Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    538
    Многу често тука голем дел пишувате, а и во реалниот свет тоа го слушам ако има кој да ти ги чува децата не ги праќај во градинка нека седат дома.

    Луѓе мои јас имам кој да ми ги чува децава и тоа 2 баби и 2ца дедовци кога сакам и колку сакам ама јас ги носам во градинка. Тука сум и јас прилично слободно слободна ама моето размислување е дека детето треба да е во градинка, дека ќе научи многу повеќе отколку дома.

    Двете ми се пратени на 1и4месеци и секакви вируси,бактерии, сипаници чуда сме поминале и ми било претешко,сум одела на работа со тт, сопругот одел на инфузија па на работа, сме ваделе боловања, сме се наоѓале некако, за еве денес навистина сите тие болести да се сведат на минимално.

    Чувањето на детето од страна на баби о дедовци е меч со две оштрици, си ги сакаат внуците,не ги караат, не им посочуваат каде грешат, не ги учат на образовни работи ниту пак ги спцијализираат со други деца.
    Да не сум погрешно сфатена треба да ги гледаат децата ама не ја сфаќам поентата тие да ги растат и да ги чуваат.
     
    На 1209, Spidy, WhiteCat33 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    7.172
    Па не се слагам баш, мојата свекрва супер ја чува ќерка ми, ја воспита повеќе од мене и мм пошто нас ни се лигави, цртани не и пушта никогаш, и готви, не и попушта за грицки/благо итн.

    Внук ми појде во градинка, секој втор збор му е глупав, безобразен, безобразни зборови итн, џабе што има воспитачка кога очигледно нема авторитет.

    Не се сите баби и дедовци лоши за чување, едино што веќе и е заморно со неа (барем ние така мислиме) па ќе оди во градинка.

    Има луѓе што не можат да се “снајдат” за боледувања и слично, луѓе што работат дупли, втори смени итн, не е поентата некогаш да прегори цело семејство само за градинка нели.
     
    На 1209, see.emily.play, WhiteCat33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.370
    Допаѓања:
    103.097
    Пол:
    Женски
    Се е во ред додека не го фатат моменталниот вирус, 3 недели поснопица, пепел, иди да те видам со имунитет нула прати го во градинка и биди мирен. Јас не би за секојдневно чување, ама за чување кога е стварно многу слабо со имунитет а вирусот хара, охооо, одма би се сложила.
     
    На WhiteCat33, BellaBibi и Sun&Moon им се допаѓа ова.
  4. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    538
    Затоа реков да не бидам погрешно сфатена, не сум за секојдневно чување на пример 3 години баба и дедо да чуваат внуци. Нормално е ако се работи за сат, 2 во текот на денот да се чуваат дека ќе бидат оставени на баба и дедо.

    Ама ете Ангел и ти се снаоѓаш во ситуацијата да земеш боловање и јас сум била така не дека не се нафаќале и другите да чуваат ама кога се болни секој бара мама и тато.

    Поентата ми беше од типот не го праќам до 3,4 години во градинка има кој да чува ,ќе фаќа многу вируси, бактерии.

    Јас тргнувам од сите вас кои сте сами и немате помош апсолутно никаква, ни за јадење ни за чување и сфаќам дека не е невозможно туку напротив се се може затоа што е краткорпчен периодот на адаптација и сите пропатни вируси што ги носи градинката.

    Јас сим задоволна во такви ситуации ручек да добијам другото се можам сама
     
    На happygirl, Lavender13, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    7.250
    Пол:
    Женски
    Мене колку ми е иронија ова.
    Знам колку е тешко да чуваш дете по 8 саати на ден, со ручек, успивање, тантруми, едукација, воспитување, шетање итн итн итн...
    И лошо е во градинка нека го чуваат бабите. Ахам..
    Јас сама шизнувам од неа, ама баба да ја чува да не оди во градинка ми е :drunk:. Па од горе на бабата не и сметало. Абе ај не и смета или не смее да каже.

    Јас се преродив откако е во градинка. Да болна е постојано, ама тоа е нешто што кога и да е ќе се помине.
    Еве ја дома неделава оти има грип, ми иде од тераса да се фрлам веќе во 9ам.
    Кој е бенефитот за неа од градинката да не ни почнувам. Буквално не можам да си го познаам детево, во позитивна смисла.
     
    На Spidy, Lavender13, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.923
    Допаѓања:
    177.445
    Пол:
    Женски
    @Dodo1 скроз нормално. Првата година знае да е непотребно исцрпувачка и често да се чувствуваш блу.
    Се тоа е нормално. Прв пат се соочуваш со се. Се ти е многу преувеличено, се преиспитуваш, се те плаши, се анализираш, се исцрпуваш уште толку ментално. Хормоните дополнително си го праат своето. Истовремено ти фали некоја стара ти, да избегаш, да издишиш, ама некој да го погледне напреку бебето, во состојба си да го задавиш со голи раце.
    Ќе помине со тек на време. Хормоните ќе се смират, енергијата, психата, се ќе си дојде на свое место. Ништо особено не ти треба. Се распролетува. Шетај колку можеш повеќе на воздух и ако имаш кој да ти причува кратко бебе, вклучи некоја физичка активност, многу ќе ти помогне за кондиција и фокус, како и попладне да не се осеќаш прегазена, а со тоа спонтано и мислите ќе ти се разбистрат. :)



    И јас поддржувам градинка. Вирусите ќе си доаѓаат и проаѓаат и порано или подоцна сите ќе поминат низ нив оти така се гради имунитетот.

    Секако, многу е битно во градинка да се посветени на децата, оти дома има работи кои никогаш не може да се научат, како во градинка меѓу врсници. Начинот на кој се осамостојуваат, учат како да се снаоѓаат, да се поитри, учат како да се изборат за свое место, ги поттикнуваат на индивидуалност, ама и како да си играат и заедно и да работат заедно во група.
    Особено за развивање социјални вештини преку интеракција со другарчиња. Развивање и поттикнување креативност и љубопитност. Развивање когнитивни и моторички вештини. Учење емпатија.

    Јас сум секогаш да улета баба кога се има реална потреба, па и сестра, другарка, комшика. Ама за чување, не. Често ние немаме енергија втората половина од денот, дека бабите можат да им парираат и да ги следат децата физички и ментално неколку саати, не верувам.
     
    На 1209, Panovic, Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.922
    Пол:
    Женски
    И јас не го разбирам тоа чување на децата од бабите, а избегнување на градинката демек има грип сега. Сега е грипот, после е коксаки, па сипаници, па стомачен, стрептококата е секогаш присутна... Во градинка цело време има нешто, ај тогаш цела година да не ги пуштаме децата ?

    До лани и моето одеше во градинка, и јануари секогаш биле само 4-5 деца, како на распуст да се, не ги пуштаа останатите оти грип имало викаа. Ни тогаш не ми беше јасно, ни сега не сфаќам зошто да оптоваруваш баба сервис по цел ден да го чува детето.
    Прваче е сега синко, ако не па да не го пуштам и на школо оти грип има?

    Тоа што треба да го поминат, ќе го поминат, пазеле ние или не, имунитет мора да изградат. Нека минува само со лесно и брзо, тоа е.

    Имам блиски примери по месец дена и повеќе дома ги чуваа децата, тргнаа во градинка и уште на 3 ден пак болни беа.
     
    На Panovic, Spidy, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Имунитетот се ствра со изложување на вируси и бактерии, но и со растење на самото дете.
    Ако имаш можност да го почуваш дома за да не му се лепи едно па друго, па да се мачи 2,3 месеци зошто му паднал имунитетот не знам зошто не би го избрала второто.
    Многу се потенцира тоа да оди, да се изложува, да фаќа се живо и диво, не дека не сум за тоа, ама ако свесно имам можност да го заштитам за да добијам на време и малку да пркне, би го направила тоа.
    Според мене и тоа ми е усилено, толку мали и кревки, а ние ги "јачаме" по секоја цена. И кога треба и кога не треба.
    Ова е само мое мислење.
     
    На see.emily.play и Калатеа им се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.922
    Пол:
    Женски
    Тогаш чувајте ги дома додека да пораснат, па кога ќе тргнат на школо повеќе ќе бидат отсутни отколку присутни. Оти тоа што требало да го поминат во градинка и да стекнат имунитет, ќе го минат после во школо.
    Ваш е изборот, кој како мисли така си прави на темава.

    Ама џабе чувањето дома по 1 месец кога се здрави децата, кога следно тргнување во градинка пак ќе фатат нешто, тоа е неизбежно, тоа ми е муабетот.
    Дали на 2 или 3 години, сеедно, детските 'болести' ќе ги прележат порано или покасно секако.
     
    На Yowannty, Lavender13 и lovely91 им се допаѓа ова.
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам.
    Не сум одела ни во градинка, ни во забавиште, почнав одма во школо, па воопшто не бев болежливо дете.
    Брат ми одеше во градинка и забавиште, па кога почна во школо уште прележуваше вируси и болести.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.370
    Допаѓања:
    103.097
    Пол:
    Женски
    Апсолутно за градинка, ама вакво со пола капацитет на плуќа уште не се праќа. Одма ќе залепи нешто друго тек тогаш нема оправање. Плуќа е малку озбилна ситуација. Сега да имам некој да го причува и месец дена ќе седи дома. Обичен вирус да е не е страшно.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    7.172
    Не е исто да фати нешто после 1 месец опоравен имунитет, и после скоро поминат вирус, настинка или што да е.
    Имунолози и доктори препорачуваат пауза после потешки заболувања, неколку пати ни се случи и секогаш препораката е да одмара, да не се меша меѓу групи и слично.

    И не е исто да почнеш пак со лекарства после штотуку завршена терапија или после направена пауза.

    Само прејакото е што секад тие ги пуштаат децата и се со исто мислење ко твоето осудуваат и мрчат, а другата страна не.

    Ок ондак пуштајте си ги вие децата нон стоп болни ако не ви е жал да ги малтретирате и труете со лекови.
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Не искара :rofl:
     
  14. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    7.172
    Таман работа.:D
     
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    1.478
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше дека членката погоре не искара со муабетот: "носете си ги децата." :)
     
    На Калатеа и happygirl им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Кај ќерка во моментов хараат вируси, грип, тек тук некоја бактерија, сипаници. Што би се рекло нема што нема. Имам опција да седи дома и здрава и болна, за да го поминеме периодов, бидејќи било што да фати ќе седи дома секако.
    Се одлучив да оди, не дека ја фрлам во оган, туку не ми е гаранција дека и 3 месеци да седи дома, кога ќе се врати таму, сигурно пак ќе има некоја активна зараза.
    Е во случај на пневмонија или сипаници или нешто посериозно сигурно би отседила дома повеќе.
     
    На lovely91, LiquidLuna и happygirl им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.086
    Допаѓања:
    21.641
    Пол:
    Женски
    Не се жалам за чување, чува кога треба, се жалам за коментарите :D

    Ќерка ми е релативно здрава ама кога би можела да седи дома, би ја чувала (периодов, не вечно, оти Бардовци не ми бега). Инаку сум скроз ПРО Градинка заради моето прекрасно искуство, атб и инхалатор да не ја урочам не знам како изгледаат.
    Е сега, секој со своето искуство :)
    Да беше болежлива да речам, ќе жонглирав со работа дома и нејзе :)

    Едит: негувателката вчера цела затната. Викам Што вака? Епа родителите си пуштаат болни деца со температура и Ништо не им е :) Толку за совесни родители ..
     
    На Sun&Moon и Калатеа им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.370
    Допаѓања:
    103.097
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми јадна нема што не прележа од децата, не вируси не бактерии, али ковидот дома кога го донесе многу ја потресе, свекор ми од неа се зарази и почина. Не дека не можеш да фатиш и на улица, на работа, во маркет, во кафич... али кога си свесен дека од тебе некој се заразил и починал, многу боли. Пред ова му донесе на синко коњуктивит, сега еве ја нема да дојде зошто и е страв да не донесе нешто пак. Има уште 8м од работа да и пријдат и после раат.
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.086
    Допаѓања:
    21.641
    Пол:
    Женски
    Е тоа е down side на живот во заедница. Секако е тешко, ко да видиш
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.370
    Допаѓања:
    103.097
    Пол:
    Женски
    Не сме ние во заедница, живее карши нас. Ако мислеше со свекрва, она е во заедница со деците од градинка сирота, нема што нема прележано од нив.