Ајде утешете ме... Малата е 7 месеци, и све во раце ми е Јас поштено , отворено си кажувам дека со двајцата сама да седам дома уште од почетокот нема шанса , синко никако не слуша, стана немирен ептен.. не дава ни да спие малата, па доаѓа, скока ... а и малата плаче мнпгу до зајдување ако ја оставам на земја... Дома неможам ни да исчистам, ни да раскревам алишта а од страна мајками ме криви демек сум ја научила в раце , пукнав... а за месец дена во градинка ќе оди и како ќе се научи на земја да седи, незнам.. со какви играчки ги занимавате??? Нит лази уште нит ништо,сака само да ја држиме а она да скока горе долу..
Епа не ти кажала ништо неточно, се научило дете у раце. Ќе пробаш полека да ја одвикнеш. Прво ќе седиш со неа во раце, па ќе седиш до неа ќе играте заедно, па ќе ја оставиш во оградица или џампер што имаш. Џампер ти препорачувам топло ако е дете живо такво. Па ќе се одвикнете полека. Јас душмански сум држела деца во раце, дур беа мали, мислам дека се во раце му беа, ама си го сопира тој порив да не ги држам толку зошто мораше да се сработи нешто. Столче за хранење до мене во кујна, џампер, на земја до мене, се пробував.
Мајка на 7 месеци бебе ич не ми седеше во раце, само за да ја префрлам во игрална или да ја земам да и сменам пелени. Си играше на подлога со различни играчки, ако се умори на релаксатор или хранилка ќе и дадам да гризе нешто или да ме гледа додека работам. Одвикнувај ја на тие месеци треба да им е забавно да си играат да истражуваат ....незнам како успеваш низ дома со бебе во раце и плус потешки се
Да навики се во прашање, сестрами сама несакаше да ја држиме подолго од 10-15 мин и све си игравме со неа на релаксатор или на земја на подлога и сама почна да се врти, да застанува на колена да се нишка и на 6 месеци почна да лази и да се исправа (а помала е родена во 37 недела ради преградата на матката на сестрами и назад беше една недела во раст и килажа) и еве на 11 месеци прооде. На сестрами колешка нон стоп само во раце со малата и на кревет никако на земја ама и општо премногу заштитнички према детето. Еве годинка и месец е уште не оди не осеќа детето сигурност, ја паткаат со неа ама инстиктот за сигурност сам се создава со лазењето. Мислам децата на земја најубаво растат и се развиваат. Не се обвинувај сестрами мн читаше и неа прво дете ама така сме исти во тоа не осеќа никаква вина ни дека немаше млеко ни ништо.. Детето што сите доктори и викаа ќе касни не се плаши демек помала е родена све направи и пред другите деца дури и кога паѓа не рипаме двете седиме она станува мајками само хаха и ја караме. Мора да се ујача сама да види ти прво дека не се плашиш па она да земе сила да види дека не е ништо страшно. Биди упорна и да плаче тука си ќе и се обраќаш и ќе се навикне.
Сани па второ ти е, која е таа сила што те натера во раце да ја држиш до 7 мес? Остај таму на земја фрли и капаци од тегли, даљински, калапи од мафини нек се занимава. Мојов од што е по цел ден доле, кога ќе го земам плаче се тегне да е доле. Нас ни е кујната со дневна споена, му имам маса ставено да не може во кујна да дојде, јас во кујна си седам тој се занимава, а закенка, ќе му фрлам преку шанк некое пластично, ќе му држи внимание 15 мин и така цел ден. Почни по малце и ти со нејзе доле и накачувај секој ден, ќе се научи.
За големата мајка ми во несвест паѓаше коа ќе видеше дека така ја чувам, плус боса, да не лизга, да има стабилност. Сеа за малиов се навикна . Вчера стоиме во кујна пиеме кафе со маж, двајцава по земја со калапи од мафини се занимаваат, го глеме малиов се врти нешо, му викам тргај поглед, тргај, без eye contact и ќе продужи..... и сттварно продужи, си го допивме кафето.
Нема врска со навика. Некои деца се такви. Моето прво уште од прв ден во родилиште можев да ја остаам со било кого и било каде без проблем, порасна штафета сите можеа да ја држат и прв пат да ги гледа и да и е супер комфортно со сите, и ден денеска со сите се љуби ко да ги знае 100 години. Второто уште од прв ден во родилиште не можеа да му проверат слух оти не сакаше да спие без мене. Ми порасна во раце. Големо бебе, тежок, кичма ми пропати, мочав сабајле пред маж да оди на работа и пак тек откако ќе се вратеше, ептен ако морав во вц со него во раце одев оти ако го оставев дури и заспан, се будеше инстант, модреше во секунда и рикаше до онесвестување. Живот ми има скратено за 20 години. Сега тек после 2 роденден престана да се онесвестува, ама си е уште плачко. Ќе си почне во градинка и магично ќе се научи се што треба. Не се секирај.
Ахахах да и јас го приметив овa, дека и мојата е лепенка ко на Сани, па почнав малку по малку да ја оставам. Ама чим ни се сретнат погледи толку е... Е и тоа со боси нозе, мајка ми у несвест паѓа.. и викам абе жено поише рамнотежа имаат боси коа се...
Не си ја научила ти во раце, немој да дозволиш да ти ставаат грижа на совест. Такво е детето!! И мене истите муабети ми ги правеа, син ми откако е роден (бидејќи мајка му беше многу гласна дека “мое дете нема вака, нема така” ) не можев да го спуштам ни во креветче, ни количка, ни во мамару седеше, ни нигде, дури не прооди беше кај мене во раце, ослабев на ништо не личев, не ми даваше ни да седнам што е најјако. Сѐ што сум видела низ темиве сум купувала од играчки и реквизити и џабе, станов се распаѓа од негови дрангулии. И тој зајдуваше ко ќе го оставев, малку ли се имам жалено низ темиве дека ни во креветче спие, денски дремки во раце строго и строго кај мене. Од ко прооди беше друга песна, ама дури не останав трудна уште се носевме во раце. Ми збореа тоа било дека уште го дојам бла бла, сум му мирисала на млеко , не дека кај мајка му сака. Еве го и ден денес три ипол има врз глава ми седи, буквално. Заспива и даље само гушнат до мене, друг ако го заспива го брка тогаш сакал сам . Твојава госпоѓица да не ја мислиш, во градинка ќе си наоѓа занимација, ќе гледа од други деца, допрва ќе се интересира, ама дома може пак да ти бара поголем контакт дека сте биле одвоени неколку саати. Можеш да пробаш да легнеш до неа долу и да вртите сликовници, ако веќе не сака играчки, да и ставаш некои коцки да растура. Даљинско дај и . Знам дека ти е тешко, но свесна си колку брзо ќе помине времето и дека ќе порасне со брзина на светлината, гледај ги убавите работи и не ја споредувај со други бебиња.
Капа доле за муабетот - толку! @sani99 полека мајка кога ќе почне да плаче само седни до неа доле и поиграјте си. Штом се заигра повлечи се, ако заплаче одма смирено кажи и дека си тука седи во близина и полека полека ќе се навикне. Син ми со мене цел ден сам да е ќе игра доле ќе лази само ме погледнува и продолжува а мм штом влезе во соба застанува и плаче до зајдување и го зема. Исто дете различно се понаша со нас 2ца
Овој муабет така го имаш научено- аман! @sani99 Така ти барало така си го смирувала и сега пополека ова што го пишаа другите членки погоре. Кога ке закенка некоја играчка пружи му или алатка од кујна малку поиграј го дури му oдземе внимание играњето и тргни се. Пак ако кенка, јас од кујан му правам муабет или му пеам. Демек тука сум, нормално е и вака да си играме, да не сум до него. Ама се така пополека. И твое дете ке си го разгалуваш колку сакаш. Овие совети како за семинарска се како секое дете да е исто. А не е.
Моето е на земја од 4 месеци некаде. На подлога со играчки, капачки и сега кога ќе го земе некој во раце се влече да го спуштат на земја Ама пргаво дете еве од сабајле се има издрано исчукано.. Уште првиот ден дома не спиеше, се сака да види..Не дај боже сега некој врата да отвори или врата на фрижер или фиока, одма се пентери да види, да фати, да се качи.. Ама у кош неќе да седи, ретко. Кога ќе ме види посебно ако одам у друга соба одма рикање до анасана.
Исто! Се заигрува и ко ќе се сврти јас и маж у таван глеаме или преку прозор додека не викне по некој Си мислат дека ги повикуваш така
И да ви се испожалам, мајка ми во несвест падна дека ќерка ми идела во градинка по вирусиве. А ќерка ми небитно шо е поздрава од мене. Ама така јако ми го крена притисокот. Што е бе со луѓево, ако работам од дома мислат си ја прчам цел ден? И здраво дете да чувам дома оти сум работела од дома. Ќе си пукам у глава *Си се пожалив битно
Исти сме и ние.. По цел ден се на подлогата,300 траканаци има..баш прееска им дадов една мала вангличка ставив 3 топчиња така безбедни..абе 40 мин си играа,си тропкаа,само така неприметно ги гледав. Јас си пиев кафе на раат ,една епизода од серија и топ беше. Е после кога јадеа изигравав мајмун пред хранилките
Синко без гајле си седеше на земја ама малата... Ќе морам веќе да ја одвикнувам, до зајдување плачеше многу. Ептен различни се, ќе пробам и со мафини и се друго П.с фала ви и на останатите мајки , ве гушкам
Не се стресувај многу. Син ми беше разгалено дете и ден денес е таков до 3 г на цицка ми висеше . Сега е 8г и пак без да ме гушне е Неможе да заспие. Додека пак близначкиве абер си немаат по цел ден од бебиња се на под и си играат легаат уживанција. Еве веќе се 9м и воопшто не се зависни од носење во раце . Дали дека сум сама со нив по цел ден па немав избор и ги оатавав да си леггаат незнам . Едната сака да се пушти да оди некако ми е мала др повеќе брбла она е па малку повеќе мрза за одење али уште сега се кара (на мајка и се метнала) . Секое дете своја приказна.