И две дремки по 2-3 саата се многу, зошто измеѓу пак се преморува, треба да се пратат прозори на будност за да не се преморува, отвори и прочитај колку треба да има и на колку време да спие за да не се преморува. Не мора да значи дека 16 недела точно нема скок, скокот може да почне и порано и покасно, а не зависи од тоа кога е родено туку од кога требало да се роди според гестациски пресметки. Убаво ти реков, прашаш глупости, а не одиш на логички размислувања. Може нешто го боли, дали на тоа помисли?
Толку мало бебе итекако може цел ден во раце. Дека е пријатно не е , дека е лесно ама баш ич ама не знам што е толку чудно што сака да е во раце? Уште не разликува дека е надвор од тебе, уште не знае дека е посебен човек. Какви играчки на 3м, на мојата внимание и држеа 5 мин свирчиња некои , 5 мин на подлога доле да учи да се врти и тоа е тоа . Не знам што очекувате да чита лектира на таа возраст. Не се лути одма ама фази се, ќе менува допрва убаво ти пишала членката. Допрва видот му се бистри и го осознава светот. Дека е тешко не негирам и те разбирам ама само трпение трпение трпение. До 5-6 м јадев со нејзе во раце а сега не дава да ја земам не знае каде попрво да се качи. Секоја фаза свои проблеми. За заспивањето и тоа е многу индивидуално до дете, не секогаш прозорите на будност вршат работа. Мојата има фази кога лесно заспива имафази кога нејќе да чуе и ние се бориме. Некогаш заспиваше со бели звуци некогаш цицајќи некогаш со 200 круга околу стан. Не се програмирани, цело време менуваат
Незнам зошто се изналути на коментарите, кога сама пиша и побара совет што може да е. Тој период имаат скок во развој. Се брои од термин на раѓање. Може едноставно му треба твојата љубов и да се гушка. Мојата е 5 месеци, па сака се да е кај мене. Кичма ми се распаѓа, се укочив, ама нема да ја оставам да плаче. Вчера пример тројца неможеа да ја смират, јас со солзи од болка станав и ја смирив. Пробај легнати на спална да заспиете. Гали бебе по чело, помеѓу очите делот, пушти бели звуци, искочете да шетате, ќе смени, мало е. Мојата магично преку ноќ смени да не заспива во раце. Бебиња се, ќе менуваат.
Не може цел ден во раце, точно, напорно е, ама си сакаат. Мојот е 7 ипол, па за раце душа дава. И си го носам, 9.5кг е, ама што да правам... Не по цел ден, ама го носам. Кичма боли, раце болат. Твоето е ептен малечко, нормално ќе си сака да го држеш, уште не се свесни дека се посебна личност, не може са се занимава со играчки на таа возраст кога не знае уште кај се наоѓа. Ех, мојот едвај после 4 почна да се пружа по играчки што висеа над подлогата, претходно го легнував да фатам нешто, на клавирот удараше со нозе, играчките над него, не ги регистрира. Е веќе на оваа возраст е друго дете.
За спиење со татко и, едвај чекам да ја фати некоја татина фаза. Ви се верува дека ме осеќа кога станувам ноќе за мочање и доаѓа до мене и ми праи муабет во 3 сабајле?
Скроз Ме прашува дали ми треба хартија или влажни марамици, па што сум сонувала, па зашо сум боса... Свашта нешто и текнува. Некна ја пратив со татко и да моча зашо не ми се стануваше и ко се врати ми раскажа како мочала. Тортура
Има регресија во спиење тој период, исто и доењето може да се намали или да цица почесто. Нормални се тие промени, бебињата многу брзо менуваат навики. Како расте ќе намалуваат дневните дремки, ќе се зголемуваат прозорците на будност и бебето ќе станува поактивно. Никакво баење не е потребно, никој не ти го урочил детето, едноставно, растењето има фази кои мораат да се поминат.
Мојата до 16м заспиваше секоја ноќ само со татко и. Последните 2 месеци смени и мора да сум јас. Колку ми значеа тие моменти сама јас, поима немаш. Јас скренав денес. Цело време е НЕ, а е уствари најава дека ќе прави нешто што не треба. И само се дере. Досадно и е дома цел ден, а не е фит за во градинка. По цел ден во раце, ко новороденче со грчеви е моментално. Не и е лесно, де грип, де заби, де грло свашта и е собрано. Аман да поминат овие тројките еднаш. Аман.
Како да си кажам, а да не звучи глупо....кога бев трудна, со татко и кога правеше се, бањање, заспивање, на игралишта....сум се одморила за цел живот
Јас се соочувам со проблем, и ми треба ваш совет. Од секогаш сум готвела вкусно. Едноставно онака сум знаела да погодам.. и лебче, и благо, и вариво и печено... Сега одкоа сум мама, дали дека брзо готвам дека бебла плаче, дали не се иам навикнато на новата кујна.... Значи све што готвам е одвратно, превриено, недоправено, без вкус... Дали само мене ми се случува ова? И дајте некој совет Денес конечно направив асално јадење, крем супа со печурки. По 3 тањири изедовме со мм.
Јас да можам цел ден ќе бидам во кујна. Обожавам да готвам. Ама сега со бебе е се брзински, некогаш ми иде директ да фрлам јадењето, ама па си викам ќути ќе останеш и без тоа. Амааа… Мене ме спасува слоу кукер имам. Се ќе ставам и си крчка, нема да претече , нема да изврие.
И јас исто се чудам шо ми е како да незнам да готвам се нешто фали ама изгледа уморот си го праи своето,ете не сум само јас помош немаме од никој уште да уживам да готвам, порано смислував со ќеф сега немам ни идеа До душа син ми не ми наога маана, мм знај некогаш да ми потврди ако кажам дека не чини ама јадеме сите, избор нема
За џабе ми е мултикукерот вкус ми немаат јадењата, буквално онака, ружни се. А сум готвела преубаво, и ферментирање и месење и све... Два пати кифлички тргнав да направам, без сол за Бадник лепчето без паричка го испеков... хумус правев, благе везе немаше...
Моето лепче за Бадник, беше ако удрам некој , сигурен смртен исход ќе имаше. Ама наше си беше, па некако успеавме да го преполовиме и поделиме. Ееее колку без сол или со дупла доза сол сме јаделе. Сега почнав и откако ќе заспие малата, ако е мм прва смена таа недела, од вечер да смучкам некоја манџа и утредента само да подгрејам. Или ќе набутам во крчко и си тера.
Леле, а и јас мислев само мене ми е вака. Маж ми баш се пожали скоро, а и јас се приметувам и се нервирам. Ништо не ми оди, неам ниту идеи, а детево што не сака ништо па уште толку ми крши филм и ни во кујна не ми се влегува. Порано знаев се да направам од скрач, значи ако правев бургер, ќе смелев сама месо, сама лепчиња, ќе закиселев кромид, ќе направев сос, помфрот, сега ако направам помфрит со кечап и колбас за ручек добро е
Јас од кога се породив скоро месец апсолутно немам ниедно јадење зготвено, кујната ја користам само да направам ад млеко на бебето и вода да се напијам. Живеам на еден оброк во два дена, нешто мачканици паштета, корнфлекс или нарачуваме. Единствен готвен оброк ми е ако дојде мајка ми да ја почува па да направи нешто. Маж ми исто врска нема од готвење. Такво ми е детето, не спие ич или кога ќе ја заспијам тоа трае 10 минути без будење и дење и ноќе. Нема шанси да направам нешто, цело време бара внимание, плачка невидена е.