormalno, nie na 2 rinapravivme godina od kaj 11 meseci prave taka, nekogas znae i cela nedela dve da ne prave i posle pak, plus navika i ostana i redev nekoj period vo krug na podlogata igracki i posto ne laze da si go vlece dupeto od edna na dr strana na podlogata i sega znae taka da se svrti vo krug za nekoga igracka da ja fate ili da se zavrte nakaj mene ako sedam pozadi nejze. Pred nekoj den toa me ispalsi zosto se vrte taka i otposle mi tekna, ama prvenstveno mi ispagaa videa za autazam i sl i zatoa mi nadojde misla dali taka treba isto i so glavata ko pocna da pravi taka odma citav i sfativ deka e normalno.(facepalm)
     
    На Fenix05 и Dennings им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Епа синоќа заспа во 8:30, толку немирно спиеше што мислам воопшто не се наспа, стана во 5, па презаспа до 9:30.
    Јас мислам дека е мал за да му скратам дневна дремка, ама ако почне да спие 12саата ноќта мислам дека нема да има потреба од денска оти толку му е доволно.

    Јас денес по гости, кај баба ми и дедо ми со мајка ми и раат сум, сите го играат јас се присетувам на деновите кога јас бев дете тука, колку само убаво ни беше.
    Кога летна толку време не знам. Како вчера да гледавме Црвенкапа на видео и чекавме баба палачинки да ни направи во малата кујничка.
    Многу убаво детство имавме тука кај баба и дедо и ептен ме радува што начекаа паравнуче од мене и што си игра тука макар кратко.

    Леле ноќеса каков сон имав, змии без глави ми излегуваа од телото, јас ги тргам една ќе фрлам нова ќе излезе, и ги осеќав како ми мрдаат под облека и кожа, стварно многу језив сон, не знам што значи ама ме замисли ептен.
    Знае некој што значи?
     
    На Lady Miami, mal.ecka, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  3. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    73.077
    Пол:
    Женски
    Мојата на 2 години престана да има дневна дремка. Легнуваше во 7 ипол и стануваше околу 6-7. Едноставно на некои деца не им треба многу сон иако си спиеше 12 часа вечерно време. Сега е 4 години и се уште си легнува 7 ипол и ја будиме за во градинка во 6 часот. За враќање од градинка во кола знае да дремен 15 мин колку што ни е патот и она е фул со енергија.
     
    На Carolin. и 1209 им се допаѓа ова.
  4. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    698
    Пол:
    Женски
    Пошто посетувавме невролог и баш ја прашав дека моево има дремки по 30-40 минути, ми рече: додека детето убаво спие навечер не е битно колку ќе траат дремките и колку се чести преку ден.
    Моево спие скоро 12 саати со едно будење за млеко.
     
    На sani99, Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Мајки јас за повеќе работи немам чувство на дека сум немајка, ама поради низа околности последниве две години не сме во можност многу да го шетаме детето, не бевме ниту на одмор и јас чувство за немајка имам кога гледам децата на негова возраст колку се рашетани, што се имаат доживеано уште од мали, а моево цели две години повеќе од една планина и еден парк со 3 лулашки нема видено…многу лошо се осеќам дека не успевам да му го овозможам ова за сега.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Ај застани.
    Ти се молам дете до две години, ќе памти што ,,доживеало” од одмори и шетања. Абе како па да не.
    Тоа завчера што јадело не памти, па ќе памти доживувања на плажа од Грција.
    Знае бебе или дете од година, што е одмор.
    Ај не си ставај такви мисли.
    Ти памтиш како бебе на одмор како си помина? Не.
    Има деца што ни во наредни 15 години нема да отидат на одмор, па не е страшно.
    Еве јас конкретно, незнам дали и колку ќе имам можност во иднина да ја однесам некаде, ама знам дека ќе и овозможам тон љубов, грижа, гушкање. А тоа ќе ме направи мајка број 1.
    Тоа е мајка!
     
    На Lady Miami, Ceneva, M.B. и 13 други им се допаѓа ова.
  7. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Се трудам да и овозможам повеќе од моите мене. Ние сме деца на транзиција.
    Ама не ги сакам помалку моите, за и тоа колку можеле.
     
    На LiquidLuna, Carolin., Fenix05 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Може нема да памти, мислам секако нема, ама би сакала да е среќен во моментот, да го гледам така среќен како доживеува нешто различно, нешто несекојдневно.
    Знам дека не треба да се осеќам лошо за ова ама ете посилно е од мене.
    Дел затоа што е роден во град и земја каде што може секој ден да има различна активност, а јас свесно го вратив тука во ова мало забутано гратче каде што нема ништо.
    Може мојата грижа на совест збори… иако знам дека мораше да биде вака и дека е за привремено, пак се чувствувам виновно дека нешто му кратам.

    Инаку и јас до 15г не бев на одмор, всушност со моите никогаш не сум била, еднаш само имаме патувано како фамилија и тоа до Белград, толку. И жалам многу за тоа.
    И сакам да му овозможам повеќе, се надевам ќе успеам во иднина.
     
    На mal.ecka, H.VAGA и kozuf им се допаѓа ова.
  9. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Последниве 2 недели бебе се буди навечер некогаш и по неколку пати или еднаш ама саат два се успиваме после тоа, и бев хронично ненаспана. 11 месеци има, и вчера ноќта стана накај 1:45 и до кај 3 ипол не можев да го презаспијам. Ми спие во раце и штом го легнам се буди и плаче, и млеко дадов па после некое време тек презаспа. Изгубив трпение, неколку пати вака кога имал периоди на будење навечер и неспиење се осеќам ко да се фрустрирам премногу од што сум и јас уморна и почнувам да му зборам - ајде ќе спиеш ли кажи ми, зашто не спиеш сега, те молам спиј зашто се будиш кога ќе те легнам во креветче, и ред други глупости од нервоза. Некогаш кога станува неколку пати по ред се во размак од 15-20 минути и само што ќе го легнам и јас ќе легнам, се буди пак, и пак одпоново и се осеќам ужасно. На бебе од 11 месеци така што му зборам што се нервирам и ми ја осеќа и он нервозата додека го заспивам и нишкам..
    Дали и вие на моменти осеќате фрустрација? Си мислам дека сум најголемата немајка вака и со плачки сум скоро секое сабајле кога ќе ми текне дека сум се нервирала до толку
     
    На Besbes24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Охоо не да сум се осеќала.
    Чаре е само маж ти да превземе малце додека да се смириш, а јас сум приметила дека штом јас се смирам и он одма ќе презаспие. Во такви ноќи знам да дадам бруфен за болка, најверојатно заби се во прашање, ќе се смири и ќе поспиете.
     
    На mal.ecka, Carolin., Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    Абе седи аман, ги гледаш на форум и социјални мрежи тие што отишле, а тие што не биле не ги гледаш. И ние не сме биле на одмор, се тука сме во градов, и ич не се замарам. Бевме два пати летово во село, ама баш сеедно и беше каде е. А јас се скичмив дури се спремивме, дури стигнеме, па таму цело време по неа ја пазам да не скрши глава, да не падне во поток, да не излезе змија од камењата (баба ми таму си наоѓа змии одвреме навреме) ... Наместо да смениме да одмориме, и тоа малку енергија што имам ја трошам на плус обврски околу целата организација. Да порасне да почне да разбира ќе се накренам, кога и мене ќе ми е полесно да спремам се и да можам и да се опуштам таму, а толку пари и замарање за нешто што ќе и е сеедно, не.

    Есенва во Скопје бевме на еден викенд, душа ми излезе. Спремање, возење, на спиеше ноќта до 4 сатот, а преморена. Цело време бараше да си одиме дома, полоша вечер сме немале откако е родена. Тогаш и викам злато до 2026 ќе си седиме Охрид, а после ќе видиме :D
     
    На Carolin., Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Имате тон време пред вас.
    Сама кажа привремено. Доволно да порасне и да е свесен се што ќе види и да му остане врежано во глава, тоа што мама и тато го шетале.
    Јас одмор само Струга знам. Камп.
    Толку биле можностите. И не секој година.
    Памтам одење во село, на гости по пријатели во други градови.
    Нормално сакаме да овозможиме се најдобро за децата, ама она горе што го пишав е милион пати побитно.
    Времето е пред вас. Ќе го шетате светот :l:
     
    На kozuf, Carolin., see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    @1209 не знам зошто мислиш дека којзнае каде треба да однесеш бебе за да биде среќен и да доживее нешто ново. Моево и во Зур многу убаво си поминува :D
    На одмор сакам да одам јас да си поминам убаво, јас да бидам порасположена, па да можам да бидам најдобра мајка што можам. А бебе и дома е среќен ако му дадам далинско да си игра.
     
    На mal.ecka, Ceneva, LiquidLuna и 9 други им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Абе нему му е доживљај и вовчето во парк, ама веќе го приметувам дека не сака да оди на местата на кои сакал, како здосадени му се, дури ни во парк не сака да оди, а пред тоа сакаше.
    Некако како се да му е здосадено, а и не возиме па сме ограничени и до превоз за некоја прошетка да речам.
    Сум го носела и на излети, планина, прошетки во природа, игротеки, редовно иаме плејдејтс со другарки, ама сите познајници имаат женски деца и го гледам дека се радува во парк на машки и сака да игра со нив, а немам машко другарче за него…
    Не знам како да му кратам работи се осеќам. На тие 3-4 места што вртиме цело време и тоа е.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Женски
    Јас сум ептен тазе мајка за давање совети, ама ај погледни вака... Нели децата треба да осетат досада, треба да знаат да се снајдат во досада, да си најдат занимација. -За развивање на креативноста, за друг поглед. Јас не би се замарала ко ти.
    А и самото ова ќе те разбие креативно, знам дека си креативец. Смисли нешто... На крај краишта облечи шарени пантолони ќе му биде преинтересно...
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Па не баш:D Да он знае да се заигра и да биде креативен, ама не е дете што сака да седи во место. Едноставно има премногу енергија која не може да ја потроши со сликање, играње со боички или колички, му треба поинаква стимулација, да шета, да скока, да игра, а вистина ништо нема за вакви активности во градот, жими една игротека и еден парк со 3 лулашки.;(
    Стварно немам веќе идеја како да ја троши таа енергија.
    Пример вчера му правев “креативна” играчка демек домашна кал, играше 10мин со неа и потоа се тоа заврши на земја, на теписон, и си отворив 2 саата работа, се беше мрсно и кафеаво. Он не играше сл количките што е намена туки истури и се валаше како прасе во тоа.

    Пример во Лондон во местото каде што живеевме на 15мин имаше се од ова, базен, игротеки, парк со јажиња, песок, земја, воден парк, уште 3 шумски паркови, музеј кој има дел за деца…и се осеќам дека се тоа му го скратив и имам грижа на совест.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.233
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Да сте биле таму ќе си имала чувство дека му ги кратиш бабите, дедовците, чичо, вујко, вујна... А тоа оди обострано, ќе имаш чувство дека и ним им кратиш задоволства, не само на син ти.
    Сакам да кажам, мајка и чувство на вина одат рака под рака. Бар ја така осетив во овие две години.
    Подобро ли ќе беше за детето ако се преселев пред да се роди? Подобро ли ќе беше покасно да го пуштев на градинка?
    Ама донесуваме одлуки што во моментов сметаме дека се најодбри за нас и околината и тоа е тоа. Секогаш ќе постои нешто подобро, ама и полошо.

    Може ти звучам како некој шаман што толку многу знае да се исконтролира и е ептен самосвесен ама и јас фала богу имам мака со грижи на совест на дневна основа и ако ме прашаш сѐ тоа потекнува од споредувањето со други, социјални мрежи.
    Мое мислење.
     
    На mal.ecka, Mother of 2boys, јolene и 6 други им се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Женски
    @1209 Ги гледав парковите во Англија, скроз те разбирам. Скроз е тапа од таму тука. Ама па... Цел живот е пред вас. Тејк ит изи :hug:
     
    На 1209, Carolin. и sani99 им се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    @1209 , не знам во кој град си. Што дека јас сум во поголем кога толку се, неколку паркови, 1-2 игротеки погодни за ќерка, инаку има многу.
    Плус од работа си доаѓам доцна и ограничени сме и со активности.

    На нивна возраст се може да им е доживување. Ако има до друг град соседен автобуски линии, можеш и со автобус да го прошеташ некаде.
    Или ако сте со воз поврзани.

    Може не сега во перидов со вируси овие неколку недели ама сепак им е интересно. Баш онака како еднодневна екскурзија или на неколку часа.
     
    На 1209 и Carolin. им се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    7.182
    Пол:
    Женски
    Еве ме, со истата мисла.
    Имам се овде. Ама нема роднини. Дете нема баби да му се радуваат. Мислам дека во оваа возраст, многу повеќе им треба блиски луѓе, отколку шетање.
    Да имам двор, сега за пролет би и зела лизгалка, песок и една лулашка. Ама немам и ќе ја носам кај што сите други си играат. Ко ќе ми текне како дворот кај моите е голем, па и поточе низ него минува, јас овде во стан живеам. Тоа е. Нема се идеално, избираш пат и тераш.

    На продолжен викенд у мај ја носевме, имаше 10 месеци. Му реков на маж после тоа, никаде со дете додека не наполни 2 год барем, освен ако не е хотел каде ќе има нон стоп јадење и згрижување за деца. Ама и згрижување, што оти кога она со мама само седи. Особено па кога е болно, без раце сум.

    Синоќа татко и не се врати да ја заспие, не го ни побара. Прв пат вака.
    Ај држете среќа, денес немаше плачки на оставање во градинка, може па и ќе се навикне да седи, после два месеци. Букирана е на 6 ипол саати, седи макс 3.
     
    На DaisyDoo, Ceneva, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.