Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    404
    Оо со боринче го барам периодот кога беше новороденче, па ќе ми висеше на цицка по цел ден или ќе си спиеше во гнездото, а јас изнагледана серии, изнапиена кафе, изнагушкана со мило, мирно, кукличе од бебе. Ненаспиена, ама далеку поодморена од сега.
    Сега на скоро 8 месеци, играва е левел - impossible.
    Навечер се буди ко на тајмер на секој саат, чудо е ако сврзи 2 и секогаш се лажам себеси ете можи од вечер ќе почне да се буди поретко.
    Преку ден е прича сама по себе. Обично на 2-3 недели менувам стратегија за заспивање, што, како и да го вртиш, се одразува на мојата кичма. Последните две-три недели заспива за дремка во раце, ама вертикално, за да е поголем предизвикот и на плејлиста од Arctic Monkeys, тоа е за мое задоволство :D Играм низ соба во еден квадрат место, па кога ќе му дојде убавото за заспивање си легнува кај мене на гради, а за да му го овозможам тоа на бебе од 9 кила, морам да се оптегнам наназад ко ластик - кичмата ;( Цицањето сега е само во полузаспана состојба што мора да се темпира, оти ако остане гладен, кенка, а не сака да цица. Траењето на дремките е руски рулет, можи ќе е саат ипол ама може ќе е 20 минути, зависно од тоа дали ќе те намириса дека планираш да доручкуваш на раат.
    Не можам ни да го изнесам да го шетам, ај времето никакво, ама кај нас околу зграда е градежна зона, треба со рибарски чизми да излезам од кал, па да истегнам количката од кола, зошто таму ни стои, па цела една логистика околу процесов.
    Кога е буден не бара цело време во раце, ама да си до него, да те гледа, да го играш. И мене ми здосадијс истиве работи секој ден, а не па него.
    Охх, тек сега дојде ред да доручкувам, да видиме дали си го потрошив времето во пишување на ова. :D
     
    На Madi, merriel0 и BellaBibi им се допаѓа ова.