Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Цел живот ми е даска стомакот, се во нозе ми одело. Стомачни имав дури… сега…пача. Немам добиено, пред некој ден имав како малку кафено, траеше ден, имав болки како за добиено, ама царски сум и незнам кога ќе добијам… не крварам. Не знам веќе што да мислам, ова претешко ми доаѓа. Иначе вежбав до пред бременост.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.294
    Допаѓања:
    102.757
    Пол:
    Женски
    Значи не ги гледај овие што се одма даска после породување, ништо не е така како на слика. Ќе се среди, не си ставај на душата толку товари. Царски си, не можеш да очекуваш дека ќе се спушти стомакот одма. Носи мидер, мене многу ми помогна, или високи тесни хеланки.
     
    На kozuf, Lady Miami, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Исто се случуваше и кај нас со големиот и матичната го примети дека е од љубомора. Пред да се породам кога почна да ми се познава стомакот. Беше агресивен, гризеше, гребеше. Уште имам белег на лицето.
    Кога си дојдов со бебе не знаеше што се случува уште ама беше мирен. Имаше точно три години. Една недела спиеше со татко му, а потоа со мене и бебе.
    Ни велеше матичната да не зборуваме за бебе пред него, да не вадиме облека. А ние ништо од тоа не правевме. Ама детето едноставно чувствуваше и така ја искажуваше љубомората.
     
    На sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не се грижев за храната, па имав млеко. Сигурно внесува помалку калории од што ми беа потребни, па ослабев околу 25 кг и повеќе за три месеци. Уште го дојам, има две и пол год, и сега дури последниот месец два ставив некое килце.
    Не се откажувај од доење, ама наоѓај си занимација да правиш нешто друго да не мислиш на јадење. Млекото нема да секне ако не јадеш. Само ќе троши телото од резервите за да произведе и така ќе ослабнеш. Па кога ќе почни да се буди навечер да не спие, секако ќе намалиш. Не се оптоваруваај за изгледот. И не купувај многу голема облека која нема да ја носиш.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Ама не јадам ја ништо што дебелее, ја не мрдам… тоа ми е. Дојам, изгледа кај мене доењето нема везе со слабеење. Како ослабе толку, не јадеше ништо ли?
     
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски

    Не може ништо да не јадеш, ке паднеш со се бебе не дај боже некаде. Не си прави притисок, јади богати оброци со зеленчук, ке распролети ке шетате со бебенцето и килограмите сами ке отидат. Многу малку се 2ипол месеци за да се вратиш назад. 9 месеци бебе растело во тоа тело.
     
    На kozuf, 1209 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    8.544
    Пол:
    Женски
    Олабави се за слабеењето. Јас со двете за 4 5 мес ослабев по 24 кила. Ќе ослабеш сигурно ако не јадеш нездраво.
    А за изгледот на стомакот, мене ми е како пача, кожа висната, тоа само вежбање го средува, џабе што ослабев толку.
     
    На Carolin., Mother of 2boys и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    17.896
    Пол:
    Женски
    Еј периодов е на сите ист , што сме дома. Загадено и затворени во 4 ри ѕида 24/7.
    Јас костур бев пред бременост. Качив 20 кила што баш убаво ми стоеја. 4 ипол месеци се поминати, стомак си имам уште.
    Уште малце ќе се оправи времето, ќе излагаме со бебушки по цели денови надвор. Јас ,, уличарка” што би рекол мм, не се прибирав по дома по цели денови и сега сум како во затвор. Само наоѓам занимации и чекам некој да ме викне или да дојде на кафе, да ми разбие монотонија.
    Еве ја беба спие, јас со телефонот во рака и кафето пред мене.
    Си мислам да беше сега убаво времето, ќе седев во Баду на кафе или во Авиатор или Станица, бебе ќе си спиеше, јас ќе се релаксирав. Па може и некој мајка ќе си запознаев.
    Ама трпение, ќе помине сивилово надвор, имаме еден куп месеци пред нас.
     
    На kozuf, Lady Miami, merriel0 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    7.544
    I feel you sister... Мешето ми е најголем проблем, не знам како ќе се оправам таму. Се помирив дека до крај на живот ќе носам едноделни на одмор. Ама мислев дека до сега ќе имав напредок во мешето, бар да ме собере во нешто. Недела дена кога имав температура 40 заради маститот, и до инфузии стасав, ништо не ни јадев, само течности... Прв пат да сум болна толку многу, а ич да не се намали вагата. Другарка ми се породи три дена после мене, изгледа како да не била воопшто бремена... А јас како гума за пливање да имам околу половината.
    Точно два месеци имам од пораѓај, уште имам мака со надворешна инфекција на рана и не смеам да вежбам... Едвај чекам искрено. Зошто само со храна не бива, јадеме само здраво и готвено цело време. После 19 ч воопшто не јадам, ама не помага. Ми доаѓа сите фармерки од пред пораѓај да ги фрлам, да не ги гледам. Ништо не ме собира, шетам во хеланки само...
    Се мислам лента за трчање да си земам дома најискрено. Да пешачам на неа, воздухот надвор е крш! Имав орбитрек, ама го однесов кај моите дури бев бремена, во детската to-be беше... Сега ми е мака што не е дома.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    9.442
    Ај да прашам на рана од царски што се потпарува што ставате? Една година одвреме на време ми се потпарува од стомакот што виси гинеколог ми даде бетадине и белкура спреј со сребро па од тоа ми се смирува, а како скроз да ја решам.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.440
    Допаѓања:
    91.718
    Пол:
    Женски
    Имам и јас меше и под мешето уште една гума. Телово си го мразам, а искрено не изгледам лошо. Не можам никако да го прифатам подуеното над раната, ми смета како изгледам ако облечам тесно или некој потенок материјал што оцртува. И раната на одредени места е рамна, речиси да ја нема, на други места е набабрена.
    Не верувам дека подуеното ќе се повлече со вежбање, се мислам за некој третман на тој дел ама не знам што да правам.
    Кога се породив бев на кг. пред бременост, а сега толку многу јадам што качив некое кило. Успеав да се откажам од газирано ама количината што можам да ја изедам па, па, па...
    И ужасно ме нервира кога некој ќе ми спомне второ дете. Па совети како р полесно со две мали, па како после тоа ќе можам да се посветам на себе и тело да средам. Дај гледајте си за себе, доволно сум возрасна за да одлучам за себе.
     
    На kozuf, mal.ecka, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    7.544
    Мене тоа потпарувањето инфекција ми направи, од што виси. Ставам газа цело време на раната, и купив мидер за пост-оп на абдомен, и тоа ми помага.
    За целосно претпоставувам дека само да не виси стомакот е решение... А тоа само со вежбање и подолго време треба ваљда... Ајде сега уште е ладно, на лето мислам дека е биде полошо.
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.669
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Ми иде огледалава дома да ги извадам… не знам веќе што да измислам, стварно не мрдам ни во обем ни на вага, а ништо не јадам, здраво по програма… и јас се чудам како е возможно само кај мене стомаков да не мрда… кај сите е даска мојов 6ти месец… не е нормално ова. Ко кит некој сум. Буткиве ко салама, свадбарки рацеве.. гуша имам ејјј… жими се не знам веќе никогаш полошо не сум се осеќала… никогаш…не ми се верува дека сум си наоѓала маани кога сум имала 60кг… стварно не сум била нормална… добро што не испукав, тоа мислам дополнително ќе ме полудеше на телово.
     
    На LadyR и marama им се допаѓа ова.
  14. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    9.442
    Каков мидер е тој ако сакаш прати ми слика.
     
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    17.987
    Пол:
    Женски

    Сите сме биле таму и некои таму сме. Јас ако не јадам стомакот ми е рамен, кришка леб и подуена сум ко 7ми месец. 18 месеци скоро е бебо, вежбав затворив дијастаз, ама да видиш колку испукана сум во колкови цели линии имам надоле по нозе и тоа ден после пораѓај ми се појавија до тогаш ништо немав. За целулит не зборам ич..
     
    На kozuf, Feniksgirl, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.540
    Допаѓања:
    42.900
    Пол:
    Женски
    И ние бевме 4м на породилно заедно и беше многу убаво, ептен убав период ни беше тоа, па и сами дека бевме во странство, убава рутина имавме. Мерак. Сега секако цел ден сме заедно оти мм работи вечерта, така да пак е убаво и јас многу сакам сите кога сме дома.

    А за породилно штом он ќе го чува работи си ако сакаш, без грижа на совест.И јас не би го оставала на друг толку мало, ама на таткото да.
    Јас сеуште не сум спремна да одам на работа, а и не сакам, 5г работев од дома и сакам и така да продолжам, не ми требаат канцеларии и шефови.

    За килиграмите…жени не знам зошто се нервирате уште толку рано. На телото му треба искрено околу 2г да заздрави физички од бременоста, кога ќе ви се средат хормоните и слабеењето и средувањето ќе биде полесно. Една година па и две не очекувајте чуда со килажата. Ќе слабеете и ќе се дебелеете и пак ќе слабеете, некој месец ќе бидете исцрпено, друг ќе изгледате супер. Се тоа е нормално.
    Не се фокусирајте толку на телото како изгледа туку префокусирајте си ги мислите на тоа дека телото имало друга функција 9м, сега има функција да ве издржува за да отпркнете мало бебе во човече.
    Треба да јадете за да имате млеко и сила.

    Раната од царски после скоро 18м почна да изгледа подобро, да се смалува стомакот над неа и да се израмнува. Јад пример уште немам чувство над резот, отрпнато скроз и тоа ме нервира многу.
    Во фармерки од пред бремениста влегов дури сега, 22м од пораѓај, а повеќе кг имам од тогаш, дури +8.
    Што значи дека сум намалила во струк.
    Сакам да кажам иако е фрустрирачки и тешко да си ја гледате промената на телото, пробајте да го гледате со други очи колку е убаво што создало бебе и што сега ве служи да го раснете.
    Има време кога да бидете пак во топ форма, тоа дефинитивно не е првата година по пораѓај, па ни втората.


    За спиењето на децата, колку побрзо прифатете дека нема да поминете цела ноќ во спиење во следните 24м, а може и повеќе, толку подобро за вас:D
    Тамн ќе мислите има ред, ќе нема веќе ред. Таман ќе преспие 2-3 ноќи и ќе си речете тоа е тоа, после нема да спие 2-3 недели и така.
    Повеќе е нормално да не преспиваат ноќ од тоа да преспиваат. Реткост се бебиња што спијат од 7-7 пример без ниедно будење, едноставно ни ние не преспиваме цела ноќ без барем да станеме за мочање.

    Со тек на време се станува полесно. Сериозно.
     
    На strelec231992, kozuf, Isabela23 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    7.544
  18. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    3.052
    Ти не се породи сега пред некој месец? Ај нека олабават малку, аман. А тоа дека две мали деца полесно се растат мало морген. Ама да не не родиш случајно. И мене многу ме нервираа со непобарани совети, ама отрпнав веќе :D
     
    На Mother of 2boys, Ena05, Fenix05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Малку каснам ама дојдов да ве почастам тортичка. Малиот ѕвер наполни една годинка. Јас да можам ќе плачам со векови. Повелете каснете и ѕирнете го моето дело на украсување за 400ден:rofl:
    Летоска здравје крштевка па и мини свадбичка.
    Ве гушкам:hug:

    Инаку и мојов во последно време многу ди ги мава ушињата со двете раце и се мава и мн ме загрижува зошто го прави тоа(и сите околу мене што приметиле се грижат)
    Не знам зошто така?
    Иначе лази,се исправа,гуга мама баба,правосмулаката ја имитира(вммм),дојди прави со рачето,чао,ам ам кога ќе види нешто за јадење,разбира ќе одиме чао,кај е кучето,мачето(ги бара),кај е топката,баба,вујче,деде. Освен кога ќе кажам НЕ тогаш не разбира:?:
    Загрижувачко е ова со ушите? Насилно ги мава со двете раце оддднаш се мава по уши и ги тегне некогаш
     

    Прикачени фајлови:

    На Tea SK, Liza38, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.500
    Допаѓања:
    8.824
    Пол:
    Женски
    Браво мама среќен роденден на малото човече :inlove:
    Епа или цела генерација ќе излезат со некој проблем или е нормално. Моево се шлака по глава со шамари некогаш, читав викаат нормално било. Не би требало да е нешто. И моево само се глупира ама така тие растат а ние старееме
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.