Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не ми олеснува коа ќе читам дека на некоја мајка и е тешко... Верувај ми. И нас овој скок од земја не тресна. Ама сепак знам дека може и забетер... Не се жалам од беба. Ќе помине. Кенка плаче спие не се доспива... До сега ниеден скок ни громче до волку не биле..
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    818
    Пол:
    Женски
    Сестрами се породи февр. и исто така два месеци само тоа збореше ... цел живот стомак даска незнам од каде излезе тој стомак кога беше трудна... ако верувате до мојата свадба јуни беше пак даска се повлече све ... исто царски исто раната малку и прокрваре скроз беше лепена со некоја нова метода трета од тој лепак во ремедика... и малку се намачи ама се среди и демек ќе вежба едно друго... сега е во минус килажа од тоа што беше пред да остане бремена .. малата е 1 годинка не застанува плус на работа се врати. Така да ќе се нормализира телото сака малку одмор, намачено е :):)
     
    На 1209, Carolin., LadyR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Јас сум очигледно глупа и не знам дали имам прст ипол или два дијастаз… не знам еве стварно. Ќе почнам вежби за дијастаз. За колку време го затвори?
     
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    17.995
    Пол:
    Женски
    Со вежбите на лаурен фитер 4 фази беа по 2 видеа, по една недела недели ги правев сите видеа. На крајот успевав и да направам на пример и првото видео и второто. Вежбите се ептен смирени воопшто не се заморуваш.
     
    На Feniksgirl, Ladyme и merriel0 им се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    А колку време вежбаше?
     
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    17.995
    Пол:
    Женски
    3 месеци сигурно, јас предходно возев точак дома и лани дека немаше зима со бебо буквално секој ден бев надвор, количката и по 8.000-10.000 чекори правев. На крштевката бебо имаше 5ипол месеци сите ме велеа дека сум се вратила во подобра форма од пред пораѓај. Ама затоа сега не сакам да се гледам во огледало искрено.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Да, влијае и тоа што си пешачела… а сега скапавм внатре од презагафено што е. Ќе ги пробам вежбиве. Плус и си вежбам. Се надевам ќе има брзо резултати.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.706
    Пол:
    Женски
    На тема килограми после бременост, јас па гледам како да качам некое кило и да добијам барем малку боја во лицево. После породување се вратив дома со килажа иста како кога останав трудна и во 2.5 недели како сум породена намалив уште 5 кила, како сува слива сум. Од се ми се повраќа, ништо не ми се јаде. Бебето има многу грчеви, не спие ич или спие само во раце, стрес од итен царски и стрес од (неуспешниот) процес на доење, притисокот, се во комбинација ми направи дијареа и повраќање. Сега пијам суплементи за железо зошто крвната слика ми е лом.
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Ќе добиеш понатака боја. И мене така на почеток ми беше. Ко крпа бев… се ти е собрано. Без разлика што јас знаев дека ќе е царски, моментот кога ми рекоа ајде те чекаат горе за операција.. нозе ми се пресекоа.. не знам искрено како доодев до салата, им дрндав на персоналот без престан, ко навиена… па и дека окапав 6 дена во болница. Не знаев дека така ти било, јас психолог побарав. Од се што ми дојде премногу, си побарав психолог на гак и ми дојде, искрено мислам дека беа преплашени од тоа тазе породена мајка да и е тешко и да побарав психолог, цело време доаѓаа да ме прашуваат како сум беа пресреќни дека сум побарала поддршка.
     
    На Зеленоокатаа, Carolin., Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    8.706
    Пол:
    Женски
    Јас од кога се породив исто разговарав со психолог, ама веќе дома бев, преку онлајн сесија. Сега пијам по пола асентра бидејќи не дојам и чекам да пројави малку ефект и да ми се врати апетитот и расположението. Искрено и ретко да кажам вака, сма животот со бебе не е романтичен филм. Иско е очекувано бебе и дури и надносено, од љубов направено, животниот стил ми се смени за 180 степени, неспиењето, царскиот и се собрано заедно резултираше во блага форма на тие baby blues. Затоа побарав помош од сопруг, мајка ми, психолог и терапија за да не премине во депресија. Си се тешам дека за 2-3 месеци ќе и поминат или барем олабават грчевите да можеме и двете да поуживаме во мајчинството.
     
    На Ladyme, Spidy, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Ќе помине, те разбирам потполно. Се се заборава. Кога и да ти е тешко слободно пиши ми.:l:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.771
    Допаѓања:
    17.970
    Пол:
    Женски
    Ќе се среди се.
    Тоа стрес за неуспешно доење го поминав и јас. Ама еве како искусна да ти кажам, не се замарај!
    Не бива не бива, ни прво ни последно на АД. Бебе најадено и среќно, јас поради тоа уште посреќна. Ич, ама ич да не се замараш за тоа.
    Грчеви, период се и ќе поминат. Не траат вечно. Тешко е, ама ќе помине.
    Ќе пробаш со капки, термофорче, масажи, да ублажиш колку можеш и останатото е да чекаш да поминат.
    Кај мојава и топла бања ублажуваше.
    Тука сме сите за што и да треба :l:
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Кронди

    Кронди Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Се пријавувам во клубот !!
    За килажата неможам да се пожалам со 50 останав бремена,на пораѓај со 70 сеа сум 59 и несакам ниту грам да изгубам..Мене ова седење дома ми направи проблем ...40 дена сами со бебе и тодлер 5 години љубоморен си бара внимание бебе плаче ја неспиена уморна..Освен дијареа со денови си добив и висок притисок..И сеа одам по доктори испитувања...Сеа почнав секој ден да одам кај моите..Еден со едното дете другиот со другото а ја спијам и дојам кога треба такс до 16 часот и маж ми не зима.Дс не почнев вака ке скренев затворена дома..Оддвај чекам пролет,замразив зима ми се чини...
     
    На Зеленоокатаа, Ladyme, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ќе земеш убава позиција на фотеља, беба на голо на твоите гради, врз гради бочно ќе си ја легнеш, да ти го осеќа срцето. Кожа на кожа, и покријте се со кебенце. Седи и уживај, светот може да почека. Бебе е, нормално дека сака во раце...

    Мене спас ми беше марама, baby wrap, тенка маичка, и беба залепена до мене. (42 степени беше тогаш многу ми беше страв да не ја претоплам, сега слободно мислам дека можеш) (Џемпер можеш врз марамата)

    Глеј да му е топло на меше, дали твоја кожа, дали термофорче, дали гел за топлење меше на фрезидерм...

    Батали го притисокот околу тебе, кажи им дека ти треба простор да подишиш. Да ти проработи инстинктот. Од премногу мислења глава боли.

    Многу ти е рано за крвна слика мислам, те пред 2 недели царски си била. Ама ако пиј си суплементите... Мед со семе од коприва, маџун...

    Едит: Ако не ти судат толку, прекини ги сите капки што ги даваш. 2 дена барем. И почни да ги воведуваш ден по ден едни па други... И исто така... Омега праи грчеви. Ние мака мачевме, па и прекинав све.
     
    Последна измена: 25 јануари 2025 во 23:33
    На Anturium, Tea SK, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.546
    Допаѓања:
    42.917
    Пол:
    Женски
    Мајка не се откажувај од доењето. Јас бев со итен царски имав сепса, не доев сигурно 3-4 недели, само го ставав по малце еднаш два пати во ден ама главен оброк беше АД, после месец дена некако се научивме, надојде млеко, до 5-6м комбинирано го хранев па се откажав од АД и продолжив само со доење и уште дојам 2г скоро.

    Не мора да значи дека ако одма не почнеш да доиш дека толку завршено е. Ако сакаш да доиш биди упорна во ставањето на града по малце во денот.

    Грчеви мора да поминат, ама смени капки, биогаја се најлоши и од нив многу луѓе се жалеле, ако ги користиш тие.
    Грчеви помага исто чучеви додека го гушкаш на голо, и нишкање во фудбалска топка зафат и фен дување на тивко во мешето, не на голо само да не го изгориш.

    Инаку фен е најкористена алатка за млади мајки, додека го облекувате да не плаче, фен, за грчеви фен, за спиење фен. Фен и одма е полесно.

    За бледило и јас иста бев после итен царски, нормално е и очекувано. Не може во првиот месец два да изгледате како никогаш да не сте родиле, треба време стресот на телото да помине и да се прилагодите на новата улога.
    Не си ставајте толку притисок.
     
    На merriel0 и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    4.143
    Пол:
    Женски
    Моето бебе е веќе девојче од 1 година. :l:
    Замислата за роденденот скроз ми се исполни, права бајка како што си замислувам. Девојчето големо умно цел ден , добро поминавме:inlove:

    Останав трудна со 60, се поправив цели 17 (facepalm) а сега сум 56. Како? Не знам, душата ми ја исцица. Колку и да е доењето најубавата работа јас го диживеам максимално исцрпувачки физички. Ден денес после цицање ми иде цел фрижидер да го изедам.

    За сите коишто се мачат postpartum со секакви измешани емоции (па и лоши) ве молам само не кријте и барајте помош. Овде еден паталец што можеше се па потона. Немојте. Децата се најубава ама и најтешка работа.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4389.jpeg
      IMG_4389.jpeg
      Големина на фајлот:
      159,4 KB
      Прегледи:
      0
    На kozuf и Spidy им се допаѓа ова.