Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    5.683
    Пол:
    Женски
    @1209 , исто сестро. Почнав со предупредување буквално. Ова е за таму и таму. Ова е за дете.

    Пакетчињата од ќерка веќе ги смачка.

    Имам еден дел од кујната кај што оставам така работи да се најдат, пакетче чипс или ресани или нешто ситно за ненадејни гости. Е па секогаш е празно и секогаш во последен момент трчаме на продавница.

    Од мајчински муабети на западу ништа ново. Освен што на раб сум да ги фрлам сите играчки и боици и книги од ќерка. Само собирам, ротирам оштетени фрлам и пак има купишта и пак е се расфлено.
     
    На DELFINA81, mal.ecka, le.soleil и 2 други им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.551
    Допаѓања:
    42.938
    Пол:
    Женски
    Кога јадеме секогаш го остава последното за мене или знае дека сакам помфрит и нема да го јаде, купува што сакам, тоа се ок, ама ако оставиме нешто дома и не му напоменам дека е за детето крај ќе е.
    Мислам секако дека може и он да земе од мафините не велам само за дете ги правев, ама 2 да оставиш од 12???
    Ех да им го имам умот еден ден.
     
    На mal.ecka, Miss_S и Carolin. им се допаѓа ова.
  3. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.644
    Пол:
    Женски
    Леле тортата ваква ви беше или слика оф нет е? Како и да е баш би сакала следно женско, ја зачував:D
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.644
    Пол:
    Женски
    Синко вчера ги направи првите 3-4 чекори сам, 11+ сме. Мама пресреќна, успеав да снимам. Некако овие дена поуморна сум психички повеќе. Излегувам, шетам ама нешто ми фали...
     
    На merriel0, 1209, Miss666 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    3.640
    Пол:
    Женски
    Се ближи роденден на синкас, сакам да му направам убави спомени. Секако нема да памти, но еден ден ќе види. И онака нема да го славиме во игротека или со роднини, пријатели па дајте ми некоја идеја што би можела да направам. Се мислев фотосесија некоја, книга со спомени и слики, торта за домашните, видео од изминатата година..
    Сакам да направиме некоја традиција, нешто за секој роденден, имате ли вие нешто такво?
     
    На LeL15 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  6. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Ние ќе славиме со роднини и пријатели, ама плус што направивме беше фотосесија една. Купив една слатка честитка кај што со мм ќе му пишеме “писменце” и ќе му го чуваме да чита кога ќе порасне, и во план ми е видео исто да си снимиме и од нас (можеби и неколку од гостите би биле исто). Инаку најдов на инста што принтаат книги со фотографии и планирам да испринтам една со 365 слики што ја имаат, баш од секој ден по една :rofl: и онака меморија немам веќе во телефонов, вака ќе си имаме и спомени. Еве слика и од честитката
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_7025.jpeg
      IMG_7025.jpeg
      Големина на фајлот:
      557,3 KB
      Прегледи:
      26
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    3.640
    Пол:
    Женски
    Одлична идеја со книгата, гледав и јас нешто слично дм да си испринташ. Можеш ли приватно да ми пратиш име од профилот, или овде со име кои се тие, можеби и на друга мајка како идеја добро ќе и дојде.
    И јас би сакала со цела фамилија да славиме, но не живееме Мкд, па мора вака некако да си означиме.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    3.896
    Пол:
    Женски
    Може ли линк од книгата?
     
  9. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.078
    Пол:
    Женски
    @Dennings среќен ви роденден ^^
    @Besbes24 Ајт наздравје ^^
    Пушти линк од книгата обавезно, и јас сакав вакво нешто, само другшие го имав смислено хихи