Не е воопшто пријатно да се најдеш во таква ситуација а да не си се согласил во старт на тоа. Ама веќе 5 месеци верувам се справуваш со таа мисла во главата... да го натераш - шанси нема а и зашто би? Назад нема. Погледни што е пред тебе, држи си го бебето поблиску и обиди се да се видиш себе си и бебето како најдобро вашиот живот би изгледал во иднинина. Човекот ми иде да го извреѓам, а не го знам, штом нема осет како твојот живот го обележал, нема што да го штедиш. Не мислам материјално, туку во секоја можна смисла. Ке си размислиш себично, што ти треба за да живееш среќно со керчето и тоа да ти биде фокус. Знам дека не си го замислувала тоа, ама... од сега се бориш само за неа и за себе. Може сум сурова, ама јас сум жена јарец. Пред да го сретнам маж ми мислев сама да си родам бебе, ако не си најдам партнер соодветен. Гушни тоа бебуле и прави тоа што за тебе и неа е најдобро.
Точно, ме најде зстечена немав никаква престава дека ме чека нешто вакво. Беше пренајдобар и најфин. Моментот кога излегов од болница и се преселивме кај него некој свич се уклучи човекот се смени. Просто не ми се веруваше што слушам, ја плачам он со мене го прашувам зашто плаче не знае ќути. Поубаво сама од донор дете да имав вака врзана црл живот за него а имам емоции го сакам уште, во минатото беше предобар и сум хаос невиден.
Ѓубре. И не те заслужува. Ке ти биде тешко уште некое време. Ама пресели си се во станот, среди си по твое. Тој не е арен, некоја мака си има. Ама нема ти да го лечиш а он да живее, ти да патиш. Гушни тоа бебуле, зошто твое е. Пини сега чаша вино, немој да плачеш. Пред тебе се преубави моменти. Не дозволувај да за година дена не се сеќаваш на момените со бебето. Зошто ова со него ке го надминеш.
Претпоставувам дека го има признаено детето за барем од таа страна да ти е полесно, особено доколку можете да комуницирате околу обврските без проблем. Од друга страна.. почетокот е најтежок, ама после ќе ти стане полесно. Подобро да си сама и независна отколку со партнер на кој знаеш дека не му значиш. Верувам дека ти дошло шок, ама имаш бебче. Ќе се собереш, сега си мајка и цел универзум за некого. Ќе станеш посилна, похрабра, ќе се осамостоиш. Ќе научиш како да се потпираш на себе. Ќе издигнеш дете на кое ќе му оставиш пример во животот. Дај си време да испроцесираш. Да си одболуваш. Да испланираш. Земај го станот и се што ќе ти се понуди. Оваа битка ќе те научи многу работи, меѓу другото и како да си доволна сама на себе, а тоа денеска е нешто многу битно. А иднината е светла. Не знаеш што те чека допрва, ама што и да биде, ќе бидеш многу спремна. @Madmozel84
Потполно се согласувам со ова. Нема поента после оздравување уште цел месец дома да се чува детето, зашто факт е дека ние одиме на работа, се мешаме со луѓе, па може да му донесеме дома болештина на детето. Јас ковид првиот пат пример од маркет фатив, не одев тој период ни на работа, ни никаде. Така да, џабе детето во четири ѕида, а ние до ваму-таму. Големата ми порасна во градинка. Од 8 месеци тргна, до 6 години одеше. Пауза од 9 месеци имаше само кога бев на породилно со второто, сакав да им се посветам на двајцата целосно и да не се осеќа како отфрлена и запоставена. Најдобрата одлука во животов ми беше таа. Не ради болести, туку ради зближување и поврзување со бебето, и за да нема ни грам љубомора. Второто одеше до четири години негде во градинка, после ради ковидот немаше место, ги преполовија групите и ми го отпиша самата градинка за жал. Ама сите болештини ги фати и помина. На годинка со гаден стомачен завршивме 9 дена во козле. После два месеци пак 9 дена во козле ради пневмонија. И после секое оздравување одма морав да го вратам во градинка зашто немав право на подолго боледување, а баби не можеа да го чуваат. Ама и тоа помина. Со малото како со големите, и тоа ќе порасне во градинка. Ама еве пример, летово не беше уште со градинка, па од нас префати нешто, ние го поминавме на нога, тој изгоре од температура неколку дена и ноќи. Не сум за дете да се чува дома, посебно па не со баби и дедовци.
Majki go zaspav bebo i sea u son pocna da place i go zemam da go niskam da prezaspie i vristi , dojde tatko mu i odma prestana i prezaspa za 30 sek. Ke si puknam od nervoza , ova se desava veke 7 meseci. Aj vikam faza e ova ona ama veke ljubomorna stanuvam
Супер, маж нека го презаспива, ти одмарај Нема зошто да си љубоморна, може човекот си има посмирена енергија и на бебе му годи.
Мојов па не ни се обидува да го презаспие. Во ВЦ ако сум ми тропа на врата, дека бебо се разбудил. Да се смениме?