Делимано, ај баш ќе ги разгледам програмите... Јас на мануал правам све... Ете ми го проблемот. Фала на troubleshooting. Спојлер Навистина трудноча и мајчинство праи да стане жена троа глупичка Конечно можам да кажам дека имам кујна и почнувам да ја користам. Постпартум без кујна, казна божја. Па еве некако успевам да почнам да правам храна, ептен се здебелив од глупости јадење. И еве ме одма 4кг ги смалив. Доаѓа живот друшки. Фала ви, значи не сум сама со глупостиве у кујна
Јас да сум на твое место би одела ама ич нема да се мислам ама јас сум од тие што го оставав на мајка ми на чување уште кога беше месец ипол. И јас бев посреќна после времето што го имав за себе и бебе посмирено бидејќи не ме осеќаше нервозна. Ама тоа сум јас. Сите сме различни. Тебе ако те погодува тоа што си се разделила од бебето на неколку часа не би требало да одиш според мене освен акп имаш шанса сите тројца да одите и таму маж ти да ја чува па сите среќни и задоволни
Sama treba da si odlucis za ova. Jas ne bi go oatavila eden den da odam negde a kamoli cela nedela. Nitu pa bi se vratila tolku rano na rabota, ja terav max so odmor kolku mozev odolgovlekuvav iako i jas rabotam na menadzerska pozicija. Pred porodilno smetav deka ne sum dovolno platena i ne se zamarav mnogu mnogu. Sega konecno ja dobivam zasluzenata plata Sakam da kazam deka ti najdobro si znaes kolku bi vlijaelo na tvoeto rabotno mesto ako ne otides i zavisno sto ti e prioritet , i firmata trebaa da ima vo predvid deka imas malo bebe. Jas si pravam balans megu rabota i privaten zivot. Na rabota si samo broj a za deteto si nezamenliva
Првото дете на 4 мес доброволно го оставав и идев по неколку саата на работа, дека досадно ми беше. За второто напуштив работа и останувам дома да го чувам. Во различни периоди од животот различни одлуки може да се правилни. Не се чувствувам дека згрешив ни тогаш ни сега. Не прашувај друг што би направил, гледај тебе лично како ти е најдобро. Имаш поддршка од маж да одиш, ако ти е мерак оди. Ништо значајно нема да пропуштиш во 2 недели. Ама ако одиш и плачеш секој ден зашто си отишла, само џабе стресови ќе си правиш, подобро не оди тогаш. Нема правилен избор, има само правилен избор за тебе.
Јас големата ја имам оставено со татко и на 4 дена, на 2 год и 10 мес, кога отидов да се пораѓам со бебе . Претешко ми беше. Кога ја видов во болница се скапав од плачење. Бебе е 7 ипол мес, не сум го оставила. Јас лично никогаш не би ги оставила на 2 недели за да одам на другиот крај од светот. За 2 недели може малото ќе прооди, големата ќе има неубава случка, ќе биде тажна, јас нема да сум со нив и нема да си простам никогаш. Со првото бев друг тип на мајка, едвај чекав да се вратам на работа, побудалев дома 9 мес. Да ме викнеа на работа порано, одма ќе прифатев. Со второво сфатив колку сум пропуштила и не сум уживала со нејзе. И криво ми е, многу. За твоево можеш само ти да си одлучиш, како си се осеќаш и што е најдобро за тебе. Јас само сфатив дека децата ни се многу кратко мали и многу кратко сме им потребни, за некоја година ќе не откачуваат. А, работата колку и да си ја сакаме и колку и да не исполнува е работа. Утре да не снема, уште истиот ден ќе не сменат . П.с. и брат ми живее во Америка и секое доаѓање тука, кога ќе треба да се врати плаче и тука и таму кога ќе стигне 2 недели како мало бебе по внуците, а е маж од 190 со 120 кила. Претешко му е, а е вујко. Размисли си убаво како би ти било како мајка да не си го видиш 4 месечното бебе 2 недели и одлучи си .
Во последно често расмислувам дали кога би имала 2 дете би го сакала како син ми???? Страв ми е од ова да се одлучам за 2.
Самата најдобро си знаеш, дали би издржала и како ќе ти биде ако одиш. Верувам и дека ти се оди, и не во исто време. Како бебе не ми е оставан синко ич, прв пат на 4 години го оставивме да преспие 1 вечер кај баба му, тука во истиот град што ни е, и пресреќен беше, и тој, а и ние После тоа, го оставив со татко му на 3 дена кога бев на патување од работата, и баш тогаш исфрли сипаници, дома ме чекаше со 40темп кога се вратив. Инаку, лани кога имаше 5 години, ми се собра цела недела да не го видам, првин бев 3 дена на патување од работата, па сменив лет само и уште 4дена со мм бевме на прошетка кај брат ми. Годинава исто 3 дена остана со мм, без проблем. Овој пат се мислев дали да одам дека бремена, ама баш убаво ми дојде патувањето, да разлабавам мисли од се, и да уживам малку. Размисли си, ќе се вратиш со наполнети батерии од таму, ќе смениш малку. Да сум на твое место, би отишла.
Кога ке се вратам на работа во мај, има едно службено патување во Италија на 3-4 дена. Мислам дека нема да одам. Не само дека јас нема да го видам, мислам дека за него ке е стрес. И тоа моево ке е 9+ месеци. Не размислив од таа перспектива дека и мене ке ми е мака. Најверојатно и тоа плус. 4 месеци мислам дека е премало за да те нема 2 недели. Ама ти си знаеш најдобро за твое бебе.
Едно, може глупо прашање, ама на пример за манџа... се ставаш наеднаш и програмираш кога да ти биде готово јадењето? Немам ич искуство со овие алатки.
Зависи што јадење и какво го сакаш. Може и да се пропрже колку сакаш,а може и се' да се ставе,ставаш време ти,а тт само задава.
Ве исчитав сите. Знам дека е различно од човек до човек. Ние до сега ја имаме оставено на мајка ми само уште од неполни 40 дена, неколку пати по 7-8 ч. Користиме прилики со мм да излеземе кога идеме кај моите, кога има кој да ја чува. И брат ми е дојден сега, сакам и со него да шеткам. А и не сакам да ја учам цело време да е со нас двајцата, сакам да е навикната и на други. Инаку за да ја оставам на маж ми, воопшто не ни се сомневам дека ќе биде се' супер и дека било што да треба, знам дека тој ќе направи се' правилно. Не можам да кажам дека помалку се грижи за бебето, или дека е понеснаодлив бидејќи не е така. Од таа страна мирна ми е главата. За враќање на работа, секој со своето. Мене позицијата ми дозволува да не сум секој ден во канцеларија и да не работам секој ден 8 ч. Денес и 30 минути да работам, никој нема ништо да ми каже. Можам и бебе да си земам со мене (ја имам носено во канцеларија), и пак нема кој да ми каже дека не може или сл. Буквално можам да правам што сакам и кога сакам. Да требаше да седам секој ден по 8 ч во канцеларија, немаше да се вратам сигурно. А и маж ми е на породилно, така да знам дека ја добива сета љубов и внимание што и треба. А и бебе да не ја заречам пу пу, од 2 недели си спие по 8-9 ч без ич да се буди навечер, ама буквално ниту една вечер се нема разбудено. Плаче само за гладна ако е, најмирна е кога има повеќе луѓе и зборуваат, оди во секој и сама си заспива во креветче. Толку е мирничка и умна, се чудам дури. Јас сум човек кој мора да прави нешто, и морам да си посветам 2-3 ч во денот за мене само, за да бидам и јас среќна и со тоа и бебе. Скоро секој ден излегувам сама со другарки, или сама во мол ќе идам, или на нокти нешто, или сама во соба ќе седам со книга. Алал да им е на мајките 24/7 со децата, мене искрено ми треба некое време во денот само за мене. Инаку мозокот ќе ми е хаос, и не се чувствувам убаво така. Маж ми е злато, да не е таков немаше да биде исто. Ама ете вчера прв пат, не знам зошто, кога требаше да бидам разделена на 2 ч со неа, почнав да плачам. А вечерта отидовме со мм и брат ми на риба во Дојран, бебе остана дома со мајка ми, и немав пак реакција со плачење. Не знам, ми дојде наеднаш и неочекувано патувањево. Маж ми ме убедува цело време да одам. Да не беше волку мала, немаше ни да се размислувам. Да ги зимам и нив не ми е опција бидејќи мала ќе биде, со некомплетна вакцинација не би ја носела таму. А маж ми подалеку од Европа со авион нема шанси да лета. Тој не отиде заради долг лет од кај него од работа кога имаше прилика. Ми вика - Оди, после едно место помалку ќе има за да ми викаш да патуваме и одиме таму.
Јас да сум на твое место би одела. Јас од кога се роди ќерка ми, секогаш кога доаѓа мајка ми или свекрва ми на чување излегувам по неколку саати да прошетам со маж ми без грижа на совест, кога доаѓаат на преспивање кај нас се повлекувам во спална и спијам цела ноќ, не излегувам до наредниот ден, дури и да плаче. Знам дека звучам како немајка или без осет према моето бебе, ама и мене ми треба одмор и сон, затоа и ги викам на помош, за јас и маж ми да одмориме, да се видиме малку на само. Фала богу бебето мое сака во сечија прегратка, особено бабите ги обожава и за минута можат да ја смират и да не сум тука јас. И ги знаат финтите. Сѐ уште не чувствувам зависност према ќерка ми, дека мора 24 да е со мене иако ја сакам најмногу на светот и кога не сум до неа ми недостасува. Бидејќи е на ад, велам нека пркне малку и од 5-6 месеци може и ќе ја оставам на преспивање кај моите бидејќи имам 100% доверба во мајка ми.
Во постот ти е скриен одговорот на твоето прашање. Оди ниту ќе си помалце мајка ниту помалце ќе те сака бебето за тие 2 недели разделени. Ако имате активности таму да ти е исполнет денот, ќе поминува брзо времето. Едино дека е баш поголема дистанца ако добро разбрав па сигурно на полетување ќе те спука некој мини паничен напад "леле што направив" Јас сум од мајките 24/7 само за детето. 9+ месеци го чував скроз сама, вц бањање јадење готвење пеглање со него комплет, сега веќе на работа вратена 4 месеци брзам дома за да го видам квалитетно него 3ч па да го успијам зготвам чистам средам да се избањам и легнам умрена. Време за себе -200 и ми фали често се фаќам да си мислам охх замисли сега да можев да изгледам серија во тишина после работа. Јас премногу размислувам, еве денес не му било ден на детево 13м е рикало од баба му што го чува веќе 5месеци, таман решив утре да одиме на кино со мм откако ќе заспие да го чува таа ЗАСПАН сега ме фати паника што ако стане пак така улиптан? не - не одиме. Откажав, ова веќе го правам 2месеци. Па после сум била прегорена уморна нервозна. Не биди Феникс. Знам нема споредба кино на 3км растојание со твоево но штом си со мајндсетов од твоето мислење погоре, верувам дека си повеќе % решена да одиш отколку да останеш и ќе си поминеш убаво
@LadyR , имав можност да ја оставам ќерка на неколку дена со татко/баби, дедовци. Се мислев и премислував, сепак заминав. Немајка или не, во цела година тоа го паметам како период кога најмногу сум се одморила, кога наполнив батерии и покрај тоа што од утро до мрак бев со куп обврски. А ја мислев и тогаш без прекин ама знаев дека е во сигурни раце и тоа е тоа. Е сега 2 недели е долг период ама ќе поминат. Прва мисла ми беше што ако не дај боже за нешто лошо морам да ја оставам било операција, било не знам што. Вака барем и за личен напредок, делумно и уживање заминувам. Ни значи дека сме лоши родители, ни било што. Кога веќе остана еднаш така, секое наредно патување ми е полесно. Кратки додуша ама сепак е оставање. Едит: И што вика Феникс, од постојано со ќерка, тоа после работа и без време за себе, се почесто помислувам колку време поминало без серија да изгледам или да прочитам книга или да појдам на вежбање.
@LadyR според ова што го пиша, мислам дека сепак повеќе сакаш да одиш, така да оди, нема ништо значајно да се деси за 2недели сигурно. Инаку штом имаш флексибилност за работа супер е, и јас така работев од дома уште од почетокот, мислам на мој бизнис работам ама сепак е работа. Инаку до 4м, јас спиев сама исто, мм седеше со бебето ноќно време, дека беше и на АД, он го хранеше и супер ми беше, цела ноќ си преспивав сама во соба и цел ден бев свежа. Ама кко почна после повеќе да цица, исфрливме АД и не сакаше веќе со мм да спие и уште спиеме разделени, јас со бебето, он сам. Инаку после 3г и јас би го оставала кај баби да спие, до тогаш ептен ако е итно само нешто. Не е до довербата дека нема да го смират или чуваат како што треба, сметам дека он не е спремен. За оставање и јас секој ден морам да имам време за себе и имам, исто сум од луѓето кои имаат неколку хобиња и не знаат да одмараат и кога ќе заспие јас сликам и цртам неколку саати или мм во текот на денот излегува со него 3-4ч и јас сум сама, баш ради тоа сега ми дојде многу тешко периодов дека мм е на сериозна терапија и се пази не излегува и не може да го шета, а се паземе и ние да не одиме многу со други луѓе и да не се разболиме па малце периодов е напнат. Од бебе кај моите седел пола ден ако сме на свадба или нешто слично, без проблем, и сега седи без проблем кај моите и по 7-8саата, ама не можам често да го носам оти мајка ми има здравствен проблем. Кај свекорите не сака да седе, а не сакаат и они така да не го оставам со нив повеќе од 2-3 саата и тоа е ептем нешто ако е итно. Инаку јас не би го оставила дома една недела и со мм да идиме на одмор некаде сами пример. Мене ова ми е тотално неодговорно родителство искрено си кажувам. Викенд може би размислила, ама недела две, не. Знам луѓе што оставија дете немаше ни 40д и 10 дена отидоа со другото на одмор. Ова ми е надвор од секој ум, од што одмараш, од детето што си го направил свесно??? На сите ни треба време за себе тоа е факт и треба да го имаме, ама со граници нормално оти свесно сме влетале во таа доба од животот. Инку не знам зошто не гледате серија, додека спијат, играат, може да си пуштите и да си гледате, јас додека мијам садови или готвам си пуштам на таблет и си гледам, додека спие обично читам и така, такви крадени моменти имам за себе и полесен е денот со тоа.
Еве јас ќе си кажам за мојов 13месечник. Излегувам за на работа 7ч доаѓам 17ч дома он ме чека рипа од радост пресреќен е сака да е до мене цело време лази се држи за гарнитура и доаѓа да го земам. Бара играње гушкање до 20ч после го успивам т.е си лежиме 30мин се гушкаме заспива станувам спремам каши/јадење за него за следен ден средувам што останало и се направило валкано, јадеме со маж ми спремам нешто брзинско за на работа се бањам и дошло 10.30 веќе сум мртва зошто следниот ден се будиме во 6 а бебе ноќе знае да станува сеуште 1 до 2 пати или да кенка цела ноќ од заби и така морам да бирам дали следниот ден нема да има јадење и ќе е бомба дома за да одморам или ќе средам сè и ќе папсам во кревет. може ќе стане полесно кога ќе потпорасне малце па ќе игра низ цел стан без да мислам дали ќе падне некаде стоејќи а уште нема проодено самостојно. Си игра сам се занимава ама па и јас тие малце саати со него гледам да ги поминеме квалитетно заедно
@1209 , кај нас е ритамот ваков. Станувам во 6:30, се спремам за на работа, будам дете, спремам, носам во градинка. Ја зема кој ќе стаса, јас во 17:00 стасувам дома. Во тоа време дали оброк да спремам, дали да поиграме, дали бањање, некогаш ја носам на пазарење со мене, или во игротека. Околу 21:00 веќе ни е процедурата за спиење. Што би се рекло пред неа заспивам. Викенд само ми останува кога спие да видам нешто или и јас плус да одморам.
Да и треба да се со него, штом толку време не сте заедно, мислев кога ќе правите сами работи пример викенд уз спат може и да правите нешто така за вас. Ќе стане после полесно кога ќе почне да оди и да си игра сам.
Сега на 30 и нешто години да ме праша мајка ми што требало да направи тогаш би и рекла дефинитнивно дека требало да патува, исполнета мајка на секое поле не само во мајчинството е стабилен солб за една фамилија, среќна мајка = среќни деца, сигурна сум дека тимбилдингот ќе ти влијае позитивно во секоја смисла. Отидов на тимбилдинг некој месец пред да наполни година малиот, пет дена седевме, наполнив батерии, навечер ми недостигаше, преку ден искрено од толку многу активности немав време кога да ми недостига. Секое дете сака да гледа како неговите родители покрај родители се и луѓе со кариера, така и тие ќе научат од нас дека треба да балансираат со многу работи за доброто на фамилијата. За вакви пршања си наоѓам одговор со тоа што ќе се замислам како старица седната на трем со чај во рака, и разговарам со сопругот за одлуки кои сме ги донеле, така донесувам одлука понекогаш гледајќи на работите од таа перспектива.