Се согласувам дека болни деца се за дома. Сепак е колектив, не исто секој прележува, кај моето растечен нос, за друго може да направи компликации и престој во болница. Имам пишано дека коса ми се кревала кога ќе ја вратам ќерка во градинка после 2 недели дома и другарчето до неа во креветче е со зелени мрсули до гуша донесено. Од кои причини не знам. Кај нас во јасли и родители и воспитувачки малку беа груби по тоа прашање, не знам кој друг збор би го употребила, што буквално родител пред цела група беше принуден медицинска историја на детето да објави, за да докажи дека кашла од алергија, а не од вирус. Што ме доведе до друго прашање. Освен со воспитувачките дали и со другите родители споделувате информации за здравјето на детето? Јас ако отсуствува подолго кажувам на воспитувачките усно или во приватна порака.
Ангел ние дома нон стоп сме изложени на некаков вирус,бактерија, децата од градинка,јас од средно училиште каде што децата постојано се во контакт со мене. 7 часа по 45 мин во училница со 34 ученици, па дома секој од нас нешто носи. Пак ќе кажам се е краткорочно,нормално и сега не фаќаат некакви вируси и бактерии ама лесно ги поминуваме. Мене повеќе ми беше за баба и дедо. Знам многу парови што не ги праќаат во градинка, а се по 8 сати на работа и се со изговор па што ќе прават бабите и дедовците нека чуваат внуци. И моите ги чуваат ама тогаш кога има реална потреба како што е сега твојава.
Зависи што е До сега имаше само коксаки известено од моја страна, не ги известувам за секој растечен нос со чисти брисеви. Другите родители имаат известувано за сипаници, вошки, итн итн Се нешто си има На негувателките усно или у приватна порака пишувам, не во група
Јас не се согласувам со ова, генерално ние бевме здрави деца, скоро сите, никој од мојата околина не одеше во градинка, туку директно во забавиште. Јас одев кратко, ама после не. Воопшто не сум била болежливо дете, сите бевме цело време присутни на школо, не знам мислам дека кога бевме млади ние никој не одеше во градинка, ичи ретко некој одеше барем од моја околина. Да болести ќе доаѓаат и минуваат ама мислам дека поголемо дете полесно ќе ги помине од дете на 1 годинка, не е исто . Ќе го вртиме пак истиот муабет за градинките, ама од аспект на подобро чување јас сепак мислам дека до 1,5-2 на децата идеално би им било со родителите. Не знам зошто таа потреба да форсираме поминување на детето пола ден и повеќе со туѓинци, а не со родител. Знам дека не е избор на повеќето, сите мора да работиме тоа е факт. Ама дека на дете од 1г поубаво му е во градинка него со родител дома најискрено не е мое мислење. За баби и дедовци не сметам дека треба да го чуваат и дека треба да е нивна обврска да бидат со детето 8 саата секој, немаат ниту енергија ниту способност за тоа.
Син ми и цела група и цела градинка се цело зимо со зелени, густи мрсули. Никој ни те враќа од врата, ниту па коментира, ниту бара медицинска историја. Баш напротив, пред да започне во градинка од воспитувачките добивме памфлет со најчести болести и како да се менаџираат. И дека во првите година-две, треба да очекуваме од 10-12 разболувања. Е тука има помош и од државата, за болест на дете имаш некои си 150 платени денови. На работа само известувам во моментот кога сфаќам дека се разболува дека ќе отсуствувам и тоа е тоа, никој не те замара. И ова муабетов со тешки разболувања, да не навредам некој, секоја настинка на дете е тешка за родителот, ама статистички не е можно толку деца во МК да спуштаат апсолутно се на плуќа и да добиваат антб за секоја настинка. Тука го земам и загадувањето во предвид. Апсолутно има деца што се склони на настинки и тие кои полесно поминуваат, ама поголем проблем гледам во константната употреба на антибиотици отколку во разболувањата. Мора едукација на медицински кадар и поинаков пристап во менаџирањето на овие болести. Да не бидам распната сега за овој коментар. За споделување здравствени состојби, доколку е стомачен вирус или стрептокока тогаш комуницираме во приватната група со останатите родители. Поголеми инфекции градинката има обврска да извести. Ама за секоја настинка не пишувам.
@Lavender13 , кај нас годинава има на врата, на влез залепено изјава дека деца со зелени мрсули, не смеат да посетуваат градинка. Дали е заразно, трагично, какво и да е не знам. Битно или чист брис, или други потврди или седење дома.
Од времето кога ние бевме забавиште до сега има многу разлика, и во исхрана, и воздух, и услови на живот. Секое дете е различно, различен имунитет има, според мене нема смисла после секоја настинка/вирус/температура да ги чуваме децата дома уште цел месец здрави, само од страв да не се разболат пак оти нон стоп има некои зарази во градинката, тоа не е стерилна околина. Ама полесно ни е да ги тупнеме децата на бабите и да не ги мислиме дали ќе фатат грип на пример.
Ве читам на тема градинка, разболувања и чување дома и се што можам да кажам е дека уште од сега ми е мака што немам кој да ми ја причува барем до година ипол. Апсолутно сакам да оди во градинка но за жал јас ќе морам да се вратам на работа а и да одложам со боледување тоа би било плус месец можеби, моите родители работат се уште, свекорот и свекрвата не се нафатија да го чуваат ни внукот од другиот син не очекувам да се понудат ниту за моето и на крај мојот избор се сведува да морам да ја пуштам уште на 9-10 месеци во градинка.
Исто и јас. Уште сега мислам дека баш кога треба да ја пуштам во градинка за адаптација и целодневно седење е ноември/декември годинава кога е сезона баш на вируси. Немам кој да ми ја чува барем до пролет 2026, инаку би ја оставила.
Според мене детето треба да биде со родителите(родител) барем до 2 години. Ако може една лавица да ги мкне (буквално) и да ги храни лавчињата до 3 годишна возраст, зошто да не можеме ние барем до 2 години да ги чуваме децата дома. За жал светот воопшто не е наклонет кон здравјето на децата и мајките. Се се врти околу парите и за жал ретко кој може да си дозволи да не работи и да чува дете. Мислам дека тоа ни е наметнато од големите корпорации кои раководат со светот и воопшто не се грижат за wellbeing на мајките и децата.
Се согласувам, баш гледав српско видео пред некој ден, случајно ми излезе на инста, вика што е сега ова форсирсње да се социјализира детето, па мора во градинка да оди за да се социјализира, не немора вели, ајде да го социјализираме со блиските во фамилијата...итн не памтам да пишам се... Ако не од 3, бар од 2 год во градинка ми е ок донекаде, првото на 2г и 2м почна. Помина тој се, стекна имунитет првата година, имам пишено повеќе пати. Второво на година и 2 месеци по 3 недели одење в градинка, на болница 2 пати во 3 недели завршивме, од тогаш е дома, здрав, среќен, наигран, најаден, напиен сакав и мораше да седи дома после пнеумонијата, после 3 антибиотици едно по друго, неможев да го пратам во оган пак, знаејќи дека одма пак ќе биде болен и најверојатно пак на антибиотици, сега ќе почнуваше пак, ама коксаки има, од градинка пишаа кој можи да не носи дека многу е заразен, а уствари знам првото прележа и тогаш градината ја затворија за дезинфекција, па еве уште е дома. Не е гаранција дека по 2 недели нема пак да го фати коксаки или било што друго, ама кога сепак успеваме да го чуваме дома нека го, имам уште 13 дена стар одмор јас мм има 7,8 дена ќе тераме некако уште некое време. Секој родител си знае најдобро за своето дете, не треба да се прави притисок околку темава, секој родител прави како што мисли дека е правилно. Иначе напорен е многу периодов, збеснат е не ми се пиши на долго. Така е еве го сабајлево си зел сам 3 садови и од најмало во средно па во најголемо си претураше вода, прво од шишето, кај му истекнува, сам, ни видел ни сум му покажала, креативен на мајка му. На првото морав тоа прво да му го покажам па да го прави ова бре само се прави. Сам му текнуваат игри а е само година и пол. Ама второ дете.
Женски многу ме интересира вашиот став и мислење по однос на моментот правење дете само заради задоволување на своите лични потреби за потомство,притоа другиот партнер воопшто не е запознаен со целта визиата и мисијата и одеднаш добива информација дека врската меѓу нив ќе биде само ридителска.
Не разбирам баш кое ти е прашањево? Едниот од родителите не сфаќа што значи да бидеш родител? Или некој направил дете колку да остави потомство, а не сака да биде во брак/врска со таткото/мајката на тоа потомство?
Уф баш мака, партнерот ме информира дека нема чуства за мене а и ги немал кога сме правеле дете и сега секој по свој пат. Шок, ужас хаос не знам ни сама што да кажам. Малата има 6 месеци не сме во брак прв пат ваков муабет ми направи кога бебето беше 1 месец. Не знам како не се самоутепав тогаш или него да го утепам. Чекаме стан да ни биде готов и по негово треба јас со малата да одам таму кога ќе биде готов а тоа е за некој месец.....
Мила на сила убавина нема. Ако не сака да сте заедно, подобро да го прифатиш тоа и да си тераш со животот. Тоа што ти го направил не е во ред во никој случај... Ама веќе биднало.
Супер. Барем сам ти кажал. Подобро така отколку да глуми сопруг, па и да мораш да му готвиш, пеглаш, переш покрај чувањето дете. Со среќа во новиот стан и главата горе