Ајде леб се меси. Јас утнав грав хахахах Маж ми не наоѓа маана на ништо, ама јас не јадам се што ке зготвам. Среќа има од каде да порачам.
Да се надоврзам на оваа тема, на почеток ништо не стасував и мнг се нервирав што не постигнувам да ми е средено дома, и да си зотвам ручек. Ама како расте малово некако успевам да се снајдам од сабајле да зготвам нешто. Или порачуваме готвена храна. Најмногу ми олесна, психички ме релаксира, роботчево што правосмукува секоја вечер. Јас сум препородена.
И ти си добра Ке се селиме сега и му велам на мм ќе ни дојдат на гости нови пријатели шо ли да зготвам или да порачаме од некаде? Рече ај на сигурна опција да одиме да не се брукаме порано ќе ме изнервираше ако ми најдеше маана сега не свесна сум не ме бива
Според мене да.Секој ден си готвам во мултикукерот,љубов ми стана.Брзо,вкусно...ставам све што треба и раат..чекам само тииит
Мм топ звучи Каков имаш, и пример некое јадење што го готвиш? Колку често го користиш? Не ми е за парите што ќе ги дадам него ми е многу мала кујната и малку ми е страв дека само ќе фаќа место без да го користам
Овој го имам 6л.е. Правам скоро речи се'што јадеме во него. Манџи сите,компир,леќа,грав боранија,рижото-ориз. Сарми,полнети пиперки,мусака,палента,сутлијаш,супа,макарони,шпагети,разни сосови и ред други јадења.Еве сега за бебињата јадење ,има опција готвење на пареа. Јас сум ептен задоволна. Не зафаќа многу место. Да се надополнам и пржам во него.
Имам едно прашање - кога прв пат се разделивте од бебенцето на подолго време (недела дена)? Јас дека работам за американска фирма, се вратив на работа после два месеца... Ама денес не викаат менаџерите од сите земји како на team building во Мексико во април, па после и во Лос Анџелес кај што ни е фирмата... Ќерка ми ќе биде 4 месеци... Ќе ме нема две недели ако одам. Маж ми ми вика да одам, ама јас не можам леле, душа мислам дека ќе ми пукне кога помислувам да не ја видам толку време. А колку сакам да шетам, и да отидам. Башка што брат ми живее во Америка... Денеска пример јас имав за работа од лаптоп, и маж ми отиде со ќерка ми кај неговите (дојдени сме на гости во гратчето наше), јас останав кај моите да работам. Леле плачење ли удрив дури ја спремаше торбицата... Мислиш не знам каде ќе одат, и на колку време. Па изгледа бебо осети дека сум тажна, и таа едни чудни плачки кога почна... Едвај се смиривме и двете.
Извини ама.... Wtf? Чукаш на врата да си направиш траума, најпретешко ќе ти е. Edit: Можеби можеш да бараш финансии да си земеш дете и бебиситерка со тебе? Why not?
Лејди тоа само ти можеш да го знаеш, нема правилен совет за ова, секој си знае за себе што може да поднесе. Јас познаваајќи се себе не би можела толку мал да го оставам на недела дена, јас искрено сега не помислувам да го оставам, ама тоа сум јас. Не можам да правам ништо друго ако умот ми е таму, па патување би било само мачење. Мене искрено и враќање толку брзо на работа ми е несфатливо(извини ова не во навредлива конотација) само сметам дека на мајките треба да се даде поголемо породилно отсуство од 2м. Безразлика дали се осеќаат спремни за работа или не, мислам дека се губи важен период од времето со детето додека е новороденче. За приликата што ја имаш верувам дека не ти е сеедно да ја испуштиш. Испуштив и јас еднаш така за во Швејцарија и уште ми е криво. Ама размисли дали би уживала кога знаеш дека сте толку далеку една од друга, не само ради близината и недостигањето туку знаеш скокови, чуда, недај боже да се разболи ќе се изедеш таму. Ама пак ќе кажам ти си знаеш каква особа си. Инаку јас не сум го оставала ниту на преспивање до сега некаде, ниту со мм подолго од ден. Најдолго беше еден цел ден и го премислив, баш 4м имаше тогаш, реално на телефон бев повеќе од што уживав. А кога сме за готвење и ред, јас докај 6м кога беше бебево и готвев и ред имав и наспана бев и шетав, откако почна тоа да јаде и откако се вративме МК повеќе ред изгубив. Инаку и мм не наоѓа маана на готвено, секако, жалбата беше дека одамна немам зготвено воопшто
Има нешто што сецка зеленчуци ^^ https://setec.mk/кујнски-роботи/bosch-mcm3200w68540 Царска работа @kozuf
Кај мене ќутеше и јадеше, само гледам ако остане и не се дојадува па се фрла (највеќе мразам да фрлам храна), а и мене ми беше ружно... Најјака ствар, му се јадело печени компири...Ја ги лупнав цели компири у фурна, кога виде шлог ќе го удреше, па се пресмеавме. Баш у Англија јадат pocket potatoes, само добар сос треба.. (Еве идеја за лесен ручек)
Како правиш да не ти се преврие све? Мене само ако варам посебно, пченица, ориз, наут, ориз ми искача....а вака манџичка... Помија ми се.
Не сум се разделила ни на една вечер, 2 ипол години има. Јас не би, искрено. Ама одлуката е сепак на тебе. Ти пиша една членка ако можеш да ја земеш и неа со маж ти, или со некој што ќе ти помага? Најдобро решение ќе ти е тоа. Дури и да не ти покрие фирма трошоци, сум те читала дека заработуваш баш солидно, претпоставувам можеш да ги покриеш трошоците без да треба многу да се стискаш.