Добро утро/ добар ден мајки. Немам нешто посебно да кажам освен тоа дека на ќерче сите чоколади од паќетчињата со мм и' ги јадеме ние еве сега си смачкав едно киндер од тие малите пакувања додека двете мали бебиња плачеа,а зошто плачат не знам,ете се' им е погодено а си плачакат,гледаат едно од другооо,ама мајка чоколадо си апна... Помалку да ме нервира плачот така Ајде убав сладок ден...одам да вадам цицка,така ќе траат барем
Не збори за чоколади јас им ги изедов пола да им помогнам де.. Во план сум да ги запишам во градинка, едвај чекам да ми одморат ушите, тишина леле милина ќе не можам да се навикнам мислам кафе раат да испијам
Ние си бевмр малце далеку од маглава низ Ск па 2 дена на планина, чист воздух. Синко супер,само заприметувам кога нр сме дома му фалат работите кај што се крева,станува, се исправа и му станува досадно во ново место што не знае кај стојат работите. Исто така пропуштив државна убава работа, немам кој да ми го чува синко, во градинка сигурно не би го примиле за 2 дена а и како ќе се адаптира одма. Немав др чаре, ама ај ќе излези нешто друго.
Здраво мајки, ај да шкртнам и јас нешто Од вчера почнав на работа после скоро 10 месеци, дај што пие кафана Одвај чекав и еве дочекав. Е сега колку време ќе биде до наредното боледување не знам ама до тогаш да се израдувам иако се осеќам као прв ден кога дојдов у фирмава, колегите што јас ги обучував сега ги прашувам за да се потсетам и да се уходам. Туку, можеби некоја знае, нели имаше нешто за ако имаш дете помало од годинка можеш порано да си одиш од работа еден саат? Ништо не ми спомнаа ама ако има такво нешто да си барам.
Ние ги запишавме нашите,здравје од мај почнуваат,сите 3 во градинка,јас од септември на работа,се надевам ќе пијам така на раат,на тивко кафе
Тие би да ти дадат, не да ти земат саат па одма ако се разболи дете и мораш на боледување ти праи фаца и одма мрчи само што дојде побогу од такви жени оти ги има ( посебно што имаат деца и поминале низ тоа ) е тоа многу ме нервира
Барај си во човечки. Користиш 1ч пауза плус 30мин паузата што ти е можеш 1.5ч да одиш покасно или да си одиш од работа порано до годинка на бебето
Од вчера е маж ми официјално на породилно. Јас се враќам на работа после два месеци породилно... Се прашувам себе дали е исправно или не. Ама ако сакав да останам подолго, ќе требаше да се откажам од работата и да останам дома... А платата ми е повеќе од дупла од на сопругот. Некои ќе кажат не е се' во финансиите, ама во ова време и те како се потребни. А знам дека маж ми супер се снаоѓа, се' што правам јас поврзано со бебето или дома, истото го може и тој. Од таа страна сум мирна. Добро е што немам никаков шеф тука, и нема да сум на работа секој ден по 8 часа. Јас шефувам, и со тоа и се тешам. Го гледам денеска дека не му е сеедно, клиентите од Словенија како разочарани беа дека ќе биде на породилно. А тој чувствува грижа на совест, како да ги остава на цедило бидејќи кнап се со програмери со тој некој специфичен програмерски јазик. За некој трет да ја чува од два месеци ми е шубе, и нема шанса... За недела дена ќе дојде брат ми од другата страна на светот, за да си ја запознае внукичката. Едвај чекам да го видам. И така некако ептен хаотичен е периодов, и крштенка спремаме за да биде и брат ми присутен дури е тука. Како ќе излеземе на крај од хаосот кој знае. Ама само нека е жива и здрава таа.
Мајка ич да не се мислиш. Тие финансии се многу битни. И мажот е родител. Јас стално му викам на маж ми.. леле како не си и ти со мене на породилно, многу ми е убаво вака кога сме сите тројца заедно. Еве беше една недела на одмор, мислам помина за еден миг. Дури и се мислам да почнам нешто плус дур сум на породилно за поголем приход, не знам само што би работела од дома.
И кај мене мм беше на породилно. Јас морав да се вратам на работа. На почетокот имав грижа на совест. Ама тој предобро се снаоѓа.
Upwork, Linkedin отвори, ќе се најде нешто секако. Ние сега бевме цело време тројцата, дека на маж ми од дома си работи. Па две недели тој што му е како тим-лид од Словенија беше на одмор, маж ми беше без таскови и баш како на одмор беше. Тројцата заедно и слободни - убавини. И јас знам дека маж ми е одличен, затоа и помирна сум.
Таа работа сите не мачи.. ја сум на државна и треба да тегнам...ама нема кпј да чува беба...живрмер во мало место каде не можеме ни жена да најдеме..свекрвица дома седеше со години сега и текна да работи...исфрустриана сум од сите...после снааите не чинеле... само барам начин сега какво и од каде бочовање да вадам...
Па запиши ја во градинка, не можеш уште 9м да седиш дома со боловање секако, макс е до 1г мислам сега за нега на дете, после сакаш нејќеш мораш чаре да бараш.
Тоа ми е поентата барем месец два со боловања јас после маж ми..кога е здрав нежа кој да го чува а не па да го пратам да се разболи и посче нервози
Ќерка ми, 2 и 8м. Нејќе да спие преку ден, вришти и се дере не сакам да легнааааам, не сакам да спијаааам. Не сакам да јадаааааам, може колаче??? Не сакам кисело млеко бљак грозно, може колаче?? Значи агресивна, љута, фрла, ако не добие нешто, доаѓа со намера да ме гризне аууууу, ватафак е периодов??? НЕ САКАМ ДА БОЈАМ, НЕ САКАМ ДА ЧИТАМ, може колачеееее?? Пушти ми Биби и Боби, ајде бе тато БЕ!!! Пелена мењаме двајца едвај, со куче од 35кг подобро проаѓаме жими се. Синоќа не спиеше цела вечер, никад не се десило тоа, у шок сум. Ко новороденче се буди на 10 минути, мама се плашам, мама кај си, а тато кај е???? А треба да се породам кај и да е, го јадев скроз.
Ќерката вака правеше кога се породив, некои 2 мес. Тотален отпор кон нас и непослушност, во бебе заљубена беше. Да не јавува од сега љубомора ако се збори за бебето цело време?! Не им е лесно, не знаат како да го искажат тоа што го осеќаат...
Добро утро (надежно) 6+ бебла, 26та недела. Два дена по ред спиењето хаос, никогаш до волку не сме биле. Не е ни полна месечина гаддемит. Незнам на што да го ослонам неспиењево... Ова 5ти скок почнува или завршува на 26та? Сегде различно пишува Edit: Сеа глеам, кај громчето сме
25 недели и 4 дена. Од 23та недела ништо не е исто. Ноќе не ни бројам колку пати се буди, а да не зборам колку стана напорен за заспивање. Реткост, реткост е како сношти, да цица, подригне и да го ставам во креветче да заспие. Ама затоа јас се раскашлав... не бе не ми е судено да спијам. Што порано се помирам со тоа, полесно ке ми е. Инаку знае да плаче и да се гушка, да плаче во креветче, да заспие па по половина час да се разбуди со плачење, што никогаш претходно не се има случено. Ако ти олеснува нешто, 5ти скок ме цеди...
Додека бев бремена воошто не се замарав како изгледам, прв пат во живот не си наоѓав комплекси. Не уживав нешто посебно во бременоста, стварно ми беше мачно, поготово првите три месеци кај што завршив и на инфузии. Од кога се породив, се пореметив, не можам да се гледам веќе со килажава… градиве виснати ко пача… стомаков не мрда… не знам зашто само кај мене не мрда… еден период немав ни апетит на толку не јадење не знам како не симнав ни грам… еднаш во денот јадев, одвај. Ај што е загадено па не мрдаме од дома… одвај чекам да е малку нормално надвор и со плачење од среќа искачав. Периодов премногу се опседнав со телово, ништо не ме собира, не сакам во огледало да се гледам… почнав со вежбање и исхрана, гледам како да ми влијае на млекото… до толку ли ќе мора од се да се откажам за да го дојам детево?? Не сум среќна вака воопшто. Сакам да си се вратам како што си бев, знам ќе ми речат рано р два и пол месеци се поминати, ама не можам.. не се поднасам, немам желба за ништо. Само сакам да се дотерам и убаво да изгледам, ама не можам, ништо не ме собира, а тоа што ќе го купам не ми се свиѓа како ми стои, зашто сум ужас… стварно се осеќам ко во затвор и ко робот… од се ли да се откажам… ете не се откажав од доење, се пробав за детето да цица, успеавме иако не уживам во тоа, алал да ви е на сите кои уживате. Сеа и од вежбање и исхранава да се откажам за да ослабам за да не ми влијае на млеково ли… очајно се осеќам.
Да не доби циклус што ти се намали млекото? Зошто јас додека јадев по режим овеси и чуда имав многу млеко, одма после вежбање коа ќе ми набрекнеа градите, лом, многу повеќе млеко имав. Во комуникација со мајки што вежбаат сите исто кажуваат. А за да ти се намали стомакот на 2ипол месеци тоа малку потешко, не си стварај толкави терети, се очекува дури после 1 година да се намали ако си имала рамен стомак претходно, не можеш да очекуваш да се врати одма. Особено ако не си била спортист и не си вежбала цело време и во бременост и си била повеќе мускул од маснотии. Јас додека доев и вежбав многу брзо и лесно симнував килажа, престанав и качив и стомакот ми рипна пак и џабе бев и на режим на исхрана и вежбање, јас не слабеев никако.