Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    10.586
    Пол:
    Женски
    Моево второ заб прв кога извади не го приметивме, израснат веќе кога беше ејјј запче (facepalm)
     
    На Mother of 2boys, sani99, Кронди и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    7.370
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетот, вчера во игротека, јас со едно дете нели прво, друга мајка до мене со 3то дете. Отприлика колку моево. Јас трчам лево, десно. Скокам по ќерка, глава да не скрши некаде. Таа си седи, си пие кафе раат. Детево нејзино си се качува, си паѓа, си станува. За разлика од моево 100 пати поспретно меѓу другото.
     
    На Mother of 2boys, warrior, Erika.greeneyes и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали вторите или првите деца побрзо ви растат? :D
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.466
    Допаѓања:
    183.638
    Пол:
    Женски
    Туѓите. :D
    Тоа е непишано правило. Туѓите деца секогаш побрзо растат. :D


    Иначе, меѓу моите, да, второто. Со првите се ни е ново, многу поише им се тресеме, се сфаќаме многу потрагично од што е. Често пати не сме свесни колку сме заштитнички настроени па и не сме свесни дека им саботираме односно одложуваме конкретен мајлстоун. На пример нон стоп трчај околу детето и придржувај го, не дозволуваме да падне. Да научи да паѓа и да се крева самото. Ќе го ставиме едвај 17 ипол секунди на стомак и ќе се жалиме како ич нејќе да седи на стомак, а уствари ти не можеш да поднесеш плач и да го гледаш дека му е нелагодно оти тебе ти е стопати понелагодно. Сите сме биле таму. :D Сите први деца не сакаат на меше, магично, сите втори немаат проблем со тоа. :D
    Чак и првата бременост ми траеше чинам 2 години. Третава не сетив кога помина. :)

    Со второ си поопуштен. Некако, му оставаш природно повеќе простор за него за истражува и имаш научено како да си контролираш дел од ирационалните стравови. Вторите деца се често понапредни од првите, меѓу другото и поради тоа што родителите им оставаат повеќе слобода. :) Како родител исто растеш, учиш и многу работи правиш поинаку, што со прво дете поише ги збориш отколку што ги правиш. :wasntme:
     
    На Erika.greeneyes, Lavender13, Калатеа и 16 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    10.586
    Пол:
    Женски
    Второто. Не ми се верува дека за 1 мес се враќам на работа. Со првото мислам дека ми се гледаше ко 2 години да сум на породилно.
    И бременостите исто, првата вечно ми траеше, вторава уште не ми е јасно кога трудна останав, кога се породив, ми летна.
    Реално со првото имаш време да анализираш, да мислиш, сега со второ плус ако се мала разлика, моиве се 2 г и 10 мес, немаш време да јадеш, а не па да му ја мислиш нешто. Ни скокови пратам, ни заби, ни колку спиел, со ќерката се пратев и ко нервна бев цело време.
     
    На Mother of 2boys, Калатеа, sani99 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    26.077
    Пол:
    Женски
    Второто, дур се свртив порасна иако и за првото така велам и не ми се верува дека до година ранец за школо ќе спремаме..
    иначе првото уште ми се сопка на прав пат,ќе прибата помош за све за све и савшта, учи ова учи она за на крај второво да расти со дада, да учи од неа се без да и се објаснува, да не паѓа оти појма неам во моментот каде е си терам работа своја и со сестра и си игра. Во игротека по големава се качуваве со неа, со малава 2 саати пиеме кафе, дада и помага кај треба и толку. Ама имам доверба во големово, кога ја чува ја чува ептен одговорно. Дете е де, може да и падне и неа ама не се потресуваме како со прво.
     
    На flower55555, Carolin. и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Додека беа две, првото. Сега кога се три, сите три :D
    Ама првото пак ми расте најбрзо некако. Додека беше сама, на неа и бев посветена 100% и баш убаво ми одеше времето, не се осеќав како да сум у бубањ ставена. Сега дур да трепнам мислам ми порасна девојчето, па почна да ми зема алишта од плакар :nod:
    Периодов не знам на кого попрво да му се посветам, секое во свој филм и со свои потреби, а најмалото пошто ми е како фластерче, не им дава на другиве многу, многу да ме гушкаат и бакнуваат :D
    Како почнав на работа после породилно, ми фалат саати за да ги видам и да бидам со нив.
    Многу ми фалат, многу...
     
    На Carolin., azelea, sani99 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.148
    Пол:
    Женски
    Мајки, кога ќе се почувствувам пак како јас? Бебето ни нема уште 2 месеци, вака океј сум психички ама ми фали да се избањам на раат, ми фали времето со маж ми, ми фали да тркнам до маркет буквално без да трчам дома.. знам дека е сеуште рано ама утешете ме дека ќе се осеќам подобро некогаш.. насабајле сум океј докај 5 6 попладне, после ме фаќа заморот и одвај чекам да дојде 8 и да легнам заедно со ќерка ми. Немам волја за ништо друго буквално во 9 си легнувам. Си пишувам со една пријателка вика бебето го легнувам во 7, во 11 навечер пеглам средувам. Јас немам сила да станам вода да се напијам уште да пеглам во 11. А немам многу захтевно бебе, генерално е мирничка. Не знам, дали јас многу трагично си ги сфаќам работите и ја премислувам секоја ситница. Се мразам што сум ваква, мозокот ми работи 300 на саат. Колку посакувам да бидам од тие што се go with the flow тип на луѓе ама јебига.. Како цица на колку цица прозори на будност само тоа мислам висам на форумов и ништо друго. Арно низ дома што средувам. Не сакам да сум ваква. Се плашам сама да го изнесам бебево надвор без маж ми, да не бара да цица паника ме фаќа. Па темпирам да ја нацицам убаво пред излагање и да заспие во количка, ако не заспие одма анксиозност на најјако. Робот си го напраив бебево. :(
     
    На Snowflake92, Carolin., sani99 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.298
    Допаѓања:
    22.801
    Пол:
    Женски
    Анализираш многу. Извини ако ме сфатиш лошо, ама опушти се.
    Па и сами да сте надвор, извади цицка и нека цица. Низ парк еден куп мајки гледам што дојат бебиња. Една марама и дај и да цица.

    Она погоре. Мојата е 5 месеци, па едвај чекам да заспие и јас со неа.
    Не секогаш, ама имам потреба и јас од сон и си легнувам со неа.
    А што ти дава пречка да се избањаш на раат? Нарани ја , остави ја на маж и бањај се. Нарани ја и оди до маркет.
    Тоа средување по дома, ич да не се замараш. Кога можеш и колку можеш. Ќе потпорасне , ќе си фатите ред. Стави ја во релаксатор и испиј кафе на раат.
    Ја ставам во количка и до мене , јас диплам алишта, ставам ручек.
    Не се споредувај со други како прават. Не сме сите исти. И јас бев како тебе окупирана, па пуштив се да иде полека.
     
    На ele.na, Kala22, Carolin. и 5 други им се допаѓа ова.
  10. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Иста бев, еден месец па сама бев со две дома мм замина во странство :worried: Пишев овде незнаев дали некогаш ќе имам сила да стојам на нозе после ручек :bug:
    Ама можам да кажам од како наполни 5м по друго е, сега е 6 до пред некој ден депресија ме маваше од шо ми е досадно, тој си имаше ред на спиење, три дремки по повеќе од саат, буден си игра на подлога си седи во релаксатор... И еве почнаа заби да го мачат пак душата ми ја вади за заспивање:sweat:
    Ама како растат се полесно и полесно е... А 100% полесно после 3 години:D
     
    На Carolin., sani99 и Dodo1 им се допаѓа ова.
  11. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.148
    Пол:
    Женски
    Знам дека анализирам многу тоа и си го признавам ама не можам да го сменам. Таква бев и во бременоста. Не седи во релаксатор, не седи во количка ако не е заспана. Одма плаче да ја кренеш, цуцла не сака освен некогаш рееетко. Се бањам јас и по 40 минути си ја чува маж ми, и спијам преку ден исто он додека ја чува ама потсвесно не сум опуштена не знам како да објаснам. Влагам да се бањам и се стресирам дали ќе заплаче иако маж ми може да ја занимава и 2 саати ако не сум во можност да и дадам да цица ама пак бе.. внатрешен немир имам не знам
     
    На ele.na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.682
    Пол:
    Женски
    Мајка најдобронамерно, избриши се што можеш од апликација за будност за хранење, за се, штом си од оние луѓе кои не можат да се опуштат апликациите и пратење се едно нешто ти ја одзема убавината на првите месеци со бебе. Сериозно престани, следи го детето, нема потреба да броиш прозор на будност оти одма ќе го познаеш дека му се спие, кога ќе му се спие…генерално овие правила важат повеќе за бебињата што се поголеми.
    Се додека не се опуштиш најискрено нема да се осетиш своја, ќе ти биде се на штрек, на трчања, ќе го испуштиш најбитното, новороденче е само неколку недели, веќе станува бебе, а то се исцрпуваш непотребно.
    Уште долго нема да можеш на раат да го правиш тие работи, ама треба да ја смениш перспективата околу нив, не гледај на тоа како на обврски, туку како на време што може да го поминеш со детето, нема што да се плашиш сама да излегуваш, буквално нема ништо страшно.
    Јас искрено повеќе своја се осеќав тогаш него сега, за се имав време, а имав бебе што не сака да спие ако не е врз мене, до мене или во мене.
    Се што правев го претворав во релаксација, одење до маркет беше прошетка, успивањето, пак прошетка, дури и сликав додека беше бебе со него во кенгур.
    Со мм секоја вечер шетавме со саати, ќе седневме некаде на пијачка, оно си спие во количка, дека секако касно заспиваат мали. Не пратев ништо, толку бев искулирана и стварно првите неколку месеци ми будат толку убаво чувство и сеќавња.
    Сега искрено ми е се потешко и потешко да бидам своја.

    Ќе биде полесно малце кога ќе спласнат хормоните оти и они имаат улога во заморот секако. А и во анксиозноста.
    Ама генерално мајка никогаш не е опуштена, тоа треба да ти е јасно:D
    Дома средување минимално, пеглање не мора(не пеглам никако, освен по потреба) готвење нешто набрзина, нешто нарачка некој ден, некој ден излезете и така.

    Нема што да те лажеме дека ќе биде полесно, реално не е, ама се навикнуваш, а колку побрзо се навикнеш и ги сфатиш работите на радост, на смеа, со опуштеност и леснотија, толку подобро ќе биде за вас.
    Стварно лета времето, ете го 2г ќе наполни, како вчера да ми беше бебе во рацете, ми фали многу тоа време, ќе ти фали и тебе, не го претворај во лош спомен и трауматичен период.
     
    На mal.ecka, ele.na, lackygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Се ти е ново, се мислиш дека има правила како треба, да не згрешиш, дали добро правиш итн.
    Ако можеш следи бебе и НИШТО ДРУГО. Ни апликации, ни интерент, ни други мајки. Секој различно минува и не е тоа за споредба на кого му е подобро или полесно.
    За излегување пробај сама во близина или кога маж ти ќе е дома за да можеш одма да се вратиш или да му се јавиш.
    За цицање можеш надвор, седни на клупа, тоа нека цица, ти уживај, кога ќе заспие назад во количка и шетај.
    Уживај, се е ново ама кога ќе се вратиш за некое време назад ќе видиш дека секоја грижа била за џабе.
    Многу се замарав со правила, бев несигурна а уствари се сум си знаела и правела онака како што треба.
    Времето слободно не го користи за чистење и пеглње туку за со маж ти и опуштање.
    Не станувај и ти робот:)
    Уживај во најубавиот бебешки мирис!
     
    На Carolin., Dodo1 и Autumn Love им се допаѓа ова.
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.641
    Допаѓања:
    3.337
    Пол:
    Женски
    Ке биде, само не може веднаш, и нема да биде наеднаш. Ке се дешава постепено. И не се напнувај дека мора да спие ако шетате надој ја, ама ако нислиш деја треба да цица додека сте надвор, дај му на бебето не се стресирај. Генерално сакаат да се шетаат и моето бебе никогаш нема правено проблем во количка да се шета. Може по дома ке бар во раце и некоја занимација, ама надвор не е така и да е будно.
    Уште малку и ке се заигрува, ке гледа играчки, ке сака и нешто друго освен цице. Сега само тоа го знае.
    Некаде прочитав за додека тој период прв месец-два знае дека си важна ама уште не знае зошто. И до пред два месеци те чувствувало цело време сега не сака наеднаш да се оддели. Спиј ако можеш со бебето, и не очекувај дека веднаш ке фатиш пежа и ке терате 9 месеци така и средено се... цело време ке менува.
    Уживај додека го гледаш и мазиш. За два месеци нема да личи на ова сега.
     
    На Carolin., Dodo1, Autumn Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.298
    Допаѓања:
    22.801
    Пол:
    Женски
    Најадена, па и да засплаче ништо страшно. Маж ти е со неа. Ќе ја занимава. Најлесно е ако му заплаче, витка во ќебе и вади на тераса. Магично се смируваат тогаш. Некоја тропалка ќе и тропка, ќе се снајде.
    Те разбирам во целост. Сите сме го поминале тоа и ти давам совет од срце да се опуштиш.
    Замисли јас во цел тој хаос , излагам надвор да се излуфтирам и од жена, мајка на две деца, добивам коментар дека сум како од гроб искоченa. Сол на раничка му тури женава, ама мм ме седна фино дома, разговаравме долго и свртевме нов лист.
    Мораш пред се за себе да се опуштиш, бидејќи беба осеќа се.
     
    На Carolin., Dodo1, Lady Miami и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.682
    Пол:
    Женски
    Прво ќе почнам со убава вест, се сетив дека не се пофалив порано, ќе станам тетка, здравје во Август:inlove: Одвај чекам да го запознаам тоа мало бебуле кое ќе ни го разубави животот уште толку на сите и апсолутно одвај чекам да го видам брат ми во улога на татко:l:

    Друга лоша вест, во исто време требаше да станам тетка и од најдобра другарка, ама за жал на тоа бебе не му беше време да дојде на свет тогаш;( Престана да се развива и мораше да го абортира…другарка ми е особа која преживеа многу работи пред ова, премногу, а некој ако најмалку заслужуваше вакво нешто беше таа. Толку добра душа…срце ми плаче за неа и не знам воопшто дали правам доволно да ја утешам. Ова ми е втората најдобра другарка која поминува низ исто, другата пред 3г имаше спонтан во 4ти месец, не знам дали направив и тогаш доволно за утеха, веројатно не…

    Деновиве се осеќам како ужасна мајка, бев болна цела 3-4 дена, нервозна, нејадена, детево упте понервозно од мене, не спие, не сака да јаде, дома бомба, не готвев, јадевме што стигнеме. Вчера цел ден ми беше на врв срце, да пукнам ми идеше, врв свекор ми реши да прави јадење…место паста направил јуфка, детево не јаде јуфка, чекав до 4 ручек, очекував макарони, детево очекуваше макарони, доби нервен слом оти не беа макарони. Немав што да му дадам да јаде, оти нели мислев ќе има ручек. Јадеше пржена рибанка од доручекот. На крај му дадов чоколадно млеко, само што го зема намерно го истури цело и седна во него, со крем панталони. Ми се споија жиците, пукнав. Многу му се развикав;(
    Не сакаше да заспие до 12, во 5 стана бара да јаде и плаче…
    По цел ден сум со него врче стварно не знам како да го анимирам, маж исто како да немам, не ме прашувајте не ми се ни зборува за тоа…ужас недела, ужас период. Врв на се добив, порано една недела, толку болно како пред да останам бремена, а баш немав ич болки до сега…
    Сабајле кога презаспа во 6, јас не можев да спијам и плачев до 8…

    Се молам само да ја добијам работава оти при крај сум веќе и со нерви и со трпение и со идеи за анимирање.
    Неспособна се осеќам. Скорз.
     
    На Mother of 2boys, Anturium, strelec231992 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки :f:

    Пијам кафе, правам доручек за малата и ќе тргам за работа.
    Периодов ми е малку хаотичен со работа + некои испити за усовршување, дете, дополнителна работа итн. ама па и сакам малку да е динамично и возбудливо, веќе се научив на овој возбудлив ритам :D

    Еве сакам да прашам: колку и дали се нервирате дома со мажите и телефоните? Се карав пред некој ден со мм и неможам да се помирам кога ќе го видам како по навика, механички дреме на телефон, гледа клипови и не се замара што се случува. Па не сакам ни детето така да го гледа. Јас гледам колку можам да користам помалку телефон зошто освен што скролам, ништо паметно не правам.
    Колку мажите ви го прават тоа? Колку ви смета? Стварно се нервирам, ок, земи телефон, поседи после работа одредено време ама после тргни го и посвети се тука, да се видиме, да правиме нешто како семејство.
    Него не му смета, ми кажува дека претерувам. Завчера легнавме сите, тој гледа во тел, му свети на детето во очи пред спиење. Полудев.
    Веќе сме зависници од телефони.

    Убав ден на сите. :l::coffee:
     
    На Mother of 2boys, Carolin., 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.267
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас не би пуштала дете да имам кој да го чува, а немам. Така јако заглави со пневмонија, ми се плачеше, еве и јас сега од него, десно уво немам, ништо не слушам, грло така ме боли јако, носот ми е тапа, а нема ни 1м мислам од претходниот вирус што ни го донесе. Градинките се празни, по 4-5 деца има во група.
    Јас те разбирам скроз, една недела со дете дома сме па шизам а камоли да сум со месеци и години сама со него. Мм е дома ама работи од дома, уште еден месец и после веќе ќе почне на работа и он да оди. Мора да најдеш оддишка, носи кај мајка ти нека седи бар по 2 саата на ден, нели рече сега е дома, или најди некое чаре, вака на долг рок не можеш. Фрустрацијата твоја уште толку нему му прави проблем, го иритира уште толку и не можеш да го смириш. Најубаво ќе беше да го пуштеше во градинка ама не ти е и тоа опција сега, така да најди начин да се дистанцираш малку од дома.
    Јас сум маж ти кај нас дома. Ама искрено некогаш телефонот ми е единствен контакт со светот кога сум заглавена дома и се навлеков. Капак на се на телефон и читам книги и гледам филмови и пепел. Ама си ветив, ќе се потрудам да намалам скроз. За почеток да исчитам тоа книгите што ми дремат, па да почнам да вежбам озбилно, за што пак ми треба телефонот ама нејсе и да почнам сакам некој мал бизнис нешто да изработувам. Имам идеа, само мала финансиска помош ми треба и ќе почнам. Мислам дека оваа пролет мене ќе ми биде будење.
     
    На Carolin., sani99, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.393
    Допаѓања:
    31.787
    Пол:
    Женски
    Па и јас немам кој да ја чува, еве и реков на мајка ми толку ако ја жали нека дојде да поседи :)
    Ама на работа била... Ама и јас сум.
     
    На Mother of 2boys, Lady Miami, Lavender13 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.267
    Пол:
    Женски
    Ја па мислев бабе ви е слободна, викам што е со бабава што не зема да чува внука ако толку се сеќира. Јас немам кој исто, па еве 2 недели користам боловање, месецов новчаникот ќе биде повеќе затворен од отворен ама тоа е.